1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вагинален секрет

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maja8, 3 јануари 2010.

  1. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    227
    Пак јас. Пред добивање имав мала кафена линија и кога се избришав имав кафеаво. Се консултирав со доктор ми рече ништо страшно чим е пред добивање значи организмот се спрема. Пред 5 дена ми заврши менструацијата и денес имав повторно кафеаво( не беше мала линија како првиот пат туку како бело прање само во кафеава боја) Петок ќе одам на доктор, ама ако има некоја вакво искуство нека сподели.
     
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ми се случувало и мене, веројатно организмот се чисти, сепак, пред некој ден ти завршил мензисот. Се случувало да имам таков исцедок, ама не сум обрнала внимание.
    Ако се случило само еднаш, нема простор за паника. Редовна контрола на гинеколог и нема од што да се плашиш. Ако ги анализираме сите промени во организмот, каде ке ни е крајот?

    Нормално, ако забележиш поголема промена е едно, ама ми звучиш како паничарка без потреба.
     
  3. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Нема потреба за џабе да идеш, ќе дадеш пари за ништо. Ако си толку паничарка, јави и се и прашај. И мене и на други девојки секогаш ни се случува кафеав исцедок пред и на завршеток на менструација. Нормално е, така организмот ти се приспособува на тоа што следи.
    Затоа најбитното прашање е во кој период од циклусот се случува.
    Организмот со текот на годините се менува. Не мора да значи дека ако не ти се случувало порано, нема да се случи во иднина.
     
  4. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    227
    Ме погоди дека сум паничарка :/ Сега ме исплаши затоа што беше како бело прање( густо и лепливо) само кафеаво по боја. Друг пат после добивање кафеавото било водесто. Не можам да се сетам кога правев последно преглед мислам летото. Ќе си појдам таман сум била и за контрола да сум раат, ама фала ти шо ме смири :)
     
  5. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    227
    Да, во право си. Порано имав многу проблем со кандида и ете ми остана некоја навика секое одење во вц да ја анализирам долната облека :) И јас секогаш имам кафеаво после добивање, ама еве веќе 5 дена како ми има завршено и не беше ова стандардно течно туку баш како бело прање ( и количински и густо и лепливо) само кафеаво беше наместо бело.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Почекај до недела. Ако не заврши, во понеделник консултирај се со стручното лице.
    Јас мислам дека не е ништо страшно. Со среќа! :)
     
    На Discovery му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Како си запаметила се', секогаш вака анализираш?

    Закажи си преглед и ке знаеш на што си, ама мене не ми звучи како нешто сериозно ова што го опиша.
     
  8. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Некој со сличен проблем како мојов совет да ми даде..
    Често во денот имам густ бледо жолт секрет а посебно после "голема" физиолошка потреба имам голема количина на истиот секрет.
    Пред мнс или кога сум настината знам дека повеќето имаат ама мене ова ми е секој ден..
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.954
    Допаѓања:
    35.839
    Пол:
    Женски
    Оди на гинеколог. Можеби имаш проблеми со јајниците.
     
    На Minci13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Девојки на 14ти ден (почеток на овулација) ми се појави кафено. Траеше два дена, третиот смени нијанса на посветло, почна да ме чеша, имам црвенило и оток. Мирисот е многу слаб, и е како благ. Се мијам со камилица се мачкам надворешно со Антифунгол- маст со ист состав на Канестен. Дали е доволно или треба некои вагиналети за внатрешно да се исчисти?
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.954
    Допаѓања:
    35.839
    Пол:
    Женски
    Вагиналети обавезно. Јас тоа имам користено за таков проблем.
     
  12. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Здраво, приметив последниве 10 дена некаде исцедокот ми е нормален, но со чудна миризба. Моментално сум во овулација и никогаш не ми се случило толку јак мирис. Немам никакво чешање, оток, црвенило, само мирисот.
    Последно правев микробиолошки испитувања во мај, се беше во ред. После тоа закачив еш.коли која ја третирав со антибиотици и на последната уринокултура ( минатата недела ) излезе се чисто.
    Совет? Знам дека посета на гинеколог е најдобро но матичната ми е на одмор баш од денес, доколку не би било нешто сериозно не сакам да одам кај некој непознат.
     
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Девојки дали случајно некоја знае што би можело да биде исцедок што личи на желе,како лепак некако (малку и крв ко да имаше)?
     
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Кандида а крв не би требало да има освен во овулација може да се случи.
     
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Фала, само што видов дека сум во овулација. Да се вратам од одмор и ќе си се проверам за секој случај.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. inside88

    inside88 Нов член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Честа причина за бел исцедок можат да бидат лесно преносливи бактериски инфекции (само со допир на заразаена површина или од рака на рака), како што се : Кламидиа и Гонореа.
     
    Последна измена: 29 август 2018
  17. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Кламидиа и гонореа се најкомплицираните инфекции што можеш да ги фатиш преку незаштитен сексуален однос, преку допир не се пренесуваат. Исцедокот е различен кај кламидија и кандида. Кај кандида е буквално грутчест како урда, кај мукоплазма и уреоплазма е густ и леплив како лепак, а кај кламидија е бел и густ. Нормален исцедок изгледа како вода
     
  18. 66-mo-1r

    66-mo-1r Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    43
    Zdravo, stotuku zavrsiv so terapijata so Flagyl tabletki i Flagil vaginaletki vo rok od 10 dena. Isto i mojot partner. Me interesira dali i kolku dena se ceka posle zavrsuvanjeto na terapijata vo odnos na seksualnite odnosi. Imam slusnato deka i posle zavrsuvanjeto na terapijata se ceka 2 do 5 dena. Dali e ova vistina?
     
    На Danncee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IloveScience

    IloveScience Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    31
    Здраво, да ми препорачате некои вагиналети, имам некоја чудна миризба после циклусот, овој пат се оддолжи работава, не поминува. Не сум сексуално активна. Ако може и цена за вагиналетите..? Се земаат без рецепт така?
     
  20. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki. Pred edna nedela drugarka mi mi rece deka imala nekoja infekcija belo siv iscedok ama so neprijatna mirizba mislam deka na riba hah.. mirisot najmnogu i bilo izrazeno za vreme na menstruacija kakva infekcija e toa ? Nekoja so vakvo iskustvo