1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вагинален секрет

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maja8, 3 јануари 2010.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Од пред неколку дена почнав да осеќам чешање доле.И порано ми се случувало да го имам тоа доколку се избришам со влажни марамчиња кои и не се баш квалитетни.При мокрење немам болки, но вчера пробавме да имаме односи со дечко ми и мене ужасно ме пржи.Вагиналниот исцедок ја нема променето бојата, само што е малку погуст и поколичински.Почнав да се мачкам со павловичева маст, ми ја дадоја едн акафена со перу балсам таа била против јадеж.И како да си помогнам на друг начин?
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Пробај да се одмиваш со чај од камилица или вагиналети канестен. Сепак мој совет ти е да посетиш гинеколог.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    девојки имам непријатна миризба и понекогаш чешање :( пред да се одлучам за гинеколог прочитав дека може да се стави ракија и да се преспиее со тоа.Пробав моментално но премногу пече :( дали правилно постапив и дали е тоа корисно? ве молам пишете
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не е корисно, никаков алкохол не е добар да се става на интимните делови, не си играјте бре девојки.

    Одмивајте се со млак чај од камилица.
    Појдете во аптека и купете си калиум перманганат, минијатурно пакување во зрнца, од него се подготвува виолетов раствор (и евтино е, околу 30-тина денари).
    Значи земете шишенце со млака вода, ставете неколку зрнца од калиумот, водата ќе се обои темно виолетова и внимателно измијте се.
    После нема одмивање со обична вода и не се грижете што малку ќе ве обои лилави, :) се одмива утредента.
    Купете си вагиналети, кансен, канестен или било какви други, најпрвин оние во тврда состојба, со антибиотик, доколку имате кандида.
    Доколку се работи за обично надразнување или надворешна инфекција, купете си од меките вагиналети, на база на кантарион или жалфија.

    А ракии и чуда, заборавете.

    Доколку не ви помине, посетете гинеколог.
     
    На Annath и ana-banana им се допаѓа ова.
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Никако ракија. :tmi: Кој и да ти го кажал тоа според мене не е при здрав разум. Со ракијата можеш да си направиш само полошо, никако нема да ти помогне. Најдобро е да отидеш на гинеколог. Но ако не си во можност како превеција измивај се со чај од камилица и со растворена сода бикарбона (не се плаши совет од лекар ми е). Можеш првин со камилица, па со сода или обратно. После тоа не се одмивај со вода, а со пешкир не триј, бришај полека со тапкање.
     
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Само да ја дополнам Трендафилка, калиум перманганатот (јас барем така го знам) ќе го раствориш да добие розева боја, ептен светло виолетова, т.е еден промил од растворот. Служи за дезинфекција. И голема глупост си направила со ракијата, уште полошо.

    Најпаметно ти е увин чај, брусница, да си направиш пресметки дали си се миела со некоја хемикалија или слично, на што мириса (ако е ептен гадно, да корне на скапано правец гинеколог) каква боја на вагинален секрет имаш...
     
  7. blairwaldrof

    blairwaldrof Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Тоа што те чеша значи дека имаш инфекција со Кандида албиканс, тоа е габичка што конкретно чешање, бело прање како густо, малце жолтеникаво како сир, и црвенило се карактеристични симптоми стрикно за оваа габичка, премивање со чај од камилица и тоа по неколку пати во денот убаво длабоко можеш да купиш шприц од аптека и да вбризгуваш во вагината камилица кога ке истекува водата што ја вбризгуваш заедно со неа и ке се отсрани и секретот на габичката што го создава по ѕидовите на вагината, така неколку пати во денот ке правис а навечер пред да си легнеш ке си ставиш вагиналета канестен и плус ке се намачкаш со маста, ке си купиш канестен вагиналети по три идат заедно и три дена по ред ке го правиш ова. Значи преку ден премивање со камилица, навечер пред спиење вагиналета. Кога ке завршиш со вагиналетите после три дена продолжи со премивање со камилици уште една недела ама плус ке ставис во 1 литар камилица една лажица сода бикарбона за да се нормализира pH вредноста на вагината.
     
  8. blairwaldrof

    blairwaldrof Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    а и заборавив да писам докулку секретот мириса на квасец 100 посто е кандида, послушај ги советите со сигурност поминува инфекцијата
     
  9. simona90

    simona90 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    ДОКОЛКУ ИМАТЕ СИМПТОМИ НА КАНДИДА КУПЕТЕ СИ КРЕМ КАНСЕН МНОГУ ПОМАГА
     
  10. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Девојки за било каков проблем во интимниот предел исклучиво на гинеколог! Не сакам да заплашувам тука на форумов, ама нема многу разлика во исцедокот, може да е кандида, ама може и да испадне и некоја друга бактерија ко што се на пример хламидија, микоплазма и уреоплазма!....Никогаш не се знае, а овие бактерии се многу раширени тука ( кажувам од проверен извор, т.е доктор-гинеколог)! Значи без разлика дали имате светло жолто, бело на кај жолто или незнам какво прање, со или без мирис, чешање или не обавезно на гинеколог, зошто тенка е границата на препознавање!
    Можете лесно да ги откриете преку микробиолошки тест, кој чини мислам околу 300 ден со сини картончиња! Значи ништо не ве кошта да се проверите!
    Не сум тука да ширам паники на форумов со вакви информации, само би било добро да се подкрене свеста за ваквите демначи! Сепак и тука се работи за здравје!
     
    На inside88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blairwaldrof

    blairwaldrof Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Значи да точно микробиолошки најточно се утврдува ама кај габичките има специфични симптоми според кој 80 посто може да се постави диференцијална дијагноза
     
  12. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    За секаков вид инфекции (чешање,непријатна миризба и сл.)таблетите ФЛАЖИЛ многу помагаат било да се употребуваат орално или вагинално (по ваша желба).Ефектот е видлив уште по првиот ден.Практикувајте да ја испиете цела доза иако имате чувство дека сте излечени.Така терапијата има поголем ефект.Мислам дека може и приватно да се купат и се околу 16о ден.Јас си ги користам секогаш кога имам таков проблем.Сепак ви препорачувам и посета на гениколог обавезно....Позззз :*
     
  13. blairwaldrof

    blairwaldrof Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    флажил немозе да се земаат при секаква состојба, како што наведе чешање, непријатна миризба, секрет и слично, флажил се земаат највеќе доколку се утврди дијагнозата по претходно направен пап или микро, т.е. флажил ги препишуваат ако има инфекција со трихомонас вагиналис.
     
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    poslednive 2 dena imam bel sekret ama ne kako tecnost kako sto mi se pojavuva voooobicaeno tuku mi e mnogu gusto i me cesa da ne znaete sto mozi da e i kade da se obratam iako mrazam bolnici :(
     
  15. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Сигурно е кандида затоа и те чеша,побарај низ темите и мислењата ке најдиш некој совет за да ја излечиш,ништо страшно скоро сите сме ја имале :)
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    а сигурно е неприајтно во мејгувреме да се има сексуални односи?
     
  17. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    девојки ве молам за совет,денес од кога станав осекјам болка во јајникот кога ке го пипнам исто и под папокот знаци во долниот дел од стомакот и ме пецкаше вагината,па ставив тампон натопен со невеново масло.од што мозе да биде?поздрав
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    посета на гинеколог дали знаеш дека може да си направиш инфекција или било што. Посети гинеколог не си играј со здравјето
     
  19. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    најубаво ти е да посетиш гинеколог,бидејќи таму не може да се појави само еден проблем,можеби е настинка,поради времето,можеби ќе ти дојде,циста и што уште не,ако не се изгуби болката посети си гинеколог да знаеш на што си.А привремено пиј чај од камилица тој е смирувачки чај може да ти помогне во вакви ситуации.
     
  20. Natence88

    Natence88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Би сакала да ми дадете некој совет...Речиси секој ден имам бело прање, а тоа се случува можеби година-две...некогаш е сив или жолт, немам јадеж, малку киселест мирис, а некогаш исцедокот е кремаст или пак на мали парчиња :( Се си мислев дека не е ништо страшно, но веќе се сомневам. Не сум менувала многу партнери, а и многу внимавам на хигиената. Користам течни сапуни на природна база за интимна нега, сум се миела и со сода бикарбона. Планирам да одам на гинеколог во скоро време.