Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Тие што не нарекувате предавници сакам само нешто да ви кажам...
    Државата нас многу одамна не предала, не ние неа.
     
    На mh23, TennisBabe, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Кога државата не се грижи за нас да ни овозможи барем пристоен живот, зашто да се грижиме ние да не ја „предадеме„ , не се устручавајте предадена е одамна :!:
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Имам двојно државјанство, македонско и словенско. Што е до мене би имала колекција од 231 пасош, од сите држави во светот, ама потекло си имам едно и за ништо на светот не би го менувала.
    Жално е што луѓето не ја сфаќаат политиката на Бугарија, од неа треба да се плашиме, не од Грција. Ненаметлива, лицемерна, гадна политика, која прашање на време е кога ќе излезе на виделина. Ќе не избришат сосема, Грција и онака веќе одамна се изјасни, Албанците не поттиснуваат кон Источна, а од ваму ќе излезе Бугарија со став дека во Р.М живеат 400.000 луѓе кои се бугарски државјани со Бугарско потекло. И така ќе си го избришат македончето од историјата, ќе се прикажува додека се може, но секако не за долго... Каде ќе ни е крајот незнам да кажам, останува да чекаме и да видиме. ;)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Многу мои пријатели имаат бугарски пасоши и во ниеден момент не сум ги осудила. Јас лично немам, затоа што се уште не сум почувствувала потреба да извадам. Дека сум патриот, не сум. Искрено ми е гајле за државава, како што и на државата и е гајле за мене. Дека има лоши страни вадењето на овој документ и те како има... Но дека и државата не направила ништо за овој „бугарски феномен“ да го спречи, па богами и тоа држи вода.

    Мене само едно нешто не ми е јасно, ваква држава немам видено, сите си вадат бугарски пасоши и никој со прст не мрда... Јас не викам дека Владата треба да оди од врата на врата и да не прашува дали имаме проблем, ама кога вакво нешто ти се случува во државата, околу 300.000 луѓе (поправете ме ако грешам), решиле да си се пишат Бугари, чисто онака и ти во ниеден момент да не прозбориш нешто за тоа, па макар било и еден обичен пулт на сред плоштад, каде ќе се направи некоја анонимна анкета „Дали би сакале да бидете Бугари и зошто“, е па тогаш не знам што да кажам...
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Скрос иста поента имав во најпрвиот пост што го напишав во оваа тема...Еве го:

     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Морав ова да го додадам,гледам жестока дискусија се разви...

    Да знаат сите македонски бугари...Не ми е јасно,тие што имате и планирате да имате бугарски пасоши што уште седите овде? Ако Македонија како земја не ви чини,се што има овде е расипано,вклучувајќи политика,здраство,пензионерство,улици,па макар и козметика еве да речам што уште барате овде? За вас Бугарија е подобра земја,со подобри услови,а да знаете бугарите се итри луѓе,а како што македонец знае да почитува македонец,така бугарите нас македонците многу баш и не не искаат да знаете...И еден ден кога ќе се роди вашето дете нема да има свое државјанство,нема да знае дали е бугарче,дали е македонче или сосем трета националност...
    А пак тие што вадат бугарски пасош за да возат мерцедес со бугарски таблички,наместо парите за регистрација да ги даваат за Македонија,за својата родна земја нека ги полнат џебовите на бугарските власти,а со колата нека ги уништуваат македонските патишта...

    Знаете ли зошто се случува спорот со Грција? Знаете ли зошто не не признаваат дека постоиме како народ и нација? Заради е таквите предавници што постојат во Македонија...Ете затоа...
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    лично немам бугарски пасош, и никој во моето семејство нема, имаат словенско и македонско... (по работа се во словенија повеќе од 15години) но, во ниту еден случај не осудувам некој што извадил бугарски пасош!!! сигурно од убавини не го извадил... и да, кога би била во слична ситуација, не би се мислела, секако дека себеси и своите би ги ставила на 1во место!!! кога веќе нема егзистенција во оваа држава, кога одговорните за оваа држава (политичарите) не се замараат со неа, зашто па ја да се замарам? ајде ви се молам, што политичарите не се чукнат по глаа и не речат- чекај бе, зашо секој 3 македонец вади бг пасош??!! очигледно дека би сакала на своите деца да им овозможам убав живот, ама како тргнале работиве... слабо ;) а и дали ке подпаднеме под бугарија, тоа не е наш проблем, за тоа ке бидат политичарите 100000000000% криви, што е‘ат пари за споменици, а колку луге со 1800 денари живеат месечно :devil: и немаат пари 15год дете да си погребаат... ;( па ке мољакаат по владата да им плати! е ич не ми е гајле ама ич!!! подивена сум веќе од оние ‘патриоти‘ у нашава политика, шо ни сполат памет, а само перат пари преку нас!
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    ^^^

    Сите што сеуште не знаат што се...Македонци или Бугари,ги жалам,Тоа е најголемата човечка трагедија...Да не знаеш кој си!Јас сум Македонка и знам дека сум тоа.Не би го продала тоа ниту за една кола,пари,жена...Тоа ниту се купува ниту се продава.Со пари можиш да купиш леб,цигри,кола,па и задоволство...Со пари не се купува идентитет!Денес си тука,утре не си...Оставаш потомство и треба да им кажеш кој си ти за тие да знаат кои се тие,без тоа си ништо.Треба да им кажеш на децата дали тие се македонци,бугари,срби.Вие што ќе им кажете на вашите деца?Јас на моите некогаш ќе им кажам дека се македонци.Вие што ќе им кажете?
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    па не мора да значи ако имаш бг пасош дека само во бг можеш да работиш? :^) мислам дека можеш и во др земји? :?: не сум сигурна... не сум навлезена во оваа ствар мн мн... ама јас кажувам општо!!! и како тргнала работава, и вака и така ке останеме без идентитет, без држава, коа ради ***************** у владата цела земја ни пропадна! така да, политичарите реално да се трудеа за нас, и да го оствареа тоа што го ветуваат на секој митинг, (тие есеи што толку гордо со стегната рака и тупаница у срце ми ги филозофираат само да ми го излиѓат г*от да гласам за нив ) јас ти гарантирам дека немаше да има ни 4% македонци со бугарски пасоши!
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Јас не зборам од политчки аспект,туку од патриотски...Го редактирав постот,прочитај што имам да ти кажам околу твојот одговор.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    јас ти кажав дека немам бугарски пасош и дека фала богу сега за сега немам потреба! а, искрено воопшто не се ни замарам со партиотски глупости! а знаеш ли зашто? зашто јас на 11 години не знаев дали татко ми ќе се варти жив и здрав од војната, секој ден сум била под стресови, а врвот беше што лежеше у лудница 6 месеца од стресови, и од државата нити 1 денар не добивме за лекување итн! епа кога државата не се замара со мене што имам јас да се замарам со неа? и извини, јас тебе не те нападнав, само го искажав моето мислење, дека немам апсолутно ништо против луѓето си бг пасоши, и никогаш нема ни да имам зашто знам од што го извадиле! од убавини сигурно не!!

    пред некој ден глеам на тв, мајка и татко со 1800 социјална месечно, детето само што им починало душиче, немаа пари да го погребаат да плачат на телевизија??? ;( а политичариве за што трошат пари? за реклами да се препукуваат кој е подобар??? наместо да им помогнат на лугето со вакви проблеми, они за тоа трошат грдна пара, за комерцијала! малце влегов офф топик сру ама тоа е мое мислење, а јас го почитувам твоето мислење, дури и да не се согласувам...а и ти кажав немам бг пасош си имам мкд пасош
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Види,јас не зборам лично за тебе :) Зборам за луѓето што вадат бугарски пасоши и го газат својот идентитет.Некои тоа го прават само да возат мерцедес со бугарски таблички,а на заради тоа да го прехранат семејството.Има начин во Македонија да се прехрани едно семејство,само треба малку да бидиш способен,да не ти биде мрзлив газот...
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    багуш, многу способни луѓе имаме во државава, што за жал седат без работа, зашто во повеќето случаеви не се политички настроени, немаат врски преку политичариве, и дома си седат со дипломите, а некој си го лади со помош на врските што ги има :( такво време дојде кај нас денес, ова никаде го нема! нема работа, а не дека ги мрзи да работат нешто...порано можеби и јас размислував како тебе, но од ден на ден, како ја согледувам македонската реалност, постепено го изгубив ова размислување
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Во однос на тоа, што ќе им кажам на моите деца кои сме и што сме, ќе им кажам, за да ви овозможам подобра иднина извадив пасош од друга држава, затоа никој не не признава, ама барем ќе ми бидат благодарни и ќе се гореат што сум го направила тоа за да им овозможам подобра иднина, сигурно кога ќе им кажам дека сме македонси иако немаме леб да јадеме нема да ми речат „браво мамо, сув леб ќе јадеме ако треба ама горди македончиња ќе останеме„.
    Кажав, државава одамна ни е предадена, ако и ова со вадењево пасоши не е некоја игра на нашава држава за пари, и затоа не е ни битно веќе дали ќе вадиме или не бугарски пасоши, со самото тоа што ни дозволува нашата држава да вадиме пасоши и што буквално не притиска излезот таму да го бараме, се гледа дека веќе не предала...
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Значи сите ќе се побугарчиме заради тоа што во нашава Македонија немало леб,немало пари...Самите ние ја предаваме и уништуваме државата.Можеби и власта краде,ама и вие што ги подржувате сиве овие работи сте исто така уништувачи и предавници на нашата земја.Наместо силно да се држиме еден за друг,да докажеме дека постоиме како нација,држава,со едно име и идентитет ние стануваме бугарчиња и грците од југ ни се смеат и не понижуваат секој ден.И во Грција владее некоја криза,ама гледам тие сите си се држат еден за друг,никој не се побугарчува за "подобар" живот затоа што се доволно силни да опстанат како земја.Ние сме тие што се слаби и кршливи,се разделуваме,се побугарчуваме и најнормално дека никој нема да признае дека постоиме како луѓе...Само продолжите да си вадите бугарски пасоши заради наводното прехранување на семејството.Божем Македонија е Етиопија,вака ја направивте вие,со вашите гледни точки.Една позитивна работа не кажавте..Алал да ви е...Туку и јас глупава,очекувам да кажат некоја позитивна работа за Македонија,чекај за Бугарија,за неа можам да очекувам,пошто таа е најдобрата земја на целиот свет,таа е вашата татковина нели?
     
    На scorpion06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас немам бугарски пасош, а ако ми притреба нема да се мислам два пати. Јас си ја сакам нашата држава, но едноставно не ми нуди тоа што ми треба, или би ми притребало. Не сум политички определена, и немам досега видено некои бенефиции и поволности од живеењето тука,во однос на тоа што сум високо образована и тоа во доста респектирана област, и сеуште немам најдено работа. Ич не се согласувам со Багуфче, дека не треба да ти биде мрзлив газот, и дека има работа. И јас така си мислев, но откако ке се најдеш на другата страна воопшто не е така. Багуфче, мило ми е што има луге како тебе, но реалноста е многу поинаква. Што се вика некој неписмен, ке ти земе работно место. Од тука потекнува причината поради која јас некогаш би извадила Бугарски пасош, за работа просперитет, и нормално подобар живот.
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мојот пост беше хипотетички, јас лично не сум во толку голема криза за напуштање на мојата земја и вадење на странски пасош, а пак најмалку бугарски... но кога би немала излез би го направила тоа, ете кажав дека бугарите не ги сакам, таков пасош нема да извадам ќе извадам од која било друга земја, од Косово ќе извадам попрво него од Бугарија. Си ја сакам земјата, каква е таква е - наша е, и како што кажа тоа е наш најголем проблем што не се држиме заедно и што секогаш полесниот излез го бараме, ама знаеш кој како ќе си се снајде, на некој му е супер тука на некој не му е.
    Жал ми е што до тука ни е дојдено и што се посега по бугарски пасош, но тоа сме ние, не треба да те изнанадува тоа.Секој сака да си се спаси, за среќа сме далеку од Етиопија но неможе просечниот народ да дојде на ред, за на лекар, за вработување, за школување, неможе ни да умре како што треба ако се немаат врски, кеш и партиска книшка, е тоа е целата работа, затоа што така функционира државата кај нас!
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    јас не ја сакам бугарија, никаде не се изјаснив на такво нешто, но се сакам себеси си го сакам семејството, и сигурно највеќе од се ке си ги сакам моите деца... и секако дека ќе гледам за моите подобар живот, зашто 99% од нашиве се такви, секој за себе си глеа и тоа е факт! ние сме таков народ, таков и ќе останеме! секој кој што сака да биде патриот, слободно, јас немам ништо против :) но убаво кажа офи, патриотизамот ли ќе не храни ... да напраива оваа држава нешто за мене, па да бидам патриот! да јас сум горда на мојата мкд историја НО НЕ И НА МОЈАТА СЕГАШНОСТ! за жал, тоа што македонија беше пред 100 години никогаш ама никогаш повеќе нема да биде! и не заради бугарските пасоши, заради ПАРТИЗАНИТЕ наши што ги имаме сеа на власт! општо зборам, не зборам за поединци... не сум политички во ниедна партија, и никогаш нема ни да бидам! а за грција, па бев таму доста време, и искрено немаат ни Е од економска криза... тоа е само една бламажа, да се докопаат по уште повеќе пари ;) а не како нашиве политичари, не убедуваат се дека Е БЕЛО коа на километар СЕ ГЛЕА ДЕКА Е ЦРНО... ама секој со паметот, уште повеќе со интересите... кога тој некој дотичен си глеа за својот г*з, зашто не и јас...тоа е моето мисење, и навистина ги почитувам сите мислења, несакам а и не влагам во конфликт! секој има право на свое мислење, ама ова е моето и цврсто стојам до него!
     
    На TennisBabe и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. nitokris

    nitokris Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Не го оправдувам земањето на бугарски пасош во никој случај,нема сила на светов што ќе ме натера во ниту еден момент да се одрекнам што сум Македонка.Не можам да ги сфатам оние продадени души кои поради еден автомобил одат и се пишуваат како бугари,ми се гади од нив :puke: До некаде се обидувам да ги сфатам оние кои поради егзистенцијални причини се одлучиле на таков кукавички чекор,целта ги оправдува средствата ,нели па ако треба и сопствената мајка ќе ја продадат водени од мислата за подобар и посреќен живот, колку ли само грешат,мислат на запад цветаат рози...ретки се тие што успеале,но да се откажеш од сопствените корени за да мизеруваш во туѓа земја...треба да си крајно глупав...на крај краева кога веќе не сакаш да останеш овде има и други начини за да се избориш за свое место под сонцето, бугарскиот пасош не е најадекватното решение ,па што мислите зошто бугарите се толку широкогради во делењето на нивните пасоши????Затоа што многу не сакаат,затоа што не сожалуваат,ние сме нивните Браќа ова во наводници!!!!Се плашам дека не е далеку денот кога сето ова ќе го свртат против нас,зарем во овај случај не сте предавници,вие сте нивни соучесници тоа не може да го негирате тое е факт,што ќе кажете тогаш???!!!!Ништо затоа што сте слабаци!!
    Некои ќе речат државата е виновна а сте слушнале ли што е државата,државата е народот значи каков народ таква држава, мислам дека секој од нас треба да размисли и во себе да побара одговорност за се ова што ни се случува.Каде се тука етичките вредности и аманетот на нашите претци???Зарем не треба сите да се трудиме да бидеме достојни наследници на нашите предци???И едно доста индикативно прашање беше поставено зошто владата не презема ништо за да го спречи овој така да го наречам феномен туку со самата нејзината пасивност на еден начин го поддржува ...??едноставно затоа што се бугарофили...Народе крајно време е да се освестиме!!!!Дај свртете се малку подалеку и гледајте подалеку од носот, инаку црно ни се пишува!!!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Прво ќе напишам дека НЕМАМ БУГАРСКИ ПАСОШ, НИТУ БУГАРСКА КОЛА, но не ги обвинувам оние кои се осудиле на таков чекор.
    Многу лесно обичните луѓе се нарекуваат предавници затоа што вадат бугарски пасоши за да можат да егзистираат, за да можат да работат и да запечалат некој динар. А баш денес слушав расправа во парламент каде што владејачкото ни мнозинство предлага за директор на дирекцијата мислам дека беше за заштита на лични податоци лице кое е чист бугарофил и кое соработувало со бугарски тајни служби! И после народот бил крив... Нит е народот крив, ниту државата, крива е власта што не овозможува никакви услови на обичните граѓани и што на еден или на друг начин, па ајде да речеме и молкум, но ја подржува бугаризацијата во Македонија.

    Друго што сакав да напишам некој спомена нешто за бугарските коли, нешто во стил дека се плаќа регистрација на Бугарија, а се употребуваат патиштата во Македонија. Епа кај нас уште малку нека ја покачат регистрацијата на возила и не 500 нека ја стават 1500 евра, па не на бугарски на тунгузиски таблици ќе почнат да се возат коли. Еднаш засекогаш нека сфатат луѓето од власта дека неможат буџетот да си го полнат на народски грб, само од даноци и казни. Немаме ние стандард за толкави давачки!

    И за крај да се разбереме, и јас сум против политиката на Бугарија која прави асимилација на нашето население, само што јас не ги осудувам луѓето, туку владата која и покрај многуте рекламирања сепак ништо не подобри во државата. Затоа утре ако се избришат македонците како народ, за тоа народот ќе биде најмалку крив, таа вина треба да им се препише на политичарите, затоа што тие ја доведоа македонската нација до ова дереџе- да бара спас во туѓи држави!

    И ова заборавив уште да напоменам дека за да земеш кола од Бугарија НЕМАШ ПОТРЕБА ДА ИМАШ НИТУ ПАСОШ, НИТУ ЛИЧНА КАРТА БУГАРСКА, АМА БАШ НИШТО. Затоа не ширете дезинформации!
     
    На TennisBabe, mims-89, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.