браво,јас тоа и го кажав,ама многу ме испровоцира веке доста споменатата личност,се извадив од колосек и сега се чувствувам лошо што воопшто дозволив да паднам на такви провокации...како и да е мислам дека треба темата да се заврши се е повеке од јасно.
Багуфче без љутиш ,искрено се чуствувам поблиска со тебе него ли конкретно со форумџикава што се препукаваш ,ама ти прва почна да ги навредуваш сите што имаат спротивно мислење на темава Во ред те сваќам пристрасна си на темава, се буди патриотското во тебе итн..ама немаш право никого така да напаѓаш и никој не би те напаѓал така тебе сега ти да не беше настроена така Си имаш свој став пушти ги и другите да си имаат свој
И јас незнам по кој пат веќе ќе напишам дека немам бугарски пасош, а ти пак ме нарекуваш предавник само затоа што не ги осудувам луѓето кои се осудиле на таков чекор. И пази богати јас со таквите мисли сум ја предала државата!!! Ц ццццц што се човек нема да види и прочита по форумов. Е сега да те прашам нешто конкретно, ама да ми одговориш искрено. Ако ти си толку голем патриот зошто тогаш си симпатизер( а членовите на твоето потесно семејство членови) на политичка партија во која одредени функционери се деларирани бугари? Како тоа нив да ги сметаш за народни херои, а некој сиромав кој за да го прехрани своето семејство би си ја продал душата и на ѓаволот и би зел туѓ пасош само за да замине на работа во Италија,Шпанија,Чешка,Русија и своите пари пак ќе ги донесе во Република Македонија,за тебе е предавник,изрод, кучкин син? Од ова само може да се заклучи дека за сиромавиот те боли ко за ланскиот снег. И да точно е дека голем број луѓе земаат бугарски пасош, наречете ги и предавници ако сакате, само претходно запрашајте се колку има од оние со само еден пасош и тоа македонски кои се поголеми предавници од сите овие луѓе заедно.Стварно веќе станува безвезе полемизирањето на оваа тема, најлесно е да си седиш дома пред компјутер и тука да го докажуваш патриотизмот, но кога ќе треба да се покаже тој патриотизам и на дело... е тогаш ќе ги видиме вистинските патриоти. И за крај, борците од 2001, нашите вистински македонски патриоти, докажани и покажани на дело, денес во 2010 година водат битка со владата за да си ги остварат своите права, за да не ги вараќаат парите кои ги примиле, по заслуга секако. Е ова е СРАМОТА, а не она што ти претходно го пишуваше, ова го потврдува она што во некој од претходните постови го напишав, а тоа е дека ниту народот, ниту државата, власта(и сегашна и поранешна) е виновна за бугаризацијата во Македонија!
Ах бре Македонче, сам себе го убиел! Многу жустра дебата се разви, па ова на ништо не личи, или можеби највеќе ми заличува на државичката ни наша јадна. Абе едни со други ќе се изедеме еден ден...баш ми е жал Дајте бе немојте со толку страст и лутина, полека. И не се вреѓајте! Јас се извинувам за репликава, и за офф топик умешувањето, ама некако дебатава ме потсети на оној што вика „мија сне два миљон овци и имаме два три овчари што не водат, а мија че зимаме после пушки и митраљези да се бориме, зашто? зашто? е това е зборо!“ Ајде сакајте се и дебатирајте со ум, не се вреѓајте и карајте бога ви љубим
Многу е смешна тезата којашто ја пласираат некои тука што одобруваат бугарски пасоши.Како прво и последно НИКОЈ не ти брани да одиш,да патуваш,да работиш на запад ако си КАДАРЕН,ОБРАЗОВАН,СПОСОБЕН и си го знаеш занаетот.Никој,тоа никој да не ве лаже.Тоа што некој ве лаже дека македонската диплома е непризнаена тоа е чиста фарса па затоа студирале во Бугарија(затоа што таму многу полесно се завршува).Како на еден куп интелектуалци како Кедев, Марко Чаласан,Симон Трпчевски еден куп други паметни луѓе од Македонија никој не им го оспори знаењето,дипломата,способноста на запад коишто немаа бугарска диплома,пасош или слично.Еве на мајка ми пријателка ќерка и отиде на постдипломски во Германија и никој не и правеше проблеми со дипломата зашто на приемен направила најдобри резултати .Државата ја уништила нацијата?Ма немој .А кој ја прави државата ако не нацијата.Бугарите ппред 15 години беа во најмизерна положба па зашто не вадеа они МАКЕДОНСКИ пасоши туку несакаат Македонија името да го слушнат.Народот да не беше толку мизерен во своите сфаќања не би ни била толку мизерна државата.95% од тие што извадија бугарски пасоши не мрднаа од државата и како што ги гледам уште се тука и се возат со тие крш автомобили.А знаете зашто?Затоа што и претходно биле неспособни да работат нешто .Јас на никој неможам да му наредам дали да извади бугарски пасош ама сакам сите да си одат од државата најискрено затоа што другите ќе трпиме последици и омаловажувања заради нив.За 10 години бугарската влада ќе прати извештај во Стразбур со листа од 100 000 илјади Бугари потпишани во Македонија,па ќе бара да се регистрира бугарска партија,да има бугарски парламентарци во собрание,да се отвораат бугарски училишта,споменици ,се по принципот на рамковен договор.Затоа тој што си има бугарски пасош слободно нека си ја напушти државата(нели затоа вадевте бугарски пасоши) и никогаш нека не се враќа пошто ние не сме толку модерни.И немојте толку да споредувате некој што имал германски,дански,шведски пасош.Огромна е разликата.Никој Швеѓанин,Германец не дошол и да те прави подолу од гомно затоа што си Македонец.Тие нити се замараат со Македонија.Како пример еве ви ги Бугарите 90% ги вратија во Бугарија или спиеја по клупи во Британија зашто никој не ги запослуваше .На Европа и е преку глава од емигранти затоа што Европа денес има преголема невработеност на својот народ,а камоли други да запослува.Затоа денес во Европа се повеќе и повеќе расте националистичко,фашистичко расположение против африканци,муслимани,азијанти затоа што на нив лебот им го земаат.
Најпрвин сакам да споделам еден линк со вас за да се увериме сите дека власта ја ПОДРЖУВА бугаризацијата во Македонија. Повелете послужете се За нашите лични податоци ќе се грижи „блгарски гражданин“? http://www.spic.com.mk/kat/hronika/za-n ... danin.html Сега сакам да и реплицирам на Isaak. Неможеш да кажеш дека луѓето се неспособни за работа кога Македонија е број еден во невработеноста и сиромаштијата. Неможе 2/3 од македонските граѓани да се неспособни да работат нешто. Ќе разберев да се работеше за помала група граѓани, па ајде ќе се согласевме неспособни биле и не им се работело. Но неможете да ме убедите дека секој втор македонец е неспособен за работа и не му се работи! Затоа и напишав погоре дека ниту народот ниту државата не се виновни за ваквата ситуација, криви се политичарите кој свесно го доведоа македонскиот народ до ова дереџе. Јас лично работам, имав среќа да мајка ми откако и ја затворија фирмата во која работеше, отвори сопствен бизнис, и не се жалам. Немам бугарски пасош, ниту лична карта, ниту бугарска диплома и немам потреба од тоа, но неможам да замижам на сето она што се случува околу мене. Повеќето од моите колеги од факултет се невработени, секојдневно во канцеларија доаѓаат луѓе кој едвај успеваат крај со крај да сврзат за да преживеат, составуваат изјави за социјални станови, се изложуваат на трошоци заверуваат документи да конкурираат за работа, но секогаш работните места се веќе потполнети со партиски кадри. Имам комшивка која има 45 години и завршен економски факултет, а нема еден ден стаж, секој ден е на граница и шверца роба за 5 до десет евра на ден. Живот ли е тоа? И во ред ли е јас да седнам и да ги обвинувам зошто земале бугарски пасош? Да имале излез и работа, сигурно не би го направиле тоа. Затоа пак ќе речам и никој не може да ми докаже дека народот бил крив. Криви се оние што ја испокрадоа државата, што крадеа народски пари се обогатија на народскиот грб!
Како прво распрашај се па потоа конверзирај .Како прво и последно тебе никој нема да ти понуди германски,француски,шпански пасош туку треба да седиш миниум 10 години без право на излез или пак на 2 години за да би го добила истиот.Преголема е разликата да би се споредувала.Значи Германците,Французите,Шпанците не даваат пасош за да би те асимилирале,да те прават подолу од ништо,да те навредуваат,да те прават она што не си туку да создадат нова работна сила којашто ќе копа,чисти канали,чува бебиња(пошо обичен Германец нема тоа да ти го работи затоа примаат цигани,Арапи,муслимани по Европа-евтина работни сила). Тие со германски пасош не седат во Македонија туку не се враќаат со години или пак остануваат целосно,а како што ги гледаш овие со бугарски пасоши не мрднаа подалеку од Табановце .Значи да споредуваш германски,француски пасош со бугарски е неспоредливо ќе ти се смее некој.Дали ти кога одиш во Германија и кога на некој просечен Германец кога ќе му спомнеш Македонија тој ти вика „А мислиш Германија,не постои Македонија, Македонци,македонска православна црква вие сте Германци,Гоце Делчев е Германец,татко ти бил Германец,Тоше Проески бил Германец,вие не постоите како нација вие сте Германци!Дали тоа некој ти го вика на запад?А во Бугарија секој втори .И немој со тоа„Ајде да ве прашам вас патриоти“ .Не пипај мечка додека спие,опасно е!Како што солиш памет овдека ,не би го правела тоа во животот како што го правиш моментално за да би зборела за патриотизам.Поздрав
Боа виста,јас ќе ти кажам да престаниш да ме напаѓаш заради моите политички размислувања.Јас по не знам кој пат ќе кажам дека моите политички погледи се САМО и САМО заради работното место на мајка ми,со кое преживуваме дома... Моите погледни во однос на бугарскиот пасош немаат врска ниту со Груевски и со ниту еден друг политичар што е на власт во Македонија.Јас имам и ќе имам негативно мислење за бугарскиот пасош заради причините што ги кажа исаак во претходниот пост,нема потреба да набројувам. Не ми е гајле дали политичката партија што ја подржувам има бугарски пасоши,мене ми е битен народот во Македонија,просечниот народ,обичниот народ што вади бугарски пасоши А ЈАС ТОА НЕ ГО ОДОБРУВАМ И ПРЕСТАНИ ДА СЕ КАРАШ СО МЕНЕ,СИТЕ ГО КАЖУВАТЕ ТОА ЕДНО ТЕ ИСТО,НЕМА ДА МИ ГО СМЕНИТЕ МИСЛЕЊЕТО.МРШ БУГАРЧИЊА... Инаку,кога бев еднаш во Созопол на одмор човекот кој што го држеше апартманот ни рече Гоце Делчев е наш,бугарин...Ете колку ве сакаат бугарчињата вас...Хахаха,поздрав
Како прво и последно распрашај се чија новина е Шпиц,кој диктира со неа,и до која опција е блиску па тогаш дојди и коментирај ок .Уште од 90 година наваму фраерите на Бранко му полнеа на народот мозок кога Вмро ќе дојде на власт Македонија ќе биде Бугарија само колку тие да би останале на власт.Како второ Шпиц е новина н Бранко Геровски човек близок до Сдсм .И бидна Бугарија?Како прво престанете со тоа продавање магла како овдека едвај се преживува и се гладува.Кај нас воопшто одат се подебели и подебели генерации баш од тоа што се гладува или?Како прво и основно и во Европа има сиромаштија .И како второ престанете со тие социјалистички манири„Учи за да легаш цел живот“.Ма немој тоа што завршила факултет незначи дека треба сите да и се поклонуваме.Капитализам е срце ова снаоѓај се во животот .Тоа што имаш факултет не те прави ништо поспособна,попаметна од некоја што нема.И на мајка ми другарка шверцаше пиперки,домати па направи пари и што сега.Германци,Французи,Шпанци,Американци не шверцаат роба,не продаваат дрога,нема проституција таму или?Како второ на Запад многу се ретки децата што не работат кога се школуваат.Тие не работат во канцеларии туку по ресторани,перални,кафичи тоа што ожеш и ти тука да го работиш.Но финтата е што кај нас сите сакаат директори да бидат.Епа неможе тоа така извини.Македонија има најголема невработеност ама на ХАРТИЈА,а во реалност сите се снаоѓаат на еден или друг начин.
Епа и јас по којзнае кој пат ќе ти напишам дека луѓето земаат бугарски пасош САМО и САМО заради работа, од која ќе преживуваат дома. Како и да го вртиш исто ти доаѓа. И не те напаѓам само ти укажувам помалку да ги осудуваш луѓето кои сигурно имаат маки, па се осудиле на таков чекор. Не ти е гајле, ама треба да ти биде! Али ве разбирам јас и вас партиските послушници, абе овие од власта да ви кажат дека и магарет лета, вие овде ќе се препирате со сите и ќе не убедувате дека навистина лета! Толку многу ви го перат мозокот! Ти напишав и претходно, ќе ти напишам пак. Како луѓето од власта ги сметаш за народни херои и покрај тоа што некои од нив имаат и бугарски пасош, тие нели се предавници?Или тие не се дел од обичниот народ? Што се тие? Некоја си елита која може и да краде и да вади туѓи пасоши и пак да се најдобри и да ги гласаме? А некој сиромав кој за да го прехрани своето семејство би си ја продал душата и на ѓаволот и би зел туѓ пасош само за да замине на работа во Италија,Шпанија,Чешка,Русија и своите пари пак ќе ги донесе во Република Македонија,за тебе е предавник,изрод, кучкин син? Од ова само може да се заклучи дека за сиромавиот те боли ко за ланскиот снег.
Дај не се лупајте во гради со патриотизмот.. Ако бугарскиот пасош ми овозможува подобар живот, да, ќе си извадам еден уште одма.
абре луге, еве си го искажавте мислењето и готово нема зашто да се препукувате... никој не може да му го смени мислењето на никој и тоа е факт! па и многу јасно дека не можеме сите да имаме идентично мислење... и тоа е тоа, треба да ги поштувате тугите мислења! и без препукувања ке ве молам
Мене не ми е јасно каде ти виде јас како ја фалам владата и Груевски го правам народен херој? Ако имам некој таков пост цитирај ме,баш ме интересира.Гледам јас си запнала ти против владата,мешаш баби и жаби.Темава се однесува на бугарските пасоши,а не политичката определба. И ајде да те видам,реплицирај и на исаак или од а до ш што напиша е точно и вистинито,па немаш зборови да одговориш.Ајде да видам,што ќе кажиш во одбрана на македонските предавници во однос на постот на исаак...??? Бугарски пасош=подобар живот....ХАХАХА
Ако беше така како што викаш ти дека сите тие вадат пасоши затоа што гладуваат Македонија последните 5 години требаше да има за 100 000 жители помалку население,а не да има за 40 000 нови автомобили со бугарски таблици.По тоа ќе видиш дека сите тие ги извадија тие пасоши за да купат скапи автомобили за 5000 евра за да би глумеле јаки фраери во своите градови.Купил бмв на бугарски таблици и глуми јак фраер .Ако им беше толку за леб и пари сите ќе отидоа со пасошот надвор од оваа држава,а како што гледам 98% од истите се тука, нити попаметни,нити побогати туку само со еден автомобил на бугарски таблици.
види багуш, доколку ти не сакаш да земеш бг пасош, никој не те тера на сила...но, невкусно е вака да збориш *македонските предавници* секој има право да си живее како што сака, и искрено имам сретнато многу наши што се декларираат за бугари зашто така се осеќаат, зашто тврдат дека нивните прабаби и прадедовци се бугари од македонија (знаеш каква е бугарксата историја дека ние и они сме 1)и си зимаат бугарки пасош! и сега??? чоекот така се осека,нити извадил пасош за кола, нити за работа, туку само дека се осеќа како бугарин и сега јас треба да му се лутам зашто се осеќа така, и зашто верува во историја поразлична од мене? епа ако бевме сите 100%исти со 100 % исти сваќања, светов немаше да биде интересен
Немам потреба јас да се распрашувам чија новина е Шпиц, ако изнеле невистини има постапки, ќе ги тужат за клевета и ќе се докаже дали е вистина или не. А што ти да не сакаш да цитирам текст од Вечер каде што упорно не убедуваат дека дека имаме економски и инвестициски бум во државата, а самите сме свесни дека економијата ни е катастрофа, а инвестиции имаме нула! Демек ние малоумни сме и не сме од овде. И успори малку со ова убедувањата дека немало сиромаштија, дека сме биле дебели од прејадување и слични работи. Не за друго, ќе прочита некој од страна и ќе помисли дека живееме во Швајцарија, а не во Македонија. Велиш Македонија имала најголема невработеност, но само на ХАРТИЈА! За жал невработеноста во Македонија е трипати поголема од она што го прикажуваат на хартија! Кажуваш и дека имало работа, али луѓето биле мрзливи и несакале да работат. Сакале сите да бидат директори Незнам колку си запознаена, но најверојатно не си воопшто запознаена, денеска ти бараат партиска книшка за да те вработат и во маркет како продавачка. Братучетка ми со завршен правен факултет и положен правосуден испит конкурираше за продавачка(гледаш не сакала да биде директор) во маркет во мојот град, но ја одбија затоа што била неподобна и немала партиска книшка. И после ќе ми кажете имало работа. Да има работа за партиските послушници и потрчковци, за нив има, а за другите? Пишуваш дека живееме во капитализам и дека факултетот не те прави поспособено другите! Дали ПАРТИСКАТА КНИШКА ТЕ ПРАВИ ПОСПОСОБЕН ОД ДРУГИТЕ? Денеска те прави и тоа како! Ќе ти наведам пример - се рапишува оглас за примање на судија во еден град во Р.М. Конкурираат тројца кандидати со завршен правен факултет, со положен правосуден испит, со завршена АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ( по чие завршување државата е должна да ги избере за судија или јавен обвинител). Не избираат ниеден. Местото останува непополнето, биле НЕПОДОБНИ! Како можат да бидат неподобни кога ги исполнуваат сите услови? Опс, не , не го исполнуваат НАЈБИТНИОТ УСЛОВ, немаат членска книшка! По два три месеци на тоа место примаат кандидат без академија, ама била ПОДОБЕН, си имал книшка човекот! Тоа е реалноста, а не ова што ти пишуваш! Денеска најмалку се цени снаодливоста, знаењето, праксата. Денес не се цени ни факултетот. СЕ ценат само ПАРТИСКИТЕ КНИШКИ И НИШТО ДРУГО!
Стрпи се бе Багуфче , неможам јас на двете одеднаш да ви реплицирам, еве и реплицирав и на Исаак. Само незнам зошто се криеш позади она што го пишува Исаак, дали сакаш да го кажеш истото како Исаак, ама незнаеш како да е изразиш или што е проблемот?
^^ Сакам да го кажам истото како исаак,па да не се повторувам Инаку темава се вика бугарски пасош,а не партиски книшки.Ти изгледа само против власта имаш да полемизираш,а не за бугарските пасоши.Гледам немаш цитат од мене како јас ги правам Груевски и компанија народни херои,а?
За да купиш автомобил од Бугарија не ти е потребен бугарски пасош, ниту лична карта, ама баш ништо. Доволно ти е да имаш регистрирано фирма ви Бугарија, затоа овој муабет не ти држи вода. Плус тоа најмногу автомобили од Бугарија де увезоа откако се пушти увозот, затоа немојте со вакви глупости!