Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    +1 за обидот, но сѐ уште имаш многу основни грешки.
    Те сфатив уште првиот пат, ама не можеш да го наречеш тоа увоз - тоа ми беше смешниот збор. Оддава слика ко да ги товарат со сила, па ги истовараат на одредена локација.

    Нејсе, не мешај баби и жаби. Зборев(ме) за еровите од глаголицата во спорното мото што го беше зела за пример дека сме биле исти со Бугарите, а таа азбука врска си нема со периодите пред наша ера што ги мешаш во муабетот. Да фатиме дотаму да расправаме, ќе се изгуби смислата на темава.
    Забораваш и едно нешто - мене и на Албанците кои се родиле и живеат тука, истиот пасош ни следува од раѓање, сакале јас и тие или не, а ти си барала да го добиеш бугарскиот за некоја твоја цел, не можеш да правиш такви смешни споредби. Што сакаш/сакате правете си со пасошите, само нема логика да ни се продава она дека ние „патриотите“ (нели, во наводнци подобро ви звучи) ништо не сме постигнале за Македонија. А вие за Бугарија што направивте, освен што им го подувте егото дека сѐ повеќе наши посегнуваат по нивни документи? (што си го земаат ко „доказ“ плус дека сме се свестиле дека сме ист народ :tmi: ) Сте имале причина да ви треба пасошот - у реду, ама зошто после истото државјанство кое сте го барале, ве вреѓа и осеќате потреба да се оттргнете од него со изговори дека е за работа, лекарства и што ти не?
    За историското и помошта на брача Б'лгарчета нема да коментирам, го насетувам бугарофилското. Да бил жив прадедо ми, па лично да го прашаш колку му помагале. Го претепувале и чувале во бунар чисто пошто бил Македонец и не прифаќал друго, па таков претепан го терале да им свири и да ги угостува до сабајле. Пријателски однос, нема што.
     
    На drugarka, Ethrnity и Abeja им се допаѓа ова.
  2. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    А гледам повеќето не прават основна разлика помеѓу националност и државјанство,тоа се две различни нешта и поими.
    Еден човек може да има само една националност,припадник на народот каде што се родил. Само дотичниве доброволно се откажуваат од него во замена за да добијат државјанство и БП.Чиста манипулација!
    Додека еден човекво текот на животот може да има и повеќе државјанства, доколку ги исполнил условите на определена држава,минимум престој на пример од 5 години,зависи од самата држава.
    Така да никако не ги мешајте Бугарија и Германија.Германците можат да ви дадат државјанство но,никогаш нема да ви речат да се откажете од вашата национална припадност!Мислете малце!
     
  3. pablofrancisco

    pablofrancisco Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    14
    хммм...баш тие германци сакаат да с еоткажиш од својата националност по шо германија признава само едно државјанство еден пасош за да земис германски пасош мора да ги поништиш сите предходни, и секој што има германски пасош автоматски е и германски, бидејќи во германија на попис и на други документи не постој графа за националност... :swear:
     
    На ebola и mh23 им се допаѓа ова.
  4. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Нема врска ова што го кажуваш!
    Да речеме дека германците како и многу други држави не дозволуваат двојно државјанство па, тогаш ќе мораш да го поништиш македонското но ,твојата националност и правото да се изјаснеш како Македонец си останува.Тоа никој не може да ти го порекне!
    Националност е едно а,државјанство е друго,во тоа е разликата и не мешај баби и жаби!
    Зар нема во Германија 8 милиони Турци?!Живеат во Германија но се изјаснуваат како Турци,ете ти доказ за тврдењево!А вие со БП ќе фигурирата како Бугари а,не како Македонци!
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Изгледа и ти влегуваш во тие што не прават разлика :?:
    Едно е државјанство, вакво, такво, онакво. Друго е националност - Македонец/Македонка. Никој не се откажува од него. Еве татко ми има бг пасош, па не се откажа од националноста. Ако не се лажам овие поими се учеа во трета средно, Вовед во право.
    И кај најде баш за Германија да се фатиш, баш тие не признаваат двојно државјанство. Ако сакаш германско, од другите мила ќе се откажеш. Братучетка моја знаеш што велеше? Не сакав да се откажам од моето, ама морав (мажена е за Германец), а откако ги поминав сите процедури (читај маткања наваму натаму) со двете раце потпишувам за германско. Ама друга тема на муабет е тоа.
     
    На ebola, mh23 и Daydream им се допаѓа ова.
  6. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Добро ,мене најде да ме лажеш?!Сите што сакаат БП се откажуваат од Македонската националност!Овие доказиве за потекло во процедурата што ви ги бараат имаш размислено зошто им се? :!: Немој ,ти се молам!Вие врз основа на изменетата националност го добивате прво нивното државјанство,па лична карта па,пасошот.Сигурно не го стекнувате државјанството со престој, таму затоа што ве пријавуваат дека седите на лажна адреса.Ако немам БП ја знам процедурата!Да не се лажеме! :!:
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Душо немам ни јас, и не ме ставај во таа група ;) Доказ за потекло ти бараат од не знам кое време, кога бугарите биле окупатори, кога биле на власт, кога била бугарската црква, кога дедо ти служел во бугарската војска. Нити тогаш биле Бугари по националност, нити па денес. Нели важно беше да си патриот?
    Ај кажи ми нешто, оние со двојни и тројни државјанства, што националност се?
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Толку не можеш да разбереш нешто што е просто како грав?!
    ЗА да извадиш БП прво ти бараат доказ,документ за твоето наводно бугарско потекло и не само твоето лично туку тоа се однесува и на твоите предци.Ја гледаш ли замката или сега за инает ќори ќе се правиме?!
    Ете кажав тие што се родени ви Турција а, не мора да значи и во Германија на пример да се родени ќе си бидат пак Турци,тоа си останува и е константно ,само државјанството ќе им биде германско.Ако решат да се преселат во Америка пак ќе си бидат Турци но,ќе имаат американско државјанство ,секако ако ги исполниле условите на државата во случајов Америка.
    Аман бе?!Исто како кај нас Албанците,родени се овде и по националност се албанци но, се државјани и граѓани на Македонија и имаат право на македонски пасош.
    И кој е сега тој што не разбира?!Не сум јас таа секако!Основни поими не знаете а,сакате да се правите паметни!
     
  9. pablofrancisco

    pablofrancisco Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    14
    znaci vo minhen sum momentalno so godisna viza za rabota i prestoj, a predhodnite 5 godini unazad odev sezonski po 3-4 meseci...sega imam viza germanska za 1 godina i nikade ama nikade do sega ne sretnav grafa ili ne znam ni jas so za da mozam da se izjasnam kako makedonec, pa ni drugite go imaat toa pravo...ova e FAKT dzabe go zamajuvas forumov so tvoite tezi koj so ne se potkrepeni so apsolutno nikakvi dokazi a ne ni znajs so se desava vo germanija...
     
    На ebola, Nati.P, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Мене во британскиот пасош под националност ми пишува британка. И без да вадам пасош, само по извод на натурализација исто пишува британка под националност. Никаде не било опција да бирам друга националност. Тоа што е дозволено двојно, не ти го ставаат другото на нивниот документ. Не можеш да имаш пасош а да не си од таа националност. На попис на население можам да се изјаснам на која етничка група(origin) припаѓам, и тоа е генерална група, како бела европјанка, друга неевропска бела, мешана бело црна, црна африканка и сл. А на друг кој го интересира да ме праша, можам да се изјаснам како сакам.
     
    На ebola и mh23 им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Аналогно на болдираново - тие што се родени во Македонија ќе си бидат Македонци, тоа си останува и е константно, само државјанството ќе им биде бугарско. Ако решат да се преселат во Бугарија пак ќе си бидат Македонци, но ќе имаат бугарско државјанство. И што овде не ти е јасно? Конфузна си ептен. Еднаш велиш по националност стануваат Бугари, еднаш велиш националноста останува иста, само државјанството го менуваат :?: :|
     
    На Daydream и mh23 им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Тоа за други земји не важи, само нашите ако земаат бугарско државјанство, менуваат националност :wasntme: .
    Морам да споменам дека при земање на бугарски пасош или државјанство, нашите не се откажуваат од своето државјанство или пасош, така да го имаат и својот и бугарскиот пасош.Во сооднос на ова, нашите не се предавници, како што се нарекуваат.
     
    На Nati.P, Daydream и mh23 им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Внимавајте, тоа што ти го пишува во пасошот не е националност!!! Англискиот збор Nationality не е исто што и македонскиот националност (етничка припадност: македонка, финка, јапонка...). Nationality означува државјанство.
    Така да во превод тебе под државјанство ти пишува британка.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    На ниеден пасош мислам дека не пишува националност.
    Инаку Ethrnity мисли на тоа, (да ја оправдам) :D дека едно е да земеш пасош под основ на долгогодишен престој и работа а друго да бараш државјанство со доказ дека влечеш корени од таа земја. НО
    такви документи ние не поднесуваме затоа што не постојат. Тоа што за Бугарите е доволно само изјава да дадеш дека имаш предци од Бугарија го нема никаде, секаде треба да докажеш па да почнеш процедура. Нивниот див начин на водење држава си продолжил иако се влезени во ЕУ, но сега мислам дека ги затегнаа и дека не издаваат пасоши затоа што им бараат баш доказ за предци. Така да тие наши изјави не се никакви докази дека потекнуваме од Бугарија, плус националноста не е законски дефинирана категорија и не може некој тебе по строга дефиниција да ти одреди националност. Чувство на припадност е кон еден народ, етничка група, и слободно може да се изјаснеш како сакаш. Државјанство е друга работа, а и никој не го интересира како си го добил па да ти одредува националност. И да се откажеш од македонскиот пасош, ги губиш правата и обврските што ги имаш со тој пасош, но националност никој не може да ти одземе или да ти бара докази да докажеш.
     
    На Nati.P, mh23 и imelda им се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ^Само еден пример дека не ни гледаат дали документот е бугарски или не. Мој познаник зеде пасош со македонски изводи од книгата на родени од мајка му и татко му и извод од книгата на умрените од дедо му, преведени на бугарски јазик. И тоа пред два месеци го зема.
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Па тоа е збунувачкото. Сите сфаќаат што е националност по друга основа, само по македонски друго значело. Посебна сорта |( Citizenship - државјанство. Nationality - националност. Residency - граѓанин на нечија држава. Ethnicity - етничка група. Само во Македонија можеш да држиш пасош со друга националност излегува.
    Јас сфаќам дека Етернити сакаше да каже за етничка припадност. Ама скокна на националност, сите глупи и не разбираат разлика од поими а всушност се работи за посебен некој стандард кој само Македонија го има :rock: . Еве пак како пример да се земам. Јас имав секое право да останам во УК на македонски пасош, а да обезбедам статус на резидент со сите права во земјава, а да се сретнувам со секакви одолговекувања при патувања во други држави ради македонската корица на пасошот. Со тоа што во секој мој издаден македонски пасош на десет години, кој треба да го праќам во имиграционо, да ми лепат лепенка како виза слично, дека сум граѓанин на државава без ограничувања. И тука е разликата на броењето Македонци, Руси, Турци, Египјани во друга држава со право на исто грѓанство ама од друга националност, односно со туѓ пасош, или полесната административна опција од прифатена натурализирана националност и вадење пасош од државата во која настојуваш да останеш граѓанин на неодложено или дефинитивно.
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    А тоа што зборувате таму на бугарски,им ја учите напамет историјата,потпишувате изјава на бугарски дека сте Бугари, што е ако не е предавство???Вие потпишувате црно на бело и тоа е доказ.А тоа за тие изјави колку се валидни и која е нивната тежина ќе видиме во иднина!Јас не мислам дека тие не се собираат без некоја посебна цел!Бугарија применува софистициран начин на асимилација!Факт!
     
  18. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ме интересира каде си и како си заминал!
    Каков доказ сакаш?!Кажи одма ти го доставувам! Ти само изрази желба!
    Напротив ти си тој овде што шири бугарофилска пропаганда.Ти си тој што македонскиот јазик го нарече бугарски.Ти си тој што трескаш глупости и кажуваш дека Бугарите постоеле во 10 век п.н.е :D
    Сето ова ми дава за право да се сомневам во твојата писменост и моќ за расудување па,ништо чудно да не си ги забележал посебните графи во некои документи! |( Слабо читаш изгледа!
    Не биди толку сигурен дека незнам што се случува во Германија.Не си бил само ти во Германија!Има и други!
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Девојче, ти се разбираш дека не ја продаваат својата држава, кога го имаат и своето државјанство и пасош? И ова не ти го кажувам од памет, ниту го измислувам, нити сум прочитала на нет, туку од сигурни, најсигурни извори.Факт е тоа што ти го кажувам и џабе зборуваш, двете државјанства: македонско - бугарско, со се пасоши се црно на бело и нема тука никакво предавство.Може да зборуваш така со денови, друго си е ова што си е црно на бело, за зборење онака, секој може.


    И секој оној што земал Бугарски пасош, земал само за да премине во странство, а не дека го учел нивниот јазик, нивната историја, тоа ти гарантирам дека е така, затоа што знам такви луѓе.


    И уште еднаш те прашувам, зошто се обраќаш со „ Вие“ на форумот? Зошто се обраќаш со “ зборувате“? Кога веќе мислиш не мислиш на членовите, барем не се обраќај така, не знаеш дали имаат или немаат Бугарски пасоши.Рече дека не мислиш на членовите, но според тоа што така пишуваш, може погрешно да бидеш разбрана.
     
    На ebola, tessie, mh23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.388
    Допаѓања:
    171.616
    Морам да споменам дека при земање на бугарски пасош или државјанство, нашите не се откажуваат од своето државјанство или пасош, така да го имаат и својот и бугарскиот пасош.Во сооднос на ова, нашите не се предавници, како што се нарекуваат.[/quote]
    А тоа што зборувате таму на бугарски,им ја учите напамет историјата,потпишувате изјава на бугарски дека сте Бугари, што е ако не е предавство???Вие потпишувате црно на бело и тоа е доказ.А тоа за тие изјави колку се валидни и која е нивната тежина ќе видиме во иднина!Јас не мислам дека тие не се собираат без некоја посебна цел!Бугарија применува софистициран начин на асимилација!Факт![/quote]


    Тебе некој ти кажа за ова или сама ти текна? :^)
    Што туку се губиш тука на форумот и туку тропаш празни приказни. Кај си видела ти дека кога одиш на интервју зборуваш на бугарски?Кај си видела дека потпишуваш документ дека си бугарин ????Еве ја со глава гарантирам дека таков документ да потпишеш не постои
    Ти шо не си била на интевју ке ми кажуваш мене со бев како е таму што потпишуваме и на кој јазик зборуваме ти ли знаеш или ја знам што бев и видив а????
    Ако не сакаш бугарски пасош кути трај и седи си во македонија ,нкој не ти става жар на срце да вадиш пасош Како те родила мајкати толку паметна па се ти да знаеш????
    Значи друг нисто не знае се ти знаеш аааа????преиспитај се малку детееее
     
    На ebola, Nati.P и mh23 им се допаѓа ова.