Имам од дедо ми посмртница (роден е 1935) , е сега врз основа на овој документ можам да извадам и документ за прадедоми ? Благодарам
Не знам од каде си, во Скопje треба да се отиде во мтв, родителот чив дедо е тоj, дали маjка ти или татко ти, со информациja кога умрел и каде прадедо ти и ке се добие посмртница за прадедо ти.. се надевам убаво обjаснив, ако не слободно прашаj
vo pravo e deckoto i mene posrednikot mi pobara 200 evra,toj ne vozi so negova kola i toj ne vraka,pravi fotokopii i se sto e potrebno za da tece procedurata. premnogu e 400/500 evra spored mene
И тебе посредникот ти побара 200евра за до интервју,ок и да знаеш многу ти побарал.Обично до 100евра бараат .................... БОЖЕ ПОМОЗИ!!
Дали има некој поддаено документи во Бугарската амбасада во Битола? Колку време се чека со потекло од татко?
Дали некој има поднесено за пасош, на своја рака директно во амбасада или во Софија, без никаков посредник?
Јас имам поднесено лани во ноември во амбасадата во Скопје, преку потекло од татко ми, се јавив ми закажаа интервју за 2 дена, по 3 месеци ми излезе бројчето и сега чекам.
Да ве прашам во скоро време дали некој проверувал на страната до каде му е процедурата? Јас сега проверив и пред тоа ми пишуваше дека процедурата ми е во редовна постапка со засегнатите институции нешто така беше, а сега ми пишува Преписката се намира в състояние, за което не се предоставя информация. Дали некој знае што им значи ова?
Страна на правосудие е променета од денес. Потребно е да се внесе во првата табела бројот од интервју кроз годината, а во втората бројот на преписката кроз годината. Статусите исто така се променети, преиската в састојание значи дека си во задолжителна или превод во процедура @ivanus .
@vitamina а кој е тој број од интервју јас не се сеќавам на мојот затоа што бев у 2013 годин само бројот на преписката си го знам ... а без тоа или кога само внесам година во првата табела ми пишува липсват дани
Дечки здраво, старо-нов член од 2012 година, со заборавена лозинка се наоѓа во тесно и му треба ваша помош Дојдов до војничка книшка од дедо ми на која пишува дека служел 15 месеци во бугарска војска. Ниту еден член од мојата фамилија нема бугарски пасош па што мислите колкави ми се шансите да јас добијам. Не сакам да одам преку посредници, туку сакам да аплицирам сама во амбасадата во Скопје. И да, кои документи треба да ги однесам исто така незнам, па ке ве замолам за помош. Благодарна однапред на сите кои ке одвојат две мин да споделат искуство и совети со мене.
Треба да аплицираш прво за бугарски происход,имаш големи шанси.Од документи освен книшката и копија од неа за во амбасада ќе ти требаат следниве документи, извод од родени оо тебе, од мајка или татко,зависи преку кого ти е дедо.Потоа негов извод од родени или умрени ако е починат.Копија од пасошот.Мислам дека тоа е се.Потоа ги преведуваш сите тие документи и заказуваш термин за подавање на истите.Јас ги преведував кај Асја во Палома Бјанка прашај таму сите ја знаат на први кат е канцеларијата.Ако нешто испуштив она ќе ти помогне
Данче благодарам многу! За бг происход одам таму и кажувам дека сакам да аплицирам, се јавувам или? Прашањево е малце почетничко ама скрено незнам ништо околу процедурата. Благодарам уште еднаш!
Прво отиди со оригиналот во амбасадата,конзулско оделение работи секој работен ден од 10-12 часот и прашај дали со таа книшка можеш да аплицираш за происход.Ако ти речат може,собери ги и преведи ги документите,а после има број на кој заказуваш термин.Бројот е 058058555,ама ќе те прашаат за што закажувaш и дали документите ти се собрани и преведени.
http://daily.mk/makedonija/kazni-makedoncite-bugarski-pasosh-4 Тука пишува нешто повеќе за тоа што те интересира .
Фала за информацијата Од тоа што прочитав, сигурно има врска на која адреса ти гласи бугарскиот пасош.