1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булимија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Orihana, 28 јули 2010.

  1. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    леле ај гледам јадачи сте, ај кажете некој совет, јас треба да се здебелам. би помогнало и ако кажете што и колку јадете на ден..пошто секој различно го свака тоа Многу или Малку, кажете си точно што, за да се споредам и да видам што треба да зголемам у конзумирање.. а јадам се, не сум некоја да двои храни, се јадам баш се, само лека неможам да јадам, цвекло и брокули :D
    пишете
     
  2. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Абе срцка, т.е. Name, тоа што читаш овдека дека јадеме многу тоа се случува еднаш неделно и воопшто не е здраво заради тоа што тоа не е јадење туку прејадување. Инаку сите останати денови, внимавам на исхрана и јадам претежно салати и протеини, за одржување линија (на тој начин одма слабеам). Мене лично ме дебелеат јаглехидрати, уствари тестенините и благото.
    Е сега за тебе ако сакаш да се поправиш јади јагленихидрати за вечера заради тоа што организмот нема да ти ги согори и ќе ти останат као вишок. Ама земај претежно добри јагленихидрати (свежо/сушено овошје, овесни колачиња, леб или незнам све што си јадеш као и обично). Грицкај бадеми, индиски ореви, кикирики... Инаку срцка ако земеш да јадеш буреци навечер и слични нездрави храни ќе се поправиш ама ќе добиеш салце околу стомачето, а тоа незнам колку сакаш.

    Најдобро за поправање ти е да почнеш да вежбаш и веднаш после тренинг да јадеш зашто така и ќе ти се оформи телото правилно. Сега незнам колку си по вежбањето. Поздрав, па тука сум за било каква асистенција... :)
     
  3. Mila92

    Mila92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    lele epten sum ista kako vas dve...jas stvarno neznam od kade mi e ovoj ogromen apetit nemozam veke!!pomini zamini se u kujna me vlece hahaha...majka mi vika da ne e neso poremetuvanje so tiroidna zlezda :worried: poso i od toa moze da ti se nakaci apetitot i ima naglo bedeleenje...denovive ke idam na pregled pa ke vidime so mi e :worried:


    [mod-kirilica:31ovb57w][/mod-kirilica:31ovb57w]
     
  4. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Ајде good luck! Па све нека искочи во ред. Па кажи што ти кажале на преглед....Поздрав
     
  5. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
  6. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    30
    :^) Алоо девојки освестете се? Се е тоа до мозокот и вашата свест, дали кје повраќаш, дали кје се прејадеш или не. Истиот проблем го имаВ* и јас, имам 14 год. и мислам дека по тоа што ми се случи ја научив лекцијата за некои работи во животот, иако беше прерано. Лани летото држев диеата 3/4 кила само сакав да ослабам, имав друштво со кое ја држев диетата, а и не држев некоја строга диета беа вклучени и тестенини и месо, и овошје зеленчук. Ослабев за 20 дена 7кг, па потоа отидов на летен одмор.. јадев колку сакам-што сакам, едноставно од јадење не ми беше доста, и тогаш не повраќав и мислев дека тоа беше само неколку дена прејадувањето.. кога си дојдов повторно го повторував истиот режим на исхрана но сега беше малку поинаку.. се прејадував - па во тоалет одев за да го исфрлам од себе јадењето :puke: и само тогаш се чуствувам исконтролирано.Немаше ни еден месец не ми беше доволна една диета што ја држев(а не се здебелив ни едно кило) почнав со друга многу строга само со ограничено овошје на ден, можеби секој месец ја дршев диетата која инаку траеше само 10 дена а јас се придржував само 4 дена.. се нервирав повторно и повторно пробував, измеѓу кога кје ја прекршев диетата не се криев од моите колку мноооооогу количински јадев, одев во тоалет повраќав и повторно јадев и повторно повраќав и се така во круг, мајка ми и татко ми го приметија тоа по 4 месеци, кога излегов од ВЦ со насолзени очи од повраќање, тогаш мајка ми ме седна и ми кажа дека тоа се симтоми на БУЛИМИЈа и ми ги кажа СТРАШНИТЕ последици, една недела се придржував кон одреден режив за да ги вклучувам сите оброци и ужини, но сепак и пола кришка леб и едно јаболко да изедев ме тераше нешто одвнатре да го повратам, по една недела си го повторив истото прејади се-поврати.Татко ми нон-стоп ме прашуваше дали повраќам, а јас нормално негирав.. бидејки не знам колку сте забознаени но булимичарите не ја прифаќаат својата болест, бев тотално искомплексирана, негативно расположена, само спиев. Почнав озбилно да ја сваќам болеста по 6/7 месеци.. почнав по интернет и книги да барам за булимија.. секоја информација што кје ја најдев беше застрашувачка бидејки беа вклучени сите симтоми дека ги имав.Почнаа да ми пукаат капиларите на очните капаци, се уништуваше забниот глеѓ, имав лузни на грбот. се трудев и трудев да престанам да повраќам но не можев - или не сакав.Еднаш повторно ме приметија моите, и овојпат ништо не ми рекоа.Арна ама овој пат се освестив, ставив прст на глава :fubar: и си реков: Ало девојко, сигурно не сакаш да завршиш во психијатриска болница, да ги повредиш најнапред родителите, да им скратиш 10 год. од животот , доволно смесна, храбра сум за да го спречам ова, да не заврши со лоши последици. Оттогаш не беше како порано, порано повраќав секој ден осносно после секоја храна што кје ја ставев во уста, сега може да се случи тоа еднаш во три месеци. Горда сум што тоа го направив САМА, без ничија помош, ни од другарки, ни од родители :clap: :clap: . А научив дека изгледот не е битен, битно е да си среќна и исполнета одвнатре.. кога ова кје ти се случи нема повеќе да мислиш дека треба да ослабеш за машките да те сакаат, туку кје гледаш најнапред да си го чуваш здравјето, со тоа кје бидеш среќен и исполнет со љубов.

    Само сакав да ви кажам кога може тинејџер од 14 год да се избори со ова, тогаш ако имате цврст карактер кје успеете и вие и ставете веќе еднаш ТОЧКА на сето ова. :*
     
    На anabel-a, nesa и Annath им се допаѓа ова.
  7. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас сум слаба и никогаш не сум пробувала да ослабам. Но, на пр. кога сум под стрес на пр. таа недела кога имам тестови ми се случува секој ден после секое јадење, од кога ќе го изедам да го исповратам. Среќа во последно време ми се нема случувано :worried: :D
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Девојки морам да се исконсултирам со вас страшно се испаничив сега!!!!
    Значи барам низ историјата на гоогле ми требаше страна една, и гледам дека брат ми барал како да се натераш да повратиш?????
    Не знаете колку се исплашив. Он беше порано така дебеличок и последнава година прилично ослабна ама не држеше никаква диета. Уште е во пубертет, а се има и доста извишено па сигурно и тоа делувало, ама проблемот е што тој сака уште да ослабне, а навистина нема потреба. Дома не можеме да го разубедиме дека е доволно слаб, не ми е јасно како не разбира дека ако има мала тежина може да предизвика сериозни проблеми.

    кај се секирав дека сака диети да држи, сега и ова го видов. Не знам со сигурност ама се преплашив да не стане или веќе да не е булимичен???
    ве молам ако некоја од вас има искуство нека сподели
    барав на интернет прочитав милион страни ама некако посигурно ми е кога ќе прочитам од вас
     
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Знам дека можеби во очите на твојот брат ќе бидеш "Кодош" но кога е здравјето во прашање, нека не ти е грижа. Патот под нозе и разговарај со твоите родители.
    Кажи им како дошло до тоа да се посомневаш дека можеби брат ти има некаков проблем.
    Потоа тие најдобро знаат како да постапат со него. Дури немора ни да те посочат тебе како изворот од кој дознале за целава ситуација. Ќе најдат начин, ти само разговарај со твоите родители.
     
  10. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Девојки, имам 16 години и никогаш не сум имала прекумерна тежина, но пред 1 година почнав интензивно да читам и да пребарум начини за слабеење, со цел да ослабам 3-4 килограми, иако немав никаква потреба од тоа. Едноставно ми се испра мозокот, станав преокупирана со диети, храна, вежбање.... На почетокот држев некои диети, но ниту една не ја држев до крај. Потоа решив да почнам да се хранам здраво и да избегнувам благо, бели пецива и грицки, па успеав да го постигнам со здрава исхрана она што го сакав. Меѓутоа, подоцна почнав да претерувам и никогаш не бев задоволна од својот изглед, односно сакав да бидам се послаба и послаба. Од 53 кг дојдов на 45 и уште сакав да слабеам, меѓутоа се разболев од мононуклеоза и бев за никаде околу 4 месеци, не смеев да имам потешка физичка активност (а пред тоа вежбав секој ден по минимум 40 мин. на орбитрек и одев на хип хоп), па затоа се вратив на околу 48 килограми. Од тогаш, постојано се обидувам да се вратам на 45, што е ненормално. Пред неколку месеци една другарка ми рече дека ослабнала со повраќање, па и покрај тоа што ги знаев последиците од тоа, и јас почнав да повраќам. Прво тоа го правев ретко, но сега тоа го правам се почесто, по 3-4 пати неделно. Се прејадувам, посебно навечер, а потоа чувствувам огромна грижа на совест дека ако не повратам, ќе се поправам. Имам чести главоболки, воспалени крајници и други жлезди околу вратот. Секој ден си ветувам дека тоа нема повеќе да го правам, а веќе другиот ден се наоѓам прејадена во ВЦ и присилно повраќам. Сфатив дека ова стана сериозен проблем, но никако не можам да се откажам. Ве молам за совет, има ли некој начин да почнам повторно нормално да размислувам, да бидам задоволна од своето тело... да ја излечам оваа булимија? :worried:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.471
    Допаѓања:
    201.260
    Пол:
    Женски
    Единствено решение ти е да зборуваш со твоите и да побараш стручна помош. Тоа е најдобрата варијанта во твојот случај. :)
     
  12. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35

    Лилјана, јас сум ти жив пример дека има надеж да се решиш од овој проблем. Факт е дека неможеш наеднаш ама можеш да ги намалиш ваквите епизоди. Ако порано ми се случувало да се прејадам и повраќам 2 пати неделно, сега ми се случува еднаш месечно.
    И јас бев опседната со здрава исхрана и вежбање и проблем ми беа 5 кг. Никако неможев да дојдам до 52 (и сеуште неможам).
    Социјализирај се повеќе, дружи се и не останувај подолго време гладна. Твоите дома нека имаат разбирање и нека не купуваат од "лошата храна", така нема да ја гледаш и нема да бидеш во толкаво искушение. Јади многу овошје од сабајле на празен желудник, до 100 гр.сушено овошје дневно за да немаш потреба за благо. Ручекот што и да е дури и да е "нашата забранета храна" комбинирај ја со салата, па живи луѓе сме. Мада јас сеуште избегнувам зашто ако почнам, ми се сјебал цел ден и отиде у пичку матер во јадење глупости.
    Не ми помогна психијатар, зашто јас сум многу своеглава и не паѓам под ничии сугестии. Тоа што тој ќе ми кажеше го знаев и самата, сите последици ги знам. Само самата ти можеш да го надминеш тоа. Се е во твојот мозок. Можеш и ти да јадеш нормално и ќе видиш колку ќе бидеш среќна и задоволна од себе.
    Ајде поздрав ;)
     
  13. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Искрено кога ова го читав се запрашав до каде оди малдинава имаш 16 години и си преокупирано со изгледот не велам да не внимаваш на себе ама да повраќаш тоа не можам да го замислам, најдобро е повеќе да се дружиш и да илегуваш со друштво каде ќе заборавиш на храната навечер и така нема да имаш потреба да повраќаш. Со повраќање можеш само болести да си навлечеш имунитетото да го ослабеш, желудникот да го упрпастиш, крвта да ја ослабеш, подобро отиди на хематологија да видиш како луѓето се борат за живот кои се болни и низ се што поминуваат да останат живи, а ти од здрава права сакаш болна да бидеш. Исто братучетками беше огромна но со здрав начин на искрана сигурно ослабе 20кила, со помош на Витадиет клубот, но ти немораш да посетуваш клубови за слабеење туку можеш сама да си спроведеш здрава храна во секојдневието, јади овошје, зеленчук, јаткасти плодови и не мешеј масти со јагленохидрати тоа заначи ако јадеш денс едно јадење не мешај и друго јади го истото цел ден и НИКАКО НЕ ПОВРАЌАЈ.
     
  14. DInn

    DInn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Imam bulimija podolgo vreme, sakam da prestanam no mojot nadvoresen izgled premnogu vlijae vrz mene...ednostavno preoptovarena sum so mojata tezina :sweat:
    Ve molam pomognete mi....ne sakam da kazam doma za da ne gi sekiram, no ova vekje pocna predaleku da ide :worried:

    [mod-kirilica:28eky28i][/mod-kirilica:28eky28i]
     
  15. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Еве јас веќе подолго време не повраќам... Имав голем проблем, но сфатив дека повраќањето во никој случај не ми помага да ослабам, туку само ми го влошува здравјето. Постојано имав главоболки, очите ми беа црвени и грлото постојано ме болеше. Се случува сега некогаш да помислам на тоа, но бројам до десет и си ги повторувам сите негативни последици што ги носи таа одвратна навика, како и фактот дека со тоа НЕМА ДА ОСЛАБАМ. Значи избегнувај прејадување и јади само додека се заситиш. Исто така не скокај оброци, јади 3 пати на ден со 2 ужини (овошје, салата, јогурт и сл.)... и не значи дека не треба да јадеш ништо благо! ако си стрвничка, касни 2-3 залака колку да ти помине меракот, а кога ти се јаде благо касни неколку коцки црно чоколадо бидејќи содржи антиоксиданси и има антиалергиско својство :) со среќа!
     
  16. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    25
    Држев една диета и ослабев од 65 на 50, кога ја прекинав се придржував кон режимот на исхрана и дојдов део 48, но малку кога ке каснам благо или повеке се најадам а не извежбам јас постојано одам и повраќам... сега веќе неможам да прекинам тоа го правам 3-4 пати неделно, а попладне после ручекот имам неверојатна желба за благо, се тресам ако не каснам.. а потоа одам и го повраќам.. немам повеќе сила за ништо се осеќам исцрпено.. незнам каде да побарам помош ..
     
  17. littleunicorn

    littleunicorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Пред се здраво на сите.

    Па вака, во денешно време секој втор има проблеми со тежината. Но, многу често тие проблеми доведуваат до Анорексија или Булимија.

    За оние кои не знаат што е Анорексија, а што Булимија:
    -Анорексија е нарушување во исхраната. Се состои во преголемата опседнатост со храна, калории, огромен страв од здебелување. Последици од сите овие работи кои ги набројав се самоизгладнувањето и огромното слабеење за кратко време. Со тек на време оваа болест се претвора во голема и многу опасна психичка болест која може да доведе и до смрт доколку не се побара стручна помош. Заболените се опседнати со слаби тела и се споредуваат со секоја слаба личност што ќе ја видат, пред секој оброк (иако оброците се малку, можеби еден оброк дневно) гледаат колку калории ќе внесат. Иако заболената личност изгледа преслабо и сите околу неа и го кажуваат тоа, таа личност сеуште смета дека е дебела и дека треба да ги намали килограмите.
    -Булимија е исто така нарушување во исхраната. Булимијата нее опасна онолку колку Анорексијата, но сепак станува збор за исто така голем психички проблем кој подоцна може да доведе до Анорексија. Булимијата се состои во тоа што личностите кои се заболени од неа се прејадуваат па потоа се празнат со повраќање со кое сами го предизвикуваат. Исто како и Анорексичните лица, Булимичните се опседнати со својата тежина и сакаат да изгледаат слаби, се споредуваат со секоја слаба личност што ќе ја видат. Можно е Булимијата да се појави заедно со Анорексијата но можно е и поединечно. Во некои потешки случаи Булимијата може да доведе и до смрт.

    Дополнителни информации: Булимијата и Анорексијата поекогаш се појавуваат заедно а почесто поединечно. Булимичните луѓе лесно можат да се претворат во Анорексични. Помислата дека повраќањето ги намалува килограмите, но многу побавно за разлика од изгладнувањето кое го извршуваат Анорексичните ги тера и Булимичните да почнат да се самоизгладнуваат. Заболените од Булимија и Анорексија секогаш избегнуваат да јадат во публика и не сакаат да прифатат дека се жртви на нарушена исхрана. Доколку некој почне да зборува за тоа дека тие имаат проблем, заболените реагираат многу бурно и нервозно.

    Мојата приказна:
    Уште како мала имав проблем со вишокот килограми. На 7-8 годишна возраст се соочив со навредите кои ми го упатуваа другите дечиња. Јас бев секогаш ,,онаа дебелата'', од секогаш сум била подебела од моите другарчиња. Многу лошо се чувствував кога некој ќе ме наречеше ,,дебела, крава, грда". Имав само 8 години, бев малечка, децата најлесно можат да се повредат. Многу ме болеа зборовите на другите деца. Понекогаш со солзи си заминував во мојот дом. Веќе на 9 годишна возраст открив што е тоа Анорексија. Еден ден седев пред компјутерот, отворив google и напишав ,,слаби девојки", ми излегоа слики од прекрасни девојки со совршени тела. Им се восхитував а воедно бев и љубоморна. Додека одев надолу со стрелката излезе слика од многу слаба девојка, коските и беа оцртани по целото тело што можеа дури и да се избројат. Уште од мала бев многу љубопитна за се и сешто, а исто така и голем љубител на морничави работи. Кликнав на сликата а долу излезе мал текст "anorexia anorexic girl". Сега веќе гуглав за анорексични девојки. Ги гледав сите тие девојки и да бидам искрена се згрозив од нивниот изглед. Всушност не ни знаев како се добива, јас сакав само да ги гледам сликите на тие слаби девојки. А поимот Анорексија мислев дека се користи за слаби луѓе, со таквата помисла знаев дека анорексијата е многу далеку од мене и дека никогаш нема да се соочам со таков проблем. Времето минуваше а јас прераснав во девојка со нула самодоверба, секогаш бев подебела од моите другарки, понекогаш дури им завидував. Мојата прва диета ја започнав кога имав само 11 години (петто одделение). Се чувствував премногу лошо во сопствената кожа. Долг период од мојот живот го поминав така, со ниска самодоверба и неуспешни диети кои можев да ги издржам околу 1-2 недели, но тоа не претставуваше никаков успех бидеќи после завршување на диетите продолжував да јадам како и обично а килограмите ќе се вратеа. Многу долго го правев ова и никогаш не успевав се доденот кога застанав на телесната вага и го здогледав бројот кој ми го промени животот. Вагата покажуваше 85 килограми. Тоа беше најголемиот број кој сум го добила. Бев очајна, плачев и се мразев себе си дупло од порано. Си ветив дека од другиот ден ништо нема да јадам. Вечерта многу истражував за диети и брзи трикови за слабеење. Истражуваќи излезе нешто во врска со Булимија, тоа беше поим кој го слушнав за прв пат во мојот живот. Кога видов што е тоа булимија светна нешто во мојата глава, според тоа беше прекрасна диета, наводно прекрасна. Утрешниот ден не изедов ништо, умирав од глад. А наредните денови дололку изедев нешто дури и да беше нискокалотична храна или вода јас повраќав. Во рок од 2 месеци успеав да симнам 25 килограми. Предходно имав 85 а сега веќе 60. Бев пресреќна, конечно го добив она за кое што сонував. Бев задоволна, но знаев дека 55-50 килограми би ме усреќиле многу повеќе. А инаку сум висока девојка, 172cm што значи дека 60 килограми се доволни според мојата височина па дури и требаше да се здебелам 2 килограми. Повраќање на скоро се што ќе изедам веќе ми прерасна во навика, сакав да ослабам на побрз начин и да дојдам до 55 килограми. Сега веќе знаев премногу за Анорексија и Булимија. Наредните денови не јадев воопшто а немав ниту желба или апетит за јадење. Дојдов во 45 килограми. И еве ме денес, 50 килограми, дијагноза Анорексија Невроза. Психијатарот ми кажа дека доколку дојдам под 45 тука ќе заврши мојот живот. Сега се трудам редовно да одам на терапии и да дојдам до 55-60 килограми. Стравот дека ќе се здебелам сеуште живее во мене и мислам дека засекогаш ќе остане тука.

    Долго време сум на фемина и секогаш го следам форумот но денес одлучив да си направам профил и со вас да ја споделам мојата приказна.

    Ако некој сеуште се бори со ваков проблем слободно може да се обрати за помош.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ova e knigata koja me potresla do smrt
    SLIM to NONE by Jennifer Hendricks
    A journey through the wasteland of anorexia treatment.
    "The through story of one breve young women`s fatal battle whit anorexia, from its onset until her final days - in her own words".

    Knigata ja najdov vo biblioteka koga po nekoja pricina bibliotekata gi prodavase i ja kupiv za samo 1 $.
    Knigata e biografija na devojkava koja se borese so anorexia. Krajot go ima napisano tatkoto, bidejki avtorkata tragicno ja zagubi bitkata.

    Nemoj da igras gluposti. Ako ova ne e izmislena prikaska, zemi da rabotis na slucajot, ne igraj so svojot zivot.
     
  19. littleunicorn

    littleunicorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Нее измислена приказна.:) Ти благодарам за предлогот на книгата, ќе си ја купам.;)
     
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Procita ja i napisini vpecatoci, sto si naucila od knigata.
    Ne bi sakala da ti kazam sto pisuva, zosto makedoncite po default se pametni pa ne bi mi veruvale. Zatoa ne delam soveti po forumi, samo preporacuvam knigi, pa sami vie ocenete sto ponatamu.