Користи ли некој вакви апчиња? Ми кажаа дека биле добри за стрес и кршливи нокти(мене баш и затоа ми се потребни),и дека не биле штетни. Сакам да почнам да ги пијам,бидејќи сум многу нервозна. Па кажете ако ги користете,и дали се корисни. Фала П.С ако има ваква тема,слободно бришете ја
Витамини се. Можеш слободно да ги пиеш, ќе те смират во стресни и нервозни ситуации. Е сега Б6 се добри исто се витамини, само што овие Б-комплекс ќе ти отворат апетит.
Јас од овие таблети се здебелив кога ги пиев пред две години.. Апетитот ми се зголеми, почнав да јадам дупло од тоа што го јадев претходно, 4 кила накачив.. И уште не можам апетитот да си го вратам во нормала.. Не би ти ги препорачала
Б-комплексот е група од 10 витамини и се препорачува кај луѓе кои имаат проблеми со кршливи нокти, сува кожа исто и со опаѓање на косата, е сега го зголемуваат и апетитот, па можно е да се качи и некое килце Од цела група на Б витамини најважен за работата на мозокот и централниот нервен систем е витаминот Б6. Не се штетни, така да можеш да ги употребуваш при стресни ситуации. позз
јас почнав да пијам б-комплекс пред 4 години ги пијев постојано некое време ќе прекинев па повторно почнував зошто имав многу стресни ситуации матичниот ми велеше да ги пијам зошто не се штетни и зошто сум бев многу слаба и немам апетит..ете кај мене не деловаше апетитот остана ист а имам иста килажа за жал ..а во повеќе стресни ситуации си земав Б6 и навистина ми помагаа
Јас исто ги зимам пред испити, пред да добијам исто многу ми помагаат ме смируваат, а на апетитот воопшто не ми влијаат исто јадам со години ја имам истата килажа
Мене многу ми се кршат ноктите, па затоа сакам да почнам да ги пијам. Оние кои ги пијат по колку пијат во ден и дали се пијаат пред или после јадење?
Јас планирам да почнам да пијам Б6 витамински апчиња поради стрес и поради опаѓањето на косата и се надевам дека многу ќе ми помогнат бидејќи порано повремено ми ги препорачуваа поради недостаток на Б6 витаминот,а сега имам потреба за него поради стресот и опаѓањето на косата.А,во врска со прашањето од феминката претходно на колку часа се пијат и дали се пијат пред или по јадење јас мислам дека во кутивчето внатре има упатство за употреба до коешто треба да се придржуваме за да апчињата имаат резултати.
јас користам ми помагаат да се смирам кога ќе сум нервозна и те опуштаат како да те заспиваат малку.. имам чуено дека се добри за ноктите и за косата многу .. мислам Б витамин е се подразбира .. можеш и секој ден да ги пиеш немаш гајле мене онака ме опуштаат добро иначе за нервоза апчиња би препорачала Б6 тие се појаки од Б- комплекс
Пијам Б комплекс некои 2 ипол месеци. Качив 5 кила! Знам дека зголемува апетит, и баш затоа внимавам многу колку јадам и јадам идентично како и претходно. И физичката активност/неактивност ми е иста. Се прашувам, дали навистина е можно заради витаминиве да се килограмиве... Но нема што друго, немам сменето ништо друго во навиките...
Дали некој има користено Магнезан Б6 и како сте задоволни од производот?После колку време со користење на таблетите се осеќа подобрување (опуштање на организмот)?
Јас употребував магнезиум шумливи таблети и Б 6, само пооделно( валјда за иста терапија се работи), не осетив некое подобрување, а можеби и ќе излажам. На моменти се чувствувам подобро, а за што точно се работи, ако кажам можеби ќе излажам.
DR. VITON – МАГНЕЗАН-Б6 Помага при нервоза, раздразливост, блага анксиозност, нарушен сон и грчеви во мускулите. Ја подобрува работата на нервниот систем, срцето и мусклите. Го намалува стресот. Витаминот Б6 ја забрзува абсорпцијата на Магнезиумот за 40%.(па за тоа дали се ефикасни ме интересира ако некој ги има користено да даде свое мислење за ефикасноста)
Јaс ги имaм пиенo. Дoбри се, имaaт ефект, бaрем кaј мене зa крaткo време се примети. Ги пијaм и сегa вo бременoст, еднaш дневнo, плус редoвнaтa дoзa мaгнезиум штo си јa земaм. Ми пoмaгaaт прoтив грчеви и ствaрнo ме oпуштaaт.