Сакам да прашам за белово прање.Последниве неколку месеци имам ваков вагинален секрет т.е бело прање.Сеуште немам добиено менструација,па дали е ова знак дека наскоро ќе добијам?
Здраво. Имав менструација прв ден, и притоа имав заштитен секс со партнерот. Тој ејакулираше, но потоа, односот беше повторен без перзерватив. Еве веќе менструацијата ја имам уште, меѓутоа имам кафеав темен исцедок, а кога одам во WC, после уринирањее, имам крв? Што значи тоа и според првичните информации дали постои можност за забременување?
Девојки секретот ми е густ и жолтеникав и повремено чувстувам болка во пределот под стомакот. Истово го имав и пред да добијам, сега ми заврши и еве го повторно. Навистина се испаничив, што може да е ? Гинеколог не можам да посетам.
инфекција драга моја, сакал несакала да си одиш на гинеколог....да не ти се прошири и комплицира, па после да неможеш те со мака да ја откачиш...според мене е кандида, ама јас не сум доктор само претпоставувам .....мој совет на лекар да одиш
A може ли од премногу благо јадење да биде? Еве сега не јадам благо втор ден и ми се нормализира, имам само бел секрет без мирис.
Ако е кандида и те како има влијание благото врз неа. Гледај наредниов период ептен да го намалиш и земи си чај од брусница и конзумирај лимон.
благото е поврзано со секретот ако е кандида во прашање, оти кандидата е габичка и се храни со шеќери те размножува и продуцира зголемен исцедок од вагината., меѓутоа за кандида не треба само благо да не се конзумира, треба и друго за таа да се излечи и нормализира....затоа на гинеколог прво, а потоа малку на диета и здрава исхрана....брусницата не помага кај кандида многу многу, таа е за уринарни инфекции....
Феминки и се има ли на некоја случено да има подуван стомак како пред добивање и секрет со кафеава боја, а да не треба да добие?
Ооо ми се смачи веќе од тоа бело прање ...За прв пат пред еден месец отидов на гинеколог, не сум сексуално активна , ме прегледа само на ехо и ми препиша една маст ГИНЕКС ама нон стоп имам бело прање не ми помогна тоа некоја помош од вас ?
Тоа ми се случи минатиот месец, бев на гинеколог, ме виде на ехо ми рече се е во ред, и иако немав чешање и ми препиша вагиналетки. Ги користев три дена и се беше во ред. Ми рече да провериме крвна слика и скриен шеќер затоа што во фамилијата имаме дијабетичари. Резултатите од крвната слика и мокрачата беа во ред, но скриениот шеќер беше низок (вредности 4-4.5-6.2). Повторно проверив шеќер и тестот за просечен шеќер во последните три месеци и резултатот беше 4.6% а најдолната граница е 5%. (Да напоменам дека тој период се чувствував многу подувано и јадев многу благо, затоа мислеше дека имам проблем со шеќерот.) Потоа јас инсистирав да направам пап тест и тие што се 4те брисеви. Резултатите од сите брисеви беа негативни, додека резултатот од пап тестот го чекам. И според него се е во ред, но јас добив сега на 6, и сега го имам истиот проблем, значи не се плодни денови. Ако има некој искуство, или совет што друго да проверам би ви била благодарна да споделите.
ако си добила на 6ти плодни денови ти сеод 16 до 22... ако се појавува исцедокот само во овие денови... побарај мислење од втор гинеколог, уште еден преглед со ваг. ехо и колкоскопија, недај боже можи да е полип, тој дава крварење во најплодни денови... исто можиш и уринокултура да си напрајш со упат од општ доктрор, можеби е некоја уринарна инфекција или некое камче во бубрезите..се надевам не е ништо страшно само не чекај навреме заврши си ги прегледите... пиши како ке поминиш поздрав
јас така имав подуеност и мислам дека на пап тесток ке ти се покаже кандида, зошто гледам имаш пишано дека си имала чешање....исто и јас ккао тебе ама еднаш само имав така исцедок малку кафенкаст....мислм дека подуеноста ти е од таа кандида, ветер да ја однесе---ја мразам веке ....ок шала на страна јас ке ти кажамкако да се спасиш од таа подуеност и ке имаш рамен стомак----баланс јогурт, сабјле 1 чаша на гладно и во текот на денот колку сакаш пии, јас правев онаа позната напивка против кандид аи се состои од 1ч јогутр, 2 лук, морков, маслиново масло, цимет----д аотстои убаво и пред спиење го јадев тоа....избегнував благо, повеке зеленчук и овошје со посебен нагласок на јаболка...еве мене ми поминаааааа и сега стомачето ми е рамноо, немам пробелем пробај poduenosta nema vrska nikakva so plodni denoviiiiiii
Благодарам на мислењето, но не сме се разбрале убаво. Јас немав чешање, а тој и покрај тоа ми даде да користам вагиналетки. А за кандида ако имав мислев дека требаше да покаже на резултатите од микробиолошките брисеви од кои еден е за кандида, а кај мене сите 4 беа негативни. Кога ке ги земам резултатите од пап тестот овие денови ќе ви пишам резултати. Поздрав
ок се надевам дека и пап тестот ке ти покаже нормална состојба, и јас немав чешање ама имав кандида и на мојот пап тест ми се покажа кандида......за подуеност ти кажав од лично искуство....позз секое добро
Здраво, нова сум на форумот, па ако се повторувам со прашањето се извинувам, но ме интересираат неколку работи. Веќе два-три дена имам жолтеникав вагинален секрет, а ми се јавува чешање и печење(при мокрење). Разбрав дека вагиналниот густ секрет може да се јави и после антибиотиска терапија, па дали може да ми е од тоа или сепак се работи за некоја инфекција ? Знам дека е најубаво да се посети гинеколог, па исто така ме интересира колку чини комплетен гинеколошки преглед, приватно или со плави картони? Инаку сум сексуално активна, меѓутоа не сум посетила гинеколог досега.
Хелп Веке подолго време имам белоо прање со чуден мирис пред 2 3 дена правев испитување на мокрача ништо не ми покажа или пак не покажува на мокача
zdr.i ja bi sakal da prasam imam nekoj problem imam zolt iscedok..napraviv ispituvanje mi zemaa brisevi bea negativni site.... sto bi mozelo da bide/??
Пред една недела ми помина...сега од време на време на тоалетната хартија имам лигаво нешто со крем боја без мирис.. Загрижена сум.. Што би можело да е? А вчера си ја проверував крвта и микажаа дека се е во ред..и брисот ми е одличен..без проблеми