луѓе имам стварно голем проблем,косата ми е негде до раменици,црна ми е природна боја не планирам да се фарбам,имам 14 години.. сега скоро се шишав и се беше супер после фризер испеглана ваму таму.. и пред тоа и после фризер од кога ја избањав косата ми станува како на був,голема..а немам расцветани краеви,и многу ми е грда така,кажете што да направам,редовно се шишам,а природна не ми е виткана,ниту пак пробувам да ја виткам или да ја пеглам..едноставно таква ми е! имам секакви шампони пробувано.
И јас сум истата...Нити ми е виткава нити права абе како лавче сум во главата,да ја пеглам секој ден ќе ја оштетам,а и со фен се оштетува.Така да не ни преостанува ништо друго освен да си ја сакаме или секој ден нешто да ја пегламе...Мислам дека првата опција е подобра
И ја сум лав во косата,и стварно глупо изгледам :С неможам да си ја сакам,би се шишала келава жими све не си ја поднесувам грдава коса имам многу ниско нивно на самодоверба,никој не ме сака поради неа
Скорос го разбирам проблемот виткано-права коса- секое влакно своја политика... Мајката му е сушење со дифузер- надолу главата ја стискаш мократа коса со дланка од врв до корен и ја сместуваш во дифузерот (фенот мора да е пуштен на најјако дување за да се пропадне некое влакно (или прамен) внатре па да се чудиш ко јас ) . Кога косата е скоро сува така наведната ја прскаш само два три пати со лак ама баш од далеку и ја исправуваш главата- подобра фризура од тебе нема никој Исто така, помагаат и маски за коса кои не се одмиваат, по капење и пред сушење- на пример Фруктис оти е многу блага и топ за пролет и лето заради овошните компоненти.
и мене ми беше многу бушава.... прво од ко ќе ја имијав ја сушев и ја носев во коњско опавче и после ја пушта по еден ден и баш си беше супер сега кога сакам да ја носам пуштена косата а сум многу бушава ставам крем за лице на рацете и полека ја расчешлувам косата со нив мене многу ми помогна и ми ја зацврсти косата, но има една лоша работа што брзо мрси а инаку за ден-два е супер
Леле,еве сега последниве недели почнав после бањање од кога ќе ја исушам,си врзувам две плетенки и ги прскам со лак,ама ништо..две три праменчиња ми се виткаат и пак сум бушава! ЗНАЧИ ИМАМ МНОГУ КОМПЛИЦИРАНА КОСА!
Еве ваква ми е косата: http://blog.ivman.com/wp-content/Frizzy ... airDay.jpg не сум јас тоа на сликата ама таква ми е косата,само многу темна.. неможам ни да ја фенирам ни да ја пеглам,многу се оштетува ,а никогаш се немам офарбано,редовно се шишам.. значи пред недела дена се шишав 10 цм,што значи косата ми е до уши,еве,денес се измив и пак ко був косата.МЕТЛИЧКА -.-
И на мене ми е таква косата.Ништо страшно,не се секирај.После бањање и мене ми е таква како грива на лав,но не ми претставува некој голем проблем,најчесто ја фаќам во репче или пунџа.
јас кога ќе се видам таква во огледало се смејам епетен ќе ми се разлета и интересна ми е иако не сакам со таква коса да излегувам па знам да ја фатам со шнола или најчесто кога ја сушам косата ја чешлам,наизменично го правам тоа,ја сушам и ја чешлам и после ми е како права..пробај
Абе ни се расипа стариов фен и сега јок дифузер. Некоја замена за дифузер? Овој сегашниов фен е многу добар, преку комшијата го порачавме кој е фризер. Ама сега немам дифузер и сакам да си ја виткам косава за летово и пролетта. Несакам виткана туку накршена. Да најдам слика ќе редактирам и ќе ви пратам да видите на што мислам. Оти ваква косава на ништо не ми личи. И ја исправам и после утредента виткана ми е, а недај боже влажно да биде времето.
ја правам бушава со најситни плетенчиња што може и кога кје ја расплетам ко трофазна да ме удрила сум.
е јас каков проблем си имам.. порано ја пеглав и си ја испогорев, сеа не сум пипнала пегла 7-8 месеци.. ама уште ми е изгорена.. е сеа, мене горе ми е поправа, а доле ми е виткана, во локни.. многу се нервирам, барем да ми беше цела права или цела виткана.....
Истиот проблем. Инаку јас имам 13 години и имам многу бујна виткана коса но несакам многу виткана затоа што ми е 5 cm под рамена и ми е на степени стрижена и кога ќе ми е виткана ми е мн. кратка. И затоа ја растргувам со прсти и ја оставам да ми се исуши сама но истиот проблем-КОСА КАКО НА ЛАВ -.-'
мене должината на косата ми е малку подоле од рамената. па сега замислете кога ќе ми се извитка, до каде ми доаѓа..