1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вагинален секрет

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maja8, 3 јануари 2010.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Си дојдов ноќеска од одмор и денес правец бев на гинеколог, како што и претпоставував се работи за кандида.Ми направи брис и ми даде канестен вагиналетки и маст исто канестен.Е сега мене за ден-два треба да ми дојде па ќе ги користам од како ќе ми заврши.Но имам едно прашање, никогаш досега не сум користела вагинален крем, е сега го читам упатствоно и пишува со апликаторот да ставиш внатре од него во вагината.Јас мислев дека треба надворешно, нели таблетките ќе ги ставам внатре.Како вие го користите кремот?Ајде просветлетеме :D
     
  2. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    веќе некое време забележувам секрет бледо кафеав... од што може да е , некој инфекција или ??
     
  3. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    И јас ја осеќам вагината сува, не ме чеша,не ме пече. Инаку денес ми е последен ден од циклусот и не ми е баш пријатно што ја осеќам сува (не крварам денес)
    Што е работава, инфекција или?
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    teddygirl Вагиналетките се за внатрешно, а кремата е надворешно :)

    DiPi посета на гинеколог, тој најубаво стручно ке ти каже, вака само можеме да погодуваме.

    eleni27 мислам дека не би требало да се работи за инфекција.
     
  5. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Devojki poslednive nekolku dena zabelezav nekoi cudni pojavi...prvo stomakot mi e naduen,osekam nekakva tezina,pritisok.Vtoro iscedokot koga nema-nema, odednas pocne naglo da tece ko cesma...proziren e,bez miris,bukvalno kako vodicka.Sto bi mozelo da bide?! P.s. SE IZVINUVAM ZA LATINICATA OD MOB.SUM VKL
     
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Овие 2-3 дена ми е овулација. Секогаш за време на овулација имам бело -проѕирен густ секрет. Денес чувствувам голема болка во лев јајник и во пределот на матката, дури имав и крв со исцедокот.
    И болка при односи чувствувам овие 2-3 дена :worried:
    Има некој со такво искуство?
    Извинете ако има напишано понапред вотемава, немав време да ја прелистам
    На гинеколог не сум била, и немам време да одам деновиве, врзана сум со работа.
     
  7. Incomplete

    Incomplete Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Здраво Феминки би ве замолила дали може да ми кажете нешто повеќе за Вагиналетките, нивна употреба, дали има некои несакани дејства, некое искуство поточно станува збор за овие [​IMG]
    и дали може исто време да се користи и Цикло Прогинова? Ви благодарам
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Вагиналетките како што кажува и самото име се користат со ставање во вагиналниот отвор, а се употребуваат според потребната пропишана доза од гинеколог. Се ставаат со апликатор и што е можно подлабоко.
    Препорачано е да се стават пред спиење навечер за да се растворат и да дејствуваат внатре во вагината, а потоа постепено истекуваат во текот на другиот ден и затоа препорачливо е да се користи барем дневна влошка.
    Како и секој друг лек, сигурно во упатството пишува дали може да има несакани дејства и кои несакани дејства може евентуално да бидат предизвикани и тоа е различно за различни вагиналети.

    Поконкретно околу Вагисан не знам, па нека сподели некој искуство што ги има употребувано.
     
    На Incomplete му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    47.894
    Пол:
    Женски
    Вагисан се со млечна киселина, ама не со лактобацили, туку само млечна киселина која помага за намалувањето на зголемената ПХ вредност. Мене не ми помогнаа, искористив 2 кутивчиња и џабе си ги фрлив парите :devil:
     
    На Incomplete му/ѝ се допаѓа ова.
  10. flower-17

    flower-17 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки јас сум нова на форумов и имам еден проблем ми треба итна помош!
    Веќе 3 недели имам жолто-зеленикав секрет од вагината исто и густ бел секрет како сирење, чешање и отекување на вагиналните усни но нема некој јак мирис, прочитав за кандидата но имам 17 години и страв ми е да појдам на гениколог ако некој го имал истиот проблем би ми користел некој совет, ви благодарам!
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Правец на гинеколог. Се што е со поинаква боја, густина, мирис и слично може да е знак за некоја инфекција. Сум го немала тој проблем, ама од тоа што го имам читано знам дека е некој знак.
     
  12. ana.lusija

    ana.lusija Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво Феминки!
    Јас сум нова на форумот и сакам да ве замолам за совет!
    Значи вака, пред околу 4 месеци забележав дека имам зголемен вагинален секрет ( бело прање), и не му придадов голема важност бидејки пред 1 год имав направено микробиолошки брисеви и се беше во ред. Но ваквата ситуација почна ужасно да ми смета :@ Па затоа одлучив да ги повторам микробиолошките брисеви да не се работи за некој инфекција. Ми зедоја 4 брисеви и резултатите ми вели гинекологот се стакло (значи добри) нема никакви инфекции и не ми препиша ништо за зголемениот секрет кој сеуште го имам :@ само не ми е јасно едно, На резултатите пишеше дека има присутни епителни клетки и лактобацили а гинекологот ми вика дека тоа е нормално бидеќи се состоеле тие во микрофлората. и не претставувале инфекција или бактерии. Дали некој имал вакво или слично искуство? ве молам за помош!
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.926
    Пол:
    Женски
    Немаш никаков проблем. Нормално е да имаш секрет, т.н бело прање, кое на моменти е поизразено, особено и при топло време. Без лактобацилите вагината не би функционирала како што треба, а епителните клетки во наодот се всушност мртви клетки од слузокожата. Немаш причина за грижа, штом е се во ред. Ама штом ти пречи белото прање, е тогаш, исфрли интимни гелови и марамици од употреба, миј се само со чиста вода два пати дневно - почесто миј се само кога имаш менструација.
     
  14. ana.lusija

    ana.lusija Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Фала Annath на советот. Јас навистина употребувам доста гелови и креми за туширање а и влажни марамчиња ама не мислев дека може да ми предизвикаат проблем. А дали помага да се одмивам со камилица за да ми се намали секретот или тоа се користи за инфекции и бактерии само?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.926
    Пол:
    Женски
    Камилицата нема да штети, може да ја користиш, ама кај здрава вагина е доволна чиста вода. Понекогаш може да правиш промивки со раствор на калиум перманганат за дезинфекција (се продава во аптека како кристали, се раствора во вода - има виолетова боја). А геловите за туширање не ги исфрлај целосно, туку не ги миј интимните делови со нив.
     
  16. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Плодни денови ми се....
    Забележав секрет густ и леплив, ама не е проѕирен, има бледо жолта боја, нема мирис, немам чешање...
    Дали е од овулацијата можно да биде ваков?
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Жолтиот секрет сам по себе е симптом за нешто, и покрај тоа што нема пропратни симптоми како миризба, чешање..
    Не мора да е нешто страшно, може да си и нешто настината ама сепак бидејќи имаш промена на боја на секретот консултација со гинеколог нека ти биде во план заради твоја сигурност.
    До сега не сум слушнала дека е можен жолт секрет од овулација.
     
  18. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Се консултирав со докторката и ми кажа дека штом немам пецкање и чешање не е инфекција, а бледо-жолтеникавата боја е бидејќи можеби на тоалетната имало и малку урина, а гледам и по нет, сите истото го викаат. Ми олесни :hai:
     
  19. pacca

    pacca Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    go imam beloto pranje uste od 4 odd sto 4itav sto ste pravele toa go napraiv i jas ( a na genikolog nemam odeno tuku majka mi ja ima prasano nejzinata lekarka i taa i rekla da ne koristam sapuni i samponi za mienje tamu dole i jas toa i go praktikuvam ali djabe) ako znaete nesto drugo ( odven kamilica i soda bikarbona) kazete ve molam
     
  20. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Така е,најдобро е да се замиваш доле само со млака вода,без употреба на разни сапуни,гелови,интимни гелови и слично.Ако употребуваш секојдневни влошки,прекини и остај ги,можеби од нив ти се има појацано секретот.Исфрли ги од исхрана слатките работи,а пиј повеке вода,чај и јогурт.Можеш и да земес едни апчиња Lactogyn ги има во Зегин,тие се за нормализирање на вагиналната флора,намалување на исцедокот.Се надевам ти помогнав барем малце :)
     
    На VanillaB му/ѝ се допаѓа ова.