Има некој аплицирано сега тазе преку амбасадата во Скопје? За кога ги закажуваат интервјуата ако може да ми даде инфо некој, фала
На мајка ми и закажаа интервју за 01.05.2018. Происходот беше готов од пред некој месец, ама дури сега, во петокот, успеа да отиде и да го подигне и да комплетира документација. Како што предходно кажав, како доказ за потекло однесе само копија од лична карта на брат ми и негов извод (он има буг. пасош). Сега ќе чекаме да видиме како ќе поминат изборите, евентуално потоа да се потрудиме да се убрза постапка. Како и да е, ќе се чека, колку треба толку.
На страната за проверка до каде ми е бугарскиот пасош внесувам број и пин но ми пишува дека недостасуваат податоци, што може да е проблемот, знае ли некој? А на моја другарка со која подадовме во исто време излезен и е веќе и и пишува на страната.
Бидејки или не внесуваш правилно или не е правилно тоа е. Друго не може да е. Ако си на сам почеток можно е податоците да не се ти анжурирани сеуште но ако си при крај како што разбрав со точно податоци не е можно да не ти отвора одговор. Види пробај со некој што се разбира види во што е проблемот. Не може да не пишува.
Јас да се пофалам ќе одам да си подигнам државјанство после нова година имам закажано.... со среќа на сите што чекате...
и јас сакам да вадам бугарски пасош.. во фамилијата никој нема извадено до сега, татко ми ми кажа дека дедо ми и баба ми имале документи на бугарски и ми кажаја дека имало некој чоек од прилеп шо посредвал.. па ме интересира дали ако е преку некој поединец постапката оди побрзо од колку во некоја агенција? ии дали некој има искуство со чоекот од прилеп?
Морам да се цитирам. Денеска се прејавиле дека интервјуто е презакажано за Мај годинава. Ако може некој да сподели пресно искуство со интервју? Некоја страна наназад имаше и еден фајл со прашања за истото. Евентуално ако некој има прашања плус.
Не, сама, односно со снаа ми која е бугарка па малку поупатена, отиде директно во Софија и ги поддадоа документите.
не се лажи му ги собра парите само и нема никој земено пасош а и реално хрватски пасош е многу тешко да земеш
Од Софија иде многу побрзо отколку од Скопје. Инаку прашањата за интервјуто се во врска со нивните празници и те прашуваат зошто сакаш бугарско државјанство. Овака е во нивната амбасада во Скопје, вероватно и во Софија е така. Ееееј што дочекав. И на оваа тема да си коментирам. Ајде кажете поупатените, што значи ова " Преписката се намира в процедура по задължително съгласуване." И колку време овој статус ќе стои, месец, два, шест?
Се си има свои позитивности и негативности. Фактот е дека и преку амбасадата е ок и преку софија само што: Ако поднесете преку скопска амбасада процедурата е за година плус минус повеќе од онаа во софија бидејки дипломатската пошта оди само 2 пати годишно до бугарија а во софија се е на лице место. Можеби преку амбасадата нема малтрерирање толку како кога би отишле до софија но преку амбасадата се чека многу повеќе. Таа е разликата друго нема.
Скај упатена сум во се да така можеш да ми се јавеш слободно за се што те интересира. Инаку овој статус го даваат од кога завршуваш интервју и влагаш во процедура со бројче. Месец два не трае туку над 1 година до 2 односно се додека не ти дадат указ. Да така долго.