^ Секојдневните влошки НЕ СЕ корисни. Содржат некои состојки кои негативно влијаат на кожата која сите знаеме дека е многу нежна во интимната зона.
Jas sum nova isto na forumov, no sakam mislenje za mojov problem, imeno za vreme na seks imam mnogu iscedok od vaginata i straaaasno mi smeta i se sramam bidejki stanuva mn vlazno i nema ubavina ...Dali nekoja ima vakov problem, fala
ако е бело прање во прашање е инфекција,но ако е исцедок од што си возбудена тоа е мн нормално и не знам од што би ти било срам.тоа машките и го сакаат
Јас сум нова на форумот.Читам секогаш но никогаш не сум имала проблем за да напишам или да дадам одговор.Сега се пронајде во оваа тема.Подолго време ми тече бел густ исцедок, но немав никаква болка,а знам дека пред менструација секогаш ми тече.После премина во бели мали парчиња и многу ме нервираше тоа траеше до пред некој ден.Вчера кога отидов по мала нужда имаше голема болка после уривањето и тоа ненормална болка не се трпи , а ме тера на секој 10 мин да одам по мала нужда не знам што може да е.Дали некој цистит или некоја друга инфекција.Дали има некоја со ваков проблем ?Поздрав
Кога имаш болка и честа потреба за мокрење, тоа обично е симптом на инфекција. Веројатно е циститис, бидејќи не кажуваш дали имаш исцедок со непријатен мирис освен белото прање. Пиј многу течности, увин чај или чај од брусница и затоплувај го долниот дел од стомакот. Ако не ти се подобри состојбата, тогаш појди на лекар, ако треба да примаш лекови. Јас можам да ти го кажам лекот, кои апчиња да ги пиеш, ама не треба на своја рака да ги земаш без да се консултираш со матичен лекар. За белото прање - јас порано имав многу повеќе - и да, се појавува ако носиш тесна облека, ако се миеш како фанатик со секакви средства за интимна хигиена, ако користиш секојдневни влошки, влажни марамици и слично. Ама ако се работи за кандида - не само горенаведените причини може да предизвикаат појава на истата, туку кандидата се јавува и како резултат на нарушена вагинална флора (имаме сите бактерии во вагината, што е сосема нормално, а кандидата е дел од човековиот организам, најприсутна во устата, а може да биде и дел и од вагиналната флора. Ако дојде до нарушување на бактериската рамнотежа и киселоста во вагината, самата кандида се размножува затоа што е доста отпорна на надворешни влијанија). Освен тоа, кандида скоро по правило се јавува после користење на јаки антибиотици (Амоксиклав, Макропен, Бактрим), исто така и кај дијабетичари - понекогаш може да биде еден од симптомите за високо ниво на гликоза (шеќер) во крвта.
Нормално е да има исцедок за време на секс... вагината самата се навлажнува кога се возбудуваме, кај некои девојки тоа е повеќе изразено, кај некои помалку. Се зависи од жлездите на вагиналните ѕидови. Ако исцедокот има непријатен мирис, тогаш треба да се загрижиш, инаку верувај, не е страшно. Иако некогаш кога си премногу влажна тоа навистина смета, само мислам дека не е некој сериозен проблем.
Немам непријатна миризба , не ме пече, не ме чеша ,кога мочам само имам голема болка после уривањето , а ме тера често да одам по мала нужда прво ми течеше доста бело прање и после премина да ме боле после мала нужда Фала многу за одговоро најдобро ќе ми е уште сега да го посетам докторо не се изджува поздравче*
доколку сеусте не си активна а сакаш прво дома да си пробаш да се излекуваш,а камилица не ти помага,само канестен маст пробај,мислам дка тоа е нај ок и нема никакви проблеми,а доколку и така не ти се излекува немој сама на своја рака да земаш таблети,отиди на гинеколог,не е нисто страшно и срамно,само подобро за тебе,а мајка ти ке те свати зошто мора ...(обично такви се мајките попатријахални)
доколку те боли при мокрење тоа е цистит или некоја бактерија пиј повеќе течносто ама и по 3-4 литри на ден ке се осетиш веднаш подобро. според ова гарант си личност која малку внесува течност. го имав истиот проблем дури и од болка при мокрење имав малку крв отидов на матичен ми земаа крв и мокрача, ми препишаа таблети и многу брзо си го решив проблемот. ама затоа сеа сум со шишето вода 24/7 во рака
se pronajdov vo ovaa tema,dolgo vreme vreme imam belo pranje koe ne se namaluva.sum bila na ginekolog,sum pravela PAP test i se e vo red. A jas strasno se nerviram zatoa sto mnogu obilno go imam.ne koristam sekojdnevni vloski,a ginekologot mi rece da ne koristam i intimni gelovi kao demek od niv da e.Ama kaj mene ne pokaza nisto.Prestanav da gi koristam i pak isto.nemam nekoj opredelen period koga mi e poveke izrazeno,imam belo pranje sekoj den,uzas,katastrofa.sum probala i so caj od kamilica, no nisto ne pomaga.ako nekoj ima ideja,neka mi pomogne,veke stanuvam beznadezna
Белото прање многу често се јавува и скоро секоја втора жена го има. Пробајте во два-три литри вода да ставите една лажичка сода бикарбона и со тоа направете промивка и откако ќе се промиете со тоа не се преплакнувајте со чиста вода повторно. Се надевам на некој ќе му користи ова.
Мене ова матичниот лекар ми го има препорачано, ама не сум го испробала. Ако има некој искуство нека пише.
Јас уште немам пробано бидејќи имам малку но мене ова ми го кажа докторката и рече дека е ефикасно дека се губи белото прање , и дека дури и потоа некој период да се користи превентивно за да не се појави набрзо пак.
Здр! Се пронајдов и јас во оваа тема, пошо сум имала и јас... Ми кажаа дека 1 супена лажица сода бикарбона во сварен чај од камилица помагало.. И стварно е така. Се одмивав скоро 2 недели и сега бело прање имам само пред менструален циклус