Ихтиол црна маст земи од аптека околу 100 денари е и миј се со чај од камилица. Поткожно влакно е, ми се случувало при груба депилација, со мастов ќе помине за ден два.
Ми се деси после бричење по неколку дена.. прв пат ми се прави вакво нешто и паника ме фака да не е нешто страшно.. ке пукне само или.. ?
Од бричењето ти е ондак. Знам дека многу боли ама ако го чекаш само да пукне и недела дена може да стои. Мастов провоцира реакција, ти викам максимум два дена и ќе го снема.
Здраво девојки последните 3 4 пати додека имам односи дечко ми забележал како бел густ секрет без мирис. Јас мислам дека е белопраење ама ми се случува само додека имам односи последните пати. А менс ми касни 5 дена. Треба да кревам паника? хахах
Светло кафеав исцедок ама проѕирен на што може да асоцира? Пап и брисеви уредни.За една недела треба да ми дојде а и тогаш имам термин за лекар (порано немаше) инаку ова ми се случва 3-4 месеци првите 2 пати ми кажа док.по телефон сигурно ти е овулација. Во претходните постови има само девојки што прашуваат како мене не прочитав некој да говори од искуство... фала ви однапред
Имам кафеав/розев исцедок, добиеното ми заврши пред 10тина дена. Односи сум немала, но примам терапија за хормони и апчиња за мокрење. Исто така имам тапа болка во долниот дел на стомакот. Ова ми се случува 3-4 дена, ќе одам на лекар, но чисто мислење ме интересира..
Devojkii, imav menstruscija pred 14 dena denes mi e den na evolucija i denes mi se pojavii tecnost kakoo krv neshto ali ne daa mi teci postojano tuku naa nekoj periodii...dalii imas prostor zaa grizhaaaa
Здраво девојки. Преку ПАП тест ми е пронајдена трихомона. Матичната ми даде вагиналети и апчиња. Дали е опасна инфекцијата?
Поприлично опасна, се добива од незаштитен сексуален однос или менување на повеќе партнери. Периодов дури не се излечиш целосно избегнувај секс, ако е толку неиздржливо кондом МОРАЛНО.
Немаш простор за грижа според мене, сепак посети си гинеколог ако сакаш. И немаш "еволуција" туку овулација.
Имам вагиналети и капсули за мене и за партнерот. Се надевам дека ќе биде се во ред откако ќе ја примаме терапијата. Кои опасности може да ги предизвика ако знаете?
Штом ја третираш во ред е нема да има негативни последици и нема да те плашам, доколку не се третира навремено се развива вирусот ХИВ но ти немаш место за паника , само дури се лечите секс не практикувајте може да се издржи, особено не орален и анален бидејќи се пренесува и на различни делови од телото : уста, очи, уринарен тракт, простата.Користете различна крпа/пешкир за тие делови. Се ќе биде во ред слушајте го докторот.
Значи немам намера да навредувам никого ама како лекар морав да реагирам.Не е во ред да се шират вакви ненаучни и потполно погрешни тврдења или пак погрешно ги толкувате медицинските текстови на википедија.Развивање на ХИВ вирус нема врска со Трихомонас,ХИВ вирус не се развива туку се пренесува како и сите други STD. Од ХИВ вирусот се развива СИДА,односно болест.Второ,не сите луѓе кои се експонирани на ХИВ се инфицираат,заради различни фактори(главни се општа и локална имунолошка бариера),така да различни инфекции како трихомонас и особено коинфекции со други STD го оштетуваат вагиналниот епител и го прават почуствителен кон инфицирање со ХИВ ако постои таков контакт. Така да @Bubu111 земи ја терапијата ригорозно,чувајте се и СЛУШАЈ ГО ЛЕКАРОТ КОЈ ТЕ ПРЕГЛЕДУВА,лечење на форуми нема.Ти посакувам брзо и лесно оздравување!
...нема да биде во ред, ако не се знае кој е изворот на T. vaginalis! ...паразитот не падна од небо, некој/а го закачил/а од некого/ја ( или ТИ или ТОЈ)... ако тој имал однос со некоја, а ти тоа не го знаеш, утре ако пак легне со неа пак ќе го преноси со сексуален однос кај тебе, иако со лековите „ќе се исчистите“ предходно двајцата, односно исто важи за тебе ако ти си била со НЕКОЈ друг тогаш и тој другиот треба да се лечи ако имаш намера да легнеш повторно со него, пак ќе закачиш и повторно инфекцијата кај двајцата- кај тебе и твојот дечко...ова онака симболично ти го кажувам не го земај здраво за готово, но така е! ...иако има можност ... T.vaginalis може да преживее надвор од човечкото тело во влажна средина повеќе од три часа, па да се „добие“ од предходно искористен „заразен“ нехигиенски прибор, пешкир, а да не биде пренесено преку сексуален однос од заразен партнер/ка !
Бактеријата го предизвикува вирусот, а вирусот болеста. И не се дезинформации. Во ред е штом се лекува.