да така е во право си, кога се работи за здравје и здравствени проблеми треба да се обратиме на лекар, меѓутоа тука на форумов секој си ги пишува сопствените мислења и искуства, барем јас така правам затоа што ако имам некое искуство може да го споделам тука, но тоа незначи дека јас сум доктор специјалист да казам ова она, вака така....јас од мое искуство сум пишала и искоментирала.Zатоа најдобро е прво на лекар, па тука да споделуваме искуства и мислења....
А јас во последно време многу често имам бело прање скоро секој ден,ама последните денови посна да ме чеша и се мачкам со канестен сега незнам дали ке ми помогне,тоа е за габична инфекција. Што мислите што значи тоа што da i na mene istoto me desava a so e raboata dali kaj sekoja zena go ima infecijata ama se deva i po edna nedela da imam infecija da kasite nestoo pomoss pozz do site
Бидејќи и јас имам многу бело прање,почнав да пијам чај од брусница од денес,па ако има некакви резултати ќе пишам тука
не верувам многу дека ке имаш корист од брусницата ако имас вагинална инфекција. ако имас многу бело прање на лекар оди со вагиналети ке се средиш, а инаку за бело прање да се смали треба и на диета малку да бидеш без благо, шекер никако, јагехидрати минимум, многу зеленчук, лимон, риба лосос, маслиново масно, цимет ....јас имав проблем таков со вагитории го решив и она мене што ми помогна многу морам да ти нагласам промивки со чај од невен....многу помага испробано....
Девојки, имам приметено, најчесто кога ми е ладно, ме болат јајниците и имам зголемен бел, густ секрет. Можно е да е некаква инфекција?
Можеби си преладена. Облекувај се топло и избегнувај гола половина. Може пред спиење да си ставиш шишенце мало со топла вода на јајниците да ги стоплиш и чај од брусница да пиеш (но оној на виталиа со 60% плод од брусница). Или пак посети гинеколог доколку мислиш дека ти е инфекција, за да си знаеш на што си. Позз
За кандидата или белото прање на некои им помага одмивање со чај од камилица и сода бикарбона растворена во топла вода или пак тампон натопен во јогурт. Мене лично вагиналетите препишани од гинеколог ми помогнале за многу кратко време, а потоа се по старо Исто така, многу е битна исхраната, треба да се намали внесувањето на шеќери (чоколади и овошје), а да се зголеми консумацијата на зеленчук, јогурт итн. Врз зголемениот исцедок влијаат и лекарствата, претежно пиењето антибиотици, ниските температури, влагата, стресот, незаштитен полов однос, па дури и пречестото одмивање мислам дека ќе магистрирам на темава
Малку ме збуни сега, со што влијае незаштитениот полов однос на вагиналниот секрет, доколку не е инфекција во прашање? Едит: Не ми е јасно ни стресот, влагата и ниските температури како можат да влијаат, па дури и пречестото одмивање, ама ова прво што прашав најнејасно ми е и највеќе ме интересира.
Прво, кадиндата предизвикува во секој случај абнормално вагинално лачење, абнормално во поглед зголемено. Мислам дека се вбројува во бакретиско заболување, оние кои се повеќе информирани нека ме корегираат ако грешам. Полово пренослива болест е. Стресот е помоќен отколку што изгледа. Предизвикува хормонални промени кај жената. Ниските температури предизвикуваат прелада. Изразито во пределот кај јајниците, ако се изложени и тој дел од стомакот не е покриен, лачењето исто така е зголемено и непријатно. Пречестото одмивање предизвикува нарушување на природната вагиналана флоура, посебно погрешно е што многу од жените прават целосно одмивање ( внатрешно ) не разбирајќи дека вагината има свои начини да се исчисти. Одмивањето треба да се прави редовно и надворешно, никако пречесто со препарати за одржување на хигиената единствено за интима, бидејќи ph вредноста во тој предел е различна и секое нејзино нарушување резултира со непријатности. ********************************************************************************* Девојќи немам некое искуство со полови болести, па и незнам што да мислам. Пред извесно време, околу недела почувствував отсечна болка во долниот дел од стомакот во текот на ноќта. Беше периодична и ме траеше до утрото. Во текот на денот имав непрестатно чешање и иритација, со еден збор голема непријатност почувствував. Се измив со камилица и ставив памучни чисти и испеглани гаќички и секојдневна влошка не ставив како по обичај што правам . Забележав млечно бел грутчест исцедок, со наслаги наталожен во пределот на малите усни, вагиналниот отвор и мочниот отвор. Се јавив кај матичен гинеколог, не беше на работа до понеделник, а сабота беше. Ме советуваше да се мачкам со кансен маст и да ставам кансен вагиналети. Мислите дека е кандида ?! Оти малку чудно изгледаше за да биде. Лачењето беше, пак ќе речам крајно грутчесто, речиси без вискозност. Понеделникот добив менструација па не бев во можност да направам микробиолошко испитување. Ама и онака бев до кај докторката. Го земав пап тестот. Пишуваше дека е во прилог на бактериска вагиноза. Лачењето се повтори кај маж ми во иста форма, наталожени наслаги околу главата на пенисот, благ оток подоцна и црвенило кои се повлекоа без никаква терапија. Само камилица. Денес, најдоцна утре одам на лекар. Чекам менструацијата да ми заврши. Што мислите дека е ?! Сакам да спомнам дека е јасно, не сум сменила партнер а силно сум убедена дека ни маж ми не го направил тоа. Докторката вели дека е можно тој да ми има пренесено, ако е кандида, да избегнува благо, повеќе јогурт, се јавувала и кај покачен шеќер.
Sakam da prasam lek za belo pranje...kaze te mi zatoa sto ova nikogas do sega ne mi se desilo volku da imam belo pranje posle menstruacija a baska ponekogas e i kafeavo...i mnogu cesto imam menstruacija...ako moze pobrzo da mi dadete nekoj sovet...
Не само тебе туку се обидува да ги збуни и сите, па дури и оди до таму да кажува дека тампон натопен во јогурт, помагал за бело прање, или сода бикарбона. Ај чајот нема да го коментирам бидејки тој неможе да штети, ама останатото може ите како да штети. А за влагата стресот и останатите глупости не ги ни кментирам. Се извинувам што го користам зборот глупост но навистина е така. Доколку имате било каков проблем од овој тип најдобро е да се појде на лекар или да не се преземаат вакви активности како што се ставање прехрамбени производи таму каде што не им е место
Ниту стресот ниту влагата се “глупост“,и кога ке појдеш на лекар доколку повеке пати ти се повторува кандидијаза ке ти го каже истото. При зголемен стрес имунитетот нагло опаѓа и доаѓа до активирање на кандидата и половите инфекции.Затоа гинеколозите враќаат со јака имунолошка терапија покрај стандардните вагиналети. Влагата е идеална средина за развоја на габи,посебно кандидата ,затоа се препорачува често менување на сув пеглан веш,ако не може тогаш непарфимирани секојдневни влошки. Употребата на сода растворена наутро и навечер ја намалува ПХ вредноста на организмот,ја намалува киселоста која инаку е идеална за развоја на кандида. Пиењето на јогурт обогатен со култури е неопходен во тој период. Тоа се многу помошни совети ,а далеку од глупости,ние тука многу магистриравме на темата.
Најдобро би било да си отидеш на гинеколог, можеби ќе ти препише некои вагиналети, масти и слично...инаку јас го намалувам тоа со одмивање со чај од камилица или сода бикарбона растворена во топла вода, а моја другарка ми кажа дека многу и помага тампон натопен во јогурт...ама сепак мислам дека треба да отидеш на гинеколог
АЈ Прво почни да истражуваш и да се распрашуваш по гинеколози за кандидата и лековите кои можат да помогнат против неа, па после зборувај дека сум напишала глупост...сигурно дека нема да напишам нешто за да му наштети некому, туку напротив се обидувам да помогнам, бидејќи и јас и многу други луѓе околу мене го имале истиот проблем.
јас имав сличен проблем многу бело прање на почеток почна да е кафеаво па црвено... баш како цело време да имам менстроација, инаку кај мене се јавуваше на средина на циклус (во најплодните денови) кфеавиот исцедок. Бев на гинеколог и се установи дека имам полип на матката па правев хистероскопија во Плодност. Излегов од темата мегутоа мој совет е да одиш на преглед бидејќи нема крварење кое е нормално. Се ндевам се е во ред кај тебе.
И јас го имав истиов проблем. Бев на гинеколог и ми беше кажано дека имам недостаток на прогестерон. Пиев таблети еден месец и се` се среди.