Смешно е да се каже дека државата се грижи за своите, кога истата не сакаше да помогне на жена болна од рак, конкретно стануваше збор за тешка болест, жената не можеше да стане од кревет, а згора на тоа државата и барала пари, кои таа ги немала за да ги даде, ја оставија на цедило и сега ќе кажуваш за патриотизам? Како демек државава немала пари, па уште и барала на жената, а не тек да збориме за нашите што загинале...
хмм а оти ти не ги решаваш овде, твоите проблеми егзистенцијални значи и ти си печалбар а мене ми викаш за џебчето, абе ај? знам дека погодив се за тебе, не беше сложена клетка вервај.... туку знам дека одите за до три години и најчесто во села или помали болници зависи кој како ќе се снајди...е сега ти најверојатно немаш живеано таму и ќе ти се разубај..послем ќе аплицираш за да ти го продолжат престојот односно визата и након 5 години ќе останеш таму и ќе аплицираш за државјанство..Значи не ми врти и не ми сучи кога знам дека е вака..ти чим одиш во друга земја да заработуваш девојко ти не си задоволна од тука..зошто ако не сум во право не ми одговараш, борисе докажи ако не сум во право..но знам која си..така да САмо треба да имаш малце а`кл во главчетоС
Prv pat slusam za toa taka da nemozam da komentiram mnogu za nesto sto ne znam, no ako e takov slucajot imate sudovi tuzbi I red drugi nacini kako da go pokazate vaseto nezadovolstvo, dignete bunt obedinite se neli ima organizacii za dobro na lugeto Ili takvi slicni raboti napravate protest pred samata vlada, taa zena ako nemoze sama da se brane sigurno ima najbliski da go napravat toa za nea, ne velam deka drzavata e idealna I super pomoga na site, toa ne e mozno ni vo skandinavskite zemji koi se najdobri mesta za ziveenje, ako e kriva drzavata ima nacini taa da se koregira I da plati, no da bidame realni ako e vo finalna faza I nemalo poveke lek sto togas da napravas, takvi slucai i vo stranstvo gi ostavaat i ne sakat da se zamarat so niv osobeno osiguritelnite kompanji koi treba da go platat lekuvanjeto i toa za deca pa sto ocekuvate kaj nas so visoka zastapenost na balkanski mentalitet, rakot se vraka sekogas mozebi za 2-3 godini a mozebi za 50 no ne se bega od toa, ako nekoj od onie sto treba da bidat odgovorni zgresile I se odnesuvale sprotivno imate prostor da iskazate lutina, pred samata vlada parlament I sl...ima mnogu losi raboti kaj nas no na drugi mesta e nenormalno odvratno i strasno, ne zaboravajte site se luge i site gresat, pa i tie sto se na celo, no toa ne e izgovor da se zavrte grbot na svojata zemja (i da se vade BUGARSKI PASOS), bez razlika koj ja rakovode, da ne vo minatoto bilo podobro??
Ете државата не се грижи за нас...има многу вакви појави.А ,што ние како поединци сме направиле за државата?Јас верувам дека доколку секој поединец пристапи со љубов,почит и заложби од сопствената држава да направи подобро место за живеење и опстанок,многу нешта ќе се сменат во нагорна линија.Ама не ние сме паметни, критичари на се што треба и не треба,знаеме само да теоретизираме и филозофираме,да пееме жалопојки.Државата тоа сме ние народот!Ако ништо друго ја имаме таа моќ да гласаме и да владееме.Да добро прочитавте ДА ВЛАДЕЕМЕ(демократија значи владеење на народот)со тоа што ќе ги одбереме вистинските луѓе да не водат.Но,што направивме ние заслепени од сопствената себичност и личните математики за корист и добивка станавме жртва за манипулација,замижуваме пред некои нечесни нешта и тоа го компензираме на материјален план.Затоа стигнавме до ова дереџе!Сопствениот народ полн со очај,гнев и горчина да ја мрази сопствената земја и да се негира себе си! Општото добро е добро за сите!Колку побрзо го сватиме ова толку подобро!
патриотке ти вакви работи?? нели се удираше по гради?? ајде лекарке што ќе кажите на ова? всушност чекам одговор од претходно поставениот пост?
Јас не викам ти сама си кажа за џепчето... Бравос се ми погоди за работава.Уште да ми посочиш колкави ќе ми бидат месечните примања.Велиш и германско државјанство ќе сум земела?Баш се израдував Ми олесна,ми падна камен од срце ,цело време се двоумев кое да го земам дали татарското или германското. Е сега кажи ми што ми предвидуваш на љубовен план ќе уловам ли некој Германец?Само опиши го висок,низок,плав, црн да можам да го препознаам дека тој е тој вистинскиот за мене? Ај па можи и кондури ќе ти купиме.Кажи кој број носиш?... Јас не сум толку добра во гатање,немој да ми замеруваш..
Тоа државата не функционира како што треба, не та судови, сега зависи зошто кажуваш така.Види, те разбирам што збориш, само друга песна се пејт во државава, како да ти кажам.Едно се мисли, друго се зборува, тоа е кај нас.Сосем друго е што некој не имал можност да види во животот како е да се нема, тогаш воопшто нема да размислува на овој начин.Немој да ме разбереш погрешно дека зборам за себе или за тебе, зборам како е уствари.Уште пак кога спомна филозофирање, ме насмеа, воопшто не филозофирам, има зошто го кажувам ова...Некогаш исто мислев ко тебе, ама сега со други очи гледам, не за друго, ама малку ми ја врза една, реалноста, па сега инаку гледам.Народот има страв да промени некои работи во државава, па затоа секој си гледа за себе, па ако спаси глава, ќе спаси, ако не, никому ништо.Само се прашувам, како може партиска книшка да смени мислење...
Јас не сум саркастична политичарка да те вртам, јас сум искрена и ти кажувам дирек -- дали ќе биди џебче или финансиски проблеми тие се синоними нели?!! разбери дали пишува Германски државјанин или Бугарски тоа е се исто ти не си патриот.дури бугарите дозволуваат двојно но германците те тераат да се откажиш прво од ТВОЕТО!!! И двата народи биле фашисти тоа е тоа... ПАТРИОТ Е ОНОЈ ШТО ЈА САКА ДРЖАВАТА И ШТО СЕДИ ВО НЕА..ПРИМЕР ГЕРМАНЦИТЕ А НЕ НИЕ!!!
Ете државата не се грижи за нас...има многу вакви појави.А ,што ние како поединци сме направиле за државата?Јас верувам дека доколку секој поединец пристапи со љубов,почит и заложби од сопствената држава да направи подобро место за живеење и опстанок,многу нешта ќе се сменат во нагорна линија.Ама не ние сме паметни, критичари на се што треба и не треба,знаеме само да теоретизираме и филозофираме,да пееме жалопојки.Државата тоа сме ние народот!Ако ништо друго ја имаме таа моќ да гласаме и да владееме.Да добро прочитавте ДА ВЛАДЕЕМЕ(демократија значи владеење на народот)со тоа што ќе ги одбереме вистинските луѓе да не водат.Но,што направивме ние заслепени од сопствената себичност и личните математики за корист и добивка станавме жртва за манипулација,замижуваме пред некои нечесни нешта и тоа го компензираме на материјален план.Затоа стигнавме до ова дереџе!Сопствениот народ полн со очај,гнев и горчина да ја мрази сопствената земја и да се негира себе си! Општото добро е добро за сите!Колку побрзо го сватиме ова толку подобро![/quote] Тоа државата не функционира како што треба, не та судови, сега зависи зошто кажуваш така.Види, те разбирам што збориш, само друга песна се пејт во државава, како да ти кажам.Едно се мисли, друго се зборува, тоа е кај нас.Сосем друго е што некој не имал можност да види во животот како е да се нема, тогаш воопшто нема да размислува на овој начин.Немој да ме разбереш погрешно дека зборам за себе или за тебе, зборам како е уствари.Уште пак кога спомна филозофирање, ме насмеа, воопшто не филозофирам, има зошто го кажувам ова...Некогаш исто мислев ко тебе, ама сега со други очи гледам, не за друго, ама малку ми ја врза една, реалноста, па сега инаку гледам.Народот има страв да промени некои работи во државава, па затоа секој си гледа за себе, па ако спаси глава, ќе спаси, ако не, никому ништо.Само се прашувам, како може партиска книшка да смени мислење...[/quote] Kоментарот за филозофија не се однесуваше конкретно за тебе,зборував општо.. Како народ познати сме си по, тоа не поседуваме баш некој практичен ум и вештини.Не бива само за бла,бла... А, на прашањето за партиска книшка незнам затоа што немам јас лично и не планирам да имам. Не ми се познати нејзините влијанија лично но,кај поединци предизвикува ефект на камелеон... .Всушност партиската книшка како и бугарскиот пасош не се на мојата листа.Сакаш верувај ,сакаш не!Принципи,што да правам,таква сум јас!
Ок, прашањето ми беше реторичко, немам партиска книшка, затоа...Секој на различен начин гледа да си се снајде, дали со бугарски пасош или без него, право на избор.
Можеби следниов текст што следи некој ќе го протолкува како судење но, напротив повеќе го пишувам како еден вид на критички осврт во неколку точки.Кој како сака нека си мисли,нека си толкува,ионака не е тоа мој проблем туку негов!Јас сум одговорна за она што го пишувам а,не за тоа кој ,како си сватил или поточно речено на кој ,како му одговара!Диал?! За почеток не е на одмет некои феминки да го намалат нивото на нивната неоправдана љубопитност и да не инсистираат за одговори на некои глупави прашања.Некои прашања едноставно не заслужуваат одговор или се одговорени во претходен пост! Аман те брее!!!Не ми е јасно каква улога ќе има одговорот на прашањето што сум по професија?Прави ли овој одговор некаква суштествена разлика во цалава дискусија?Или само да се тропа нешто за џабе?Можеби сум докторка,можеби научник а, можеби и молер.. Која е поентата? Да,патриот е оној што седи и придонесува во својата земја,оние со бугарски пасош освен што не се патриоти по твојава логика ..дополнително се и предавници на сопствениот народ!Нив и нивните деца ги пишува како Бугари во пасошот,отвори си го пасошот и види!И не се обидувајте да ме спуштите на Ваше ниво...Очајни сте,најискрено ви кажувам.. Не очекувајте ниту почит од мене за таквите како вас,како прво вие самите се погазивте себеси и вашите родители,земјата и народот.Не очекувајте почит,во дилема сум дали го заслужувате и моето сожалување. Некои па си помислија дека им завидувам... Па ,да дојде тој ден поправо ќе се обесам на првото дрво!На што да им завидувам и љубоморам на бугарскиот пасош ли?!На успешниот живот и кариера кој го водат таму?!Зошто не добивам одговор на моето едноставно прашање да кажат дали вредеше?!Нека кажат само Да или Не?Ете толку,не барам цели реферати и детали за нивниот живот,не сакам да наметнувам индискреција до тој степен.Ама не, молчат и се кријат но,сепак и тоа е одговор за оној кој знае да чита меѓу редови а,таму секогаш пишува поважни нешта.На крај сепак благодарам за одговорот.. Во недостаток на цврсти аргументи која би ја поткрепиле вашата теорија за неопходноста на бугарскиот пасош,кој ви гарантира успех во странство(ова важи за Имелда)тргнавте во личен напад на мојот живот... Штета,мислев дека ќе добијам попаметен одговор а,не толку површен!Значи вашиот генијален заклучок го донесовте само врз основа на мојот пример??? Епа кочете малце..кај ви е логиката???Не дека се натпреварувам со некој друг кој попрво ќе ги спакува куферите за во странство а,најмалку со Бридџет нит,ја знам нит ја познавам.Сите сме различни ,сите располагаме со различни вештини,ресурси и во различен момент од животот ги донесуваме тие одлуки.Така да не тргаме сите во исто време и од иста стартна патека.Што се однесува до мојата дефиниција за успех јас правам разлика помеѓу успех постигнат со бугарски пасош и успех без истиот ,по истата логика на нештата како што правам разлика помеѓу оценка на испит стекната со знаење и оценка со препишување.Која има поголема тежина и предност?! Не знам за тебе и за твоето опкружување но, биди сигурна дека не сум осамениот Дон Кихот кој се бори против ветерниците?!Познавам еден куп луѓе лично а,ги има којзнае колку кои постигнале успех во странство и без бугарски пасош доктори,информатичари,инжињери,уметници ,не само со факултет туку и среднисти.Кога се сака се се може и навистина нема оправдување за фарсава со бугарски пасоши! Не само решавањето на горливите егзистенцијални прашања се повод некој да се излаже по бугарски пасош.Нека одат и нека лажат некој друг!Добро ситуирани луѓе со имоти овде и солидни примања ја напуштиле земјава плукајќи!Има ли оправдување ова ..преку леб да се бара погача?!аА уште понесватливи ми се оние кои бугарски пасош поседуваат од помодарство и им фаќа прашина во витрина или го искористиле за купување на половен автомобил.Човек да Само не е се до пасошот ги има и оние кои и покрај пасошот во џеб се вратија ко покакани од странство, разочарани.Работава излезе видела жабата коњот ја крева ногата за потковица па,ајде и таа.. Е па сега си легнаа на брашното и не се осмелуваат да плукнат! За оној кој барем малку чувствува елементарна почит и благодарност кон својот народ и земја..земањето бугарски пасош не е опција.Како што кажав и претходно има безброј студенски програми и стипендии за магистерски и докторски,огласи каде што може да се аплицира.Знаете ли дека во Шведска психолозите се дефицитарна група?Знаете ли дека може да се регистрирате на германска страна за барање работа и на домашна адреса да ви стигне известување ,честитки отсега можете да аплицирате на нашите огласи за работа!!!Знаете ли да пишете на гоогл еуропиан концил фор сциенце и да ја видете листата на проекти каде што како научници можете да партиципирате во истите?Знаете ли за кои проекти можете да добиете грантови,издвоени од унијата за нон еу земји како нас?Знаете ли за линкед ин дека можете да креирате профил и да дебатирате со колеги од целиот свет??Можеби на тој колега ќе му оставите впечаток со вашите способности па,не е исклучено да ве повика на некој проект??Ама изгледа не знаете!!Некој не вложил ниту минимален напор да го помрдне показалецот и да притисне ентер,не па за друго!!Знаете само за бугарските пасоши,спиењето до 2 на пладне и самосожалувачките рецитали!!! Нека ви е со среќа!!!
^ Се кладам не спиеш од мислење на оние со бугарски пасош Толку текст си реков нешто којзнае што ќе прочитам, а пак исто вртење празна слама. Одговорот што го бараш кажан е неколку пати ама ти некако расеано ми делуваш, како сама со себе да си разговараш, сама си поставуваш прашања, сама си ги одговараш, затоа што не сакаш да слушнеш ништо што тебе не ти одговара. Оди излуфтирај се па среди си ги мислите.
^И молер да си, знаеш ли дека имаат 80-100 евра во просек дневница? А кај нас едвај 10-15 евра. Па ти сега размисли
Благодарам многу што мислиш на моето здравје и сон,ни баба ми не мислела толку за мене,заслужи едно Нема потреба да се секираш ,штотуку се вратив од кафенце и шопинг и пукам од здравје... Туку ти зар не требаше да бидеш во Париз под сенката на Ајфеловата кула да си пијуцкаш кафенце па,имаш БП побогу???!!Навистина не те разбирам!Не падна нити викендашка прошетка со семејството?! Како си можела да го дозволиш ова со твојата реализирана кариера од соништата?Знам дека не сакаш канцеларии на врвот од некој облакодер ,ниту пак најнови модели на коли во гаража,тие се научна фантастика за таквите како тебе ама, барем да не седеше по цели денови на форумов?Ме загрижува и твојава опсесија со темава. Како некој што има бг што туку ја отвараш,читаш и коментираш?Нели не ти беше гајле што другите мислат за таквите како тебе,нели немате срам и совест.Игнор бе златна ,нека има реципроцитет и од твоја страна да ти кажам?Го знам јас твојот извор на фрустрации кои ги разлеваш по сите теми на форумов,само не ти вреди да знаеш.Маката и јадот не ти врват така! Начинов на водење конструктивна дискусија ти е топ.. Овие изразиве како излуфтирај се,оди прошетај..од едукативните емисии на Џери Спрингер ли ги научи?Кажи колкупати ти се гледани репризите?Ова не можи да се научи само со гледање од еднаш... Знаеш ли јас до кој одговор дојдов на прашањето кое не сакаш да го одговориш???? Сите оние што заминале да работат во Европа и се успешни во секоја смисла на зборот на професионален план ,заминале без бп само како резултат на сопствените квалитети, останатата дебилна багра служи само како држач за тоалетна хартија и бришење на странски гомца! Само некој нема капацитет да го разбере ова а,и да разбере нема ништо поголемо од его па ,да признае!Јок бе,јок..ќе умрам ама не признавам... Седете си вие како манастирски глувци во некоја мувлосана гансоњера и продавајте ветер во магла!Само немој да се лажете дека сите ви веруваат!САми себеси се лажете!!! ЕЕте дојдоа такви времиња слепите да ги водат слепите!!!!!
Мислам јас мислам,ти мислиш?! Да размислеше малце немаше да го пишуваш коментаров.Ја знам јас разликата во примањата меѓу молер овде и молер во странство..Всушност зборот молер не беше употребен во таа смисла.Прочитај го одново пасусот и ќе ти се разјасни во кој контекст стои зборот во реченицата,немам намера дополнително да се објаснувам.ОК! :geek:
Не те разбирам зошто ми се обраќаш мене. Прво, веќе реков еднаш мојот успех во странсво не се заснова врз бугарски пасош. Второ, никаде немам речено дека бугарски пасош гарантира успех. Два пати објаснив за апликациите за работа во мојата фирма како се третирани, не успеале ни апликанти со еу пасош да се вработат кај нас. Јасно е што кажав, без пасош не се ни погледнува кој е човекот на хартија, а тек потоа се зема во предвид што има искуство, квалификации...Јас толку имав да кажам па кој како сака така нека го зема моето мислење. И трето, ниту ме интересира твојот живот како што тебе те интересираат туѓите(оние кои ги бараш да дојдат да си ги оправдаат пасошите јавно па ти да им судиш дали им вредат), ако се чувствуваш нападната од моја страна, извини, не сум имала таква намера.
^^Намерно те боцкам за да го исплуеш цел простотилок што го имаш во себе, ама ова твоето крај нема. Ти стварно мислиш дека сум до толку извеана да почнам сега со коментари како тебе Еве јас од шопинг си идам сега со новото Ауди и сл простачки реченици за да тебе ти докажувам кај сум и на што сум? Мене ми одговара да ти мислиш за мене дека гомна чистам, така се чувствуваш супериорна, а дај му на човек предност во некоја работа и ќе му го видиш цел памет и култура. До кога ќе ме забавуваш?
Ете јас имам објаснето наназад како нас бугарскиот пасош ни го смени животот на подобро да не се повторувам пак и сега според тебе сме ние предавници ццццц преку таквото
Сакам да кажам... Просто, неверојатно е колку сум импресионирана од лажниот морал на некои форумски ликови. Пред извесно време на форумов, воглавно два лика кренаа голема галама. Едниот лик небаре добил Нобелова награда за литература го нападна и обвини другиот затоа што фалсификува цитати и статуси од книги и фб,кои патем иако не беа со авторски потпис, сосема беа коректни и промовираа некои универзални и човечки вредности.Ништо страшно,добро е што барем некој се пронашол во дел од нив и решил да ги сподели и да не потсети на некои нешта!!! ЕЕЕ сега следува ириничниот дел од приказнава!!! Се смеам да не заплачам!!! Личноста која се правеше светец ,сега во темата за бугарски пасоши го ФАЛСИФИКУВА својот идентитет а, со тоа и индиректно идентитетот на сопствениот народ и суптилно се обидува дискусијата да ја насочи во друг правец. Ехх моја чудесна земјо Македонијо,каде нелогичните нешта стануваат логични!Навистина сум револтирана,за директно и без заобиколување да посочам на чист дебилизам и лицемерие до бескрај.. Се прашувам само до кога вака???!!!Многу работи не штимаат! Во мојата професија често сум во контакт со странци и гледам со какво воодушевување зборуваат за нашата земја.Радосни се да споделат што знаат за нас и нашата традиција,се гледа сјајот во нивните очи.Некои поминале и илјадници километрии,потрошиле енергија,време и пари само за да не посетат и удостојат со нивното присуство. Мило ми е, ми се стоплува срцево и прави да се чувствувам горда на својата земја.Зошто и другите не гледате со нивните и моите очи?! Што ве заслепува толку?Еврото плус во вашиот џеб?!И после викате не сте продадени души и напразно се правите големи патриоти.Само незнам кого повеќе залажувате,најверојатно себеси!? За да не почитуваат другите најпрво треба себеси да се почитуваме и вреднуваме.Ретко ќе сретнеш некој Французин кој на поставеното прашање на англиски ќе ти одговори на англиски.Не сакаат бре да комуницираат ни на туѓ јазик а,пак да преземат туѓ идентитет на некој што ги потценува и презира,верувам дека им е незамисливо.. Друг уште поголем проблем е пасивниот и инертен однос кон ова прашање??
Сакам да кажам... Најважниот проблем е ЗОШОТО се поголем дел од луѓето во Македонија се одлучуваат на таков чекор? Не би користела толку остри зборови како тебе, знаејќи ја состојбата во земјава. Секој си бара подобри услови за живот, а еве како што можеш да приметиш во земјичкава наша едвај се врзува крај од крај. Патриотизмот не полни стомаци и не плаќа сметки,не школува деца! Дали ти го сметаш пристоен животот со 8000 денари месечно? Пола Македонија работи секој ден и на крај зема кредит за да оди на одмор...мизерија жива. Додека тие странци што ги величаш се осигурани за два живота. И нив им е незамисливо како некој преживува со толку мали плати ама ете...постои и тоа.