1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ - Што направиле во изминативе 9 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Orianna, 15 февруари 2015.

?

Дали живееме под диктатура со сегашната власт ?

  1. Дa

    140 глас(а)
    76,5%
  2. Нe

    43 глас(а)
    23,5%
  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Да, ке гласам за оваа влада, иако имаат триста мани, иако не се согласувам и не ме бендисуваат многу нивни постапки, пак ке го одберам единственото зракче на светлина во темннината што ја донесоа и едната и другата партија.
     
  2. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Добро ако ништо друго барем јавно си призна дека подрржуваш убијци и криминалци. Браво.
     
    На biGirl, cresa-jagoda и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Која преходна влада пред 15 години ли ти текнува што правеле а сега што пред свои очи гледаш каква е сиромаштија тоа не го гледаш ? Дан имаш ти времеплов машина што те врака само пред 15 години и незнаеш што се случува сега ?
    Пак ке повторам на ваквите семејства треба ВЛАСТА, ИНСТИТУЦИИТЕ , да им помага и да ги решава , а не народот за хуманитарни цели да донира , тоа им е должност и затоа го постирав овде за да одговорам на темата што всушност направила оваа криминална власт ! На пр: Наместо да им дава на шител пари да тресат глупости дека Аеродромот Александар Велики е најубав на свет , тие пари да бидат наменети за вакви загрозени семејства ! А ти знаеш дека сум во право али сакаш да ја извртиш мојата поента , па кажуваш дека требало статијава да сум ја постирала во хуманитарни хахахаааа
    Изгледа не ти влегува во црпката и тотално си изгубена и незнаеш како ТИ да се извадиш и тропаш глупости , дај не се брукај више
     
    На cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Зш си вработен партиски војник , којзнае дали имаш оБразование па баш ти е галје што краделе битно ти е паричињата со нишај врата земај Плата да ти идат , ти е галје за што лугето немаат пари за леб , само ти гласај за нив и уживај си и баш те брига , али кога ке дојде сега Зајко ке биде што ке биде
     
    На wanderlust и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Ајде кажи што ке биде кога ке дојде тој твој непорочен и чист во душа, некриминалецот Зајко(кукурајко)?
    Ајде убеди ме со нешто за да гласам за него.
     
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Не бе душичко, грешиш. Никогаш поради политика и поради партија не би се тепала, убивала, коси туѓи чупала идр. ..само ме нервираат кога ке ме наречат партиски војник и др. Ниту партија ме запослила, ниту имам партиски книшка и затоа нечии инсинуации ме вадат од такт а нарочито од млади луѓе кои биле во татина муда кога јас сум се запослила.:beer::beer:чин чин:)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Па партиски војник си што се лутиш ?
    Ова намерно дека рече тоа те нервира:D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Секој има различно мислење ама не треба да си бодете очи. На некои лебот им го дава Вмро, па логично ќе бидам за него. Некои си имале амбиции и мислеле на време за иднината па се зачлениле порано. Има и такви што немале избор, не можеле да најдат работа, па виделе како функционираат работите и се зачлениле. А на кој не му треба пари? Сега има и такви што се целосно верни, ја гледаат реалната слика во државава, огорчени се, па чекаат подобро време или пак ќе се задоволат и со помалку ама нема да бидат потрчковци на Грујо. Општо целиот систем на образование е изместен, од тоа сум највише револтирана. Образованието е најважно за една држава па ќе се одрази во сите сегменти. Подледиците веќе се видливи. А пак инвестицииве многу вредат плата 10 000. Постојано се гради, не се диши.Ќе дадат еден прст цела рака ќе земат. Некако отрпнев од ситуацијава. Мислам дека толку се зацврстени, имаат толку големо гласачко тело што уште долго ќе владеат, а нас револтираните ни останува да одбереме дали ќе се помириме, избориме сами за себе, или пут под ноге.
     
    На cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Нема што да убедувам јас некого , ниту тебе би те убедувала да гласаш за Зајко , јаа си одговарам за мојот глас , ниту збирам гласови ниту ке збирам , ниту сум лижела гз ниту ке лижам , јас си имам свое јас што ти го немаш , бидејки тебе те тераат да гласаш да собираш гласови , и не лажи дека не си запослена од Гвујо , после толкавав криминал што има и уште лижиш ... Не се брукај више и не ми одговарај со прашање (ако не знаеш да одговораш на прашања не ни поставувај )
     
    На rose60, cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.
  10. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Па чекај сега, ти си гласала против една влада која крадела, а сега знаеш дека крадат ама.не гласаш против нив. Па тогаш зошто си гласала против тие што краделе? Не ми е јасно ова. :)
    За убедување треба сама да видиш, бидејќи овде остануваат млади да живеат, вие како постари треба да мислите на нив, на ваши деца/внуци и слично. Бидејќи викаш знаеш дека владава краде ама ќе ги гласаш, дали тоа значи дека не мислиш на иднината на своите деца и внуци? Дали мислиш само на себе?
    Тоа е тоа што треба да го сфати секој, дека треба да се направи колку толку подобар живот за тие што остануваат, а не да плаќаат долгови кои не ни знаат кога биле земени. Зошто твоите внуци да враќаат сегашни долгови? Тоа е тоа, тоа е убедувањето кој треба секој сам да си го каже и да се убеди. Нема ништо полошо од тоа да гледаш како ти пропаѓа семејството само затоа што државата нема што да му понуди, бидејќи се задолжувала до гуша и краделе, а тие што требале да ги бутнат викале дека знаат дека се крадело ама пак ќе ги гласаме.
    Добро еве јас ти се извинувам, можеби не си партиски војник ама твоето пишување е такво, значи браниш нешто што не е правилно, нешто заради кое ќе страдаат други. Можеби Зајко нема да краде, можеби не му е сеедно бидејќи знае дека пак ќе има протести ако проба нешто, Зајко како што го викаш не ни бил дел од криминалот на Бране мафијашот.
    Размисли си и ќе видиш дека не е се во тоа да се гласа за власта само затоа што се закануваат, тие нека се закануваат, тоа треба да ти е убедување да не ги гласаш. Нема да дојде Грујо да ти помогне дома ако не дај боже ти притреба. А во иднина на сите ќе ни треба, верувај.
     
    На rose60 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Навистина нема потреба јас и ти да дискутираме и да се закачкаме поради партии, јасно е дека сме две различни страни. Ќе причекаме избори и нека биде што ќе биде.
    Поздрав
     
  12. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Па добро ама ти и викаш на членката убеди ме, зошто таа да те убеди. Самата убеди се, штом знаеш дека крадат не е тешко. Секако ако стварно мислиш на иднината на младите. :)
     
    На rose60 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Да имаше она подржани аргументи и да знаеше поточно, ќе ги изнесеше, но се виде нејзиното незнаење воопшто за политика..немам повеќе што да ти кажам, со ништо не докажавте дека опозицијата ако дојде по втор пат ќе биде поуспешна во извршувањето на своите задачи, за подобрување на животниот стандард на народот идр.
     
  14. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Ништо? За тебе тоа што иднината ќе ти нема за леб е ништо. Е браво стварно. Опозицијата немало ама сегашниве ќе ја подобреле, а знаеме дека крадат. Зошто тогаш опозицијата добила казна во 2006? Зошто ги бутнавте од власт? Сега е истата ситуација различни се играчите во опозицијата само, и нивните политики. Не можат да крадат бидејќи народот ќе биде прегладнет, а таков народ е најлош.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    ШТОМ еднаш сме гласале за нив, па потоа сме биле против нив и сме ги смениле, повеќе не заслужуваат да дојдат, готово е, крај за нив..штета само што оваа држава нема други опции, но тоа е што е.
     
  16. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Па ете еднаш сте гласале за сегашниве, значи треба и еднаш да ги смените за да дојде трета опција. И сега имаш трета опција не е дека немаш, ама ај. Таа ти е онаа друга Вмро, на Љупчо. После ги имаш и тие други помали партии кои се заедно сега.
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    48.268
    Пол:
    Женски
    Вчера на канал5 кажаа 35.000 посетеност во Борис, а капацитет на салата 8.000
    Овци ли сме ние, се дрогирате ли бе вие кој е проблемот незнам?(wtf)
     
    На biGirl, theowndemon, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Направија.
    Ама за себе и своите фамилии и најблиски.
    За народот ќе видите што направиле после едно 10-тина години.Сето нивно творештво е со time lag...
     
    На biGirl, theowndemon, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Од комшии кај мене, сакале неќеле, заминаа вчера сите со сила (facepalm) пак почнаа заканите, пак овците заминаа со знамињата... Ја вработиле некаде да зема 200 евра плата, да стои по 10 саати на нозе, да има само еден ден слободен и баш тој ден наместо да се одмори таа мора да оди да вее знамиња.
    Што е најтрагично сите знаеме и гледаме дека се е под притисоци, под закани и пак си ќутиме, и пак ќе излеземе на гласање (facepalm)
    Наместо во затвор да ги земат сите што заслужиле, наместо да се спасиме од овие лудаци, ние пак истото и истото...
    Јас еве со живот гарантирам дека при олку закани со губење на работни места, пак ќе победи вмро... Нема потреба од избори.
     
    На rose60, anakonda88, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Се збуниле Канал5, сакале да кажат дека 35.000 ја напуштиле државава оваа година.
     
    На cresa-jagoda, referentka, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.