Здраво , Сакам да прашам за дополнителни документи за бугарскиот пасош дали можи да се прикажат документи од чичко мој на татко ми прв братучед кој има бг пасош но презимето ни е различно ? Дали знаете нешто за ова?
За дополнителна проверка ти треба бугарски документ од порано некој твој што бил бугарин а не документи од некој што има бг пасош ,значи бугарска војна книшка,бугарска работна книшка на некој твој дедо баба чичко
доколку двајцата родители имаат бугарски пасош, за коллку време јас би добил? и која е процедурата доколку двајцата родители имаат? кај треба да идам, што треба да поднесам, дали има некој со вакво искуство?
Ако двајцата родители се со бг пасош децата во рок од 30дена добиваат бг пасош Инаку они викаа дека и за најкасно година треба да е испаднат пасоѓот ам ајас години го чекав и пред некое врме конечно земав бг пасош и л карта
Доколку детето е малолетно тогаш постапката и излегувањето на пасошот е побрза. Но доколку не е, тогаш секако си чека една година најмалку и процедурата си е иста. Јас сум пример за тоа, и мајка ми и татко ми, па и баба ми имаат бугарски пасош, и еве сега во ноември една година од интервјуто и сеуште не ми е излезен.
Честитки за пасошот туку има некои новости? Достави некој дополнителен документ и кога отприлика беше на интервју?
Преписката се намира в състояние, за което не се предоставя информация. Според ова, нема надеж за излегувањето на пасошот?
на интервју бев ноември 2012 година доставв документ воена книшка од дедо ми што бл бугарски војник и допрев до пасош без ваидни документи нема веке пасоши
Дали спрема ова новава вест навистина нема да се издаваат пасоши на оние кои поднеле без доказ за роднини? Не се работи за мене туку за моја блиска личност но, таа напиша дека имала роднини во Бугарија (што е и точно) но нема никакви докази бидејќи не се во контакт. Ова значи дека сигурно нема да добие бугарски пасош? Инаку преку тој што вадеше и гарантираше дека ќе добие, во март требаше да одат на интервју во Бугарија...
Мислам дека според сето ова досега што го имам слушнато дек без документ од потекло нема државјанство. Има луѓе кои и со дополнителен документ чекаат а има и луѓе кои со роднински врски докажуваат за пак чекаат. Чекајте до 27 кога ќе се состави новата влада. Закочена е процедурата. А и слушнав за едно случајно бројче на еден човек кој без никаков документ излезено односно доби Али тоа е реткост.
Сите кои чекаат указ за бугарско државјанство има објавено соопштение за околу 700 луѓе кои треба да однесат дополнителни документи со кои ќе го докажат своето бугарско потекло со рок најкасно до 10 ноември 2104. Дали и вие сте од тие 700 луѓе можете да проверите на оваа страна https://mjs.bg/25/1353/ побрзајте. За валидни документи се признава секаков стар документ кој е издаден од официјални власти на Бугарија (извод на родени /венчани /умрени; воена книшка копија од пасош на близок роднина кој веќе има добиено бугарски пасош или од роднини кои живеат во Бугарија денес доколку имате итн.)каде стои името и презимето на вашиот близок роднина и секако сето тоа мора да биде поврзано со цела низа изводи како би докажале дека личноста на која се повикувате навистина ви е роднина. Со среќа. Доколку навистина има роднини во БГ по хитно нека ги пронајде бидејќи само така може да си ја заврши работата барем за сега според овие закони кои се на сила во БГ. Грешиш секој ден указ за Бугарско државјанство добиваат помеѓу 180-190 луѓе кои ги исполниле условите. А моментално е застаната работата на администрацијата како во секоја држава каде се случиле избори не смеат да се донесуваат никакви одлуки од државен интерес до формирањето на новата влада.
Оргинал се носи на увид а копија заверена на нотар се остава за нив и секако изводи кои водат до тебе дека ти е роднина. не е битно кога се издадени само да се оригинал.( моќе да се и од бивша Југославија).
ме интересира каде ја носите книшката за превод дали може тука во амбасада во битола или скопје или мора во софија и дали за еден ден би завршила работа пошто искрено нз дали на посредник да му даваам ..се ќе направат со тие книшки заради пари
Може ли некој да ми објасни зашто има толкава омраза кон луѓето со бугарски пасош? Некои имаат и шпански, хрватски, турски, оние со српски се најсупер, аама овие со бугарски се предавници, ај нив ќе ги збориме. Луѓе чиста вистина е дека бугарскиот народ ни е многу близок, не знам зашто толку ги мразите. До чипот е... Нема везе не сакам да навредам некој или нешто слично. Најчесто тие пасоши се вадени со доказ за потекло, сакале вие или не, тие луѓе влечат нешто бугарско и имаат право на тоа државјанство и зашто да го немаат? Сите имаме право на двојно државјанство, што се однесува до мене, кој може да извади, какво може да извади, нека вади. И нека купува коли, нека оди да работи, нека оди да шета, нека седи тука, што сака нека прави со своето. Тоа со задолжителна војска или глоба, што и да беше, мислам дека беше жива глупост, а за ова слушав на радио имислам дека е воведено - сите што се здравствено осигурани во бугарија, да се лечат во странство за сметка на државата, што не е така лошо. Е сега што се однесува до мене, некој да ми понуди европски пасош што ми дава шанса да живеам и да работам без никаков проблем во земја со подобра економија од оваа, одма оставам се и го земам. Баш сум предавник. Искрено верувам дека и многу од вас би го прифатиле.
За сите кои имаат поднесено документи за Бугарско државјанство денес има излезено нова објава со нови броеви за кои е потребно да се достават дополнителни документи. На следната страница можете да проверите дали вашето бројче е едно од нив https://mjs.bg/25/1354/ рокот за доставување е до 01 дек. 2014. доколку го пропуштите рокот ќе треба се од сам почеток да правите.Потенцирем не е истата објава од пред 10 дена ова се нови 700-тина бројчиња.