Девојки ве молам да ми кажете дали е нешто сериозно и дали треба да посетам гинеколог бидејки јас не се разбирам во вакви работи. Секогас вагиналниот секрет ми е бледо-бел и ми се појавува обично недела и пол-две недели пред да добијам, а сеа за прв пат има темно кафеава боја. Која е причината за тоа?
Moже да е од овулација, но да не трае многу долго т.е. да се врати во нормала за брзо. Ако е постојано таков тогаш најдобро е да одиш на преглед.
Засилен секрет може да се јави во период на овулација, и тоа е токму оној период за кој зборуваш, околу 2 недели пред добивање. Кафеав секрет ден-два пред добивање не е ништо чудно, но ако се јавува во периодот за кој зборуваш, недела-две пред добивање, тогаш може да е сигнал за пад на прогестеронот и ако се повторува треба да одиш на гинеколог. Може и да не е , секако има и други причини, ова го спомнав затоа што хормоните варираат, па може да се случи и потоа да не се повторува. Некогаш се јавува и во рана бременост, некогаш е резултат на инфекција, може да се јави ако се пијат таблети за контрацепција (затоа што се хормони) итн. Многу фактори влијаат, колку време трае, дали има непријатен мирис можеби, дали се повторува или е инцидентно, а се тоа најдобро може да ти каже гинеколог после преглед. Вака, лаички и теоретски, не е ништо страшно
Многу често ми се случува да имам појачан вагинален секрет. Направив брисеви-негативни, сега следува пап. Се замислувам од време на време, што може да биде причината за појачаниот секрет (не сум била настината, болна, ниту сум земала некакви лекови кога се случува ова, ниту пак сум во фаза на овулација)? Да не е поврзано со проблем на некој друг орган? Ова не ми е од сега, и порано вака се сллучувало. Една докторка пред неколку години ми рече: Ех камо јас така да се влажнам, биди среќна што си влажна без причина
Пред две недели бев на гиниколог и на пап тестот излезе дека имам кандида ставав вагиналети, но повременото крваренје не ми престанува стварно незнам од што може да биде а гиниколошки сум чиста како солза нема ништо незнам зошко крварам, дали некој знае нешто да ми каже што би можело да биде?
^^ А тоа му го напомена на докторот? За такво повремено крварење треба да те види на ехо. Може да се работи за хормонален дисбаланс. Мора да си провериш тоа.
Здраво девојки...имам сериозен проблем ве молам кажете ми што да направам..при сексуален однос осекам една чудна миризба која е мн грозна се срамам пред дечкото да сум така...немам бело прање но миризба има колку и да е чисто...миризбата е од внатре мн сум загрижена ве молам кажете сто да направам...поздрав
Сигурно се работи за некоја инфекција или бактерија,јас би ти препорачала под итно да отидеш на гинеколог
здраво дали некој знае за кокоидни бактери и трихономас бактерија? може ли некој нешто повеке да каже
Дечкии имав сексуален однос по еден ден ме пецкаше, се мијав со чај од камилица со една лажица сода.. имаше некој ефект, сега не ме пецка нон-стоп туку само при мокрење внатре длабоко, да го земам ли Кансен кремот или да продолжам со чајот? ако може побрз одговор ...
Bо последно време забележав дека ми е многу зголемено лачењето на вагиналниот секрет на што би можело да се должи тоа?
Треба да добиеш или си преладена. Ако има променета боја и мирис, тогаш е најверојатно некоја инфекција.
Кансенот е антимикотик,односно делува против габички. А установено ти е дека имаш канида или само така ти текна? Можеш да се одмиваш со растворен хиперманган,ќе ти помогне повеќе отколку содата,која ја променува вагиналната Ph. Извесно време избегнувај употребување на најразлични препарати за интимна нега кои имаат јаки мириси,бои и конзерванси и миј се само со чај од камилица и хиперманган.
Forumki ve molam za pomos ! Veke 2 meseca imam zgolemeno belo pranje so neprijaten miris,prethodno piev antibiotici Zinat poradi nastinka.Posle toa se pojavi cesanje(duri mi ja iritirase sluznicata kolku sto bese jako),pesenje(pri mokrenje i posle toa) bolki vo jajnicite...Otidov na ginekolog mi dade Betadin i pesecenjeto uste poveke se zgolemi so pocnav da imam pecesenje i vo bubrezite.Nemozev da izdrzav i otidov i mi zema bris i na PAP testot pokaza deka imam samo kandida i da koristam Linex Lady, a bolkite pak prodolzija so i da koristam Kandidata ja imam veke 3 godini i na sekoj antibiotik se aktivira duri nepodnoslivo e.Sega maticnata mi dade da ispitam bakterija vo zeludnik i mokrakja..pa ke vidime. Od sto bi mozel da bide predizvikan mojot problem i dali nekoj imal slicni simptomi.Pozdrav ! [mod-kirilica:3etq9vow][/mod-kirilica:3etq9vow]
Да знаеш за друг пат кога ќе користиш антибиотик,обавезно да земаш и б-комплекс,а можеш и сега да си земаш. Можно е да имаш бактерија во мокрача или евентуално да си ги провериш и бубрезите. Бактерија во желудник-Хелико бактер,не ја поврзувам со твојата ситуација,освен ако имаш проблеми со желудникот. Пробај со кансен и хиперманган за кандидата. Поздрав,
кога ке пиеш антибиотик уште првата ден да си ставаш вагиналети нистатин превентивно да не се активира кандида а ако е ептен толку досадна земи канестен3 +маст канестен промивки од камилица хипер манган во исхраната јогурт млеко и млечни обавезно
А дали е можно поради инфекцијата да болат јајниците и долниот дел на стомакот, бидејќи уше 4 дена треба да ми дојде... многу сум исплашена да не сум трудна :/
Зависи за каква мака ти требаат. Има различни вагиналети, во зависност од дијагнозата ги препорачува т.е. ги препишува гинеколог. Ако сакаш евентуално некои како превентива на природна база има од кантарион, бетадин..
оние за кандида што се, еднаш ми ги препишаа, ама сакам сега на своја рака да ги земам, само не им го памтам името. х)