Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ајде да ве прашам, Вас патриоти што сте на форумов? Дали би зеле Француски, италјански, Германски пасош, кога би ви го понудиле? Не верувам дека би го одбиле.......
    Па тогаш која е разликата и со Бугарскиот пасош??? Вака или онака, Бугарски или Германски пасош, исто предавство нели е?
    И да Бугарите се паметни (не ги сакам ама така е), паметни се и ке не уништат, а кога на владата не и е гајле дека 1/3 од луѓето иставаат бг пасоши, и кога истата таа влада има двојно државјанство.............јас ли ќе го спасувам бродот што тоне??!!!
    Сори ама имам живот да си го средувам!!! 8)
     
    На mh23, senza.parole, TennisBabe и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Германија не дозволува двојно државјанство, значи сите кои зеле германско се откажале од македонското. Не ги обвинувам, само сакам да кажам дека луѓето што зеле бугарско, не се откажале од македонското, и не се Бугари, туку се Македонци кои некако се борат да егзистираат. Далеку е од вистината дека во Македонија има работа за сите и дека треба да се потрудат, еве јас сум со диплома, и тврдам дека не седам дома од мрзеливост и неспособност! Седам затоа што немам партиска книшка, а ни бугарски пасош за да си ја барам среќата некаде надвор. За мене нема голема разлика меѓу луѓето со партиски книшки и бугарски пасоши, зашто и двата вида се лоши за нашиот напредок, но и подеднакво ги оправдувам, и иако се’ уште се борам против тоа, кога ќе имам семејство многу е веројатно дека ќе бирам едно од овие две зла.
     
    На mh23 и sesilija им се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Не би зела пасош ниту од Германија ниту од Франција ниту од нигде...Знаеш ли зошто? Зошто не сакам да сум продадена душа,ја направивте работата огромна,како да е МОРАЛЕН бугарскиот пасош за едно семејство да егзистира...жими гзов е морален..
    Заради тие таквите како вас ни се распаѓа нашата држава,затоа што државата не ја прави власта,туку самиот народ,а тоа сме ние,ти,јас и сите други што коментираат на темава,а треба да се засрамат од своите мислења.Ако толку ви пречи државата за да се развивате интелектуално и економски јас стварно не можам да сфатам што уште барате овде? Зошто сте уште овде,ако со својот ум и размислувања веќе сте го предале својот народ,своите традиции,своите корени...Ниту еден странски пасош нема да ме оддели од мојата земја,татковина...Никој од властите нема двојно државјанство,биди сигурна во тоа,на никој тоа не им е потребно.
    Ма немој?! Ако се избришат македонците како народ ќе бидат криви ваквите предавници како вас...Затоа што вие сте тие што се кажуваат како бугари,се одделувате од сопствената земја за да им го лижите газот на бугарите...Заради тоа грчето од југот ни се смее,заради таквите како вас,заради тоа не не признаваат како нација,заради тие што одат да се побугарчат затоа што не му чинела државата.

    И + околу колите,воопшто не ти ширам дезинформации.На другарка татко и специјално извади бугарски пасош,отиде и си купи скапана бугарска кола и сега е бугарин што нема мрднато од Македонија,а си ја возе колата овде и овде ги уништува македонските патишта.
    СРАМОТА!
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Абе како и да е ќе не избришат, вакви или такви, што се замарате, веќе никој не не спасува се гледа дека само тонеме, двајца тројца неможе да ја спасат цела земја, али се е до анродот, сепак ние ја одбираме власта нели?
    Затоа мислам дека сме премногу млади за да се замараме за темава!
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Значи не сакам да навлегувам во конфликт со никого, но ти веќе ја претера. Јас јасно и гласно кажав дека немам бугарски пасош, ниту лична карта, а ти овде ме навредуваш дека сум била предавник. Ти напишав погоре кој се предавници на овој народ, а ти ако си толку многу партиски заслепена, па неможеш од носот подалеку да видиш тоа не е мој проблем. Имавме премиер кој сега има бугарско државјанство, министер за надворешни работи ни е прв бугарски националистhttp://video.yahoo.com/watch/1655886/5589370, директорот на дирекција за затита на лични податоци деклариран бугарин и ти овде ќе ми раскажуваш како народот бил крив и како луѓето биле предавници. НАЈГОЛЕМИ ПРЕДАВНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ, а ако благодарение на некои од нив ти имаш убав живот, уживај си во него и не се замарај со другите.

    И да точно е дека шириш дезинформации, бугарска кола може да се земе на име на фирма регистрирана во Бугарија, не ти е потребен ниту пасош ниту лична карта.

    И за крај ако ти е полесно да ги обвинуваш сите за состојбата во која се наоѓа Македонија денес, освен Груевски и неговите следбеници, отвори си тема за големината на ликот и делото на владата, на премиерот и сите министри. Али немој овде да ми продаваш лажен патриотизам и да кажуваш кој бил предавник, а кој патриот. Тие што сега се најгласни ,,патриоти,, малку да згусти во државата први ќе ја напуштат за жал.

    ПС- не би сакала повеќе да ми реплицираш затоа што не сакам да водам полемики со партиски војници и послушници!
     
    На mh23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Да се распаѓа државава....ама и ние каков народ сме? Е ќе ти кажам Багуфче, народ што трпи, глуп народ, што не знае ништо освен СДСМ и ВМРО, народ што незнае да се крене на востание и рече не, народ што избира шутраци што не ги бива за ништо друго освен крадење......и мн други работи! Народот ја прави државата, власта......епа каков народ, таков владетел! Не нашле шути и овци, и ќе не пасат! Ако ние си се чукаме во гради, и умираме за државава, големи патриоти сме демек! Му е гајле на некој...Затоа цела држава ја ограбуваат, едно 4,5 олигарси..., имаме корупција на секој милиметар!
    Едно име не можеме да го одбраниме! Па ако можело еден протекторат како Косово, да се стори држава што останува со нас? Држава сме- не би рекла! Ни надвор ни внатре сме држава!....
    Затоа сите соседи си поигруваат со нас! А Бугарија, па никој не рече дека ја сакам Бугарија, таа е само сретство, како јас да напредувам во животов, како да си осигурам иднина, а не претставува земја мојих снова, или моја матична земја! За мене БГ пасош е само сретство! И Ве молам разграничете, поим предавници, затоа што луѓето кои немаат можност да си ја осигураат иднината во матичната земја, и се обидуваат во друга не се предавници!........Поззз и Багуфче ова не е војна против тебе, и го почитувам твоето мислење!
     
  7. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    татко ми има бугарски пасош веќе многу години и не за да купи кола од бугарија ,туку за да работи на страна затоа што нема еден ден сташ во оваа наша посрана држава и затоа што мора да издржува четири члено семејство и затоа што има деца студенти...да е нашата држава економски развиена,да стапката на невработеност е ниска,да има тука убав живот за мнозинството,а не само за одредени групи на луге мислите дека некој ке биде глупав да оди да работи некаде на крај свет и да биде далеку од своите? мене и на мојата фамилија државата не ни пружила ништо, ама баш ништо и затоа не можам да се чукам во гради како некои овде на форумов,туку само можам да плукнам на нашава земја и да кажам дека се срамам што сум македонка.
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    За боа виста.
    Не знам по кој пат ќе кажам дека мојата фамилијарна партиска определба нема врска со моето негативно мислење за бугарскиот пасош.И ќе ти реплицирам колку што сакам затоа што имам доволно факти за да ти возвратам на навредите.И секако дека ќе те наречам предавник затоа што со самите мисли ти веќе ја предаваш државата.Јас не кажав во ниту еден мој пост дека Груевски и компанијата,сдсм и другите политчки партии не се виновни за состојбата на државата.Секако дека и тие имаат примеси во ужасната состојба на Македонија,но тие не се единствените виновници и тоа мораш да го признаеш! Самиот народ е исто така виновен.Толку сме слаби,кршливи и себични што татковината ја предаваме и уништуваме само заради скапаниот бугараштилак и пари.Како можете да се срамите затоа што сте македонци? Вашите корени се овде,вашето СЕ е овде...Овде сте се родиле,сте пораснале,овде имате милион спомени...Како не се засрамите? Никој нема да ми вели мене дека претерав затоа што аргументирам и водам дебата...Не претерувам,ја кажувам вистината.Јас како прво и основно не сум партиски војник,уште не сум ни полнотлетна.Никаде низ постовите не спомнав како вмро се многу арни и тие се најдобри за нашата држава.Напротив,сите политички партии лажат и крадат,тоа е факт и јас многу добро го знам тоа иако сум релативно помлада.Го обвинувам и Груевски,да...Ама ги обвинувам и сите што вадат бугарски пасош и ја предаваат државата. Точка...Факт е дека ја предаваат,и уште еднаш ќе ве прашам вас бугарчињата што правите уште овде ако не ви чини државава?
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Чекаме да ни излезат пасошите :)
     
    На fast_and_curious, senza.parole, TennisBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    се плашам да дебатирам на темава |(
    ептен жешка станала :fubar:
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски

    Епа штом ќе излезат,надвор од нашата убава татковина и да не сте се вратиле повеќе :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ајде сега смир смир смир, печен компир, ако се скараме пак ќе се смириме! :rofl: :rofl: :rofl:
    Убаво е да се прочитаат различни милења, така и темите стануваат посодржајни и интересни за дебатирање.............ех кај ке ни беше крајот, ако сите мислевме исто! Поззз до сите душмани хехе :*
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Што се замислуваш ти тука?! Со кое право ги навредуваш луѓето што зеле Бугарски пасош ? Тебе ако ти цветаат ружи во животот и ако ти е веќе осигурана иднината(со оглед на п.книшка на мајка ти ) не значи дека на сите им е лесно.Мислиш дека тие што имаат извадено БП многу ја сакаат Бугарија? Биди сигурна дека не.Што има ние да се жтвуваме за државата кога таа не се жртвува за нас ?!?!?!
     
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Јас што сакам ќе си се замислувам,тебе тоа да не ти е гајле,а најмалку мојот живот да го коментираш,дали ми цветале ружи,дали иднината ми била осигурана и слично.Не знаеш ништо за мојот живот и немаш никакво право да зборуваш за него.Јас ќе ги обвинувам луѓето што земаат бугарски пасош и ниедно мислење нема да го смени моето.Тоа е мојот последен збор,а воедно и коментар на темава.Можете и да ме реплицирате и се,јас веќе на никој не одговарам.

    Поздрав ;)
     
  15. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    ние не знаеме ништо за твојот живот и не смееме да го коментираме така? а која си пак ти да коментираш за мене и мојот живот? ти да ме осудуваш мене и да ми укажуваш на вредностите во животот, дали сум продадена душа или не,да ја сакам земјава или не,да се срамам или не. мочла една ,малку се преценуваш и многу си арогантна и дрска...тука не пишуваме за да се караме и навредуваме,туку да делиме мислења и совети,барем ја така го имам сватено форумов и на тебе не ти се обрати никој ,туку секој(освен ти)само си го кажуваше мислењето.изгледа треба многу да учиш,најпрвин научи се да ги цениш мислењата на другите, а после научи се да бидеш и малку самокритична ,па тогаш со тебе ке може да се прави муабет.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Мочла една? Се гледа до кај си стигната...Не знаеш ни еден речник на пристојни зборови да оформиш.Јас со такви како тебе воопшто не ни сакам да почнам да правам муабет.Бај бај :hai:
    Инаку,не зборев лично за тебе,туку општо за сите продадени души...Сите што вадите бугарски пасош според МЕНЕ сте продадени души и никој не може да ме убеди во спротивното.

    ЧАОСКА ;)
     
  17. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    КЕ ПРАВИМЕ МУАБЕТ КОГА КЕ БИДЕШ НА МОЕ ИНТЕЛЕКТУАЛНО НИВО,КОГА НЕМА ДА БИДЕШ ОГРАНИЧЕНА СО СВЕСТА И КОГА КЕ БИДЕШ БАРЕМ МАЛКУ ДИПЛОМАТ ВО ЖИВОТОТ.СЕ ГЛЕДА ДЕКА ИМАШ САМОДОВЕРБА И СВОЈ СТАВ,НО ИМАШ МНОГУ ПРОПУСТИ И ГРЕШКИ ВО ОДНОСОТ СО ДРУГИ.ЧАО И УБАВА ВЕЧЕР
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Интелектуалците на форумот можам да ги набројам,ама сега не е време ни место за тоа.Ти сигурно не си некој голем интелектуалец штом во твојот речник на зборови стои зборот, ќе те цитирам,
    И да,не сум воопшто ограничена ниту со свеста ниту со моите одговори и ставови кон темава и пошироко.
    Добра ноќ и на тебе,убаво да спиеш ;)
     
  19. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    JAs nemam pravo a ti imas pravo da zboruvas deka bile predavnici ,deka se prodavale za evtini koli ! Toa sto e?!
    I rece deka ne pisuvas na ovaa tema vekje ! Gledam pak si napisala ! :D Aj :hai:
     
  20. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас мислам да си закажете ферска на плоштад, и котек да падне за тоа кој е во право.
    Срамота.. на што личи ова? секој си има свое мислење, никој не е месија овде да преобраќа некого, или да навредува, или да осудува. На кој не му е јасно што е форум, нека го праша Google.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.