Бело прање jas kandidata ja izleciv so pomos na kantarion vaginaletkite 7dena so red...podmivanje so rastvor od mlecna kiselina vnatresno 2 pati na den 6 nedeli i terapija od Fluconazole 2 paketcinja po sema so mi ja kaza maticniot ginekolog. [mod-kirilica:1ix6d3q0][/mod-kirilica:1ix6d3q0]
Бело прање И девојки, читам дека многу од вас се замараат со тоа што имале бело прање. Мислам дека имам пишувано за тоа, пак ќе се повторам. Треба да сфатите дека белото прање е сосема нормална појава и е резултат на самочистење на вагината, а не значи дека секогаш е резултат на инфекција. Само кога е зголемена количината, згусната, со променета боја и мирис - тоа треба да ви укаже дека има нешто. А самото, нормално бело прање е без мирис, може понекогаш да има некој специфичен мирис (не мирисаме сите исто - тоа зависи од бактериската флора што ја имаме - различна е кај сите, како и од храната што ја внесуваме). Конзистенцијата му се менува. Веднаш по завршувањето на менструацијата е безбојно, помалку го има, за потоа да стане како белка од јаце и да се тегне и притоа е проѕирно. Пред да добиете го има повеќе, станува погусто, може да добие жолтеникава боја, ама сеуште е без некој посебен мирис (поточно го има вашиот карактеристичен мирис). Се надевам дека ви објаснив некои работи, и дека ќе ви биде полесно да сфатите дека некои работи кои што се случуваат со вашето тело се сосема нормални.
Бело прање Здраво на сите. Гледам добро сте запознаени со овие работи па да ве прашам. Последниве два месеци откако ќе ми заврши менструалниов циклус, после неколку дена одвреме навреме ми се појавуваат некои траги од крв, и бело прање со крв ама многу бледо. Некој ден ми минува, но потоа пак се појавуваат трагите. И тоа после 8-9 дена откако ке ми заврши менструацијата. Што може да биде?Вака два месеци. Никогаш претходно не ми се случило ова.
Бело прање Веројатно поради тоа што во тој период влегуваш во овулација. Кај некои жени во текот на овулацијата може да се јават неколку капки крв на гаќичките, ама штом велиш дека ти е ова од скоро, т.е веќе два месеци ти се повторува, можеш да прашаш гинеколог, чисто колку да исклучиш други можни причини.
Бело прање Normalno li e 2-3 dena pred i posle menstruacija da imas bledo-zoltenikav sekret, bez pecenje, bolka itn ?
Бело прање Се додека нема печење, болки, неподнослив мирис- се е во ред.... Бај д веј, користи кирилица
Бело прање Девојки сакам да прашам,гледам има слични прашања но сепак.Значи белото прање секогаш неколку дена пред да добијам (само тогаш) ми е мн густо и малку ја менува бојата.Мислите ли дека е некоја инфекција или таа промена е заради тоа што треба да добијам?...
Бело прање Тоа е нормална промена, токму заради тоа што треба да добиеш. Не е знак за инфекција, освен ако ептен нагло и драстично ја промени бојата и мирисот.
Бело прање А дали тоа што сум настината па ме болат јајниците може да има врска со промената на бојата и густината на белото прање?Ми е страв да не е некоја инфекција.А за кандидата гледам има доста постови па сакав да прашам,доколку е кандида нон стоп е "пореметено" со бојата,густината или мирисот или се повлекува па пак се појавува промена?Затоа што сега ке добијам па сакам да знам дали ако после добиеното се е во ред немам инфекција или сепак е можно да имам?
Бело прање Може да те болат јајниците при настинка, ама белото прање не се менува многу, обично е исто како пред менструација, и може да го има малку повеќе, ама не мора да значи. Затоплувај се и пиј течности, тоа ќе ти помогне при настинката. Ако е кандида, белото прање е буквално бело, излегуваат парчиња, со не толку непријатен мирис, кој сепак е поинаков од твојот нормален мирис. Се јавува изразено црвенило на кожата придружено со чешање кое не поминува. Ако е нормално белото прање после менструацијата и немаш други симптоми, веројатно немаш инфекција. Ама ако мислиш дека постои можност да имаш некаква инфекција, тогаш ќе си одиш на гинеколог
Бело прање Па и мирисот ми е малку сменет но сега како и да е неможам да одам на гинеколог ќе видам баш дали ке се промени ситуацијата после добивањето.А исто така прочитав дека може да се купи некоја крема или вагиналетки без рецепта за такви симптоми,смее ли на своја рака да се купи или?И фала за одговорите
Бело прање Може да купиш вагиналети Бетадине, ама тие се само за дезинфекција. Ако се сомневаш на кандидијаза, тогаш Канестен маст или вагиналети би ти помогнале. Ама ако навистина има нешто, а не знаеш што е, подобро да почекаш до прегледот. Инаку, белото прање може и малку појак мирис да има пред добивање, ама тоа зависи од вагиналната флора.
Бело прање Некој ден ми се мали траги, а друг ден малку повеке но ништо во голема количина.Дали може да е нешто сериозно? Од што може така да се крвари без причина? Дали да пробам да ставам камилица како што кажаа погоре во форумов или...навистина почнувам да се загрижувам да не е нешто сериозно?
Бело прање Девојко, не си малечка, отиди си на гинеколог, тој најдобро ќе ти каже.. Вака преку форуми да се информираш и сама да си експериментираш не би ти препорачала... Трк утре на лекар... + ќе ти олесни ...
Imam kako svetlo zoltenikavo belo pranje, ama voopsto ne e obilno, nema neprijaten miris, nema cesanje, peckanje...od sto moze taka? [mod-kirilica:mo0hwtnl][/mod-kirilica:mo0hwtnl]
Бело прање Изгледа мене пак ми се врати Сакав да прашам , дали може повторната појава на кандидата да е условена со некоја компликација од бубрезите? Прелада или нешто слично?
Бело прање Кога имунитетот се намалува, кандидата се активира. Инаку матичната ми рече дека како превентива кога сум на терапија со антибиотици да земам таблетки феме од аптеките на реплек.