Кога бев мала имав 14 години оттогаш ми се појавува бело прање, а веќе сум голема и незнам како да го спречам тоа? Апчиња или до храната што и да е предложете, благодарам однапред!
Дали има простор за грижа ако 11тиот ден од циклусот т.е четири дена од завршувањето на менструацијата се појави кафен вагинален исцедок?
Менструација имав на 4март која ми траеше до 9март Од вчера имам кафеав исцедок исто како бело перење но е кафеаво Прв пат ова ми се случува Дали е овулација, дали бременост? Во овој вирус не би на гинеколог па дали и се има случено на некоја оваа?
здраво веќе 2 дена имам зголемен исцедок, без мирис е. Но вагиналните усни ми се црвени и ме чешаат. ме болеше десната страна ми се чини јакник и сега бојата е жолта па зеленкаста па жолта. ми течи ко менструација, не често ама .. Сопругот не осеќа ништо кај него доле.. Вежбав и се потев многу,што е и нормално ,но стомакот ми беше преладен-мраз. Совет?
Цел месец веќе Уште немам добиено, ми доцни многу (бремена не сум) исцедокот се јавува на 2-3 дена, половината ме боли страшно многу, на моменти и стомакот ама многу кратко, а докторкава освен итни случаи со крварења други не примала. Еднаш закажав па откажав кај неа, некако многу ми се мислеше сестрата на тел. па многу ли е итно, па нели можеш да чекаш итн.. Ама веќе почнувам да се плашам. гуглам многу, дури и до рак на грло на матка стигнав.
И мене овој месец ми доцни веќе 11 дена, за бремена и јас не верувам дека сум, сепак денес утре ќе направам тест. И мене после последната менструација после 10тина дена од неа ми течеше кафеав исцедок 3 дена од прилика, сега нон стоп ми тече бело прање може да се рече дека има и како жолта боја накај зелена. И јас сакам да одам на гинеколог но сега не работат, не ѓи се ни јавува(живеам во странство, не во Македонија). Иако мислам дека доцнењето може да е од стрес и промена овој месец на живеење, со ова карантинот не се знае кога спијам кога станувам. Ти пиеше нешто некоја терапија овој месец?
Не,никаква. Кај мене е месец дена веќе.. да се 3 и 5 дена ајде, ама ова многу излезе.. Баш ко после циклус е..
Најдобро закажи си за преглед ако има некои што работат, може се е од стрес и промена или некоја инфекција, но најдобро е да бидеш сигурна што е за да ако е некоја инфекција да почнеш да ја лечеш навреме.
Здраво, дами мои..читав многу од вашите одговори и гледам многу од вас имаат доста помогнато и знаат многу работи па би сакала да знам ако некој има бар некои совет за мојава ситуација. Пред 8 години еден гинеколог ми кажа дека сум имала раничка на грлото на матката,и дека требало да го контролирам тоа. Наредните години редовбо си контролирав додека и имав секогаш секрет, кој на периоди се менуваше. Одев и шречесто на гинеколог така да дојдов и до органџиски кој ми кажа дека сум имала 80 посто рана на грло на матка и ме тестираше за хпв кој излезе негативен и тој ми рече дека не помагало ништо туку да се контролира. Е овде во Германија инаку овде престојувам, два пати ми се појави траги од крв во исцедок и ми се појавуваат болки при односи. Последниот пап тест излезе добар, тоа беше во август 2019та, но сега пак имав траги од крв во исцедок и не знам што да правам. Дали има некој совет за мене? Ви благодарам многу однапред Dali ima nekoj da me posovetuva, ve molam, citam i jas deka tragi od krv vo iscedok se simptom na rak ve molam pomognete
За почеток, да престанеш да читаш по нет и да си го слушаш гинекологот. И мене ми кажа раничка што е мала и се прати само. Ако пап тестот е добар немаш од што да се плашиш. Мене ми кажа хормонски дека настанува тој епител и НЕ ЗНАЧИ ХПВ ИЛИ ЦИН, да нагласам зошто и тоа го читав тука. Единствено, тој дел може да е поподложен ама сепак мора да дојдеш во контакт со вирусот за да го закачиш. Значи не се секирај, само редовни прегледи прави си. Исцедокот може да е и овулациско крварење или хормонско, исто и мене ми се случи еднаш, бев одма на преглед папот е чист, ми рече ништо страшно ме е. Chill
Ti Blagodaram mnogu na odgovorot i pomosta Iva, znam deka sum malku paranoicna, no edinstveno poradi toa shto koga vo 2015ta bev kaj Orhandziski, toj me gledase na kamera i od pamet me izvadi so pogledot negov i tonot na glasot koga kaza, pa ti imas rana 80 % koja mora da se sredi so laser, i potoa nema kade ne otidov na ginekolog i vo Makedonija i ovde. Redovno si pravam kontroli, no toa shto me interesirase mene e shto moze da nastani od ovaa rana ako ne e toj virus. Ti blagodaram pak i tebe i na site clenki ovde
А на друг гинеколог кога отиде што ти кажа за раничката? Мене ми рече хормонски дека настанува и не значи ХПВ или ЦИН, е поподложна на вирусот но мора да дојдеш во контакт со него за да ги фатиш. И мене не ми спомна горење, само да се следи редовно и ПАП тестот ако е чист нема проблем
Zdravo imam mal problem ... mi se sluco ednac sega denes pak , koga mi se sluci prviot pak bev vo ovulacija bev vi wc i imav bolki vo jajnici i pri mocenje potoa mi istece vo vid na belo pranje no beseee kako kafeavo temno crveno ne mozev ubavo da vidam , koga se izbrisav nemase nisto i tolko , denes istoto pak mi se sluci do vcera bev vo ovulacija.... nesto zagrizuvacko da ne e ?
Zdravo Iva. Se izvinuvam shto tolku kasno vrakjam...za ranata doktorot vo makedonija izgledase dosta zagrizen na pocetok, i odkoga napravi pap test i nemase nesto strasno ili HPV testot isto izleze negativen, toj rece za 6 meseca kontrola i eve ovde tri pati vo tri godini pravev pap test i nemase nisto pak...samo sakav jas da znam dali treba pocesto odkolku na edna godina da go pravam testot primer na 6 meseci? A ova ako trrba da se kontrolira,znaci ima sansi da izrasne vo nesto seriozno, epa zosto togas nema nekoe trajno resenie za taa rana? Tebe shto ti kazaa, dali nema nekoj metod skroz da se otstrani bidejki so laser kazaa deka pak moze da se pojavi? Iskreno mnogu ti blagodaram za sovetot i shto mi odgovaras, Pozdrav