Јас имам жолто-зеленкаст секрет сигурно веќе 2ипол години. Најмногу го имам на зима кога е ладно и преку цело лето. Густ е, не мириса многу непријатно, но има некој чуден мирис, слично на лепило за дрво. Понекогаш (најчесто во зима кога сме наутро на училиште) чувствувам пецкање. Имам 15год и досега не сум била на гинеколог, ниту пак сум пробала со нешто друго. Ваше мислење?
цветче еве овде можиш да прочиташ http://tocka.com.mk/3/152962/belo-p...to-pretstavuva-zosto-se-javuva-kako-se-lekuva Инаку и јас имам бело праење, бев на гинеколог ми ги препиша овие работи да ги земам, вечер почнувам со терапијата и за мене и за мојот најмил, дали некој до сега ги користел и дали има добри резултати?
Мене ми дојде на 13 и ми траеше до 19. После тоа ми се појави еден чуден вагинален исцедок, темно кафеав розевкаст така нешто и имав болки во стомакот, половината и нозете и вртоглавици. Ми траеше тоа околу 4-5 дена и вчера почна да ми тече крв по малку а сега повеќе. Не е можно пак да ми дојде. И не ми е јасно каков е тој вагинален исцедок темно кафеав?
Здраво, јас сум нова на форумов. Имам 13 год следниот месец полнам 14 и уште немам добиено , тоа помалце ме загрижува зашто читав многу форуми и пишува дека ако ти касни може да се има здраствени проблеми .Многу сум слаба имам само 40 кг и 167 сум висока иначе пред околу 2 недели почна да ми се појавува некоја бела лигава течност на гаќите и неколку дена мн лошо мирисаше... плисс помош дали е лошо или добро тоа незз пто да правам?!?
Здраво девојки. Извинете ако прашањето не спага во темата ама ова го најдов. Вака бев на вагинален гениколошки преглед и на мониторот на врвот видов бело , се исплашив и го прашав докторот што е тоа ми рече бело прање и ми даде вагиналетки . Притоа зедовме и брис за пап-тест. Ме интересира дали е нормално така да се гледа белото прање и таму да се наога. Страв ми е да не станува збор за некоја болест...
Zdravo na site imam 23god mi se sluci nesto sto do sega mi se nema sluceno znaci me zabole dolniot del od stomakot isto cuvstvo Kako da trebada dobijam, no ne bese toa koga otidov vo wc mi imase isteeno nekoj vodlest sekret povodles od voobicaeno imam redovni seksualni odnosi vekje tri godini so mojot partner i redoven menstrualen ciklus prv pat do sega mi se slucuva ova sto mozi da znaci ve molam ako znae nekoj ili pak imal slicno iskustvo da mi kaze zatoa sto navistina nez sto mi se slucuva vi blagodaram odnapred
Jas misla Jas mislam deka se raboti za kandida jas go imav toa peckanje dolgo vreme, koristev slicni lekovi so aplikatorv(nz kako se vikaat sum zaboravila) I po nekolku nedeli od zavrsuvanjeto na lekuvanjeto povtorno se pojavi. Samo jogurt pienje sekoj den isceznuva so garancija.
Циклусот ми заврши на 1ви, а денеска имав кафеаво-крвав исцедок не многу обилен? Од што може да ми е? Инаку ваков исцедок спаѓа во симптоми на рак на грлото на матката и ме фаќа многу страв.
Здраво Сега забележав дека имам бело прање и кога се избришав имаше крв. Денеска сум во овулација. Инаку сум настината овие денови, денес сум подобра и прееска излегов да си купам нешто и малку ми достуде. Можно е да сум проладена?или е некоја инфекција?
Девојки деновиве незнам кога точно треба да ми дојди, но веке 3 4 дена ми тече нешто како кафеаво но и јас незнам што е, што можно да е и дали е знак дека ке ми дојде во скоро време? :///
Здраво имам 15 години и долго време имам габична инфекција, но немам менсруација и неможам да користам вагинелети сум се мачкала со Канестен и сеуште се мачкам но имам чешање и бело прање со се сум пробала што ми кажале но не ми поминува не знам што проблемот затоа што сега ми е зголемено ве молам за помош
Oдвреме навредме имам по некоја капка крв на гаќичките еве веќе една недела со ред, треба тоа да ме загри`и?
@tigrica92, во никој случај не е во ред да имаш крв на гаќите (освен ако не станува за менстуација). Може станува збор за уринарна или вагинална инфекција, во секој случај оди под итно на лекар да ја откриеш причината! Да не те плашам, ама прво што ми падна на памет е хпв и цин...
Уринарна инфекција ќе се покаже преку анализа на урина но ако е тоа во прашање, веројатно ти веќе ги чувствуваш симптомите (болка и/или печење при мокрење, зачестено мокрење, урина со непријатен мирис). Евентуално, ќе треба да направиш и уринокултура, да се види да не има присуство на Е.Коли. Ако крвта доаѓа од вагината, ќе мора да се направи пап тест, за кој резултатите стигаат дури после месец дена но веројатно ќе направиш и брисеви чии резултати ќе ги дознаеш после два работни дена. Во секој случај, и двете причини не се воопшто наивни, не го одложувај одењето на лекар!
немам никакво печење ни често мокрење се е исто како и секогаш едноставно крфта ме загри`ува тоа се дневно поо неколку капки крв, а имам и црвени парчиња ккога мокрам, мајка ми вели ништо не ти е од прелада ти е ...