Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Гордана, тоа ти што го имаш спомнато е само една опција за престој во странство на лица без европски пасош. Може да се биде временски неограничен и со само Македонски пасош, доколку имаш услови и успееш да извадиш виза, било каква (во различни земји има различни видови на визи за NON EU граѓани).
    Фактички, има бизнис и со Македонски пасош, само опцијата со Бугарскиот е најлесна.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Да, де, не реков дека само тој е начинот, секако дека може и така.
     
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Ок секој си знае за себе јас мислам дека не би менал државјанство за ништо
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А зарем на попис не се изјаснуваме ние? Јас како што знам доказ за државјанство не ни бараат :)
    И какво откажување, не се откажуваш ти од македонското, туку покрај тоа се стекнуваш и со бугарско, односно имаш двојно државјанство ;)
     
  5. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Да де има бизнис и со Мак пасош,ама кој е тој што ќе ти се нафати да ти прави виза,долга процедура,време и пари е тоа(ретки се тие),така да полесно е да си имаш Еу пасош и плус што Гордана заборави да напомене е и тоа што сите со Бг. пасоши од оваа нова година имаат право на работа со него(не како претходно на црно,или пак истата процедура за раб виза),така да полесно за секој работодавач за пријавување и се,не се замараат воопшто ако немаш Еу пасош. ;)
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И не само тоа, во сите огласи за работа во странство се бараат еу документи.
     
  7. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Здраво девојки.

    Дали има некаква предност при вадење бг пасош ако едниот родител веќе има бг пасош?
    Секакви гласини слушам, па ако знае некој (од лично искуство) нека сподели. Фала ви. :D
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Има секако. Ако родителот се изјаснил како бугарин се „подразбира“ (на некој начин :D ) дека и ти си. Постапката мислам дека е иста, ама шансите да добиеш се многу поголеми :)
     
    На devojka54 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    :)
    По регуларна постапка си се чека 1 година, така? И ако детето поднесе пак ќе чека една година?
    Ако е малолетно да не се чека помалку? :) Фала :)
     
  10. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.720
    По регуларна постапка е една година од датумот на интервјуто, не се смета тоа кога се поднесени документите. А за малолетно дете постапката е побрза, не знам сеа да ти кажам точно, ама мислам дека е од еден, а најкасно шест месеци. Се зависи и од посредникот.
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ^За малолетно дете мислам и јас дека е до 6 месеци. За полнолетно е редовната постапка.
     
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Ни отидоа сите македонци во бугарија....:)
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Тебе друже очигледно не ти е нешто јасно.
    Значи никој не се откажува од македонскиот идентитет.
    Само имаат двојно државјанство и тоа е.
    А тоа е поради опција плус за вработување надвор од границите.

    Ги читаш темите Снаите и свекрвите, Чекање на се а потоа на брак?
    Тогаш си приметил дека сите млади имаат желба да се осамостојат и да имаат сопствено катче.
    А со условите тука, остварувањето на ваквите замисли ќе бидат... :|
     
  14. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Ок де ти пак си запнала за мене како само јас да сум тука ...
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Е де не се вознемирувај.
    Не дека сум запнала, само полемизираме околу твоите ограничени размислувања и небулози :D
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Какви искомплексирани луѓе !
    Вадите бугарски пасоши и се одкажувате од Македонија ? Како да не !
    Секој си има право за подобар живот и да си ја бара среќата , ако тука нема работа да не треба некој да се убие ? Епа нема , и ако во Бугарските пасоши некој ја гледа својата зарабтувачка и своето парче леб само напред со среќа секој сака да си се бори за својата иднина .
    Што сте толку запнале против овие луѓе ?
    Ако некој има работа во Македонија и заработува има парче леб некој нема . и ке си се бори за своето макар тоа да биде и Бугарски пасош.
    Никој од кеф не ги вади секој од мака го прави тоа и јас потполно ги пдржвуам сите. Тоа значи дека имаме свесна младина која сака да заработи нешто макар и далеку од својот топол дом , од чистата постелина од топлиот ручек , а не да чекаат од платите на родителите.
    Наместо да ги напаѓате овие невини луѓе зошто не помислите дека за тоа е виновна нашата држава ?
    Напред Македонци вадете си слободно пасоши и не само Бугарки туку и Американски ако мислите дека така ке се спасите , борете се за својата иднина за своето парче леб.
    Само напред.
    Ако можете да се спасите бегајте од тука , барајте си ја среќата барајте спас бидејки тука нема....
    Колку љубовни врски неможеа да се завршат со брак од тие причини, колку луѓе починаа немајки доволно средства да се излечат, и не само тоа имам милион стври да набројам.
    Даваат пари за 3 тето , како што е кренала работата не ме чуди наското ако почнат да даваат и за прво дете бидејки ете гледате колку е намален наталитетот бидејки треба ПАРИ . ПАРИ !
    НЕМОЖЕШ само да го направиш тоа дете мораш да имаш пари да го чуваш.
     
    На monique93, Martina-1993 и ADOKI им се допаѓа ова.
  17. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Мислам дека почна да ме вреѓаш тоа не го дозволува ако сакате за пари и верата продајте ја не само нацијата ...А мислам само на пари мислете како да во бугарија се цвета мед и млеко им тече на бугарите и тие можат да одат во странство ама ко цигани се пак.А исти се и овие нашиве со бугарски пасоши
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не се цигани, туку амбициозни луѓе со една цел-подобар живот ;)
    Ако ти си задоволен со тоа што ти се нуди тука, во ред е. Може друг не е.
    Секој со своето гајле, ко што викаат старите. :D
     
    На Nati.P, Gordana10 и Nana19 им се допаѓа ова.
  19. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Ти пак многу си запнала за Пасош па земи си еден не сум против Само јас имам таков став
    И сакаме европа ,а како кога сами не си ја сакаме државата само толку државата се сака на друг начин не со вадење на други странски пасоши или нешто слично па после грција ни е крива ,бугарија , албанија ,србија и кој не,.....!
     
  20. Martina-1993

    Martina-1993 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Во кој век живееш ти што сакаш ние, граѓаните да и служиме на државата... а ОД држаата се богатат само 50-60 души??? Да те потсетам дека е 21 век... и сега државата им служи на граѓаните, а не граѓаните на државата како у 17 век.... Секое општество од клан, племе, па се до држава е створено за подобрување на животот, така да пример. автомобил=држава.... Ако автомобилот ти служи го користиш, ако се расипе го поправаш, ако не се прави го продаваш зимаш нов... ако ти го украле пак зимаш друг.. како што е случај и со државата.