Јас го имав истиот проблем, значи нормално бело прање и од пред некоја недела почна да се зголемува количински и погуст исцедок, а мирисот стана неподнослив. Кога видов колку буквално парчиња излегоа после сексуалниот однос, сакав во земја да пропаднам. Имав и симптоми како црвенило и чешање, пробав со чај од камилица и интимни гелови, но не помогна повеќе од ден-два. И си бев на гинеколог, испадна дека имам кандида. Мојот совет е да си појдеш на гинеколог, но можеш да си пробаш со Канестен 3 - значи три вагиналети, секоја вечер по една + маст Канестен (двете во комбинација се супер). Да пиеш што е можно повеќе јогурт (дури имам и слушнато и од докторката дека Симбиотскиот јогурт содржи габи кои многу позитивно влијаат врз тој дел - значи тампон натопен во јогурт и да преспиеш неколку часа, мене ми е малку језиво, но ми кажале дека прилично помага при инфекции). И не знам дали и какви секојдневни влошки користиш , но имаат прилично влијание врз белото прање, како и материјалот на долната облека. Секако, тоа што си пиела антибиотици си има влијание врз густината, бојата и мирисот на исцедокот. Се надевам дека помогнав И без гајле, ќе помине.
да кандидата е таа што покажува бело прање и да се познава при односи. а симтомите што ги кажа се симтоми на кандида. искрено многу жени се склони кон кандидата затоа што лесно се фака (малку треба). меѓутоа канестен 3 за тебе и дечко ти канестен крема ( доколку имате незаштитен однос). не е ништо страшно и јас ја имав иако со големи маки ја излечив. треба да си упорна доколу потешко ти се лекува. но јас лично не би ти препорачала јогурти, вино... и некој такви домашни рецепти за ставање вагинално. сепак лекарства се лекарства
I jas imam belo pranje veke 2 i pol godini...Imam slusano deka ponekogas beloto pranje e kako znak deka treba da dobies menzis,no jas ne bi rekla deka e taka ....No drugo sakav da prasam...Dali znae nekoj od sto se dobiva kandidata ???
од носење премногу тесна облека, танга (без која не можеме), улошки кој колку што знаеме нема ни едни квалитетни, гаќи кога переш понекогаш останува прашок , гаќи секогаш треба да се пеглаат за да се уништат колку толку бактериите. но штом е каналот отворен нормално е да се фака бактерии
леле ова бело прањево ми е смрттттт значи порано имав да ама не толку како последниве 6 месеци... многу ми тече дури го осекам и е така густичко... порано имав помалку не се приметуваше дури и без секојдневна можев слободно да си одам... а сега???!! последниве 6 месеци нонстоп сум со секојдневна улошка нема шанси така да излезам зашто ми тече и го осекам морам улошка да носам у пм више со проблемиве пробував и со камилица неколку вечери и кисело млеко ама џабеееееееее тоа пак си тече и си тече
Земи Флажил таблети и ќе пиеш редовно по две на ден уз јадење..ќе ти се среди..И после ако пак се јави можеш пак да пиеш од таблетите нема никаква штета.
Здраво на сите и јас имав проблем со белопрањето кое од време на време стануваше се неподносливо и непријатна миризба имаше мој совет одете нба гинеколог да ви земе брисеви а не од око да ви дала лекарства. Тоа е најдобро сега сум супер дури ни секојдневни влошки повеќе не користам. Поздрав
офффф таблети ли пак.. нај што мразам со апчиња да се трујам. А колку дена да ги пијам??? За колку дена ке се намали бело прањето?? Фала ти многуууу
отиди на гинеколог види што ке ти дадат. јас искрено ќе ви кажам како по некоја случајност ја излеков колку толку кандидата. бев кај една другарка а мајка и лечеше со био енергија. и фативме женски трач моабети и си ја кажав маката незнаејќи дека мајка и лечи. ми вика седни седнав и со раката помина по стомакот и замислете каде имаше насобрано таму ме здоболе стомак. ми даде некоја вода што она ја прочистува и на фрекфенција на која работи моето тело ми препорача чај. водата ја ставав вагинално со шприц колку да влезе внатре и истекува нели на улошка а чајот беше многу многу гаден али мора да се издржи. идев на неколку третмани. тоа беше пред 2 години и сеа на последниот пап да дека ми покажа пак кандида меѓутоа никогаш немам во таа количина која што имав.
флажилот ги препишуваат ако освен кандида најдат нешто друго. ако на своја рака земате земете канестен -3 , потоа вагеналетици на база на камилица, и има едни на база на јод меѓутоа тие што се на база на јод не претерувајте да ги ставите сите 10 туку бар 5 затоа што ја сушат флората. и најважно е сепак ке кажам при незаштитен однос да се третираат двајцата партнери
е сега што да правам, кој да слушам???!!! а тоа вагеналетиците како се ставаат?? мене ми е страв незнам како иде тоа да и речам на мајка ми да идеме на гинеколог ке си помисли нешто друго дека имам дечко и ке си помисли сум имала нешто ( а сум немала ) еднаш и спомнав и ми рече со камилица да се мијам ама џабее
ако не си имала односи а имаш бело прање тогаш ако не сум грешка мислам дека неможеш да ставаш вагиналетици ( нека ме поправи некој ако грешам) меѓутоа внимавај повеќе на долниот веш и улошките кој ги користиш, миј се со камилица и земи си канестен крема за надворешна употреба е се мачкаш.
ќе ги испиеш сите..зашто така е терапијата не се многу..ако не сакаш на гинеколог да одиш..инаку се многу ефикасни...и мораш да се научиш да пиеш таблетки понекогаш се многу потребни
имав обилно бело прање и пред мензиз и после, значи постојано, лек ми беше тоа што ги отфрлив од употреба дневните влошки, пробајте и вие доколку ги користите резултати има одма после 2-3 дена
Исто и јас. Од секојдневните влошки имав многу бело прање. Откако престанав да ги користам имам малку.
Za snegulceto najprvo bi bilo najdobro da se otide na ginekolog zasto toa e najdobro i najsoodvetno resenie zasto mozno e da ima i bakteriska infekcija zaedno so gabicnata. A cesanjeto i peckanjeto e definitivno gabicna infekcija se sreduva so vaginaleti CAnesten no sepak najdobro e da se otide na ginekolog i toj da gi dade soodvetnite instrukcii za lekuvanje na tie problemi. A i drugo ke zaboravev nemojte mn cesto da gi nosite sekojdnevnite uloski T.E. vozdrzete se od niv tie ne dozvoluvaat da se vrsi normalna aeracija na vaginata i sozdavaat mn dobra podloga za rast i razvoj na gabata candida koja ni e normalna flora i posledica na toa e belo pranje i ceskanje peckanje nelagodnost. Ve otekov znam
па нема шанси без секојдневна влошка да излезам од дома, како да не ставам кога го чувствувам неможам така неудобно ми е... а некој па баш викаат дека е добро да се носи секојдневни влошки... и сега кој е тука во право хах