Да ако еден од родителите ти е бугарски државјанин тогаш рокот е 6 месеца, но начинот на аплицирање не е исто како на оној по потекло.
Пред 1 месец се јавив а документите ми се средени само чекам да одам. па ми требаше од суд за неосудуван од мвр за тоа дека нема никаква постапка кривична на мое име, извод, и произход тоа е мислам и лекарско.
Ќе ти бараат документ за БГ потекло. Сега најново им е тоа. Зошто многу од Македонциве вадат БГ пасоши. А сега по уште најново испрашуваат за БГ историја, празници, датуми, војсководци, бранители итн.... Јас сакам бугарска возачка да си извадам сега. Другиве документи освен возачката и здравствената картичка, све ми се бугарски. Живјела Бугарија.
Татко ми има извадено бг пасош уште од 2003 година, а лани поднесовме и јас и брат ми. Во јуни бевме на интервју, и еве уште си чекаме. Нема врска дека пократок е периодот за чекање, исто е како за сите. Ама за деца под 18 години е пократка постапката, за нив се чека до 6 месеци. А ние бидејќи и двајцата сме полнолетни ќе си почекаме. Туку јас сакав да прашам, еве на пример кога на мене ќе ми излезе пасошот, како може дечко ми да има корист од тоа? Во смисла, ако се омажам со него, дали и тој автоматски ќе ги добие потребните документи за работа во странство? Или тоа не важи за Бугарите кои добиле вакво "вештачко државјанство"? И ако може да ми го дадете тој линкот каде се проверува до кое бројче се стигнати излезените пасоши. Каде се проверува точно? Знам дека е на страната на Министерството за правда, ама не можам да се снајдам.
Преписката се намира в задължителна процедура за съгласуване със заинтересуваните институции. А ова што значи? Си тече постапката така ли?
Имам прашање во врска со мкд-бг пасоши при патување и правење влез-излез од Македонија. Може некој со бг пасош и искуство да ми пише лп?
До каде е ситуацијата со издавањето на бугарски пасоши?Имате ли некоја информација?Дали уште бараат дополнителни документи?
Не, туку срам да им е на таквите како тебе кои плукаат по другите луѓе, не знаејќи им ги мотивите поради кои вадат бугарски пасош, или иселеничка виза. Тоа што имаат двојно државјанство не ги прави помалку патриоти. И пасошот не е мерка за патриотизмот. Патриот си ако безусловно ја сакаш земјата, како парче. Но факт е дека од таквите чувства не се живее. Леб си треба
Нема за што да се срамам јас туки сите вие кои милслете како да ја напуштите државава заради еден пасош а после кога ќе има попис кога ќе испадне пола источна македонија се бугари и тап етети и бугарски јазик уште тоа ни фали ...па после ќе ни е друг крив сетете се 1997 го што се случи су увезени државјани само тоа,....
Не знам зошто некој би се срамел поради тоа што се обидува да ја напушти државата. Ако некому му е тука добро, секако дека би останал. А некому, ако вадењето бг пасош му е единствен излез од бедата, зошто да не. Ако ти размислуваш со чувствата патриотски, друг размислува рационално. Државата нуди работни места за сите? Сите тука имаат добар живот? Верувај, поголем дел од населението живее на раб на егзистенција, под секое човечко достоинство, и мислиш дека тој би размислувал- И да гладувам, патриот ќе бидам? Сите сакаме, барем скромен живот, без некои луксузи, но ако бг е единствен начин за постигнување на тоа, јас сум за. Кај мене во фамилија, имам еден член со бг пасош, кој работи надвор од границите на Македонија. За работата која моментално ја работи зема 1 700е плата, а за истата работа тука земаше 25 000 денари! Можеби за тебе вака лаички не е некоја голема разлика , ама во пракса е друго. Имаш прочитано оглас на интернет за работа во странство? Ако да, не се сомневам дека си приметил дека последниот услов за истата е поседување еу-пасош. Во ред е да си патриот и да ги сакаш убавините на земјата, ама се сомневам дека навечер кога ја потпреш главата на перница и ги склопеш очите, размислуваш околу тоа колку си патриот, а сите други со бг пасоши се подмолни. Или размислуваш како утре ќе обезбедиш леб за семејството, и дали до 15ти ќе земеш плата да ја изведеш сопругата на вечера по повод годишнина од брак.
ок твое мислење немора да се караме околу тоа јас си кажав што мислам ок а да сум сакал ќе земев и јас бугарски пасош .Знам што кажуваат за да го земаат таму пасошот демек тука у македонија не им е добро се малтретирани и на крај треба да дадат изјава СО своја волја се откажувам од македоснкото државјанство и станувам бугарин зарем другите у македонија неможат да го направат тоа а?
хх прашањето ти е.. Секако дека можат да го направат тоа. А причините зошто да/не, претходно ги наведов
Несакам да цитирам зафаќам простор ок ти мислиш така јас поинаку и сето тоа е добро од рвоја страна а за мене не е не ги сваќам јас така работите може да се оди во странство и без бугарски пасош..
Може да се оди и со македонски пасош, само што престојот трае 3 месеци во странство, така да доколку човек оди на тој начин, ќе треба на секои три месеци да се враќа, па повторно да оди во странство, а со бугарскиот пасош, се знае дека може да се остане подолго време таму, така што од тој аспект, ако човек се реши да земе бугрски пасош, не е ограничен со времето.Затоа и повеќето си земале бугарски пасош.Како што кажа претходната членка, странците, секако, си бараат еу пасош, иначе ништо од бизнисот.