Ве молам кој имал контакти со Архивот во Велико Трново да ми каже како ја изврши уплатата за происходот? ми пратија сметка и е некоја смешна сума од 5 евра ама за трошоци во банката заради меѓународни трансакции треба да платам мин.1000 мкд плус. Знаете ли друг начин за уплата?
Jas vadam preku covek od mojot grad, preku nego odat luge skoro od cela Mk. Mene ke me koshta vkupno 500e plus troshocite za pat. Na start dadov 200e, drugite na kraj. Ako sakash ke ti dadam kontakt pishi mi po lp, jas ne mozam kaj tebe.
Да знам еден пријател баш во таа година поддаде со потекло и пред две недели го одбија. @deteGOLOMESE
абе од поднесување на документи до интервју до земање на документи ви се фаќаат две години. за брзи постапки не знам, ова е нормалната процедура и за луге кои немаат потекло. почната процедура уште во 2015, закажано интервју во 2017.
Jaс одев преку конзулатот во Битола и сум презадоволна.Сите документи ги пополнуваат акредитираните од нив преведувачи,закажувањето на интервјуто е многу брзо,исто и издавањето на бројчето,а единствено јас што чекав долго беше за происход,една година.После тоа се одеше многу брзо.Не знам како оди за происход преку Софија,немам информација.Инаку,во конзулатот се многу културни и љубезни,почнувајќи од вратарите па до конзулот кој го врши интервјуто.Копија од документот за потекло да поднесеш во двете фази од поднесувањето на документите,а носи го и оригиналот,за да направат увид во него,а потоа веднаш ќе ти го вратат.Сепак,ти прашај си колку брзо оди преку Софија-јас вкупно чекам скоро две и пол години и сега имам статус предстои финален преглед,кој го добив пред три месеци.Значи,за происход година,за интервју чекав една недела,за бројче три и пол месеци,а после бројчето до денес година и два-три месеци,значи две и пол години.
Tреба да се смени во -предстои финален експертски преглед.И јас една година можеби повеќе имав согласување пред институции.Јас копија од доказ за потекло дадов во Битола и таму ми потврдија дека е верен на оргиналот,а оригиналот ми го вратија.Дали ќе ме вратат на дополнителна-никој не може да каже,иако не би требало.
Здраво Slavia,.. сакам да те прашам.... дали првиот пат кога беше во Конзулатот во Битола имаше интервју? Како се одвива тоа интервју? Каква процедура е тоа? Позз
Може ли да знаеме кои документи се бараат преку конзулататот во Битола,и колку се наплака за вадење Бугарски пасош.?
Сакам да аплицирам за бугарски пасош, може ли некој што веќе извадил, да ми предложи добар посредник и искуство плус, какви документи се потребни?
Дали може да ми каже некој која е процедурата за добивање бугарски пасош доколку се омажиш со некој кој веќе има? Дечко ми има, сакаме и двајцата да живееме и работиме надвор од Македонија т.е. Германија.
Доколку се омажиш за некој кој што поседува Бг. Државјанство е потребно со истиот да живееш најмалку 5 години во Бугарија за да извадиш и ти по негова линија. Да така таа варијанта е покомлицирана за разлика од варијантата да си поднесеш самостално и да си чекаш како што сите чекаат или чекале со години.
Добар ден Дали некој може да ми даде одговор на прашањата: 1.Ако дечко ми има бугарски пасош и работе во Германија дали доколку стапиме во брак јас ке можам да престојувам со него таму на подолг временски период со МК пасош и ако е можно тоа дали бракот треба да се склучи во Бугарија или ? 2. Јас почнав процедура за Бугарски пасош ама преку прв братучед на татко ми и изгледа бавно ке биде а и дали ке биде... Па слушнав дека имало опција преку луѓе од Струмица да ти средат за потекло. Колку е тоа точно и ако има некој информации како би одела таа постапка колку е сигурно и цена ? Поздрав
Одговорот на претходното прашање е соодветен и за тебе, за добивање пасош преку него. А за престој...мислам дека може, но дали ќе ти биде дозволено да работиш незнам.