Исцедокот мислев дека е поради тоа што ми започнала овулацијата, поради тоа не ни замарив. А сега веќе бидејки 7 ми ден ми касни ќе морам да закажам утре термин за до крајот на неделава да видам до што е
Јас сигурно околу 2 години имам некаков исцедок или е жолто лигаво а одоколу само мокроо (на влошката) или само мокро, сум била на лекар ми рекоа ништо не ми е ама не смеам да излезам од дома без влошка протекува и преку фармерки а што е едно непријатнооо да ми извините ама како помочана се осеќам.. решение?
Ако на гинеколог ти е кажано дека е ок значи е нормално, не се работи за инфекција. Јас со години назад си имам секогаш исцедок и е нормално тоа. Кај некој го има кај некои не. Решение освен секојдневни нема, освен кога ќе бидеш бремена тие 9 месеци нема воопшто да имаш, барем јас немам, ама затоа после порагај некој месец ќе бидеш утоп од исцедок.
Дали некогаш ви се има случено да имате сив вагинален исцедок со изразена боја?Читав на Фемина дека таквата боја на исцедокот не е нормална.
Секоја друга боја, освен проѕирен исцедок, не е нормална и е показател дека постои некаква инфекција. Провери се, направи си брисеви.
Ќе пишам и во оваа тема. Девојки ве молам помош. Веќе 2 3 месеци константно имам жолт исцедок а папот и брисевите се негативни. Што друго да испитам, од што може да се појави жолт исцедок? Инаку немам чешање. Ако е поради пад на имунитет дали пак треба да одам кај матичната да ми даде терапија или?
Zdravo,imam eden problem i ova prvpat mi se slucuva ..pred nekolku dena imav ciklus i mi zavrsi sekogas mi traj po 4-5 dena no odkako mi zavrsi ima 3dena i fazla mislam.. i denes gledam kafeav iscedok imav no neznam zosto ova prvpat mi se slucuva sekogas pred da mi dojdi i pred da mi zavrsi imam kafeav iscedok a sega e obratno imav kafeav iscedok koga mi zavrsi i ciklusot mi e zavrsen pred 4 dena i fazla a denes gledam kafeav iscedok temno kafeav amaa imam mnogu neznam zosto ako imate iskustvo spodelete..
Можеби останала недочистена крв и се засушила. Мислам дека не е нешто страшно. Се надевам веќе немаш таков исцедок. Мојот проблем е следен: Веќе 2-3 месеци имам постојано жолтеникав исцедок со мирис, а на моменти и многу лошо се осеќа во околината (барем јас го осеќам, не знам дали и другите). На почетокот занемарував, менувам редовно секојдневни влошки, но еве не поминува. Има денови кога е малку, денови кога е обилно. Заклучокот ми е дека е инфекција, но не можам да појдам на гениколог. Што би можела сама да направам? Дали гинекологот би можел преку телефон да ми каже што и како? Претходно кога се јавив за нешто банално ми рече не може вака, мора преглед, а причината е очигледна: прегледот мора да го платиш...
Мора прво секојдневните да ги фрлиш и да одиш на преглед за да ти земат брис да се види која бактерија ја имаш. Докторот не може по тел ништо да ти каже додека не види. Врз основа на анализите ке ти даде терапија. Оди побрзо зашто 3 месеци не е мал период.
Луѓе имав некоја инфекција со пецкање и мн малце непријатен мирис. Гинекологот ми препиша нео пенотран. Дојам ама проверив дека смеат а и тој ми рече океј е. Е сега два пати ставив. Двата пати многу ме печеше кога ми дотекоја. И сега зелено дури ми течи таков секрет. Како полошо да ми е. А неам кај да одам денес сабота навечер. Дали е тоа нормално ? Мајка ми ми рече дека тоа било чистење на долу одело се. Ама јас сум скептична. Знае ли некоја нешто ?
Дали е можно поради Јасмин терапијата да ми се поремети вагиналниот секрет? Никогаш не ми бил вака. Течен и со бледо жолтеникава боја. Без мирис. Во самото упатство на апчињата пишува дека можно е вагинална инфекција итн.. Искуства?
Devojki pomos…Imam redoven ciklus i e vo traenje od 4 dena, na cetvrtiot den imav zastiten odnos so mojot decko a seuste ne mi bese skroz pominat ciklusot. Posle toa imavme zastiten odnos i vo slednive 3/4 dena i posle edna nedela od zavrshvanje na ciklusot imam kako crvenkasta kafeava tecnost..ve molam dali ima prostor za panika i dali ima sansi da sum bremena? Helpp sto moze da e