1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вагинален секрет

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maja8, 3 јануари 2010.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Бело прање


    Искрено ме изненади тоа што девојка на твоја возраст не знае дека можеби белото прање се појавува како резултат на инфекција :^)
    Најпрво одмиј се со чај од камилица или раствори хиперманган и со него одмиј се (го има во секоја аптека)

    И да, каква е таа глупост дека е знак дека си ,, бремен ,,
    Прво не можеш да си бремен туку бремена, во блажена состојба или трудна, ако повеќе сакате
    Ако си во таква состојба најлошо е да се појави бело прање од причина што предизвикува инфекции, па дури и слепило кај плодот
     
  2. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    761
    Бело прање

    Фала на одговоро, ама никогаш не сам имала проблеми со бело прање освен еднаш кога сам имала 15 год и толку. И ако сум испуштила една буква „ништо страшно„ на секој може да му се случе
    Затоа напишав овде. Но сепак фала совето.
     
  3. ednomome

    ednomome Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Бело прање

    JAs sum nova na forumot pa bi sakala da vi kazam Zdravo na site..
    Me interesira dali beloto pranje e vo zgolemena kolicina pred menstrualniot ciklus?? fala odnapred
     
  4. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Бело прање

    КЛАМИДИЈА: густ и жолтеникав исцедок, непријатен јадеж околу вагиналниот отвор.
    леле значи ова го имам и не се поднесува, ми дадоа една маст ама не ми врши работа... :(
     
  5. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Бело прање


    Точно е тоа дека белото прање е пообемно пред циклусот, барем кај мене е така :tmi:
     
  6. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Бело прање

    мене ми се јавува кога сум настинта (секој можен месец дури и во лето) :fubar: :x тогаш си се мразам најмногу . ми тече цела капка :doh: ама приметив дека доколку се измивам со вода и сода не тече :) така да пробајте :$ :*
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Бело прање

    Ова моево е многу променливо бело прање и ме нервира страшно, а го имам постојано и во разни форми.
    Еднаш е поводеникаво, друг пат е како секрет од нос бело,па многу бледо жолтеникаво...
    пред некој ден забележав дека беше доста густо..не знам како да го опишам, меѓу прсти како многу мека гума без грутчиња и не се лепи на прсти. Му се случило на некој да има такво бело прање? Непријатен мирис никогаш не сум осетила ама многу ме плаши, ќе морам на гинеколог :worried:
     
  8. ednomome

    ednomome Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Бело прање

    da mi se slucilo ama velat deka nisto ne e .. poveke e i do organizamot zosto se pojavuva.. mislam deka e najnormalno da go imame iako e nekogas vo golemi kolicini
     
  9. betushka12

    betushka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Бело прање

    Здраво девојки, и јас сум нова на форумот...сакам да ве поздравам!и јас го имам проблемот со белото прање...кога правев ПАП последен пат(пред година ипол)имав кандида, така да белото прање ми се појавуваше повремено.Ама сега веќе два месеца не ме остава на мира, нема некој непријатен мирис, но сепак има некој не многи тежок мирис!бојата е најчесто бела и ме чешаа...пробав со кантарионски вагиналети, со тие врз база на јод...ама пакми се враќаа...помошшш!!Позззз
     
  10. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Бело прање

    Да прашам дали некоја од вас имала бело прање ама како да кажам како мрсул растегливо... :(
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Бело прање

    Така изгледа секретот во деновите кога си во овулација. Нормално е. :)
     
  12. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Бело прање

    :D фала многу се надевам дека нема ништо
     
  13. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Бело прање

    ако убаво тe разбрав, имаш clamidia така da девојко не ни занеш какви последици носи таа бактерија , таа е дна од најопасните бактерии кои долго се лекува и предизвикува стерилитет и запушување на јајцеводите. затоа каква маст за хламидија? таа без 2 дози на антибиотици и апстиненција од сех додека се прима терапијата не се лечи. би ти препорачала под хитно на гениколог, се дава сумамед пошема или некој друг јак антибиотик ама се пие 7 дена . после пак уште една доза бидејќи не се уништува лесно, и ти и партнерот пиете. послем тоа за 2 месеци пак на контролни брисеви и за 2 месци повторнои. односи само со кондом.инаку кламидијата најчесто тие симптоми ги јавува во подоцнежна фаза значи кога веќе убаво се развила, пред тоа немаш симптоми. значи мој совет ти е одма на гениколог
     
  14. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Бело прање

    бидејки гледам дека тука има многу неинформирани девојчинја кои имаат сех а незнаат за инфекциите и полово преносливите болести еве неколку информации кои се надевамн дека ќе ви помогнат:

    Уреаплазмата е микроорганизам што се пренесува преку полов контакт и затоа се сместува во групата СПБ. Не сте заштитени и ако користите исти предмети со заразениот партнер. Тоа значи подалеку од неговиот пешкир, постела и некое време заборавете на допири со интимните органи. Ако се сеќавате кога зборувавме за трихомонијазата, ќе забележите дека инфекцијата напаѓа на сличен начин.

    Доколку инфекцијата е слаба, испитувањето се врши преку анализа на мочта. Доколку се работи за асимптоматски инфекции, кај кои е незначително зголемен вагиналниот секрет, уреаплазмата најчесто се докажува со земање брис од вагината и негово микроскопско испитување.
    Симптоми: 1.Болка или напнатост во долниот дел на стомакот. 2.Зголемен вагинален секрет. 3.Болки при полов однос. 4.Мачнина и повраќање. 5.Зголемена телесна температура. 6.Неправилни менструални крвавења. 7.Тешкотии при мочањето (често мочање и печење при мочање).
    Инфекцијата се лекува со антибиотици. Додека терапијата не заврши, потребна е апстиненција од сексуални односи, инаку постои голем ризик од реинфекција.
    Избегнувајте хемиски иританси, јаки шампони, вагинални тампони, сè што може да ја надразни вагината. Не избегнувајте ја употребата на кондом иако долго време сте заедно. Одбирајте сауни, базени, солариуми, козметички салони, лекарски ординации...во кои хигиенските услови се на високо ново. Практикувајте редовна посета на гинеколог за рано откривање на инфекцијата.
    Доколку сакате да имате дете, треба да нема присуство на инфекција бидејќи таа може да ја комплицира бременоста и да доведе до некои несакани последици.

    Streptococcus agalactiae ponov tip na bakterija koja se naoga vo zenskiot polov sistem no moze da se najde i vo digestivniot trakt. Moze da se inficiraat novorodencinjaIn Utero i po raganjeto no i vo tekot na trudot.Efikasna e terapijata so ampicilin i kantarion vaginaleti (7 dena).Sovet do site ne zaboravajte na mikrobioloskite brisevi bidejki sekojdnevno se javuvaat se ponovi tipovi na infekcii.


    Полово пренослива болест, предизвикана од Ureaplasma urealyticum и Mycoplasma Hominis, - Тоа се транзиторни микроби на урогениталната слузокожа кај сексуално активни лица
    - При поволни услови опортунистичките микроби предизвикуваат инфекција на бартолиниевите жлезди, вагината, грлото на матката, јајцеводите, мочниот канал кај жени и мажи и , простатата и епидидимусот.
    - Се пренесува преку сексуални активности, посебно при повторни сексуални односи со инфицирани партнери,
    - Голем број на партнери го зголемува ризикот за инфекцијата
    - Бремена жена може да ја пренесе инфекцијата на новороденчето за време на раѓањето преку родилните патишта

    Манифестација кај жени:
    најчесто не дава никакви симптоми, а доведува до воспаление на вагината, цервиксот-грлото на матката, може да се прошири и да доведе и до пелвична инфламаторно заболување, кое се манифестира со воспаление на матката и јајчниците. Симптомите се слични како и при кламидија инфекција.

    Кај мажи:
    Најчесто се манифестира при уретрит-воспаление на мочната цевка, со:
    печење или свраб во мочниот канал со слузав ретко гнојав, беличаст или жолтеникав исцедок од пенисот, кој најчесто се јавува само наутро во вид на една капка.
    Покрај тоа може да доведе и до воспаление на простатата, како и на епидидимусот.
    Тие ( предизвикувачите ) имаат способност да се прикачат на сперматозидите поради што овие ја губат својата подвижност и виталност, што преставува причина за намалена можност за оплодување на јајце клетката-забременување.

    Покрај неопходниот лекарски преглед ( кај уролог т.е гинеколог ) постојат одредени лабараториски анализи со кои може да се утврди дијагнозата, и тоа:
    - примерок од секретот од инфицираните органи (цервикс, вагина, мочен канал ), со што директно се докажува кламидијата.
    - Друг тест е преку примерок од урина ( кој се применува кога постои воспаление на простатата и пореметувања во спермата )
    - Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата).


    Кај маж, нелекуваната може да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал.
    Кај жени, нелекувана предизвикува Карлична воспалителна болест ( Pelvic inflammatory disease ) што не секогаш дава симптоми, или може да биде многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична бременост, спонтан абортус,смрт на плодот, мртвородено.

    - Се лекува со антибиотици 1 до 2 недели, исто како и при кламидија инфекција
    - Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција.
    - Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом.

    Единствен начин да се спречи е
    - Користење кондом при секој сексуален однос
    - Ограничување на бројот на сексуални партнери
    - Сексуална апстиненција
    - Лекување на двата партнера ( доколку постои инфекција )
     
  15. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Бело прање

    Значи колку се пронаоѓам во текстов...Постојано имам ладни нозе(лето, зима)...и стално сум боса :^) Ехх што била работата...
     
  16. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Бело прање

    ова проверено е со содава?сакам да пробам ама дали некоја од вас има пробано и какви се резз?
     
  17. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Бело прање

    БигФиш не се вознемирувај толку...Најверојатно мислела на Кандида, но по грешка напишала Кламидија.
     
  18. betushka12

    betushka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Бело прање

    Здраво девојки, дали некогаш ви се има случено да менструалниот циклус има променета боја?мене сега не ми беше чиста крв, првиот ден бледо розе ,а потоа речиси кафеаво, сега ми помина ‘циклусот‘ ако може да се нарече така..и све си е нормално!а во принцип имам неродовен циклус!Поздрав
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Бело прање

    Си имала ли ризичен секс? Или некаков стрес во последно време, промена на клима? :?:
     
  20. betushka12

    betushka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Бело прање

    не, ризичен секс никако, башка некое време апстинирам, посилната половина не ми е тука моментално...а стрессс...па може да се каже даа...ми се случува тоа кафеаво да ми течи на крајот на циклусот, ама сега баш чудно крв речиси и да немаше...а симптоми како на менструација...хммм а промена на клима не!не знамм дали е нормално некогаш да се случува вакво нешто