Бело прање Tи благодарам! Баш ме зачуди дека никогаш не сум имала толку а пред добивање константно ми се зголемува,но чим е нормално ок да не се влечкам одма на гинеколог!
Бело прање Нормално е се додека нема промени во бојата или во мирисот. А инаку тоа што имаш повеќе пред добивање е вообичаено.
Бело прање Околу 500 денари. Јас ги пијам сега како превентива после треман со антибиотици и прекрасни се. Нема рок на пиење, здрави се нема несакани дејства.
Бело прање Здраво луѓе, нова сум на форумов и се надевам дека добро ќе се снајдам. Во последно време приметувам дека белото прање ми се зголемило, меѓутоа нема чуден мирис, а бојата понекогаш е жолтеникава. Ова ми се случува прв пат и чудно ми е, а и плус не сум имала односи, па не знам од што може да е.
Бело прање Да да да ... исто е и кај мене,овие денови . Нема мирис но е жолтеникаво некако ... Пред 2 месеца 2-3 дена ме чешаше вагиналнио отвор .. но помина,ставив ракија,и се миев со камилица,но за ова незнам што е работава :/
Бело прање Belo pranje moze biti fiziolosko ili znak oboljenja.Belo pranje nije bolest,nego je znak nekih ginekoloskih ili drugih oboljenja.Fiziolosko belo pranje je sluz koju zdrave zene izlucuju u normalnim prilikama iz polnog organa.U nekim periodima zenskog zivota ta sluz je jaceg intenziteta(samim tim i mirisa),a nekad manjeg.Jaceg da kazem moze biti pre menstruacije,posle nje,pre porodjaja,i takodje posle.A slabijeg skoro neprimetnog moze biti kod frigidnih zena,a najcesce kod starijih zena uopste.
Бело прање Здраво.И јас мислев дека конецно сува е супер ама почнаа односите да бидат болни,и се чудев зошто.Лани лето бев на гости кај братучетката во Австралија и мн. ми течеше бело ме однесе кај нејзиниот доктор и тој се зачуди чми рече дека белиот секрет се додека не мириса и не смени боја во каква форма и да тече е нормално зосто тој и ствара заштита на самата вагина и без тоа си повеке подложна на болести од тогаш си оставив така и ми е супер
Бело прање леле мене ми тече бело прање ама не до толку но многу ми мириса баш вчера вечер забелешав колку ми мирисаат кратките панталончиња има некој со сличен проблем?
Бело прање Здраво девојки!Искрено не знаев точно каде да пишувам и затоа овде. Вака имам еден проблем веке ме мачи некое време. Пред околу 3 4 месеци бев да ми земат бриз за пап тест и знеме дека после тоа малку има непријатно чувство,барем јас го имам нешто како воздух да ти излегува.Но најчесто мене за 2 3 дена ми се губеше таквото чувство,но овојпат ми трае 3 4 месеци и многу ме загрижува бидејки постојано ми излегува воздух од вагината кога мочам или кога подолго време седам и кога ке станам како да ми прди може малку е смешно но е не пријатно чувство. И сега јас пробав да видам со огледало што се случува таму доле и гледам дека отворот на вагинат ми е како проширен или јас незнам како треба да биде нормален а исто така и ми излегува некој бел исцедок со нормална густина и нормална миризба, но она другото ме загрижува страшно го прашав геникологот но ми рече дека било период,но овој период трае предолго.Ве молам доколку некој имал такво искуство кажете ми, незнам дали е опасно и дали има причина да се грижам....поззззз
Бело прање Вака.. веќе има повеќе месеци како имам бело прање но тоа отсекогаш сум го имала само што за овие неколку месеци бојата е жолтеникава, густо е, а мирисот не можам да опишам, неподнослив е, на секои 2 саати се тусирам и понекогаш чувствувам чешање.. А на пр. за време на менструалниот циклус мирисот исчезнува. Знам дека би требало да одам на гинеолог да ми земат брис, но премногу ми е срам. Феминки, што мислите вие, за што се работи? Фала однапред.
Бело прање Може да е кандида или инфекција некоја затоа нема срам за здравје иди си на лекар ние преку монитор не можеме да знаеме што ти е
Бело прање Од срам ќе добиеш некоја болест недајбоже! Срамот не вреди сигурна сум и време е веќе сите да заборават на срам кога станува збор за здравје, а ПОСЕБНО за интимното здравје. Ништо не е страшно и срамно во гинеколошки преглед
Бело прање И јас имам вака, само кај мене некако како парченца се :/ И веќе неколку дена го имам, не ме чеша се е нормално само неубаво мириса.. :/
Бело прање Јас секој ден имам бело прање- некогаш е прозирно, некогаш помеѓу бело и жолто, а и повремено ме чеша и има непријатен мирис па затоа кога се туширам 2-3 пати ставам гел за туширање, а гледам дека не сум требала(но многу мириса) и плус кога имам менстуација уште повеќе мириса. Инаку порано имав многу нередовна менструација(ми каснеше и по 3 месеци) но сега е поредовна но сепак никогаш не се знае кога ке ми дојде дали една недела порано или покасно. Не знам дали и ова има некаква врска ама да си кажам. А односи не сум имала никогаш. По ова што прочитав ми личи на кандида, но не сум сигурна. Ве молам кажете ми дали е тоа или нешто друго.
Бело прање Чешањето и прањето може да ти е од гелот, па плус и три пати на ден, не чини.Колку што знам кандидата нема до толку непријатен мирис, а штом си немала односи да не си умислуваш сама за мирисов? Миј се со камилица, па види ќе има ли некаква промена
Бело прање Значи девојки не можам да поверувам....толку многу исти прашања и исти одговори...мора да научите да го слушате своето тело..доколку има некои непријатности во вид на чешање,мирис..промена на видот на секрет во смисла на боја ,густина,секогаш станува збор за инфекција,вирусна или бактериска,тука ги исклучувам оние кои користат гелови од кои се појавува само површинска иритација која со промена на средството се повлекува.Доколку е благо чешањето може да се измиете со раствор на хиперманган ,сода бикарбона или камилица,но ако продожат симптомите,решение е само гинеколог.Мислам дека невините девојки прво ке ги лекува со маст или обично испирање а потоа ке следи вагинален преглед.Затоа нема плашење.Подобро гинеколог 5 минути да те прегледа отколку цел ден да се чешаш
Бело прање здраво феминки... вака сеа и јас да си кажам маката имав менструација и дур ја носев последната влошка малце ме чешаше ама од како ја извадов и се измив и се издепилирав леле 3-4 дена ме чеша ме скревааааа.... се мијав со камилица еднашка се намачкав со павловичева па дури и масло од кантарион...али не помага и се јавив кај гинеколог ми рече Кутерид Г да земам па еве денес зедов еднаш се намачкав али пак исто колку време треба да чекам да се мачкам да поминииии лелееее и дали можи или не смее сексуален однос плс кажете ми поздраввв
Бело прање за да почне кремава да делува треба еден до два дена мачкање 2-3 пати на ден а за односи воздржи се барем додека да ти помине зошто можешда му му пренесеш и на него па да си праите натиго дајмиго хххаахха
Бело прање ќе се издржи иначе се мачкам по 2 пати денот еднашка на сабајле и на вечер така пишеше на упатството па ќе почекам ама сепак си викам да појдам впонеделник на гинеколог да видиме што се дешава ... фала поз