Aко пасошот ти е правен во времето на Тито во ред да е за 200/50евра,оди сега извади пасош за тие пари да те видам Цената на целата процедура е околу 400-500евра.
Те молам дај ми контакт кој може да ми извади пасош за помалку од година и 250 евра. За успешно завршена работа од мене имаш уште 250.
За помалце од година ни во Африка не ти даваат пасош, а камо ли во Бугарија. А ако сакаш да контактираш, остави ми број во лп, затоа што гледам дека си сериозна.
го чекав 2,5 години и врти сучи посредникот ми кажа дека ке ме чини до кај 400-500 ерра а се на се околу 700 е беше
Јас го чекав 4.5-5 години пасошот. И тогаш платив повеќе пари. Сега е полесна процедурата и поефтино е. Кешот порано се правеше кога имаше 2-3 посредници во цела држава, а сега секој трет е посредник. Порано беше поскапо и јас го тврдам тоа. Ама сега ги даваат побрзо и за поефтини пари се вадат. Многу ме сфатија погрешно, дека сум посредник. Јас сакам да помогнам. Не сум посредник, а и не сакам да се занимавам со тоа. Но знам многу луѓе кои што го работат тоа и можат да им помогнат за пасош.
Сериозна сум како не сум. Дај ми бројче да се чујам со посредникот да му чујам глас, ептен нема смисла он мене да ме бара и да прави сметка кога и онака ништо не заработува. За Африка не сум заинтересирана, али ти рече дека за година давале па викам да пробам, дај шта даш.
Не е дека премногу сум чекала шетни и по другите форуми ете на кајгана поточно види дека луѓето поднесени од 2013 година иаат поднесено па сеуште не зеле или се вратени на дополнителна проверка порано од две години не се зема пасошот и тоа е тоа
Па мене ме вратија на дополнителна во мај а веке во септември го земав пасошот ама докажав потекло бг е сега во поскоро време и подаваат документи докажуваат потекло и никако да му испадне пасошот нешто има се закочи целата процедура
Епа од таму нешто се бунат или нашиве од владава нешто писнале за да не ни даваат толку лесно документи. Тоа е веќе друг проблем.
Да прашам дали може само со бугарска лична карта да се патува ? Комшивката го исперала бугарскиот пасош на маж и и сега ме прашува дали ке може да се врати назад во Словенија по што таму работи..ако знае некој да ми одговори...
Здраво, се јавув во здружението во Струмица ми рекоа да најдам документ на некој од фамилијата што е роден пред 1918 год и да одам за Струмица да ми средат работа за да почнам процедура за бг пасош. Е сега е проблем како да дојдам до тој документ. Прадедоми Живеел во село кое било во тој период под бугарска екзархија, јас барав во архив тука во мојот град ама ми кажаа дека немале такви зачувани документи , посмртници итн (или можеби не сакаат да дадат не знам ). Каде на друго место можам да побарам таков документ за потекло? фала однапред