@vitamina Ако обрна внимание на мојот пост, првата реченица беше НЕ ЗНАМ ДАЛИ ВЕЌЕ ИМАШ ДРЖАВЈАНСТВО. Нити сум посредник, нити зборувам од рекла-казала, кажав само мое искуство во кое потенцирав дека се работи за искуство со вадење државјанство. Пак, можеби не се искажав добро, мислам возрасни луѓе сме, ќе се разбериме. Да редактирам, бидејки познавам луѓе кои имаат државјанство но поради финансиски причини причекуваат вадење на лк и пасош, не знаев во каква ситуција е членката и до каде е стигната со самата постапка.
Ами.... за съжаление. правих се на патриот през тези години. Сега, иска ми се да се гърмна, като се сета колку дълго тябва да чакам. Май не съм била само аз. Олекна ми.
@vitamina - ги исчитав сите твои постови и имаш одлични информации за целата процедура. Ти благодарам. Би сакал да знам, дали е некако можно да се закаже тоа интервју порано (2017-та барем) или не постои механизам за тоа? Да, знам, чекањето е големо (2-3 години???), но...да си прашам. Патем, аплицирам со документ од прв братучед (тој има БГ пасош, двете мајки ни се сестри). Но не верувам дека има улога ова во било што, освен за происходот.
Не е возможно да се избере датум за интервју. Датумот автоматски ти е доделен од страна на министерството за правосудие кога ќе ги дадеш документите кај нив. Моментално, според еден пост погоре, закажувале за јуни/јули 2018 година.
Јас од искуство знам дека има многу луѓе што лажат наоколу за пара плус па затоа и намерно потенцирам на сите дека вадење на л.карта САМО за постојан престој во р.бугарија не ни е од полза за во странство ама баш никакво. Затоа мислев дека и тебе те имаат излажано со овие факти па пишуваш притоа не потрнцирајки за л.карта преку пасош. Л.карта преку пасош ги врши сите тие дејствија што ги напиша но баш затоа и го чекаш државјанството па според него вадиш веднаш и л.карта што е сосема во ред. Овде зборуваат за л.карта што посредниците и луѓето наоколу ги лажат за истата дека можат да патуваат во странство а притоа за ја извадат за неколку месеци без потекло па маката си го орави и своето луѓето посегнуваат по овие лаги и на крај сами се зафркнуваат во таа цел. Не слутив јас дека ти не знаеш за оваа л.карта.. но, бидејки не се потенцира некој ќе помисли дека тоа е тоа и ќе поднесе а всушност ќе дојде до забуна. Тоа ми беше зборот ариастри. Ништо лично и лошо.
За жал нема. И ако слушнеш луге врски наоколу да знаеш дека е невозможно и никој нема и не смее да и помогне освен највисокиот а со тој немаш никаков допир нормално. Ниту тамошните работници не помагаат, метките во влада се многу строги верувај, не за џабе ги менуваат работниците ко чорапи, баш ради овие "врски" да ги спречат. За жал немаш друго решение освен да си чекаш како и сите други за легатимно државјанство. Сите чекавме години.. и дочекавме. Тоа е тоа. Процедурата е таа. Кој има прашања слободно нека прашува, се што знам ќе објаснам и ќе кажам.
Во текот на студииите во Бг имав л.к. али на привремено пребивавашт чужденец, после тоа реков ај ќе подавам документи за пасош. Почнав сама процедура и прва фаза од документите за издавање лична карта ми е мината(веќе имам таква-за постојано пребивавашт чужденец, но е истечен рокот, тие 5 години колку што е трајноста, а обнова немам направено повторно). Ме интересираше дали за следно ниво, кое и да е не знам ни јас, треба потврда од братучед со бугарски пасош или не? Бидејќи ако треба, пиши пропала ми е надежта, зашто немам таков братучед со бг пасош. @vitamina
Навистина заборавив како оди процесурата со таква лична карта. Да си била во бг ден денешен те следува и тоа како државјанствоно штом си ја поминала таа фаза и си се вратила со истечен рок на картата не знам, знам пишуваа за тоа имав читано некаде но заборавив. Прашај си посредник некој од твојот град или човек што знае од тие работи. Јас мислам дека те следува некоја "превилегија" сепак.
@vitamina еве и јас едно прашање ако знаеш како иде за малолетни деца од 13 и 9 год со еден родител со бг пасош ? Некој ми вика брзо се вадат бидејки се малолетни а други пак дека се чека по редовна процедура како за возрасните
@papillonP ако си престојувала повеќе од 5 години и можеш да ги докажеш мислам дека ти следува државјанство. Во секој случај разговарај најдобро со проверен посредник за да ти го потврди ова пошо не сум 100% сигурна.
Благодарам. Па, да, треба да се чека. Макар што, ако се земе во предвид фактот дека на годишно ниво имаат 12-15000 барања (мислам дека беа толку), административно толку тешко да се проверат е нон-сенс. Посебно со фактот дека си има и посебни оддели во администрација токму за овие прашања. Но, тоа е тоа...знам дека Каракачанов реагирал на сето тоа, но гледам дека е без успех (од денес се закажува за 2018, сред лето, интервјуа - како што беше и споменато).
Точно, законски процедурата од поднесување на целокупната документација е 1 година но да ги земеме сите факти дека чешлаат буквално документ до документ, проверки и 100 други чуда од полиција па се до министерство плус огромен број на апликанти ќе сватиме зошто се чека многу повеќе. Пред да биде одобрена една преписка поминува низ безброј раце за да се потврди нејзината валидност знаејки колку имало што мамат. И тоа е тоа. Строго се воздржани до правилата а и народот си го прави своето, имаше толку фалсификати што и ним самите ги казнеа за пропустите затоа е тоа така. Да бидам искрена дека потеклото нема да се откорени никогаш повеќе бидејки нормално е еу и америка бараат од што потекнува тој пасош што го има некој а не е поврзан со бг или не знае да откорне еден збор. Така бг државјанин не се бидува. Ги претискаат и нормално е се што се случи со дадените проблеми. Некогаш се чека повеќе некогаш помалку зависи какво време сме стрефиле и сме поднеле. Но тој што има легитимно потекло ќе добие кога ќе му дојде ред. Трпение само тоа е решението.
Momentalno, kako sto e liberalizirana postapkata da moze da podnese sekoj i so i bez dokumenti za poteklo, brojot na aplikacii sekoja godina ke raste. Jas bev prvata nedela od septemvri i sum broj 15800. Znachi za ushte do krajot na godinata (4meseci) od togas navaka sigurno ke stigne brojkata dokaj 20.000 baranja samo za 2016 godina. Ama nema drugo osven da chekas i da ne gubish nadez
Од 2017 Канада ги укинува визите за Бугарија, тоа ќе биде војна за пасоши. Ако се иселуваа по 20 илјади годишно, сега по 50 ќе одат.