Бело прање Лилит,јас па баш таа хартија ја употребувам најповеќе,ме замисли сега .Ама не сум имала никаква реакција од неа,а баш убаво ми мириса.Канестенот маст не е баш ефикасна кај мене,кантарионот е ок помага при воспаленија и надразнувања,а пробај и со оној лек од прабабите со ракија на влошка .
Бело прање Ау не,ќе пече,ем ќе пресуши,ќе наруши пх ептен.Сега за сега добра сум,канастенот и кантарионов среди,ама се прашувам дали ми е алергиска реакција од хартијава.Прво мислев чајов нешо да не ме изремети,па после и суплементиве што ги пијам,затоа што ми се појавува од некои алергиска реакција,гадења и слично,па викам ова вака да не ми се одразува,ама еве повеќе денови ги пијам и викам баш таму,не сум до толку ништо да знам. Перфекс употребувам и јас,ама онаа двослојната,без мирис и боја на неа,а иста е цената.Помека е каде-каде,а не ова ко со весник да се бришеш,а демек делукс.Тоа пајчињата на рекламата нека ги лажат,мене не!
Бело прање Добро ти е ова за пајчињата.Погруба е навистина трослојната,ама има добра упивна моќ јас затоа ја сакам ,ама дека и алергиска реакција би предизвикала,не би помислила,ама ете и тоа мозело да се случи.Добро е што ти се смирило,сигурно е само мало надразнување во прашање.
Бело прање Леле Лилит, и ние последен пат ја имавме таа тоалетна хартија! Проклети пајчиња глупави. Да, можно е да е од неа. Јас имам алергија и од класичната Фелче Азура, исто имав неподносливо чешање, пецкање, оток и невидена болка, дури и само при одмивање со млака вода, а замисли во додаток со некој гел или средство за интимна хигиена. Мислам дека полудев, на крај не знаев од што е - од гелот за туширање, тоалетната хартија, кандидата, тангата, некоја X надворешна бактерија, или од едни шабански секојдневни влошки купени туку така, ... Две недели проплакав од болка, сега фала му на Бога се смири. Ги пишав вагиналетите погоре, а за кремата ми помогна доста Кутерид Г, само за надворешна употреба, 85 ден. во Зегин. Ниту Канестен, ниту чај од камилица, ниту бутур не ми помогнаа претходно.
Бело прање Лелеее и фелче употребувам веќе некое време,ама не се мијам доле со тоа и да ти кажам,од време на време се чувствував заиритирано доле...ама изгледа со пајчињава у комбинација се убитачни!Е се изнервирав,а убаво мириса! Луѓе,да не опишувам многу,ама реков оток,процветав,буквално! А за чешањето,до болка! Ќе видам до утре како ќе биде,ако пак му текне,ќе земам нешо да се мачкам до понеделник,инаку...ќе ми запролети пак.
Бело прање Лилит, процветувањето ми се случи и мене пред некое време, да, да, баш процветување, чешање, пецкање и болка Си напишав јас тука, ама кај мене беше од предозираност на сексуалното повикување И за 3 дена ми се смири, како нова бев. Кажав еднаш, ама ајде пак ќе напишам (не сум интересна веќе ), се миев со камилица чајче и се мачкав со Микорил. И се затворив
Бело прање Лилит дефинитивно ти е поради миризливата и во боја тоалетена хартија. И јас го имав истиот проблем. Токму поради тоа гинеколозите препорачуваат да се користи тоалетна хартија, а и влошки без боја и без мирис. Се што е парфимирано и обоено содржи хемикалии на кои може да реагира кожата.
Бело прање И јас пред некои 3-4 месеци си имав проблеми токму од истиот причинител само не до толку со отоци. Кај мене се јави чешање и бело прање токму од перфексот со мирис на праска и кога отидов на лекар лекарката ми забрани се што е со мирис и боја како што некој напомена претходно. Исто така ми ги забрани и секојдневните влошки. Инаку може ќе ви звучи примитивно лекот ама ми рече да се одмивам со сода бикарбона растворена во топла вода и да ми помина се за 5 дена
Бело прање Мене па ми рече докторката да се мијам со чај од камилица и сода бикарбона во неа, не знам дали е ок? а не сум почнала уште.... во моментот користам Канестен крема, после миење и бришење, си ставам тенок слој од кремот, добро сум и се надевам дека ќе ми биде добро, но ако знае некоја да ми каже за ова со камилицава што да правам, plssssssssssssss................
Бело прање Па можеш да се миеш барем една недела, доста е. А тие парфимираните и обоените тоалетни хартии баталете ги!
Бело прање Имавме секс со девојката, користев кондом но кога веќе свршив во неа забележав дека е скинат, спермата и потече по ногата кога се исправи, плус имаше бело прање и после ден два и дојде циклусот. Дали е можно да остане бремена во ваква ситуација..
Бело прање уживај роматничен ако и дојде се е ок нема да бидеш татко .... не сеуште повеќе среќа нарадениот пат ))))))
Бело прање и јас го имав проблемов со белопрањето,страшно ме нервираше што се не пробав после триста глупости една пријателка на мајками ми кажа дека јогуртот се прочистувал.Така да јас почнав да го пијам и да ви кажам дека од белопрање немам ни капка,еве веќе цела недела ама затоа секој ден по еден јогурт пијам сега ми е прочистена и мокрачата и се..Така да се надевам дека помогнав
Бело прање И јас имам моментално бело прање но тоа доаѓа од ладното на нозете што газиме боси по плочки и слично...тоа ќе престане да го има кога ќе ни бидат топли нозете и ке пиеме топли чаеви и ќе внимаваме повеќе на себе
Бело прање jas imam belo pranje eve veke cela nedela.Pocna mnogu da mi tece mnogu gusto,ama i mnogu me cesa.Ve molam kazete sto da pravam
Бело прање Пиј многу течности и земај нешто за зголемување на имунитетот (витамин Ц или храна богата со витаминот). Тоа е основно, а за секој случај оди на гинеколог, да не станува збор за некаква инфекција.
Бело прање Веројатно е вечната пријателка на женскиот пол Кандидата, правец на гинеколог да ти даде вагиналетки
Бело прање 99% не би требало , сепак и дошол циклусот.Иако зборуваат за случаи трудна , а добива циклус, тоа е мноогу ретко.
Бело прање И јас вејек подолго време имам бело прање, бев и на гинеколог и брис ми зедоа и вагинало ме прегледаа нема никаква инфекција а белото прање не престанува, а не ме ни чеша ни имам некакви проблеми , а и сабајлево кога станав мокрацата ми мириса мн чудно,и малку се улпашив а можи да е и од некоја храна. Малку е смешно на пример кога јадам буковска сол мене мокрацата ми мириса на буковска сол... ... што мислите како да го средам порблемов со белото прање и со мириѕбата ...Фала
Бело прање здраво женски! вака : имав менструација и сега ми заврши и некако ме чеша долу по малце на пати не нонстоп и ужасно по малце онака ... се измив со камилица ама пак по малце си продолжи јас си викам да не е од влошките користам фил фајн и не сум издепилирана една недела па можи и од тоа ама мене сепак ми е страв бело прање имам пред да ми дојди менструација сега не ...кажете ми дали да појдам на гинеколог или не ? поздрав