Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Бугарски пасош или било каков пасош од земјите во ЕУ е убава работа. Се наоѓа за бегство од сиромаштијата од Македонија, а и полесно е за преминување на границите. Излегуваш со македонски пасош влегуваш во друга земја со пасош од ЕУ, без проблеми убавина , раат си е човек. Ама постои едно големо АМА, ако си поединец немаш гајле, АМА ако имаш смејство, дали и твоите деца и сопруг ќе имаат бугарски пасоши, СИГУРНО, одговорот би бил ДА. Сепак која би била вашата реакција ако имате син и еден ден во поштенското сандаче ве изненади покана за во војска за вашиот сопруг или син? Ќе ги испратите синот и сопругот да служат воена должност во Бугарија, година или две? Ќе се покажете како патриоти и ќе платите казна или ќе лежите во бугарски затвор или ќе ги пуштите да служат војска како што беше кај нас по пред 10тина години? И моите сакаа дури беше полесно да извадиме бугарски пасоши и сега можеме бидејќи имаме роднини во Бугарија, ама на моите им е страв да не стигни покана за војска за мојот брат кој е приближно на таа возраст кога ги земаат на воена обука. И НЕ дај Боже нешто да се слуши нашите млади машки деца ќе треба да служат во бугарската армија, а како што гледаме во последниов век Бугарија е секогаш на погрешната страна(на пример во Првата и Втората Светска војна).
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Немајте гајле! Република Бугарија ја укина задолжителната воена служба почнувајќи од 1. јануари 2008 година.
    Во војните нема вистинска страна! Секоја страна може само да биде погрешна страна. Единствена вистинска страна е онаа на мирољубивоста, а кој посега по оружје при напад/одбрана јасно кажува дека е против мирот.
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    ^ Како и да е, ако закрчка (плус се и во НАТО) прво македонците ќе ги мобилизираат после бугарите, а овој пат нема да е дедо Киро (Глигоров) таму да ги запали списоците и да ги спаси како што ги спаси нашите татковци во почетокот на деведесетите. Тоа е факт.
     
  4. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае доколку родителот има бугарски пасош колку време се чека за детото да добие пасош? Дали пак се чека повеќе од година или постапката оди побрзо кога веќе родителот е Бугарин.
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    кога родителот има бг пасош за детето се оди по скратена процедура мислам дека не се чека толку време
     
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    дечки брат ми има бугарски пасош дали некој знае колку време би чекала,кога би поднела и јас преку него???
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.388
    Допаѓања:
    171.616
    нема да поднесеш преку него оти не може како тоа преку него
    ке си поднесеш во редовна постапка и ке ти испадне некаде за2 години остај со викаат они до 1 година дека треба да е излезен најкасно а ако немаш доказ за бугарско потекло поарно не си ги давај парите оти не даваат више така пасоши
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски

    Фала Nana19. Сакав да прашав колку е отприлика таа скратена процедура, месец, 6 месеци, 1 година малку поконкретно.
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    Тоа мислам дека во моменто никој неможе да знае бидејки и самата редовна процедура е пореметен , со тоа што сега нели пбараа нови документи и пасошите ги вратиа на дополнителна проверка се чека и по 3 години...
    Но не се знае ништо...Во последните неколку дена има илезено 10 протокола со пасоши па постои надеж дека сите ке бидат пуштени.
     
    На ilenaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Девојки, сакам да извадам бугарски пасош, сакав да прашам дали знае некој би ми било ли полсено да си извадам пасош ако дедо ми и чичко ми имале (сега им се изминати)? Ако биде некој толку љубезен па да ми каже кои документи се потребни и колку пари чини аплицирањето оти се изнабарав, ама не најдов..
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.529
    Вака кога гледам колку не знаете разлика помеѓу државјанство и националност, си викам па добро, ајде вака побрзо ќе се истребат општо необразованите од државава...
     
    На ivancekitty, makedonkamak, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Поздрав од Бугарија :hai:

    ЕКСКЛУЗИВНО: Сите иматели на бугарски пасоши од Македонија ќе треба или да служат војска или дебело да платат!

    Скандал со нелегалните бугарски пасоши: Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!‘

    ,,Илјадници незаконски бугарски пасоши‘‘.

    Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло.

    Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.

    Притоа во медиумите се наведува дека меѓу апликантите кои чекаат ред пред агенцијата стојат бројни лица со бурки или муџахендински бради кои немаат никаква врска со Бугарија.

    Сепак позади целава оваа шарада на Бугарија стои чисто лукративен скриен мотив, желбата на Бугарското министерство е дебело да се омрси од имателите на пасошите а кои фактички и не се Бугари, спремаат уред и закон по кој сите оние кои живеат надвор од границите на Бугарија или да служат војска во Армијата или да платат околу 2000 лева давачка или околу илјада евра плус данок.

    Со овој потег Бугарската држава ќе се омрси од странците иматели на Бугарски пасош!

    Извор
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Нема ништо такво по медиумите на Бугарија :?:
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Martina-1993

    Martina-1993 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Поздрав од ДПМНЕ и ништо повеќе :D
     
    На anakonda88, ebola и Gembird91 им се допаѓа ова.
  15. AngieJolie

    AngieJolie Нов член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Вистина е оваа за служење војска??? Ај некој ако има повеќе информации на оваа тема нека известува .. :/
     
  16. Gembird91

    Gembird91 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    12
    Neznam dali znaete deka i bugarija isto kako makedonija ja ima ukinato zadolzitelnata vojska, i tamu ne se odi na voen rok. taka da cisti lazgi, ova samo na koj ke mu prdne si pisuva, sto si ima kompleksi za nekoj glupi raboti, 21 vek sme koj sto saka neka pravi, neka si ja baraat srekjata nadvor site.
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^

    Некаде по интернет порталиве, прочитав дека служењето војска или паричната 'компензација', важи за лицата кои извадиле пасош од 2011 година до сега.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Нема врска. Лажат со Баба Рога приказни. Чудо едно е како нема ништо по бугарските медиуми, ама нашите знаеле. И дека за секого е укината војска од 2008 ако не и порано, треба пострашни приказни ВМРО да измисли, и да земе во обзир дека бугарската азбука ни е разбирлива оти за таму некои три букви е поразлична од нашата, и дека јазикот не им е нешто различен од нашиот шопски дијалект, што дури и некој од Прилеп да речеме, ќе им ги разбере вестите иако дека помалку од Беровчанец би разбрал.

    Што е жално тука, кога се друго им избегало од рака на нашите политичари, па се фаќаат за сламка, која не е ни сламка, туку е пластично цревце кои сами го правиле, и како и се друго, фалично е, има дупка и пушта воздух.
     
    На ebola, Daleron и Bridget им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ...и така Труман продолжи да си живее во своето совршено опкружување.
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Имелда ти ли си? Извини не те познав. ;)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.