Бидејќи ти поминало пред една недела, можно е сега да ти се плодни денови. Влези на календарот што го има тука на фемина за плодни денови и ќе видиш. Мене обично кога ми се плодни денови имам повеќе бело прање, така лигаво и не мириса, но се средува за ден - два. Ако не ти поминува посети гинеколог, можеби се работи за некоја инфекција, но не би требало. Обично инфекциите се манифестираат со густ исцедок, со јадеж, пецкање и мирис на секретот. Позз
Ве молам за помош! Добиеното ми заврши пред 4 дена, а имам кафав исцедок на гаќите. Не знам од што ми е. Немам чешање и сл. Страв ми е.
^ Кога ти се појави исцедокот? Колку време траеше и дали е обилен или имаш само на гаќите? Инаку, имам неколку пати спомнато тука дека ми се случи истото, и се работеше за недостаток на прогестерон. Се регулира со таблети, после неколку дена. Само што кај мене се јави крварење исто како менструација. Можно е и да се исчистува заостанатата крв, која не истекла за време на менструалното крварење. Нема потреба од паника. Не е ништо страшно.
Вака, можно е и да ми е до периодот но стварно не се поднесува Еве веќе три години како имам менструација се во ред но овоа белово прање никако да исчезне. Буквално цела година си ја поминав со влошка Влошка пред менструација,влошка за време на менструација,влошка после менструација АМАН Немам можност што се вика да си ја излуфтирам Постојано имам бело прање кое понекогаш е обилно се лепи како саказ/мрсул и е долго.. а понекогаш само како круг на гаќите и како настрана белки засироци.. а што е најтрагедично ако не ставам влошка ми предизвикува непријатно чувство, чешање буквално ДРАПАЊЕ и непријатен мириз..ПОМОШ?
Нека ти препише терапија гинекологот. Не можеш постојано да бидеш со влошки. Тие уште толку предизвикуваат да имаш вагинален секрет. Можеш да користиш вагиналети или пак да правиш промивки со сода и камилица. Доколку конзумираш многу благо, веднаш го намали. Појди на гинеколог и нека ти направи пап тест. Доколку има некоја инфекција ќе покаже. А до тогаш можеш во домашни услови да се промиваш со камилица и сода. Исто така конзумирај многу јогурт. И избегнувај ги влошките колку можеш. Јас бев ваква и постојано со влошки. Откако го намалив благото и почнав здраво да се хранам скоро и да немам никакви проблеми. Но доколку преку ден имам исцедок не ми е проблем да влеза и да се одмијам само со вода и да си облечам чист долен веш. Е сега доколку не сум во можност си ставам секојдневна влошка, но кога си дојдам дома веднаш се средувам.
Feminki,itno mi e potrebno mislenje.pred dva meseci bev na ginekolog mi kaza imam kandida a i policisticni jajnici i tesko moze da ostanam bremena.a so deckoto imame nezastiten odnos i ne pazime. Mene pred edna nedela trebase da mi dojde,ama vo petokot imav kafeav iscedok,vo ponedelnik isto i vcera. A jajnici me bolat kako pred da dobijam i celo vreme go ocekuvam da dojde. A rezultatite od pap test pred dva meseci pokazaa deka se e vo red.isto i eho,samo policisticni jajnici imam... Me interesira nekoj so vakvo iskustvo a sega ne sum vo moznost za 2-3 nedeli da otidam na ginekog od pricina ne sum vo Mk. Pa me interesira zasto panika pocna da me fakja,da ne e nekoja infekcija...izvinete za lat. I zaboraviv da kazam,do pred nekolku dena mi se vrtese,a i omalaksana se osekjam celo vreme i kako umorna od nisto...
Ваκаа, не сум во можност да одам на гинеκолог и таκви стваρи ниту паκ сум слободна да ρазговаρам со мајκа ми за одење таму пошо у наша фамилија на леκаρ се оди аκо имаш темпеρатуρа 40+ Инаκу без сеκојдневна неможам пишав и погоρе! А еве утρе неам ги потρошив па ќе моρам онаκва влошκа да ставам... еве и денес напρаив таκа стаив онаκва бела свети после два саата идам до веце си ја гледам влошκава во сρедина жолта! Сеκρетот...од шо би можело да е? инаκу 15 г сум
Женска ова со влошкиве не ти е баш најпаметно нешто. Не е никако препорачливо носење влошки нон -стоп. Тоа константно носење може само да ти го влоши твојот проблем и буквално од ништо-нешто да си направиш. Влошки има секакви, а најчесто не се памучни, содржат некакви гелови, миризи, хемикалии и сешто нешто кое на кожата ме и дава да диши слободно и е кошница со удобни и поволни услови за размножување различни инфекции. Штом толку ти е обилно, како што наведе и ти предизвикува чешање и непријатнен мирис мислам дека станува збор за кандида. Таа проклета габичка има такви симптоми. Но во секој случај ова е претпоставка, треба на лекар да одиш. Најдобро ке е да посетиш лекар. Мој совет ти е, јас како лице што некогаш имало кандида би ти препорачала да обрнеш внимание на исхраната и максимална хигиена. Промивка со камилица е најблаготворна за такво нешто. Од искуство, секојдневна хигиена, памучна долна облека и да си го зајакнеш имунитетот. Шом имаш забележано нешто, значи промена некаква да си разговараш со ттвојата мајка, нема срам никаков верувај. заедно ке го решите тој проблем. Кажи и на мајкати. Се најдобро, се надевам дека се ке бидеш ок. Тоа за кандидата пак ке напоменам е мое мислење што не значи и потврдува дека навистина ја имаш. Напиша дека имаш 15 г затоа да не ме сватиш погрешно или не дај боже се исплашиш.
Многу причини можат да влијаат.Женската анатомија е таква и многу лесно можеш да добиеш некоја инфекција.Може да биде од тоалетите,миење со интимни гелови или се друго што може да ја наруши рH вредноста,носење танга,носење секојдневни,несменети гаќи,незаштитени односи но исто и настинка ,грип и земање антибиотици може да го засили секретот. Ние не можеме да ти кажеме што ти е,тоа може да ти го каже гинеколог затоа ти го препорачувам тоа како најсигурно решение.Разговарај со твојата мајка,нели мајките го сакаат најгоброто за своите деца. Друго, не би ти трепорачала било што да земаш на своја рака,освен што можеш да се одмиваш со камилица,сода(но немој пречесто со сода) и да одржуваш редовно хигиена.Доколку се работи за кандида ќе треба да внимаваш на исхраната и да го зајакнеш имунитетот.
Би сакала да ми дадете некој совет...Речиси секој ден имам бело прање, а тоа се случува можеби година-две...некогаш е сив или жолт, немам јадеж, малку киселест мирис, а некогаш исцедокот е кремаст или пак на мали парчиња Се си мислев дека не е ништо страшно, но веќе се сомневам. Не сум менувала многу партнери, а и многу внимавам на хигиената. Користам течни сапуни на природна база за интимна нега, сум се миела и со сода бикарбона. Планирам да одам на гинеколог во скоро време.
Вака, најпрво да ти одговорам за полицистичните јајници. Нека не те плашат, точно е дека можат да се јават одредени компликации и потешкотии доколку сакаш да останеш бремена, но не мора да значи. Познавам многу девојки, жени кои имаат полицистични јајници, кои сега се мајки на здрави дечиња Од пап тестот кој си го направила, може само да се видат одредени промени на грлото на матката доколку ги има, предизвикани од ХПВ вирусот, и евентуално присуство на кандида. Доколку сакаш да дознаеш дали кафеавиот исцедок е резултат на некоја инфекција, ќе мораш да ги направиш четирите микробиолошки брисеви. Инаку, исцедокот и не мора да е знак за инфекција, мене ми се случувало таков исцедок да имам ден-два пред да ми дојде менструација. Но, сепак, доколку кај тебе постои било каков сомнеж дека можеби е инфекција, посети гинеколог во најскоро време за да доколку ја има, истата адекватно да биде третирана. Се надевам ти помогнав, поздрав.
Не знам зошто си дозволила година-две да имаш бело прање, а да не отидеш на гинеколог и да ги направиш потребните испитувања. Во ова време кое живееме, потребно е секоја жена редовно да посетува гинеколог, за превентивни прегледи, а не само по потреба. Киселкастиот мирис или познатиот „мирис на риба“ е знак за инфекција, исто како и исцедокот со сива или жолта боја. Без разлика што не си менувала партнери, сепак треба да посетуваш редовно гинеколог.
Здраво, јас редовно сум на фемина и си читам мислења од вас Феминки, многу пати ми имаат помогнато, али еве дојде ред и јас да напишам нешто. Во Декември бев на Гинеколог и ги направив сите можни испитувања, и се беше во ред. Јануар имав проблем со желудникот и пијав мн јаки антибиотици ама не земав Бедоксин и некаде крај на Фебруар ми се појави бел исцедок ( бело прање) и ме чешаше ама не многу, а да напоменам тој период ми беше со многу многу стрес, и тетка ми која е Доктор Апотекар во Германија ми кажа да си земам Вагинални апчиња на приордна база, кои исто така многу ми помогнаа. Нов термин на Гинеколог имам на 3-ти Септември, порано нема. ( Бидејќи не живеам во Македонија и е мн тешко порано да најдам ) .. Така да морам да чекам. Со дечко ми имаме заштитен однос, и си имам редовна менструација ( од тогааш два пати сум имала, и со многу обилно крварење) ама сега овие 2-3 дена од кога ми заврши имам како бледо кафен исцедок и малку како лигав и малку мириса,а не ме чеша воопшто. Дали можи да е од менструцијата или пак до белото прање ??? Не знам што да правам?? Има ли простор ѕа паника?? Фалаааа многуууу
Во последно време почнав многу благо да јадам и ептен ми се зголеми вагиналниот исцедок. Претходно благо јадев многу ретко и се си беше во ред. Си појдов до аптека и си земав гинекс форте на своја рака, без консултација со гинеколог. Бидејќи се на природна база не би требало да има некаков проблем што си ги земав така или да појдам на гинеколог? Освен што ми е зголемен исцедокот ниту ме пецка кога одам во вц, ниту ме боли, ниту пак има некаков мирис. Последните микробиолошки брисеви и папа тестот ми беа во ред. Позз
Во последно време почнав многу благо да јадам и ептен ми се зголеми вагиналниот исцедок. Претходно благо јадев многу ретко и се си беше во ред. Си појдов до аптека и си земав гинекс форте на своја рака, без консултација со гинеколог. Бидејќи се на природна база не би требало да има некаков проблем што си ги земав така или да појдам на гинеколог? Освен што ми е зголемен исцедокот ниту ме пецка кога одам во вц, ниту ме боли, ниту пак има некаков мирис. Последните микробиолошки брисеви и папа тестот ми беа во ред. Позз
Zdravo bi sakala da prasam dali koga se koristat vaginaletki neo penotran forte moze da imame odnosi so partnerot?
Zdravo bi sakala da prasam dali dodeka koristam vaginaletki neo penotran forte moze da imame odnosi so partnerot?
Не, не е препорачливо. И не само за тие, туку за време на употреба на било какви други вагиналети се препорачува воздржување од односи.