1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг во училиштата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 13 февруари 2020.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.945
    Пол:
    Женски
    Затоа што немаме никаков филтер кој све смее да работи со деца. Ќе си тргнам од себе, јас имам многу мала толеранција, ниту ме бива за пристап со дете, ниту пак имам дарба да комуницирам со нив, ниту пак сакам искрено. И секогаш тоа го кажувам на глас, подобро да не работам со деца, отколку заради мојата неспособност некое дете да почне да се мрази себеси.

    Работата со деца според мене е една од најтешките. Треба посебна уметност да можеш да се носиш со предизвиците на таа работа, посебна евалуација дали те бива за тоа. Кога ќе поминат низ тој тест, тогаш да се пуштат да работат.

    Срамота е ова да се случи, бедно, жално. Тажно. И колку и да кријат вестите, се се дознава.
     
    На spacegirl92, Lilit, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    @Ketchup Се согласувам од збор до збор со тебе. И нас со креди не гаѓаа може истото школо е е во основно и шамари. А до 4то одделение со шарено стапче по прсти и за коси не кубеа или за уши не тегнеа. Во средно вербални расправии од живчани професорки кои не беа во право. Со недели не одев во школо, одев на матична земав оправдување дека сум болна, матичната без проблем ми даваше, од школо не знам дали се запрашале кај сум ама дома се немаа јавено. Ми се плачеше кога требаше во школо да одам. Дипломата од средно ја фрлив и сега во странство кога потполнувам пишувам дека само основно имам завршено, до толку ми било тешко во средно што не сакав ни дипломата да си ја гледам.

    2023 е на прагот, мислите дека ќе се промени нешто некогаш? Или и идните генерации ќе го прават истиот муабет и за 10-20-30 години?

    Нема ли родители на форумов чии деца одат во Корчагин?

    Кај се тие родители што им облекуваат марка на децата за прв училишен ден и што ги праќаат од дома во школо спремни за булинг?

    Кога бевме Мк и викам на едно да се тргне од лизгалка за да може децата да се пуштат и ми вика Ти знаеш мене кој ми е татко? Од дома ги учат, нема ли такви родители на форумов? Да кажат зошто така ги учат? Да споделат како ги учат од дома? Да споделат како се чувствуваат што нивните деца уништуваат денови и животи на други деца?
     
    На MeowMeow, Lianna Anna, _beautyy_ и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Ако збориме реално за булинг , 90% од булингот е зашто некое дете е "чудно", т.е не се вклопува во средината баш најдобро, срамежливо или едноставно прави работи кои не се најприфатени од оние кои се попопуларни. До сега ни еднаш немам видено директен булинг врз основа на материјални разлики, а учев со деца кои имаа пари. Секако, тие си се делеа, ама тоа е нормално во школо, сите си наоѓаме група која ни одговара.

    Многу е лесна формулата за булинг. Еден ќе почне, другите се придружуваат затоа што го гледаат тоа како забава и онака заебанција на одмор. Да бидам искрена и јас сум се фатила како учествувам во овие одвратни "шали" ама менталитетот во школо е или придружи им се или ќе се свртат против тебе, така некако. Плус тогаш гледавме многу понаивно на тоа, моето разбирање за булинг е премногу сменето. За жал многумина остануваат со тој менталитет што го имаат во средно и после тоа си продолжуваат да си ја шират истата токсичност и на факултет, работа итн.

    Така да тие "знаеш кој ми е татко" и "знаеш кој сум јас" во реален живот се многу поретки, најголем дел од булингот во школо е посуптилен и е заради нечија поразличност во карактер и однесување, а го прават деца и од побогати и посиромашни позадини.
     
    Последна измена: 3 септември 2022
    На teddybear3, KateKane, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Му се смееле на детето дека родителите му биле постари и дека биле посиромашни. Корчагин ти е училиште на мамини и татини синови и ќерки таму учат тие " битните". На стара слава уште турка све размазено, распиздено наркоманчиња дебилни. Порано беше добро училиште и примаа само деца одлични сега се со врски фатени од буџите.
     
    На teddybear3, Tanjamm, _beautyy_ и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    има закони, само никој не ги поштова.
    Одма сите врски фаќат.
    Шшшшш...
    Не 'таласај'
     
    На _beautyy_, Осе и VDT2906 им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Нема ништо да превземат како и за се што се случуваше последниве години...Плус таму учат и деца на политичари, пратеници, бизнисмени....све е јасно од старт за жал.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Сите ќутат, не само родители кои се на 'високи позиции'.
    Нигде не сум видела организирано бунење за некој проблем.

    Само индивдуално со: “Шушуру-бушуру“

    *И не е само последниве години.
    Отсекогаш е така.
    Македонија е со исти 'вредности' како првиот ден кога се отцепивме од СФРЈ
     
    На Осе и VDT2906 им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.698
    Пол:
    Женски
    Во коментари на фејс кај Мирослава Симоновска детално ги опишуваат методите на професоркиве од Корчагин .
    Значи не се токму со паметот.
    Ова вака не смее да остане и не смее да се молчи.
     
    На teddybear3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Што кажав поназад, кај нас многу несериозно се сфаќа булинг и било какво насилство врз дете.
    Чим е сосем нормално да си го млатиш детето, автоматски и наставникот си дава за право да се изживува врз ученик.
    Наставнициве на форумот тогаш за бојкотот се затепаа колку биле угнетени а не си ја сфаќаат привилегијата што ја имаат врз послабите.

    А и психолог и педагог во школо никогаш ништо не ми значеле. Секогаш служеле само за некои глупи административни работи, а и да сакаш да се пожалиш, нема шанси да застане на твоја страна
     
    На Angie1432 и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  10. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.852
    Зошто темава ја полните со офф тропици?:?:
    Кога сметам дека има посоодветна тема како Булинг во училиштата, која го опфаќа врсничкиот булинг и булингот од стана на професорите.
     
    На Осе и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  11. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Како помирна и јас бев жртва на булинг од соученички вербален, се додека не покажав заби да ги отерам кај што им е местото. Немало физички напад, само вербално, одвратни деца постојат, се чудев како може да се толку злобни како мали. Најмирните и најтивките се жртви на булинг, ништо не им правев за да ме закачаат. Мизерни луѓе, сега ми е смешно кога ме бараат за некаква услуга, брзо забораваат на времето што било.
     
    На Цвет88, KikiBee и elimkd им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Ве молам не бидете лицемерни затоа што добар дел од членките тука се дел од проблемот.
    Како?
    Сега ќе ви кажам како.
    Со пласирање на дискутабилни вредности кога нив им е од интерес, а згадени се од вакви дегутантни појави.
    Се почнува од дома.
    Со поттикнување на мегаломански вредности кон материјални работи, со лечење на сопствените фрустрации и комплекси преку децата на многу површни начини. И сето тоа помимува низ моментот - нивни пари, им се може. А при тоа, имаш и моменти каде децата слушаат "мудрости" од родителите и попримаат. Скоро бев сведок на блиска личност дека детето и се посељачило зошто се дружело со децата од приградска населба додека било на поседок, истото тоа дете е "одгледано" со работи кои не му требаат, но на мајката и требаат, реално и требаат неа за да се осети ко оние што ги следи на инста.
    И така почнува се!
    Како по калап вадени се ваквите патологии. Се додека судбината не си поигра и нивното дете не може да се носи со реалноста или не дај боже да стане жртва на булинг.
    Децата се немилосрдни и одлика на своите родители и нивните вредности.
    За ова треба да одговараат деца со се родители.
    Мислам што очекуваме од генерации кои ги одгледуваат изботоксирани, преиспобоцкани будали кои се инспирирани од инфлуенсери и брза мода, кои бркаат статус и имаат по факинг 30-40 години и се толку незрели и немаат содржински исполнет живот?
    А и професорите се истите тие будали, само со уште поголем комплекс на супериорност. Еј, од авторитети такви глупости да доаѓаат кои рануваат млада психа?! Лудило.
    Ние сме нација каде што личниот развој на последно ниво, додека статусот и парите се на прво место.
    Па ќе споделуваат пред школската година статуси како родителите треба да разговараат со своите деца пред почетокот на школската година за да прифаќаат различности, а тие самите, возрасни се булис и мобингубачи. Го сподели една бивша колешка, столб на раздорот во возрасниот свет, мизерија во раскош. Паднав во искушение да и пишам не ти е срам лицемеру низаеден? Ама ...ај!
    Прво треба да се прашаме себе си кои сме, па да се ставиме во туѓата кожа, па пак да се прашаме кои сме. Емпатијата и сочувствието ни се на најниско ниво. И не се однесува само кога децата се во прашање, прво вк возрасниот свет треба да се запрашаме, па потоа да го пренесеме на работа. Колку сме добри ние самите со нашата околина? Е после се друго.
    Тешко на тие родители...
    А сите ние останати, малку да ставиме прст на чело. Може да биде сечие дете. Со динамиката на воспитување во нашето општество угледано на богатите општества каде нормално е дете да има ајфон, не е луксуз и роденденска забава ко на Тру Кардашијан, судирот со реалноста на децата е потешка од согледувањето на искомплексираните родители.
     
    На azelea, Bezimenka90, Ugly Duckling и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Абе лесно е да се каже ,,и ние имавме лоши оценки, ама не се самоубивавме". Многу површен пристап е тоа. Не се стигнува туку така до таа состојба, има еден куп фактори, а школото е меѓу најбитните, ако не и најбитен, одма до семејните односи.

    По мене си знам, најниската точка во животот во поглед на ментално здравје ми беше токму тие неколку месеци кога професорите решија психички да ме малтретираат. Ама цел пакет значи. Ми намалуваа оценки на сила, на смешни начини, од чист инает, дури отворено им кажуваа на другите професори. Едниот ми одржа однапред спремен монолог после часови, со ментални манипулации, со трикови, со сè... Ми даде да спремам огромна презентација една недела пред меѓународен натпревар, губев време, ја спремив тип топ, и денот кога требаше да презентирам, ме изигнорира и само ми кажа довидување. Silent treatment со месеци ми правеа.

    Првиот паничен напад во животот ми беше во вецето во школо поради нив. Знаеја сите професори, кажував и по директорки и сè тоа, и моите одеа. Немаше некој ефект, барем не инстантен, и не некој што ми помогна или барем да ми даде до знаење дека има некој што стои зад мене во тоа школо. После се среди зашто веќе не ми предаваа, ама тие неколку месеци што не ми се стануваше од кревет поради нив отидоа у курац. Затоа верувам дека е многу возможно на некој баш вакви банални школски глупости ко оценки и психички пореметени професори да му бидат тригер за депресија и самоубиствени мисли. Не е воопшто чудно, особено на таа возраст.

    Тогаш и различно ја восприемав цела ситуација. Ми изгледаше како да е некоја си борба за доминација меѓу equals во која губам. Од денешен аспект сфаќам дека се работело за 50 годишни мажи со неразрешени психички проблеми кои се докажуваа со 16 годишно дете. Скроз налудничава работа. Ама тогаш ми го имаше преокупирано цел живот и го восприемав ко крај на свет. Така што да, вакви училишни проблеми се многу сериозни, а воопшто не се обрнува внимание на нив. И да се обрнува, не е доволно, треба детето да се осеќа заштитено барем од некоја страна. А кај нас од една страна се опкружени со стигма за ментално здравје од фамилијата, а од друга со неспособни психолози испобутани по школите.

    Може овој конкретен случај не е баш таков, ама во секој случај вреди да се збори за целокупната слика на менталното здравје кај учениците и зошто никој ништо не презема во врска со тоа.
     
    На Bezimenka90, smooch, Salome и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Детето не се самоубило од оценките. Комбинирано било. Булинг со притисок од професорите.
    Така е кога живееме во време на луѓе кои одгледуваат деца кои мислат дека кога одат ко господ да поминува, а не е само уште еден мал посерко со глупи родители кои не знаеле да го воспитаат затоа што и самите се занимаваат со површни срања.
    Да знам дека моето дете било дел од проблемот за да дојде до ова... па бога ми нема да бидам нежна - ќе го пратам на терапија да видам што социопат сум одгледала, а и самата исто ќе побарам стручна помош.
     
    На teddybear3, Bezimenka90, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Опис и попис во Корчагин:
    1. Дотична госпоѓа, иако многу фина на прв поглед, знае да биде многу незгодна особено додека не дознае кои родители се ,,поимаштливи". Кога испрашува секогаш го користи таканареченото меѓу учениците ,,столче на срамот". Оди по дневник и секое дете го тегне на сред училница, го седнува на столче и почнува да го испрашува додека сите други гледаат. Му остава буквално една секунда да почне да зборува, инаку го прекинува во мислење и му кажува дека не знае и почнува вреѓањето како може јазик што го зборува цел свет да не го знаеш. И ред други работи ќе ти изнакаже и божем изнервирана ќе ти стави кец. Сето тоа е од причини што си организира елитни екскурзии по Европа и учениците знаејќи каква е, без никој да ги тера, уплаќаат да одат на екскурзија. Ем ќе се прошетаат, ем ќе се спасат од малтретирање. Истата таа на екскурзии ветува дека нема да имаат проблем и кај другите професори велејќи им ,,не се секирај само кажи и на тичр и тичр ќе среди".

    2. Професорка која на сред час на своите ученици им кажува да умрат. Читала прашања од тестови што ќе ги дала и земале децата да ги запишуваат. Ги приметила и почнала да урла и епилогот бил ,,епа умрете не ви ги кажувам прашањата. Истата таа генерациски вреѓа, кажувајќи им на учениците дека за неа се ,,како вечерно школо во Димитар Влахов". За цели класови се има обраќано дека се глупи како да доаѓаат од Сопиште. Фаворизирање на максимум 20 ученици од цела генерација од 250.

    3. Професорка која има обичај, секоја година, секоја генерација, поединечно секој посебно без исклучок да го прашува каде и што работат неговите. Истата ги има ставовите:Грев е да се посвојува дете, грев е да си во брак а да немаш деца, секој што стапил во брак треба да има минимум 2 деца. Геј браковите се грев. Атеизмот е грев.

    4. Професорка која ,,на зезанција" им раскажува на учениците дека друга професорка им ставила единици на цел клас и некој ученик застанал на прозор од училницата и и рекол на професорката дека ако не поправи ќе скокне. И се собрале сите да го убедуваат дека ќе поправи.

    Ќе се пронајдете, аристократки!

    Превземено од Мирослава Симоновска
     
    На _beautyy_, нина122 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Ова е кривично дело член 128 од кривичниот законик.
    Може да се бара одговорност од учениците по став 1 од училиштето и професорите по став 4.
     
    На Lianna Anna, Tanjamm, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Нека го носат на душа сите инволвирани, најголема казна ќе им биде, ако имаат некаква.
     
    На Tanjamm и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  18. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Кога учениците ќе се спротистават се казнуваат со ригорозни мерки, веднаш давење од страна на другите професори зашто "дотичните" кажуваат друга приказна во канцеларија.

    Криво ми е што не бев малку повеќе 'некултурна' и 'строга' во училиште, и кога ме навредуваа молчев. Да ми е овој памет и те како би се расправала за своите ставови.

    За професорката дно, моментално отказ и казна, а сега сите нека го носат на душа.
     
    На buba4e89 и Осе им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ги има со име и презиме сите до еден, на постот кај женава.
    Професорката по англиски број 1 им кажувала да и носат поклони,цвеќиња и да идат на екскурзија ако сакаат да имаат висока оценка кој нема да го испоштува барањето ќе имал низок просек.
    :headbang::drunk::headbang:

    Втората била атеист им зборела дека е грев да си геј и дека требало сите да раѓаат или да не раѓаат по 20 деца.

    Се прашувам дали ова се професори или?
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Женски
    За Леонора ли се работи?