Здраво девијки Имам бел секрет околу вагината без мирис. Малку ме пече, и како бели грутки, дали е кандида имала ли некоја такви симптоми. Многу сум испаничена ќе одам во среда на гинеколог.
Пред некоја недела испитував микробиолошки брисеви се беше во ред, немаше индикација за некоја инфекција. Инаку со мм се обидуваме за бебе, не знам од каде може да ми се појавии таа инфекција Еве денес имам само црвенило немам секрет.
Здраво девојки,моментално сум во плодни денови и имам некој кафеафкаст секрет. Не е многу и покажува само при бришење после мокрење. Пред да одам на гинеколог (имам закажано во понеделник) си велам да прашам дали му се има случено ова и на некој друг. Прв пат ми се случува вакво нешто.
Здраво, од вчера вечер имам кафеав исцедок и е леплив, како кафеаво прозирно не знам како да опишам, пред 2 недели ми заврши менструацијата и не знам од што може да ми биде, некоја со исто искуство? До сега сум немала така и не знам од што може да биде
Кога мокрам и кога се бришам ми е така, а на гаќи немам ништо.. Па не знам дали да одам на гинеколог или да почекам неколку дена да видам како ќе биде, и јајникот ме боли многу
Девојки, каде е најдобро да се направи типизација на хпв? Која лабораторија? Од авицена не сум задоволна баш...
Извини за задоцнетиот одговор. Не знам што да ти кажам, може на промена на хормонско ниво, да имаш овулација, а зависи и од сексуалните односи. Најдобро ти е да си се консултираш со искусен гинеколог, штом сте се обидувале и за бебе.
Здраво девојки, еве и јас дојдов на ред да пишам во групава. Бремена сум во 4 месец. Имам зголемен секрет што е нормално, но не е нормално тоа што е зеленикав. На гинеколог при преглед ми кажа доктор дека инфекција нема, црврнило нема. Клиничката слила ми е добра. Направив брисеви два пати , и беа негативни. Нема мирис ,немам чешање ило некоја болка.. дали има некоја со слично искуство? Совет? Иако докторот ми вика дека нема ништо јас сепак се плашам
Здраво ќе ве молам да ми каже некој дали е можно кафеав исцедок за време на овулација да е нормално. Никогаш не сум имала и сум во паника, други симптоми немам. Летото правев пап ехо и хормони, како контрола после бременост, се беше нормално. Се уште не сум закажана на гинеколог бидејќи иди викенд, планирам од понеделник да одам.
Да, мене ми се јавува често. Прашав гинеколог и од кога ми се појави прв пат можеби 3-4 пати бев на преглед и се е со уредни наоди. Мислам дека нема место за паника. Сепак јави се на гинекологот, тој ќе ти каже најдобро.
Дали некоја има болки во јајниците и ниско доле во стомакот за време на овулација? После бременоста ѓи се регулираше за 3 месеци циклусит и оак си добивам по старо на 28-29 дена. По календарот овие денови ми се плодни а денеска баш ден на овулација и осеќам болка цел ден. Секретот е воденкаст и како да мокрам дури толку го осеќам. На секојдневмата влошка отпосле гледам како бледо зеленкаст доаѓа. Ќе посетам гинеколог, можеби е и некоја инфекција.
Мене во последно време ми е болна овулацијата да, дури и на моменти имам грчеви и болки како добиено кога имам. И секретот ми е најтечен и најобилен за време на овулацијата, така да од тоа ти е сигурно.