Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    земаат со било каков документ ама бугарски дури и со јуословенска воена книшка. иначе до 3500/2013 бројче се.
     
    На imelda и RainBow им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Вие патриотите мислам дека веќе одамна имате земено бугарски пасоши но ајде де....
    Патриоти се правите и за леб трпите ?
    А всушност што подразбирате под патриоти ? Да трпите за леб ? Па да можеби е тоа....
    Патриот е да си ја сакаш земјата, да си ја почитуваш да се гордееш на неа, но во случај на вадење на бг пасоши не значи дека не си патриот, едно е да си ја сакаш земјата а друго е да си го бараш своето парче леб таму кај што можеш да го најдеш.
    И ако дел од вас имате сигурна и добро платена работа некој нема , затоа не напаѓајте по оние кои си ја бараат својата среќа секој за себе се бори.
     
    На Gordana10 и mh23 им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.386
    Допаѓања:
    171.611
    јас земав пасош
    бројчето ми испадна у февруари ама ми побараа дополнителен документ поднесив и еве сега во мај на крајот ми испадна
    Вие патриотите чукајте се у гради уште некоја година кога ке ве натпупаат шиптарите ке бидите малцинство во вашата македонија
    ма нека се гони у ку**ц и македонија и се у нема нема леб у неа цел месец ке му рмбам на некој неписмен за100-150 евра плата цццццц тиа пари си ги земам за 2-3 дена и ни македониај ми треба ни па се осекам како македонка и баш ме заболе :!:
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Честитам Алиса....За убаво нека ти е пасошот да си рабтиш со него , да си шеташ и се најдобро да те служи. Кажи ми само што дополнителен документ имаш однесено ?
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тоа да видиш, ем патриот, ем бугарски пасош :geek: за во кризни случаеви, да се фатит магла од тука и ариведерчи.Членката претходно рече, емотивно се сакала државата, тогаш и тие што си земале Бугарски пасоши, секако дека не им е сеедно што треба да си заминат од тука, излезе небаре тие не чувствуваат ништо према државата.Уствари, што и уопште спомнуваат патриотизам, кога го нема, не дека не знаат...Наместо народот да си е сплотен, тоа обратното, та дури и нашиве што ја водат државата, после зошто, е зошто де земаат Бугарски пасош, изгледа од онака ради реда, ко лична карта, работава.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.665
    Допаѓања:
    35.447
    Пол:
    Женски
    Јас сум невработена, ама имам приходи и плаќам данок за тоа. Плус, на се што ќе купам плаќам 18% ддв. Така што муабетот за невработеноста не ти е на место.
    А за привилегиите... хм... Не знам зошто сите вие, не само ти, кои што вака со потценување зборувате за државата каде што сте се школувале, не се откажете од македонското државјанство? Кога и така не ви вреди воопшто? Мене ми смета што има еден тон македонци кои со бугарски пасош живеат во странство, работат таму и плаќаат даноци, а тука имаат деца за чие школување и здравство плаќам јас и сите останати кои што живеат тука. Ова е само еден пример. Муабетот ми е, бидете фер бе. Штом државава не ви одговара, вратете го државјанството.
    Инаку, да не се разбереме погрешно, не сум јас не знам каков патриот. Ме нервираат неправди од ваков вид. Сум размислувала (последниве години посебно) да фатам патот и да одам надвор да барам чарето, ама барем ќе се откажам од ова државјанство и нема да плукам по државата каде што сум израснала.
     
  7. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Ха,ха многу смешно!Кој ми зборува за бламирање?
    Извини вака ама да те потсетам зар не се бламираше ти кога пред бугарските власти потпишуваше изјава за твоето наводно бугарско потекло???
    Зар нема да биде бламирање тогаш кога со име и презиме јавно ќе се откажуваш во бугарските медиуми од двојното државјанство???
    Зар не е бламирање тоа што како криминалец кој сака да се ослободи од доказот за своето злосторство,со нетрпение чекаш и броиш години на ист начин за да се ослободиш од бугарскиот пасош???Само се сомневам,најверојатно ќе го зачуваш и врамиш како слика и потсетник за твоето најголемо и врвно достигнување во животот.
    И сега кажи ми!Вредеше ли?Најде работа,стана поуспешна,попаметна,патуваше,отвори приватен бизнис или тепаш време на нет во земја која нуди безброј можности за напредок???Или не е се во бугарскиот пасош,приказната и бајката има и друго лице ама, не се осмелувате да си кажете вака јавно.Продавате лажни илузии и бајки!
    А,најпатетично оправдание со кое се служите е споредбата со политичарите кои крадат и манипулираат,се спуштивте самите на тоа ниво да се споредувате со корумпирани функционери и политичари и мислите дека сте подобри од нив,само затоа што не крадете??Не сте!Дозволивте да станете марионета за туѓи интереси и цели,си играте со идентитетот на еден народ а, ова со пасошиве колку да знаете има и криминални елементи и се коси со европските закони!
    butterfly тешко мене и на моите деца ако се огледаат на примерот дека успех се постигнува со лажење,потценување на сопствениот народ и историја.Бравос многу убаво ќе им го осветлиш патот и всадиш вистинските вредности!Сигурно многу ќе бидете почитувани... :DНе се сомневам ич!
     
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.386
    Допаѓања:
    171.611
    фала нана 19 дополнително однесив бугарска воена книшка од дедо ми кај со бил бугарски бојник и работна книшка на баба ми бугарска
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Како имаат деца за школување тука? Не ти го разбирам ова баш.
    И не се напињајте толку, запнавте мислиш ќе смените нечие мислење или сега некој ќе рече, чекај, не вадам пасош, што ќе мислат другите за мене. :rofl:
    Не идете тоа така кога секој си се бори за иднината. Затоа олабавете си малку. ;)
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^^^
    Ме трогна. Еве солзи ми течат, и се каам и плачам и колнам проклето нека е, еве одам ќе го фрлам и пасош и се. Ме потсети на сите трауми кога го вадев пасошот, годините поминати со вина додека го користев, денот кога ќе се откажам од него и ќе бидам конечно слободна со душа го чекам. Не, не вредеше, еве и тука и гладна и боса и непрошетана и нереализирана сум, еве доказ дека дремам само на нет и продавам лажни бајки, ме фати на лага, ме разоткри. Усрамена, скршена, на колена. Пусто да е, пусто нека остане.[​IMG]


    Сега подобро ли ти е?
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Во ред. Нели и јас плаќам исто ддв на се што купам во мк? :^) Кои привилегии? Ти невработена со приходи(од штедење камата? :^) ), не ме интересира од каде приходи, важно ти не работиш, ти немаш директна контрибуција а тука покажуваш со прст, ти си плаќала за туѓи деца? Еве јас не школувам деца во МК, така да откако сум заминала не користам никаков бенефит. И малку се тие што децата не си ги земаат со себе и да ги имаат. Колку ме школувала државата, дваесет пати најмалку сум и вратила за тоа за разлика од школуван невработен. Што се однесува до мене на чисто сум и во кредит најмалку кон неа. Зошто не се откажувам од државјанството? Мислиш немам прашано, кога излезе фијаското на враќање од граници пред некоја година додека не расчистат дека може да се пријавиме и како странци. Ама еве да ти кажам зошто. Затоа што би ме коштало прво време кое го немам да дремам по македонски шалтери, па пари и нерви да се откажам од него. Имам сестра и брат, кои ја немаа опцијата за двојно и мораа да се откажат од државјанство за да земат туѓо. Немаш поим какви се бирократски пречки не поминаа, и фаќање врски, давање кафе и поклони(пари) за да некој стави потпис и прати документ во даден времен рок од цели 4 месеци, што тоа му е работа за еден ден, и во секоја нормална држава го гони закон да си ја работи таа државна работа, ама пустото тешко му е во мк без "мотивација" да го направи тоа. Сега, јасно ти е зошто гледаме со потценување по државата? Постребал ми мене мк пасош кога имам еден пасош за влез каде сакам по светот.

    ПС само да си кажам, јас не сум бугарка по пасош, ако има било каква разлика :?:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Не се нервирај, чим сметаш дека државава нуди добри можности, тогаш објасни како може цел народ да е невработен? А велат, се намалила вработеноста, кого мафтаат? Видов на профилот имаш 33 години, така барем си пишала, веројатно знаеш зошто така зборуваат, знаеш дека некој во државава не може на ред да дојде за работа, оти некој друг пред него, со врски - ортоми, полесно стигнал на тоа место.Исто, би требало да знаеш дека некои луѓе, не можат да преживеат, ако некој од нив е вработен, пола, ма каква пола, цела плата ќе си ја даде по државата за струја и сл., трети магистри стануваат, работа не можат да најдат, што ми паѓа криво, оти некој душа си извадил, за една работа да најде, а не ја наоѓа ради претходно што споменав.Уште згора на тоа во Агенцијана ги лажат, демек ќе биде подобро, ни од тоа ништо не бидна...и сега викаш тука дека тие луѓе си играле, играчки со идентитетот и ја продале државата, а политичарите, ни са криви, оти изгледа не се издавде??? Ај ќе дознаеш со време зошто така зборат.
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.665
    Допаѓања:
    35.447
    Пол:
    Женски
    Јас ич не сум напната. Си кажав мислење со кое не мора да се согласите.
    Мене лично ми смета плукањето по државата (каква, таква) каде што сте израснале. Некако нечовечки ми е. Ама, секој со своите размислувања. На крај памет не ми паѓа да менувам нечие мислење, секој си одговара за себе си.
    Имелда, државата за која што зборуваш со потценување ја составуваме ние кои што живееме и сме живееле тука. Ние ја правиме таква каква што е. Сите сме на овој или оној начин одговорни за тоа што е дојдена до вакво дереџе. Така што кога зборуваш со потценување за државава, не зборуваш за некаква таму имагинарна именка, туку за мене, роднините итн. И нормално дека тоа лично ќе го сфатам ;) Тој дел најмногу ми смета кај иселенициве, другото ми е помалку битно.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    .

    Абе златна. Па зар ти мислиш дека мене ми е сеедно кога зборувам за нашата бирократија? Не ми е, ич не ми е сеедно инаку нема да се бунам тука. Не ја плукам земјата како земја, јас моето село си го сакам исто како пред да излезам од него. И не, најмалку зборам кон едноставно народот од нашата земја. Па имам и јас фамилии блиски оставено. Ама системот е проблемот. А системот се знае дека го контролираат некои таму, и или си ин или си аут. Тоа не чини. Тоа не верувам дека овие наши генерации ќе го променат со свои сопствени жртви. А животот е краток. И мојот и твојот исто, нема кој знае каков импакт да направиме на државно поле што и да правиме индивидуално во овие времиња.
     
  15. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не реков дека во државава се е сјајно и идеално..Она што се обидувам цело време да го потенцирам е дека постојат и други АЛТЕРНАТИВИ а,тука не спаѓа плукањето,ругањето и потценувањето на сопствениот народ и земја.Се нема осет за елементарно почитување и најлесно е прстот да го вперите во политичарите не дека и тие не се виновни ,не ги оправдувам,ама да бидеме реални зар не мислите дека и вие како поединци не сносите дел од одговорноста?Или чувството за самокритичност испарило па,ај сега ќе плукаме,ќе се тажиме и кукаме по форуми,се некој друг е крив само ние не!
    Нормално луѓе сме ете,некој не може да го поднесе животот во државава од оправдани причини и си бара чаре и најлесно му е.. опп ќе си извадам јас бугарски пасош ,гајле ми е за другите,идентитет,историја и сл.глупости не ме интересираат,ионака Албанците ќе не потопат,со доза на ситење врз судбината на останатите(читај ние кутрите без бугарски пасош)Г`з преку лице и отидов јас во белиот свет!Епа да ми извините, поради вакви форми на суштествување не сакам ни да помислам на вадење на бугарски пасош,само за да не се ставам во ист кош со нив!За мене е под ниво!А вие другите како сакате,секој со својата памет а,некој со својата глупавост!
    А таму на европското тло мислите ќилими ќе ви постилаат под нозе и во позадина ќе ви ја пуштат Ода на радоста за пречек,една почит што ќе ви удрат,посебно кога ќе увидат дека сте Македонец со Бугарско државјанство..Чуда над чудата ,небаре сме некое африканско племе кое нема доволно самосвест за идентитет... :fubar: Навечер заспива како Македонец ,наутро е Бугарин.Само вие надевајте се дека ќе ве почитуваат и ќе стекнат доверба во вас освен потаен презир ,евентуално игнор друго не добивате!
    Многумина со бугарски пасош во џеб заминаа и во рок од 2 недели се вратија,некои не успеаа ниту да заминат,трети заминаа живеат помизерно отколку што живееле во Мк ама,пусти срам поголем е и се кријат,мал процент се оние за кои може да се рече дека живеат солидно на маргините.
    Штом некој толку сака да ја напушти државава,нека оди никој не му брани!Разликата е само во начинот кој е малку потежок и покомплициран и бара да си го вклучите мозочето ,да го загреете столчето,да се едуцирате,да се надградувате,да си го трасирате сами патот кон успехот,да го искористите сопствениот потенцијал(оној кој го има)и се што ви треба плус е сертификат за познавање на јазик,следење на странските огласи и успешно да помините на интервјуто.Оној што поседува вистински квалитети и докажана професионалност ,вратите ќе му бидат секогаш отворени.Постојат и голем број на студентски програми,целосни стипендии за магистерски,докторски студии во странство.Алтернативата постои ама сите се фаќаат за најлесниот пат по цена на своето достоинство!Многу ниска цена си ставиле а,кога ќе размислам подобро, за некои можеби и тоа е многу бидејќи се една форма без мозок,свест,достоинство и чувство кои не се вредни ниту да се коментираат!
    За крај да кажам..ги разбирам јас нив како што ја разбирам проститутката која за да преживее го продава своето тело за пари,ги разбирам и нив кои за да преживеат го продаваат не само својот туку и идентитетот на други поединци за едно помочано писулче,доказ за нивната неспособност.Разбирам јас многу добро!!!
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^

    Јас сакам да те прашам кои се тие други алтернативи?
    Х, надоградување, едуцирање?
    Ти имаш претстава колку надоградени луѓе, економисти, правници, филозофи, педагози, доктори, луѓе со секакви докторати, и по 5 на број, седат дома. Затоа што не се едуцирале доволно?
    Или затоа што, во државата нема простор за вработување?

    Смешна е твојата ироничност, никој не рече дека во друга земја кога пристигнат им постилаат црвен тепих и им ја свираат Ода на радоста, ама барем до добиваат тоа што го заслужуваат-плата според вложен труд.
    Кој е будала да работи тука за бедни пари, еве конкретно во конфекција за 6 000денари месечно, непријавен, без платено здравствено осигурување, кога во туѓина може да ги заработи за еден ден?
    Убаво кажале, каменот си тежи на своето место, ама дали со празен стомак некој по секоја цена би останал тука?

    И кога веќе не можеш да коментираш за 'таквите' со бг пасош, кои ти се под ниво, зошто коментираш во темава?

    Напротив, за мене не се достоинствени оние кои кои со секоја цена седат дома, без работа, без приоритети, ама патриот во крв. Достоинствен е оној човек кој се бори, на овој или оној начин, за да обезбеди леб за фамилијата и солиден живот.
    Може работиш во администрација, па затоа не може да разбереш.
    Знаеш колку е тешко да бараш пари за во град од твоите, а тие да креваат раменици? За екскурзија, затоа што си единствена во класот која нема да одиш? Или да платиш партиципација за факултетот, а рокот е пред крај? А книга? Да немаш за копија, а не пак за оригинална верзија.

    И смешни сте со тие класификации за патриоти и предавници со бугарски пасоши.
    Патриот е човек кој ја сака земјава како парче, како место дека е роден. А тоа колку државјанства поседува и пасоши, нема никаква врска со сакањето на земјата.
     
    На butterfly4, Daydream и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски


    Пробај да бараш работа, без ничија помош, па провери си дали си во право.Благодарам што ми кажа за вклучување на мозокот.Само едно ќе ти кажам, колку се лажеш себе си, тоа е неверојатно нешто, реалноста е сосем друга, посурова, далеку од идеалот кој што ти го кажа, а кој патем секој го знае и го поминал.Разликата е во тоа, ова веќе звучи ко реклама на нашиве „ Разликата е во тоа...“.Додуша и те разбирам зошто мислиш така, кога ќе имаш потпора од некого, секако дека така ќе мислиш.Велиш дека не осудуваш, а ти веќе пресуди тука, па дури и даде проценка дека сме немале мозок.Очигледно дека не ја знаеш тежинава на нешатата што ти ги збориме, да ја знаеш нема на ваков начин да зборуваш.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^^^
    Толкава огорченост и фрустрации не се добри за здравје како прво. А лични ми се гледаат дека се. Толку навреди и погани зборови не сум чула од времето кога го гледав Џери Спрингер.
    Значи само студенти кои имаат доволно финансии да се дошколуваат во странски држави имаат право да излезат од земјава. Што со луѓе во години кои се пример возачи на камиони, градежни работници, пекари, кувари, електричари? Тие ви требаат во Македонија за да ствараат многудетни семејства со плати од 100, 200 евра за да не пропаѓа државата, па да можат оние во администрација, политичките потрчковци и останати да живеат од нивен труд, на нивна сметка? Овие зборови твои се упатени кон нив? Можеби не се магистри но се доволно паметни да препознаат кога некој си игра со нив, ги искористува и пробува да манипулира на карта патриотизам и слични срања. И се чудам зошто продолжуваш во темава кога ти е испод ниво со такви како нас да збориш? Или само да ни кажеш па да не здоболи што мисли за нас еден чистокрвен Македонски патриот. Имам Македонски пасош, имам имовина на мое име во Македонија, па жал ми е што не можеш да ни ставиш забрана да си идеме кога сакаме и да се чувствуваме како Македонци, колку и да ти е тоа желба.
     
  19. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Значи читате и разбирате онака како што вас ви одговара... |(
    Алтернативите ги наброив кои се ..и тие доктори,економисти ,психолози наместо да седат дома ,нека се запотат малце и вклучат мозочето наместо по цели денови да дремат по кафиња,да губат драгоцено време и да кукаат колку не чини државата.Најлесно е да се најдат изговори и оправдување за нашата мрза и неспособност!
    Зборот ми е патот до толку посакуваното странство не води само преку бугарскиот пасош има и друг пат..ама вие насила будали се правите зошто не ви одговара!
    Ај, сериозно отворете по странскиве огласи и разгледајте..уверена сум дека тој што сака може да најде работа таму и без бугарски пасош,ова важи за професионалците,небитно на кое поле.
    Другите може да си аплицираат за магистерски,докторски студии со целосно покриена стипендија,нека се докажат таму и имаат шанса да останат.Незнам што е толку тешко ова да го сватите и ме тера да се запрашам за вашето IQ???
    Ти со сиот памет мислиш дека работам во администрација??? :D После се што кажав за корумпираниве политичари ,мислиш дека сум во државна служба???Па досега ќе летав од такво работно место!!!
    Целава дискусија ја водам со цел да сватите некои нешта,да не живеете во заблуда,да не дозволите да ве искористуваат и манипулираат но,вие упорно не сакате да сватите или не можете?Така нека ви биде,на човек со сила можеш само да му земеш ,не и да му дадеш!Продолжете!
    И не се секирај за мене си имам јас приоритети и амбиции во животов,доста високи и работам на нивно реализирање.Замислете ќе ги остварам и без фамозниот бугарски пасош,само немој после да речете дека не сум ви кажала! :hai:
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Види, разбравме што сакаше да кажеш, поентата е што ги обвинуваш луѓето кои земале бугарски пасош, затоа збориме, не за другиот начин на заминување во странство.Башка и на нашки зборуваме.Што не ти е јасно? Се обраќаш со „ Вие“, на форумот, патем и во множина, значи мислиш на членовите со кои зборуваш, не за другите кои ги кажа економисти, правници...Ние не читаме онака како што ни одговара.

    Немам Бугарски пасош, но ги разбирам оние кои извадиле таков пасош, разбирам и зошто.Инаку, дај Боже да успееш, да ни кажеш за некое време за твојот успех, мило ќе ми биде, само се надевам нема да се разочараш.