Ме занима која е поентата на ваквите серии? Прееска слушам еден се дере,тепа се живо пред себе.Дома сите плачат,мајката се теши демек не е ништо тоа што ја ударил .Кога ќе се искоренат овие сериишта,место да мрднеме од место,ние се враќаме векови наназад.Се претставува мажот како супериорен,како дига раце на жена,како цела фамилија трпи.Мислам побогу,како не ви се гади да гледате.Па уште кога ќе слушнам како со ма и мури се обраќаат.
Не планирав да ја гледам оваа серија,но ете кога имам повеќе слободно време и нема друго поинтересно на тв ја загледав. Денешнава епизода и мене ме расплака...ццц каков е тој значи треба да го обесат. Малечкото душиче уште од мало пати...а колку е само убаво и мило.
И јас истото се прашувам, навистина ова се уназадени серии од кои не можеш не само да мрднеш понатака, туку и немаат никаква поента, губење време. Една да се види е добро како нешто поразлично и навистина мислев дека само на една ќе се остане, ама од Шехерезад навака милион дојдоа.
Нема да дискутирам што е поентата или што не е , серијата е преубава но премногу тажна . Единствена серија која почнав да ја гледам и тоа само заради малиот Осман. Нема помило и поубаво детенце... Серијата крие огромна порака и според мене не е од типот на оние богаташски семејства каде секогаш има некој негативен кој убива и што не па не го фаќаат па незнам како ќе го снема па ќе дојде па брат му па ќе се одмаздува.... и ајде да не правам сега шпански драми . Јас ќе си ја гледам...
Па што да правам кога си знам турски па си гледам на нет, а и има сега со српски превод, погоре казав каде мозе да ја гледате. Јас сум до 11 та епизода (оригинал) па еве малку што ќе се случи. Спојлер Осман ќе се разболи и Али ќе го гризе совест. На пристаништето ќе дојде Џемиле да разговараат и во исто време ќе се избаци курвата ( извинете ама не можам со друг назив да ја ослован ОДВРАТНА МИ Е) и ќе ја понижи Џемиле. На Џемиле ќе и се стемни и со нож ќе ја прободи во стомак. Курвата ќе ја условува Џемиле да даде развод ако сака оваа да каже дека било несреќа ако сака да излезе од затвор. Во меѓувреме Али ја носи дома курвата а ги брка децата на улица. Одат кај чичкото ама и таму настанува кавга кога Ајлин ќе побара помош од Сонер за мајка и која е напдната во затворот, и децата со бабата одат кај една сосетка која ги прима дома. Џемиле излегува од затвор, курвата и Али се селат кај братот на али и прават веридба . Дента кога треба да биде разводот Али доживува инфаркт и во болница ја бара Џемиле да му прости. Курвата добива повик од Холандија и оди таму и го остава Али сам. Тука се појаснува дека курвичето е уствари со гадно минато и бега од некого. Џемиле го прибира дома, но Мете се кара со него. Барин ќе дознае дека Ахмет е женет за арапка, Хакан ја сака и ќе го предаде Ахмет на полицијата. Мете ќе се заљуби во Инџи професорката по музичко не знаејки дека е мажена. Ајлин се гледа со Сонер. Толку за сега. Инаку Blackswan5 сериите си се добри ама ги уништија синхронизирани што ги даваат. Никаде во оригиналното нема ма, мури и таков начин на зборување. Нашиве ги упропастија. А за тоа каква порака носат и што прават е па не дека ги бранам , побогу не глумам или ги снимам серииве, ама сосема се различни од американските каде се е убаво спаковано, нашминкано и со лажен морал. Шпанските па имаш едно сценарио, една преубава, ама лоша женска и една симпатична ама добра до граница на глупава девојка се борат за љубовта на еден просечно паметен ама неверојатен згоден дечко.Па затвор па киднапирање на дете и секогаш оваа добрава Господ ќе им плати Така да кој што сака нека си гледа, негово право. Мене ми се доаѓа серијава. Освен оваа и Величенствениот не гледам други.
^^ Нена фала многу за извештајот Дефинитиввно тој идиотот, простакот и лиглото што го имаат од татко уште повеќе ќе го мразам, како може бе да им го направи тоа на своите деца ?! Ало бе идиоте тоа ти се деца не стока еееееј ! Мене ме интересира ако онаа холандската курва му роди деца дали така ќе се однесува со нив ?! ИДИОТ, ПРОСТАК, ЛИГЛО ... ГО МРАЗАМ БЕ !!! А серијава инаку си ја гледам ради Мете и овие другите срцки Спојлер
Toa детенцето е ептен слаткичкооо Aма многу, чим јас велам дека е слатко- тогаш така е, ретко велам за деца дека се слатки Hего оваа со кикиве, сестрава што е, малата, ептен курвинска фацка ми има бреее Kо од порно филм со студентки-тинејџерки ми е, не знам зашто така
Хахаххаа како да не...уште ова турско СРАЊЕ да го гледам... Веќе стварно претераа со турско!!! Да заврше ова сурвувор па после дома забранувам да се гледа тој потурчен канал.
Прееска гледав две епизоди од серијава и не можам да го поднесам тој психопатот што се дере и тепа. Одвратен е. Многу напнува серијава а и ме потсеќа на моменти на семејството на вујко ми. Не, не можам да гледам.
За тоа криви се кај нас шо ги цепкаат епизодите на десет епизодичиња Инаку многу добра серија...ретко после лисјата некоја др турска серија да ме има волку привлечено. Реална, пред се` - мртви не оживуваат, слепи не прогледуваат, типично семејство во кое мажот е подолго време отсутен. Омилен лик - Берин, ме потсеќа на мене во еден период од животот. А Осман е посебно срце... Ќе се гледа
Овој глумецов и со ликот Галиб во Солзи на есента не ми беше нешто, а сега уште повеќе ми се зацврсти мислењето за него. Ич не ми се допаѓа! Многу ми е одбивен.
Ме иритира,леле па како му ги даваат улогиве,човеков во приватен живот можеби си е добар,ама улогите му се катастрофа,изгледа ќе да е до режисерот,или само така знае да глуми. Барем швалерките да му беа убави.
Абе има луѓе кои едноставно немаат мила ѕвезда и се антипатични а тоа мн често нема врска со нивниот карактер.
Викаш? serii-i-emisii/poinakvi-vreminja-geni-zamanlar-t4901/ serii-i-emisii/kade-e-kerka-mi-kanal-5-t9035/ serii-i-emisii/koga-lisjata-pagaat-yaprak-dokumu-t2945/ serii-i-emisii/imotot-na-damata-hanimin-ciftligi-t3919/ Тогаш некој дух морал да ги има отворено темиве преку твој акаунт
Мене па актерот кој ги глуми Али или Галип ми е навистина шармантен, баш привлечен. А за серијава, навистина интересна но и тажна. Осман е права душичка а омилен лик ми е Мете.