Да така е ама да не забегуваме многу од темата.... нека каже некој како оди процедурата за бг пасош за малолетни деца под 14 год ? Колку време се чека за нив ?
Што се деси со кајгана.. дали ќе ја вратат во употреба?? инаку да се пофалам штотуку ми се смени статусот после три месеци на финална... Молбата ви е разгледана от Съвета по гражданство с положително становище Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Р България
Некој број да има од бугарски конзулат во Битола? Вртеме на броевите што се дадени на нивната веб страна никој не се јавува.
Им ја пратев темата за изборите, Кајгана падна кога се броеја гласовите и Трамп водеше. Вечерва е пуштен форумот од пред 1 саат.
@radoznalo Моето искуство е со премногу чекање, години се во прашање. Кога ја започнавме процедурата за државјанство не се бараше потекло и затоа започнав. Докази за потекло немав и немам, процедурата ми беше ставена на чекање поради тоа, но со тогашната политичка ситуација во Бугарија еден период имаше комплетен застој, немав слушнато некој да зел освен тие што имаа браќа, сестри и сл. Еден мој пријател дури беше и одбиен поради тоа што не достави документи, но тој беше многу пред мене. Од групата што бевме заедно (во ист период почнавме), ни одобрија на сите, од кои имаше личност со потекло по брачед, имаше личност без потекло со зачленување во клуб во Струмица -што искрено не знам колку помогна во случајот и јас без никакви дополнителни документи. Не знам, ете сум имала СРЕЌА за прв пат во животот. Се надевам овој тренд на олеснителни околности ќе продолжи за сите. Има стварно многу чекање, но времето лета и како што беше муабетот во претходните постови, само трпение и со среќа на сите
По преписката Ви предстои да бъде извършен финален експертен преглед преди да бъде разгледана от Съвета по гражданство.Ima li neko iskustvo,koliko ke traje ovo? Imam poteklo,dokazav isto. Znae li nekoj poveke?
Од 2 до 3 месеци максимум се чека за да добиеш одговор дали ти е одобрен указот или си вратен на дополнителна проверка. Со среќа
Молбата ви е разгледана от Съвета по гражданство с положително становище Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Р България. Dali moze nekoj da mi kaze kolku vreme treba za izdavanjeto na ukazot a ova e vaka od 07.10.2016 odnapred vi blagodaram!!!
@vitamina - уште ова прашање - моментално моите докс се во ДАБЧ, за да се докаже бугарски происход преку линија на мајка. Можам да однесам докс и преку линија на татко ми (преку чичко - неговиот татко и таткото на мојот татко се браќа, а има бугарски пасош). Дали истиве уште сега да ги доставам до ДАБЧ или во следната фаза кога ќе треба директ Правда, да ги доставам? Линијата по мајка е прв братучед (мајките ни се сестри). Совет?
Ако веќе имаш приложено потекло од еден член тоа е доволно сосема нема што да поднесуваш веќе и од друг бидејки по брза постапка кога ќе одиш на интррвју тие ќе те прашаат за плус потекло и ти ќе им кажеш. Секако на компјутерот ќе излезе и тоа. Да така сосема е доволно да одиш со потекло од една страна и слободно да ја водиш така процедурата за да не се излагаш на излишни трошоци кога секако на ним им е битен еден документ со едно потекло. Јас лично имав едно 15 тина потекла може и повеќе но приложив едно тие секако видоа дека имам и други плус потекла и документи. Да така и во министерство не мораш ако веќе си поднел преку едниот братучед. Сигурно ќе добиеш.