Da pojdis na ginekolog obavezno poradi toa sto ti kasni tolku vreme i sto inas takov iscedok. Ako tie poduen stomakot mozno e da ti dojdi.
Здраво да ве прашам девојки, 7 дена пред да добијам кога се бришев имав крв после тоа ништо, што може да е?
Девојче веднаш на гинеколог си појди немој да оставаш така, битно е многу женското здравје, веројатно е ако е подуан стомакот дека ќе добиеш, но појди нем да имаш некоја инфекција па ќе ти дадат да се лекуваш.
Имам мал оток,мало чешање по мокрење,печење на перинеум по мокрење, незначителен бледожолт исцедок без мирис. Кандида не е,веројатно нешто друго. Пред 2,3 недели прележав корона,па сигурно е причина на паднат имунитет. Матичениот гинеколог не можам ни под дрво ни под камен да го најдам, така да ако сте имале вакви симптоми пишете со што сте се лечеле.
Otok na sto? Mozno e od antibiotici ako ne si zemala probiotik zaedno so antibioticite. Pojdi kaj drug ili konsultirajse samo so nekoj drug ginekolog.
Ми закажа за во петок друг гинеколог. Оток доле околу усните. Да, испив дупла доза сумамед пред 2 недели. Пиев пробиотик додека пиев антибиотик..
Кандида е. Види со гинекологот што ќе ти каже, мене ништо не ми помогна од традиционална и природна медицина. Само промена во начинот на исхрана. А наскоро целосно ќе исфрлам влошки и тампони од употреба. Оти мене ми е постојан проблем веќе три години, истиве симптоми.
И јас така мислев. Ама ми се докажа дека не мора да значи. Јас буквално немам никакви промени ни исцедок, само силно чешање на усните до болка и печење на перинеумот. Направив секакви можни испитувања од урина до уринокултура, микробиолошки брисеви, пап и се - само кандида детектираа. Еден период дури пиев и Аериус, и ми се смири, мислев дека е алергија некоја. Ама кандидата е постојано присутна. Нарачав менструална чашка да ги исфрлам влошките целосно од употреба, оти после нив лом сум. Од тампони исто. Секојдневни влошки одамна не употребувам, а тоалетната хартија е исклучиво без мириси и додатоци, бела најобична. Ми давале разни вагиналети, пиев антимикотици, пробиотици и орално и вагинално, ништо, ништо не помагаше... и бабски лекови ко јогурт користев, џабе. Сменив исхрана, исфрлив благо, овошје, тестенини и месено, конкретно благо и бело брашно, користам само 'ржано брашно (за леб), форсирам протеини и зеленчук. Подобро ми е засега, ќе видиме како ќе биде понатака.
Не знам каде да го поставам прашањево. Знам дека се случува мало крварење за време на овулација и еве прв пат ми се случи. Според календарот утре ми е овулацијата, а денеска приметив крвави конци на гаќи, значи не беше светла крв. Прашањето ми е дали тоа значи дека веќе јајце клетката е спремна или ми поминала овулацијата?
Крвавите конци може да се од пукањето на фоликулот, така што јајце клетката е спремна. Календарите не се 100% точни, циклусот си варира, тие само претпоставка даваат, врз основа на претходнот внесените циклуси.
Zdravo devojki sakav da ve prasam dali imal nekoj slicno iskustvo.pred nekoj mesec osetiv cudna tupa bolka dole so nikogas ne sum ja imala najcesto me bolel stomakot i kicmata pri dobivanje.cuden jak miris so ne sum go imala.pravev pap koj posle mesec i neso izleze nekoja mala bakterija gardoneja ili nz kako ja rekoa,no na brisevite otposle bea cisti osven namalena mikroflora.imam policisticni jajnici i pokaceni maski hormoni,za koi si imam terapija,no zabelesav deka iako mirisot go nema (se proveruvam cesto od so sum vo paranoja i sekako si drzam higiena)cuden miris se pojavuva samo koga treba da imam odnos koga dole povekje mi se laci tecnost.bi bila blagodarna ako nekoj sto imal iskustvo go spodeli svoeto
@Atmosphericdisor Претпоставувам мислиш на гарднерела, бактериска вагиноза. За неа терапија примаше? Антибиотска терапија и вагиналети. Миризбата можно е да ти од неа.
E taa izleze na pap no posle papot pravev brisevi i nemase nisto na nea ne sakase povtorno da pravam zatoa so ocigledno pominala i bila mala cim na testovi ne izlegla.mi rekoa od pad na imunitet.uste prvite pregledi mi dade vaginaletki se se sredi ne mirisam duri i po 8 casa na rabota mi mirisaat gakjite na omeksivac.zemav uste edni vaginaletki probiotik za sekoj slucaj da se procistam uste ednas a antibiotik ne mi prepisa.mirisot go primetiv koga mi se zgolemi sekretot,i toa srekja primetiv i ne sakav voopsto da prodolzam ili da imam odnos.vaka e najnormalno nisto ne mirisa samo vo taa situacija
Истиот проблем го имав, не ми ја покажа на брисеви ама ми даде флажил таблети и вагиналети и антибиотик, зошто на пап ја имаше. Исчезна одма. Појди пак на гинеколог.
Pa bev odma koa izlegoa rezultatite pred nedela dena mi dade vaginaletki za sekoj slucaj da se procistam pak.ti koj antibiotik go piese i koi vaginaletki?taka se vikaat flazil? Ja gi zemav lactogyn pred malce da probam so niv,isti se ko tie so mi gi prepisa mislam za ista namena samo vo cenata se nekoi 50 do 100 den razlika.