Здраво на сите,јас сум нова на форумов и ми треба совет од некоја што имала проблем како мене. Нон стоп имам вагинално бело прање имам појдено и на гинеколог пред 7 месеци поради тоа мислејќи на инфекција ,ми направија пап тест,брисеви и ехо и се беше во ред на резултатите сум немала ништо. Денес имав јадеж и како жолто-зеленкаст светол секрет и непријатно чувство долу,сакам да одам повторно на гинеколог но треба да ми дојди менструација за 3 дена,така да најверојатно треба да почекам додека ми заврши и да закажам,но загрижена сум дека многу дена се во прашање а не знам за каква инфекција се работи и дали е опасно и не знам што да правам. Што мислите вие дали некоја од вас имала ваков проблем?Со што да го намалам јадежот и како да постапам?
Штом секретот бил со жолтеникаво-зелена боја, сигурно се работи за некаква инфекција и те советувам повторно да отидеш на лекар. За јадежот убаво е да се измиваш со чај камилица таа смирува, но нема да ти помогне во целосно решавање на проблемот.
Здраво сакам да прашам за совет имам 17години, акни на лицето,хормонски дисбаланс односно покачен тестостерон и DHEA,имав и циста што пука мала на левиод јајник,редовна менструацуја но често имам бело прање,зависно бело или жолто зеленкасто до сега сум немала сексуален однос па ме интересира за ваше мислење
Дали некогаш си проверила присуство на инфекција ? Самите бои на исцедокот укажуваат на процес (не)инфективна природа, особено ако се проследени и со други симптоми како чешање, црвенило, често мокрење и слично. Нормалниот вагинален исцедок е проѕирен.
Имам чешање, печење, исдедок густ како светло зелена боја без мирис и ме болат јакниците. Моментално сум на одмор, надвор од скопје, тек за недела дена на гинеколог а тогаш треба и да добијам оффф и земав полигинакс вагиналети и пијам чаеви, друго како да се лечам дур стигнам до гинеколог?
Здраво девојки, деновиве забележав дека имам некој кафеав вагинален секрет а понекогаш и многу малку крв и се исплашив а утре одам на одмор, од што може да биде? Невиност изгубив пред месец и нешто а последен пат секс имав пред 2 недели
Zdravo bev na odmor vo dojran (1-5), menstruacija imav od 8 do 13/14 mi zavrshi potoa na 15 otidov na 2 dena do dojran i vchera na 18ti pri brshenje zabelezhav krvarenje, denes koga se razbudiv imav isto kako mentruacija protekuvanje, no eve pomina cel den uloshkata mi e chista (no na brshinje ima pak kako krvavo sluzav iscedok), dali nekomu mu se ima deseno toa?
Здраво, не знам колку е прашањето за овде, но сепак ќе го поставам. Породена сум пред скоро 6 месеци со царски рез. Уредно добив циклус после месец дена од пораѓање и ми беше прилично редовен. Пред неколку дена забележав многу секрет како лигаво и растегливо, потоа го снема. Но, вчера додека спиев ме разбуди силен напон за мокрење, мислев нема да издржам до вц. Штом отидов, не измокрив многу, но на хартијата забележав розеникаво-кафена крв, истото само многу помалку и утрово и толку престана. Да добијам е рано, има уште две недели. Најмногу ме буни што по мокрењето, повторно чувствувам како да ми се мокри. Утре ќе се јавам кај матичната, само сакав да чујам и ваши искуства. Поздрав!
Здраво, веќе одреден период за време на однос (Заштитен, само со дечко ми) ми се појавува бело прање ама многу е густо и во поголема количина. Бев на гинеколог пред 6 месеци и ми рекоа дека се' е во ред, немам инфекција. Водам редовна хигиена, исто така и дечко ми и не знам од што може да се појавува така често. Дали хранта има некоја улога или пак станува збор за инфекција. Инаку, секојдневно имам бело прање, но во нормална количина, немам чешање и сл. Фала однапред <3
Во последно време забележувам жолтеникав исцедок, за време на овулација е течен, а откако ќе заврши неколку дена пред да добијам е растеглив и погуст, со мирис. Во меѓувреме ми е проѕирен без мирис. Чекам резултати од пап, ама ме интересира дали можеби станува збор за инфекција.
Според мене и мое искуство од гинеколог, како што жената ми кажа, бледо бело-жолтеникав секрет е сосема нормален
Здраво, од пред 2 3 дена имам зголемен млечно бел до жолтеникав исцедок без мирис, а притоа сум на средина од циклус, во овулација. Немам ниту печење ниту јадеж. Дали ова е нормално? Прв пат ми се случува да имам пообилен секрет..
Девојки, пред 1 месец правев пап и сега ме известија дека сè било во ред сум немала ништо. Арно ама јас веќе 2 месеци константно имам жолт исцедок, некогаш со јак мирис. Други симптоми немам никакви. Ако имам инфекција претпоставувам ќе покажеше на папот или пак резултатите не се во ред?
Здраво девојки 14тиот ден од циклусот ми се појави кафен секрет(до сега никогаш не сум имала таков) и тоа во големи количини, мислам дека постојано сум влажна од него… Дали можеби некој знае од што би можело да е
Здраво девојки, сакам да се консултирам со вас. Вчера приметив дека со вагиналниот секрет кое е во бело-жолтеникава боја има и малку крв. Менструацијата ми заврши пред недела . Што би можело да биде?