Значи за само три месеци снаати и внукот зедоа виза од Македонската амбасада, заминаа и средија потполна документација. Браво, но во пракса не е така, баш ми е чудно ова што го зборуваш бидејки не верувам, али во ред. Незнам, можеби се отидени само со Македонски пасош и потоа таму некако се снашле околу работа или пак имаат фатено"дебели врски" за истото, мора да постои нешто зад ова, сигурна сум.
Brat mi ima bugarski pasos, rabota vo germaska firma, snaata i deteto ne, no dobija vizi na 5godini, bez vrski. Tesko bese da se vleze vo germanska firma, drugoto e lesno
Јас познавад жена што дојде со Мк пасош во Германија, а маж и има Бугарски пасош.Значи маж и мора да има стан и постојана работа, да не зема социјално.Виза даваат лесно, само треба за почеток жената да има познавање на гермаски А1(Телк/Гете) ниво.Кога ти ја дадат визата мислам дека е на 5 години има обврска за наредното поднесување на виза да знае германски ниво минимум Б1 ниво.За пола година мислам дека се средуваат документите. И за дете ако ти се роди тука СИГУРНО не добива германско државјанство.Јас сум сега бремена и на детето ќе морам да му извадам прво бугарско/македонско, а после 8 години живеење и работење прво ние да извадиме гермаско, а после и на детето.
Kazuvam jas deka otkako mazot ke se vraboti drugoto e lesno. Za drzavjanstvo na dete ne znam, koga ke se porodi snaa mi ke znam kakvo drzavjanstvo ke ima deteto, no bilo koj pregled vo bremenosta za nea, ili za deteto, voopsto ne se naplaka.
На пример јас имам полагано германкски и стигнав до Б1 степен на познавање, а што ако таму појдам и запишам германски пак? Тогаш ќе мора да ми дадат виза на одреден период нели, за кој период би се средиле сите други работи...така јас мислам по некоја моја логика.
Со македонски пасош имаш право, да престојуваш во Германија три месеци.Ако сакаш пак да запишеш курс за подолго време,тогаш треба од Македонија пред да одиш да извадиш виза, за изучување на јазик(моја пријателка од Турција овој Вторник ќе дојде на 3 месеци така).Во германската амбасада ќе треба да приложиш документи од школото каде си аплицирала и секое школо те обврзува најмалку 3 месеци да седиш и да изучуваш јазик кај нив,за помалку не ѓи потпишуваат документите.Исто така треба на школото да им платиш унапред 2 курса,како гаранција.Е сега ако ти одобрат виза,си доплаќаш останатите курсеви колку си планираш,ако не ја одобрат они ти ги рефундираат парите,само не во целост 200 еу задржуваат од сумата,како за услуга што ти ги потпишале документите. Ако маж ти е таму и сакаш таму да останеш,нема логика да поднесуваш за ваква виза.Ќе си поднесеш за виза за припојување кон брачен другар.За таква виза прочитај ги мислењата погоре што ти треба.Ти веќе си го исполнила условот за познавање на германски јазик. Позз и се надевам ти помогнав.
Во документите за виза за приклучување кај брачен другар другар граѓанин на ЕУ не гледам никаде дека бараат документ за познавање на германски јазик еве ви линк http://www.skopje.diplo.de/contentblob/4147156/Daten/3998408/Ehegattennachzug_EU_Buerger.pdf тоа стои во потребните документи доколку брачниот другар е со Мк пасош.
А дали има некој што е повеќе запознаен со она што го најавија за полесно вработување во Германија со Мк пасош од другата година, некој ми кажа дека доколку имаш работодавец најдено нема да мора да се оди преку амбасада туку таму можело да се среди се за работна дозвола? Точно е ова? И дали е донесена одлукава?
Човек ако има најдено работа и работи 3 месеци таму и се да е регулирано со смештајот и документите тука во амбасада кога ќе поднесе брачниот другар за виза ќе чека...гледам процедурата за приклучување кон брачен другар со мк пасош трае 2-3 месеци, додека кај брачен другар со ЕУ пасош немаат наведено, но претпоставувам дека пак ќе биде отприлика толку. Според ова значи најрано за 5-6 месеци би можел брачниот другар да започне да живее и работи таму.
Ве молам ако некој знае СЕРИОЗЕН ПОСРЕДНИК ЗА БУГАРСКИ ПАСОШ...по можност веќе да имате искуство со истиот!
Да на линкот ништо не пишува за јазик.Ама што имам два случаи каде жените се дојдени со македонски пасош во Германија, на едната мажот и работи и живее со Бугарски пасош тука, а на другата се омажи за човек кој е тука од дете и има гермаски пасош.Они така ми ја опишуваа ситуацијата и затоа така напишав.До душа тоа беше одамна(пред 3 години) и можеби е изменето некој закон.За последното за виза за учење во Германија е ситуација од пред еден месец.И јас лично ѕвонев во школото да прашам за пријателката.За да ти пратат гарантно писмо за школото тие се условите(сигурно), за другите услови кои ги исполнила и кои и ги имаат барано не сум сигурна.На нејзе ова и е 3 пат како иде за Германија,а на крај краева условите за Турција и Македонија можеби и не се исти,ако и двете не се членки на ЕУ.Исто сигурно знам дека германско државјанство не добива веднаш детето ако е родено во Германија. За работа во Германија без пасош од ЕУ или дали има излезено некој закон за да се одлеснат околностите за доаѓање тука, не ми е познато да споделам искуство.Јас и маж ми имаме бугарски пасоши и воопшто немаве проблеми за престојот.
Доколку брачниот другар е германски државјанин се истите услови, па претпоставувам и за со македонски. Евентуално може нешто плус, ама не и олеснување. Познавање на јазикот(сертифакот е неопходен за добивање на визата во германска амбасада во скопје), стан со дововлна квадратура, примања доволни на соодветниот број членови во семејството. Дете со германски државјанин е автоматски германски државјанин. За таков нов закон не знам. Ние имаме приватна фирма...па не ни испаднал таков закон пред очи, напротив информирани сме за контигенти со работници од македонија. Тогаш од тука се средува, ама не и поединечно за лица.
Снаа ми доби виза без документ за познавање на јазик. Кога ќе бара продолжување, после 5 години, ќе мора да однесе документ дека има познавање, во спротивно нема да и биде продолжен престојот.
Слушнав дека во септември имало измени во законот за бугарско државјанство, односно дека ќе нема потреба од документи за бигарско корени . Дали некој знае дали ова е точно?
Сеуште е стариот закон каде се бараат корени. Се чека на собранието да го изгласаат новиот закон каде ке има олеснуванjе
Јас немам бугарски пасош, но повеќето го вадат најчесто поради 3 причини: - полесно и побрзо легално наоѓање работа во некоја од земјите на ЕУ бидејќи платите се повисоки, или барем трудот реално платен. - можност за безвизно патување во Австралија и Нов Зеланд на пр. со цел посета на роднини или како турист или за школување или работа во В.Британија и Ирска. Имено тие земји сеуште бараат визи за македонски државјани. - оние кои што се превозници можат да вршат полесен транспорт преку граничните премини (со соодветна ЕУ регистрација на возилото)
Еве линк од новиот закон http://dnes.dir.bg/news/balgarsko-grazhdanstvo-izbori2013-20052971 Борис Вангелов, директор на ДАБЧ отговори на въпрос за получаване на българско гражданство на гражданите на Република Македония. Той обясни, че те могат да удостоверяват български произход по следния начин – първо с документ, който доказва българския произход на възходяща линия или близки на него. Ако няма такъв документ може да се ползва българско гражданство на негови роднини. Ако липсват и двете, действа удостоверение, издадено от българска организация.
Фала ти на исцрпниот одговор. И со македонски пасош можеш да работиш во земјите на ЕУ ако си завршиш факултет, магистер и ако си добар во тоа што го правиш. Факт е дека платите се повисоки, но на крајот парите што ти остануваат ти е исто во однос со парите кај нас. Само разлика во стандардите. Друго ако ти требаат визи за во Автралија и останатите земји, ќе си побараш и ќе ти дадат, ништо не е комплицирано... Сега е многу по лесно од порано. И превозниците можат со македонски пасош! Да не бидам погрешно сфатена, немам ништо против луѓето што си имаат бугарски пасоши. Сфаќам дека сакале да си го олеснат животот и дека сега е борба за опстанок. Но, го одбрале полесниот начин. Јас не сум глупа што немам бугарски пасош, напротив, се борам за да успејам во мојата земја. Знам дека тоа е потешкиот начин, но трудот секогаш се исплати, поготово кога се бориш и ако навистина сакаш да успееш. И да си ја сакам земјата, и не се чувствувам блгарка!