Бело прање Стар Рецепт за бело прање: Откако ќе ви заврши менструацијата, еден-два дена по еден-два пати напијте се филџанче чај од Ајдучка трева. На вас носете секојдневна влошка, бидејќи тогаш ќе имате обилно бело прање, поточно се` се исфрла, се` се чисти. Вака го знам јас, не знам дали е пишан поназад. Не знам колку пати може да се прави, може месечно, а доволно е на три месеци. Пс. Сепак секој организам е индивидуален, па кај некоја може и да нема обилно бело прање.
Бело прање Колку време се пие тоа така? Додека не престане да се исфрла бело прање или има определен период?
Бело прање Се пие чај еден или два дена. И толку! Само таа количина чисти се`, целото бело прање. Потоа може следниот месец да се пие. Значи најмногу еднаш месечно. Спојлер Кај мене имаше обично бело прање, но кај некои женски чистењето е поголемо, им се исфрлило големо, дури жолто бело прање) Толку знам. Прашајте ги бабите, сигурно знаат!
Бело прање јас и онакаа си го пијам тој а чај и тоа во поголеми количини од 1 или 2 пати месечно ама изгледа мене не ми делува
Бело прање А дали има некој гел за миење или сапун нешо пошто многу ми смета миризбата секој ден ме тера по 25436845 да се мијам и пак мириса а секретот си е нормално бел...
Бело прање НајтЕир, обрни внимание на исхраната.Често тоа е причината за непријатната миризба. Ако веќе одржуваш нормална хигиена,а сепак не е во ред,тогаш провери си ја исхраната. Повеќе овошје внесувај,и измивај се со камилица. А,и да,има интимни гелови,секакви,меѓутоа не ти препорачувам да се миеш со нив,зошто може да ти се активира кандидата,која е мнооогу непријатна инфекција.
Бело прање Јас кога имав миризба со белото прање,не стануваше збор за кандида туку за кламидија, што бара антибиотска терапија.Ти препорачувам да земеш вагинални брисеви и да провериш.
Бело прање Па и секојдневното миење по неколку пати не чини, зошто ја менуваш ПХ вредноста. Нормално е вагината да има своја киселост и поспецифична миризба. Сега не знам колку мириса кај тебе, ама можеби си е во нормала, а тебе ти пречи. Леле муабетов, ама така е.
Бело прање Баш сакав и јас тоа да го пишам...секој ден се туширам и пак има непријатна миризба..можеби оти за неколку дена треба да ми дојде можеби затоа..но многу ми смета.
Бело прање Прашање до сите феминки особено до Анат, (не ме сваќајте погрешно но имам прочитано дека Анат има добри познавања за ваквите проблеми па затоа нејзе особено и се обраќам ) значи уште пред неколку месеци ми се појави жолтеникаво-блед исцедок на гакичките меѓутоа навистина е обилен , како ги менувам гаќите после 1 саат и веќе се гледа жолтеникава течност по густа(немам некои познавања и незнам дали е бело прање!).Е сега голем проблем ми е што вагината многу ме чеша премногу а при мокрење малце ме пецка.Како ми можело да се излечи ова, срам ми е да одам на гинеколог (сватете ме ) напомена: имам 16 години и без сексуални односи, ви благодарам
Бело прање Ах тој срам..за тепање сте!!! Замисли имаш главоболки со месеци и срам ти е да отидеш на лекар?! Така е и со ова, нема ништо срамно во одењето на гинеколог и тој е лекар. Без разлика што не си имала односи до сега, може да имаш некоја инфекција. За вашето интимно здравје се работи, кое не е воопшто за играње. Таквата промена на исцедокот,чешање и пецкање се индикатор за можна инфекција. Најлошо што можеш да сториш е да не ја излечиш или погрешно да ја лечиш инфекцијата која веќе неколку месеци ја имаш, за која најадекватен начин на лекување и терапија може да ти даде стручно лице кое прво ќе види за што се работи. Гинекологот нема да ти прави класичен преглед како на девојка што веќе има односи (а и тоа не е толку страшно).
Бело прање Feminna90, тоа Е бело прање и е нормална појава кај секоја жена. Бојата, густината и количеството се менува зависно во кој период од циклусот си. Бело-жолтеникаво и густо е обично во деновите пред да дојде менструацијата. Чешањето може да ти е предизвикано од некоја иритација, ама тоа што осеќаш пецкање при мокрењето може да биде знак за некоја уринарна инфекција. Вака, земи од аптека кристали на калиум перманганат, купи си и канестен крем. Испирај се со растворениот перманганат во млака вода, мачкај се со канестенот, ќе се смири чешањето. Пиј чај од брусница или увин чај заради пецкањето. Ако нема подобрување, тогаш ќе мораш да одиш на лекар. Не си мала, без разлика што немаш сексуални односи, убаво е да појдеш на гинеколог барем едно ехо да направиш. Не е ни страшно, ниту срамота
Бело прање Може ли некој да ми помогне во врска со мојот проблем. Моментално сум во плодни денови и нормално е да ми тече исцедок, ама тој исцедок од вчера е малку кафеавкаст исто како кога имаш при крај мензис, ама мене одамна ми заврши и тоа ме загрижува. Може ли некој да ми помогне. Знам дека треба на гинеколог да одам ама некако ми е страв дека не сум била никогаш
Бело прање Ставај на улошка засеклива трева(кантарион) и ке ти повлече се .. и зависи коа ти завршил мензисот .. ако и е сеа брзо тоа ти е од него .. а ако си имала односи сеа после мензисот без заштита .. тогаш најубаво земи напраи си тест .. зашто обично ако има нешто ( ако си трудна) се појавува затоа што коа се вгнездува ембрионот истекува таков исцедок .. ( Барем за тоа имам учену у школо зашто сум у медицина ) Поздрав Чд
Секрет вчера забележав чуден кафеав секрет од моите гаќички што може да е ова? денеска имав многу повеќе дали може да е од ладното да ми се преладени јајниците?
Бело прање a dali kanestenot treba ginikolog da ti prepisi ili se kupuva i bez recepta i na koe mesto se macka
Бело прање луге колку време треба да се миел со чај од камилица и сода бикербона за да престани бело прајне да течи