калинааа не се секирај се ќе ти се среди,пиј чај од брусница и камилица -килограм вода и 10 кесички камилица бес шеќер ладен,јас се мачев 2 месеца и конечно денеска добив но мора да кажам пиев и капсули од брусница за инфекција на природна база се,потоа од кога ги испив после една недела цитерал си пиев 3 дена и ете денеска си добив и се е во ред поздрав
Бело прање Kако можела така да ти даде терапија, по симптомите претпоставувам дека не е ништо сериозно, ама нервира. Види направи пап и микробиолошки брисеви, по можност кај друг гинеколог.
фала најмногу...јас ја јадам онаа сува брусница ама од дамна не сум го пиела цајот, како и да е сега ќе го применам ова па се надевам дека ќе ми биде се ок
Бело прање femina90 и тоа како имаат врска бременоста и кандидата во најголем дел на случаи се јавува после 6 месец бременост тоа ми е кажано од матичните лекари 3 сум сменила сите тоа го кажале ама покрај бременоста тука е и нехигенските влошки ,крпи,алишта полни со бактерии ние жените треба добро да си ги отвориме очите инаку имав кандида и уште имам кога ми ја открија пред неполна година примав неколку вида на вагиналети кои ги земав приватно зш ги немасе на рецепт некаде околу 700 за пакет дадов и се беше ок додека ги користев 2 до 3 месеци подоцна ,немав потреба да ставам секојдневна влошка си бев сува долу абе пресреќна ама подоцна пак почна да ме чеша партнерот мој кога ке завршевме со односот беше облиен со бели грутчиња или како да ги наречам јас пукнав кога сватив дека пак се вратила ми беше мака остај што потрошив многу пари на лекарства таа не ичезнам и ете ме мене пак кај матичната и овој ми препиша дупла доза пред менструација Нистатин некои 15 таблетки има за врме на мензис капсули (7) Дифлуконазол после мензис 3 канестен и секако маст и канестен и една друга не и го памтам името ..овие ги зедов со рецепт заштедив ама да видиме дали ке помогнат чешање немам сега засега бело прање си има ама за една недела ке ви кажам дали конечно сум се ослободила од неа инаку добро е тоа да се одмиваш со камилица и лимонтус да зависи од храната јас на пример колку и да звучи смешно после секое јадење на сиренње долу копа мириса на сирење неподносливо и одма на миење ама тоа ми е сега затоа што ја лекувам таа пуста кандида си видов маки големи
Бело прање Мислењето е редактирано од МОДЕРАТОР: Ве молиме, не пишувајте две мислења едно по друго. Наместо тоа, користете ја опцијата „Редактирај“.
Бело прање Здраво девојки. Гледам дека веќе е пишувано на оваа тема, но сакам да ви го објаснам и мојот случај за да ми дадете соодветно решение Пред извесно време(околу 3месеци)имав најверојатно кандида(густ бел исцедок во вид на урда, со неподносливо чешање и црвенило, но без мирис).Се мачкав со Нистатин (неможам да користам вагиналети бидејќи сеуште НЕ СУМ сексуално активна), ми помогна, но веднаш после менструацијата ми се врати и дури добив воспаление на мочниот меур( многу често мокрев со болки). Матичниот лекар ми препиша атнибиотици, болката исчезна додека ги пиев, но откако прекинав повторно имам мало чувство на подуеност во долниот дел. Сега немам бактерии во урината, но исцедокот ми е многу бел( не е густ како порано, сега е буквално како млеко за тело, бел и без мирис). Треба да добијам за 10-тина дена. Ве молам пишете ми ваше мислење, поздрав
Бело прање vo 1litar ,voda rastvorete 3 lazici jabolkov ocet,promesajte i sabajle i navecer so spric promivajte se i vo vnatresnosta,pravete go toa okolu 3-4 dena.dodkolku e samo belo pranje,a nema infekcija-ke pomogne.ova mi go kaza ginekologot,go imam probano,i pomaga (samo dokolku nemate infekcija )
Бело прање Имав слаба кандида пред некој месец, и тоа ја навлеков од секојдневно носење чипкани танга гаќички. И ништо, си бев на гинеколог, ми препиша канестен, јас земав кансен вагиналети, за три дена готово, помина. Ама последниве две недели проживеав пекол, значи обилно бело прање, па некако дојде после менструација, па смени и боја, бледо кафено, многу непријатен мирис, чешање, пецкање, до граница на болка дури и при одмивање само со млака вода. И страшно ме фати паника, бев кај нов гинеколог, правев пап тест, резултати чекам, последниот пред 6 месеци беше уреден, ми рече имам кандида, ми направи два пати тоалета со виолетов раствор, и ми препиша вагиналетиве 6 во пакување, веќе сум на пола, секретот е намален, но чешањето уште се јавува, како да го спречам, страв ми е, од толку миења, креми ќе ја нарушам вагиналната флора и нормалното ph. Кажете ми некоја крема против чешање, значи за надворешни кожни раздразнувања, но на интимниот дел, еве јас одвнатре се лечам, ок, ама и однадвор има проблем.
Бело прање Тренди оди во патека и купи си Флажил таблети и маст Кутерид Г...За таблетиве гарантирам дека се ефикасни, а за маста ми кажаа дека е добра...од прво мачкање помагала.
Бело прање Вака - мислам дека белото прање не е некоја инфекција или проблем па да се лечи. Кога јас прв пат го добив тоа чудото и кажувам на мајка ми и таа ми вели „Не е ништо страшно. И јас имам бело прање откако ќе ми завршат женските проблеми“ Спојлер во превод: менструацијата Јас редовно после женските проблеми добивам бело прање - два-три дена и си завршува, но прв пат гледам, и тоа од мислењата баш во оваа тема, дека било проблем или инфекција, па треба да се преземе нешто околу тоа. Изгледа кај секого е различно
Бело прање Виолетовиот раствор е раствор на хиперманган(KMnO4) кој служи за дезинфекција и може да со користи во домашни услови.Се купува како кристален прашок, и се раствараат неколку зранца во вода,да се добие светло виолетова боја,па потоа се одмива местото.Може после секое одење во тоалет треба да се одмиваш. За крема мислам дека најдобро е да замеш Канестен, и да се мачкаш после тоалета со хиперманган,Бидејки мислам дека е од Кандидата.Инаку креми со антихистаминско дејство (за смирување на чешањето)не се препорачливи за интимните делови. Јас често сум го имала проблемов,и од искуство кажувам дека маста Канестен ми помогнала.За два до три дена мислам дека ќе ти биде подобро.
Бело прање Еве сега се враќам од Зегин, земав крема Кутерид, а аптекарката ми кажа кога веќе користам вагиналети, да не земам истовремено таблетки, да почекам со употреба, па ќе видиме. Инаку, јас земав канестен крема уште пред да одам на гинеколог, неиздржливо беше, викам ајде на своја рака да не се правам паметна, вагиналети не, ама крема ништо страшно, ја аплицирав и внатре , се мачкав убаво и однадвор и - џабе. Мене тоа не ми делува, за вагиналетите Канестен не знам, кремата чисто промашување, барем во мојот случај.
Бело прање Е супер...Тогаш доставај ги вагиналетите или ако можеш прекини ги и мачкај од кремата.Женава што ми ја кажа пробувала се од антибиотик до разни масти,вагиналети и само што и ја препорачале маста Кутерид од прво мачкање и прекинало чешањето.А за Флажилот ти гарантирам дека го прекинуваат белото прање... јас пиев на два пати и сега немам скоро ич освен понекогаш пред мензис ама занемарливо е тоа.Инаку вака немам.И не користам веќе интимни гелови само со вода се мијам пошто секој ден се туширам вообичаено, а и тангите кои ми беа редовен долен веш ги откачив...само во посебни прилики ги носам иако ги имам во поголем број од нормалните гаќички
Бело прање Трендафилке јас ти ги препорачувам таблетите Аписепт од Златна пчела во Лептокарија и да ги ставаш вагинално! Јас почнав да ги користам сега за цинот, меѓутоа жената таму ми рече дека можат да се користат за секакви инфекции дури и превентивно, а посебно за цин и кандида. Коштаат 193 денари и секоја вечер се ставаат по 2 и така 12 дена. Сосема се природни и сите се фалат на производите на Златна пчела, така да можеш да си пробаш. Чим на сите што ги користеле им поминал цинот, ќе ја излечи и кандидата.
Бело прање Lakrimosa дали овие таблети ги има низ аптеките, дали се само вагинални или има и за орална употреба? И јас имам проблем со кандида, а имам и раничка на грлото на матката. Те молам за одговор.
Бело прање Ги има само во Златна пчела во Лептокарија. А тие се уствари за орална употреба, ама се користат вагинално. И шо сум читала по форуми дека ептен помагале.
Бело прање Девојки ми треба ваше мислење. Без разлика на се, јас секако четврток-петок ќе одам на гинеколог ама за до тогаш јас да си бидам на чисто ми треба ваше мислење Последниве два дена немам никакви болки во јајниците, ниту пак некаков јадеж но за прв пат белото прање ми е толку густо. Бојата е бела но конзистенцијата е многу густа (никогаш не сум имала вакво бело прање) Има сиреста конзистенција. (Всушност многу наликува на прашок за перење потопен со вода) Загрижена сум и опседната. Менувам гаки на секои 3 саати, се замивам со камилица вчера и со вода во која растворив хиперманган ама не можам психички да се ослободам. Во можност ќе бидам дури четврток-петок да одам на гинеколог а до тогаш психата ќе ме убие. Ве молам кажете ми дали вакво бело прање е нормално?
Бело прање Денеска се по интензивни симптомите на болки во грлото и исцедок од носот кои вчера дури беа занемарливи. Можам ли да си го поврзам белото прање со мојата општа здравствена состојба? Аман колку се оптеретувам тое е чудо едно. Навистина многу би ми значело ваше мислење, бидејки прв пат се наоѓам во ваква ситуација
Бело прање Можно е да ти е од настинка, ако си преладена. Јајниците знаат често да реагираат со зголемен погуст исцедок, па затоа гледај нозете да ти бидат топли. Ако немаш чешање и црвенило на интимните делови, настинка е. Затоплувај се повеќе
Бело прање Не ми е за во општи,тука ќе прашам,ама не се смејте,извлечете поука! Мајка ми мислејќи дека перфекс е прав избор,купила трослојна,крута,со мирис на праска и протокалови пајчиња на неа.Ништо не ми беше...вчера откако се всели оваа грдотија дома,ја употребив и се зачудив почнав да се чешам,ама се туширав после,ми помина и не го сфатив како нешто особено.Денес,цел ден дома,земав тоа целулит чајот да го пијам,се убив од одење во тоалет и се деси нешто...луѓе,чешање до болка,печење и...оток,баш оток!На толкав!Сто пати се туширав,се мачкав со канастен,сфатив дека тоа се случува од хартијата,отидов си купив друга тоалетна,сега за сега се прибрав,се вратив во нормала,ама не ми е сеедно,дали е возможно алергиска реакција да е?! Прееска солзи ми дојдоа,како шлакната се туширав,се мачкав,сузев и се смеев...ете толку што ме мрдна состојбава!Во понеделник тек ќе се видиме очи во ... очи со одговорниот за пријателката,до тогаш...ќе се мачкам со канастен и кантарион ако има потреба,ама ме јаде од внатре некој немир.