Битно сега си добра и здрава ддевојка знам дека ќе ти останат зборовите на децата во сеќавање, ама ддетски муабети сите исто збореле, еве па и мене ме викаат дебела, затоа барам и јас диета ама мама ќе ме убијет ако ме слушнит, поготово јадам здрава храна пијам многу вода, а хамбјргеи и тостови само еднаш сум пробала. Не биди тажна, сега си добро.!!!
http://www.femina.mk/здравје/заболувања/булимија-како-да-си-помогнете Се надевам советите ќе ти помогнат.
Ми треба помошшшшш.Ова што се дешава со мене е неверојатно.Држам строга диета.Но знам да утмам а после тоа се казнувам со повракање.А не можам да престанам со диетата тоа не ми го дозволува психата.Ве молам за помош.После се што ми се има десено нејкам уште ова да ми се деси.Ама не можам ова не свесно ми се случува с многу често.Ве молам за помош
Под итно побарај помош. Стручна најубаво. Но би било добро и да се отвориш пред некој/а на кого му/и веруваш. Се изјаснуваш дека држиш строга диета. Значи дека не јадеш доволно. Телото реагира на тоа, нормално, со желба за многу храна, желба за прејадување. И тоа е нормално. Телото бара доволно храна за да функционира нормално, а ти не му ја даваш. Не знам колку време ти се случува ова, но би требало да побараш помош што побрзо. Уште денес. Не чекај ни ден повеќе. Нарушувањата во исхраната се смртоносни, најсмртоносни од сите други психијатриски заболувања. Тоа што велиш дека имаш грижа на совест и дека не можеш да престанеш со "диетата" (попрво би рекла изгладнувањето) е уште еден сигурен знак дека кај тебе се развива нарушување во исхраната.) Најчесто овие нарушувања одат многу подлабоко од желбата да се изгубат килограми за да изгледате и да се чувствувате подобро. Тие се тешки заболувања кои најчесто ги пројавуваат првите симптоми по претрпен голем стрес/траума/некаква загуба во животот, па жртвите ја користат храната т.е. изгладнувањето, прејадувањето и повеаќањето како еден вид одбранбен механизам, нешто што тие можат да го контролираат, за разлика од настаните во нивниот живот кој моментално се наоѓаат надвор од контрола. Спротивно на верувањата, оние кои страдаат од нарушувања во исхраната не се секогаш екстремно слаби. Повеќето се со нормална тежина, па има многу и со прекумерна тежина. Загубата на тежина е само еден симптом во низата. Често се случува животот да го изгубат личности кои се со нормална тежина и навидум со нив се е нормално, но нивното тело не ги издржало последиците на постојаното изгладнување, прејадување и повраќање, користење лаксативи... Срцето им ослабнува, не издржуваат. Да, страшно звучи, и е страшно. Се надевам дека ќе побараш помош и дека пред се, ти ќе си помогнеш самата на себе. Почни од денес. Храната не е непријател, храната ти е неопходна, твојот ум моментално е твојот непријател. Ова важи за сите кои страдаат од ваков проблем. Не останувајте сами во тој маѓепсан круг, затоа што ќе се уништите. Побарајте помош.
Здраво на сите. Да прашам и јас нешто околу темава. Многу ретко јадам деновиве, еднаш дневно и тоа без леб. Неколку дена немам јадено леб. Проблемот е кога јадам желудникот многу брзо ми се полни или подува не знам ни јас и не можам да го држам тоа во себе, се осеќам како да ми тежи нешто во него и мора да го повратам..
Dolgo se mislev dali da pisam i se odluciv da napisam zaradi sto nemam na koj da se iskazam. Poslednite dve nedeli se sto jadam znaci ednas na den jadam,se prejaduvam i vednas povrakam normalno so nasila.....Od sto povrakam nonstop grloto me boli,a sega pocna zeludnikot da me boli mnogu...Pricinata e sto jas mislam deka sum debela,a vsusnost ne sum mnogu.Site mi velat deka sum oslabnata ama mene ne mi e dovolno i sakam uste....Znam deka ne e vo red ova sto go pravam samo me interesira posledici od ova dali ke imam ako ne prestanam da go pravam toa,ve molam bez osudi samo.Znam kon sto odi ova i sakam da go sprecam.
Добро е што си свесна кои може да бидат последиците ако продолжиш вака. Чим дошло до овој момент, значи дека навистина е потребно да превземеш нешто. Булимијата има физички манифестации, но коренот на проблемот е секогаш психолошки. Јас би те советувала да разговараш со член од семејството, било да е родител, брат/сестра или друг роднина на кој му веруваш, а потоа и со стручно лице за да те насочи кон решението на проблемот. Кажи некому, разговарај со некого, а особено земи во предвид консултација со стручно лице. Поздрав.
Ти го ослабнува срцето, најбитно од киселините, ти се разјадуваат забите итн. Имаш цела листа на проблеми кои можеш да ги најдеш на интернет. Треба да разбереш дека можеш и на поинаков начин да ослабеш, без последици по здравјето, какви ќе имаш заради булимија и анорексија. Нема потреба цел ден да се изгледнуваш за да се натапчиш со се' што ќе видиш пред тебе и да исповратиш. Можеш да јадеш и три пати во денот, и пет пати во денот, ама ќе јадеш по помалку и ќе внимаваш што јадеш, колку калорична и колку мрсна храна внесуваш. Ете, толку е лесно. Минимални вежби ко плус и толку. Нит ќе си го стресираш организмот, не ќе си го доведуваш во опасност здравјето и животот со вакви глупости. Престани едноставно.
@Meliha. Навреме треба да престанеш со тоа, додека не станало посериозно. Како што пишала Жапче, има куп начини за слабеење - безбедни. Слабеењето може да биде здраво, со правилна исхрана и вежби што секако му одговараат на организмот, а начинот што си го избрала ти не му одговара, болест е... На нет имаш секакви информации, и психолошки совети за справување со булимија, а секако и разни здрави диети и вежби. И немој уште еднаш да се присилуваш да повраќаш! Здравјето ти е во прашање, за тоа секогаш вреди и треба да се бориш.
Здраво девојки ) Одамна се мислев да напишам некаде за оваа тема. Барав по форумов, но не најдов нешто што е конкретно за ова. Па вака, јас не сум зборувала со никого за ова, се' уште не сум до тој степен каде би можела да разговарам со некого па се решив да видам дали овде би имало некој со кој може да споделам нешто и да си помогнеме заеднички. Знам дека ова е на еден начин табу тема и не се зборува кај нас и искрено и мене ми е тешко да зборувам, но се осеќам дека веќе не можам нормално да функционирам и ми е потребна помош. Веќе неколку години, интензивно пола година - година имам проблем со булимија. Се сеќавам на почетокот кога првпат почнав, не го сфаќав толку сериозно и не беше интензивно, но последнава година скоро секој ден имам проблем со исхраната. Воглавно се прејадувам и потоа тоа го повратувам, на еден начин осеќам вишок кога имам малку повеќе храна во мене и не можам да издржам во таа состојба. Доста сум свесна за себе, знам дека имам проблем со мојот изглед, отсекогаш сум имала и сега сум во ред и со тежина и се' некое време, благодарение на вежбање и работи, но но на некое најдлабоко писхолошко ниво мојот проблем не е решен и го знам тоа. Исто така и мојот однос со храната е доста комплициран и сакам да почнам да се чистам од овие работи, едноставно ми смета многу во секојдневниот живот, а немам доволно самоконтрола и не зборувам со никого за ова и мислам дека ако веќе почнам да зборувам дека полека ќе почнам да се ослободувам од ова. Знам дека најдобро би било да се отворам на најблсиките и да побарам помош од психијатар/психолог, но засега би почнала вака, па за понатаму ќе размислам. Бев на психијатар пред некоја година, но проблемов не беше толку присутен тогаш, а и финансиски ми е малку проблем. Во секој случај, се надевам дека доколку некој поминува или поминал низ нешто слично нема да се мисли да пиши овде, зашто мислам дека е потребно да се зборува за ова и да се превземат повеќе работи бидејќи често сум се осеќала бспомошно во оваа ситуација и не сакам никого да мора да поминува низ ова. Модератор: споена дупла тема
Девојки, булимична сум подолго време, и тоа го сфатив со еден состав кој го пишував во 3 часот добро невермајнд. Почнав да повраќам пред неколку дена и бидеќи неможев со два прсти пробав со четка за заби. Повраќав у шоља и кога подоцна ја плакнев устата ми дојде нагон и што да видам парчиња крв. Дали е нормално, дали е од четката или е нешто трето? Ви благодарам однапред
Најверојатно е од четка, ми се има случувано, јас само со четка повраќам. Инаку ако ти треба поддршка за прекинување или споедлување на мисли, можеш да ми пишиш. Јас се приклучив на форумов со надеж дека ќе пронајдам некого со кого можам да разговарам и ќе ме разбере, пробувам да прекинам, но тешко е кога си сам со себе во ова.
Девојки да прашам, кога поврајќаме (во овој случај на сила) дали ја повраќаме храната од желудникот или од цревата?