Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не можеш. Ти треба деловна виза која чини пари а дискутабилно е дали ќе ти ја дадат. За факултетите: како ЕУ државјанин можеш бесплатно да студираш на некои факултети.
    Па тоа воопшто не е мала разлика. Токму само поради таа разлика - стандардот многумина се нафаќаат на такво нешто. И во однос на парите кои остануваат велат дека не било исто. Не дека повеќето станувале милионери но на пр. можеле да направат некоја мала заштеда.

    Проблемот е што само Бугарија (и делумно Грција) им даваат на македонците пасоши „тек така„(не е тек така но сепак поверојатно е да се добие во однос на други). Да даваа Финска или Белгија врз основа на белгиски „произход„ или врз основа на изјава на благонадежни финци (на пр. 20 години навивав за Финска на Евросонг) тогаш ќе земаа луѓето такви пасоши.
    A зошто воопшто да бараш виза ако можеш безвизно да патуваш со поинаков пасош?! Освен тоа земи во предвид дека некому може многу да комплицира бидејќи тоа одзема време и чини пари.
    Тоа во теорија е така, но праксата покажува дека сосема поинаку те третираат на да речеме Хрватска или словенечка граница доколку влегуваш како државјанин на ЕУ. Познавам лично повеќе луѓе кои имале проблеми со мк пасош, а откако си извадиле ЕУ пасош (тука спаѓа и бугарскиот) за 5 минути поминувале.
     
    На veronikaveronika, stela 34, Edie.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    @daylight Добро, можеме до утре да се убедуваме, нема веза, тоа дека ме цитираш, ти кажувам од искуство за работа во ЕУ ако си добар работник во Македонија нормално со диплома или магистер, за доктор да не праиме муабет, може да работиш без бугарски пасош, ти прават само документи за работа...
    Кажав и самата дека бугарскиот пасош ти ја олеснува работата, не мораше да ми докажуваш со факти, како дека тоа никој не го знае... Друго, која е поентата да постоиме како македонци, ако сите имаме бугарски пасош... Тогаш да се укине Македонија како земја и ние како народ, кога веќе никој не сака да си ја оправи земјата, а сака да избега, со бугарсиот пасош за да си го олесни животот!
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Но што правиме ако не си со диплома или магистер?
    Баш обратно! На овој начин народот долгорочно може да си ја оправи земјата со тоа што стекнува искуства во странство и испраќа пари во Македонија. Секако, тоа не мора да се прави исклучиво со бугарски пасош но на повеќето така им е повозможно. И не мешајте државјанство со етничка припадност.
    Освен тоа токму преку вадењето бугарски пасоши постои можност да се зајакне македонштината. Како? Многу едноставно - со тоа се стекнува право и на учество во политичкиот живот и право на глас во дотичната земја - па сега размислете, нека ви проработи политичката фантазија и креативност малку...
     
  4. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Ако не треба да се меша етничката припадност зошто тогаш бараат документи за бугарско потекло на подносителите?Ти на збор може да се декларираш како Македонец ама тие ќе се имаат доказ ,црно на бело.Повеќе би рекла дека е меч со две оштрици колку што може да и помогне на македонштината, толку може и да ја уништи!
     
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Ако не треба да се меша етничката припадност зошто тогаш бараат документи за бугарско потекло на подносителите?Ти на збор може да се декларираш како Македонец ама тие ќе се имаат доказ ,црно на бело.Повеќе би рекла дека е меч со две оштрици колку што може да и помогне на македонштината, толку може и да ја уништи!
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    За да не им бараат по скратена постапка државјанство тие од Африка и Азија.
    Тоа зависи од самиот македонски народ. Ако е глуп и не размислува можеби ќе го уништи(иако објективно не гледам како би го уништиле на таков начин), ако правилно го искористи (изборите во Бугарија на пр.) само ќе го зајакне.
     
  7. AngelaMK

    AngelaMK Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Денеска за 8 часа работно време заработив половина од платата на моите (минимална плата).... Кога сопствената држава не се грижи за своите граѓани кој воопшто друг би се грижел? Никој од добро не бега
     
    На Александар Мк-Бг, Miss.N, marina22mk и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Се пршувам зошто толкаво чувство на солидарност кон Македонците?
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Како мислиш? Па ако македонците немаат солидарност кон самите себе нема белким да очекуваме дека некој друг (бугарите на пр.) би имале.
     
  10. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Да појаснам,прашањето беше зошто ние сме "привилигирани" од страна на Бугарите?Зошто тоа не е случај со оние од Азија и Африка па "скратената постапка"како што велиш ти да важи и за нив?Зошто документ за бугарско потекло се бара само од Македонците ?Тоа е еден вид на софистицирана асимилација?
    И јас лично ,попрво ќе поверувам дека сонцето изгрева од Запад ,отколку да верувам во добронамерноста и солидарноста на Бугарија!
     
    На bombona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Затоа што бугарите веруваат во заблудата дека македонците всушност биле бугари. За азијатите и африканците го немаат тоа мислење.
    Не се бара само од Македонците, туку од сите оние кои бараат државјанство по скратена процедура а врз основа на бугарско потекло. Тоа го бараат и од србите, грците, романците (не сум сигурен за молдавците) и можеби турците. Имено факт е дека поради разни историски настани границите и бугарскиот народ се нашле во текот на историјата на различни локации. Како малцинство бугарите ги има во Србија, Македонија, Грција, Романија и други земји. Тие сметаат дека давајќи им можност да земат бугарски државјанства на својот народ, ја исправаат до некаде, како тие сметаат, историската неправда. Примери за слично однесување има во Канада, Унгарија, Романија, Хрватска, Германија и многу други земји. Проблемот е што Бугарија не се задоволува со реалната бројка бугари во Македонија (веројатно само неколку илјади) туку тврди дека скоро сите во Македонија биле всушност етнички бугари кои ги излажале дека се македонци - јасно, ова е глупост на квадрат. Но мислам дека бугарска глупост потенцијално им оди во полза на македонците. Тоа го објаснувам во следната реплика:
    Не велам дека е тоа невозможно иако не ја гледам поентата и како тоа ним би им помогнало?! Но тоа си е нивен проблем. Македонците кои вадат бугарско државјанство потенцијално би можеле да влијаат врз промена на политичкиот живот во Бугарија. На пр. во Бугарија постои партија на пиринските македонци, која до вчера била забранета (бараат права за македонското малцинство таму). Замисли сега сите што зеле бугарски пасоши да гласале за таа партија на македонците! Јас на ова мислев кога се спомна солидарност. ;)
    Ова нема врска со темата, но како занимливост ќе се надоврзам дека муслиманите веруваат оти второто Христово доаѓање ќе се случи кога сонцето ќе изгрее на запад. А според науката тоа и не е невозможно да се случи.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  12. monika12345

    monika12345 Нов член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    dali nekoj znae koi se cenite za izdavanje na Bugarski pasos, mislam koga se slikas kolku se ceka i koja e cenata znam nesto za skratena postapka za 3 dena za 1 den za 1 mesec kako odat tie raboti..... vi blagodaram
     
  13. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Дали можам да извадам пасош,бидејќи имам роднини во европа,поседуваат европски пасош,па со тоа би ја олеснало постапката за да извадам бг пасош или нема врска ?
     
  14. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Беше на интервју? Или има некој друг што бил скоро?
    Јас сум во ноември на интервју, па ме интересираат искуства од оние што веќе поминале.
     
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    За еден месец плаќаш некоја минимална сума, за 3 дена плаќаш некаде 50 тина евра а за 8 часа дупло, значи не ме фаќај за збор ги знаев цените но не се сеќавам но плус минус некаде така е, ѕирни на нивната страна таму ги има цените.
    Можеш да поднесеш за бг државјанство само доколку некој твој "крвен" роднина го поседува истиот, зборот "европски пасош" е широк поим, доколку поседуваат секакви само не бг пасоши не можеш!
    Посредникот би требало да ти даде лист со прашања и одговори, инсистирај да го прашаш да ти ги даде, инаку треба да ги научиш само празниците и ништо повеќе, останатото е животна логика.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    19.745
    Пол:
    Женски
    Jас да ja надополнам @vitamina , се надевам нема да ми замери :)
    Прашуваат коj е претседател на држава, премиер и зошто сакаш бг пасош.
     
    На Tajnaotrovna и vitamina им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Мене ова не ме прашуваа крејзи, ме прашаа само за градови во бугарија, колку пати сум била таму, зошто сакам бг државјанство, што сум по народност, за корени, и празници. Е сега гледам дека кај секого е различно и нема некое правило. Тебе што те прашуваа?
     
    На Tajnaotrovna и CrazyOne им се допаѓа ова.
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    19.745
    Пол:
    Женски
    Jaс поднесов документи. Уште сум на почеток на процедура. Имам читано на други форуми дека прашуваат и за претседател и премиер и дали си осудуван. Ама каj секого различно. Воглавно тоа се прашанjата
    П.с овде не успеав да ги ставам на коj му требаат нека ми пише лп ке му ги пратам
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    vitamina ги имам прашањата од посредникот ни ги даде минатиот пат кога бевме Бг.
    Ме интересираше други работи што прашуваат.
    Фала ви на брзите одговори.(y)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Тање не е страшно воопшто иако навидум изгледа така, важно е да комуницираш потоа се ќе се одвива спонтано, интервјуто е 3 минути работа и си готова, јас сметам дека за претседатели и премиери нема да те прашуваат освен празниците и народноста. Ако те интересира нешто слободно пиши ми пп.
     
    На Tajnaotrovna и CrazyOne им се допаѓа ова.