Девојки здраво, Сакам да се посоветувам за мислење, само што се вративме од патување во странство на 22 Април самиот ден се појави кафен исцедок и помислив дека добивам иако очекував циклусот да ми почне за една недела подоцна. Но од тогаш до ден денес јас сеуште имам кафен исцедок кој воопшто не ми прекина само беше со различен итензитет, односно 3,4,5 ден буквално како да имав добиено само константсно се задржа кафената боја и во ниеден момент немав нормално крварење како претходно. Ова веќе точно до денес трае 2 ипол недели и навистина се плашам не би знаела за што станува збор. Периодот бев изложена на доста стресни ситуации. До сега ми се нема случувано ништо слично, секогаш сум имала навремено и со нормален тек на циклус од 5,6 дена максиум. **Пс. Нема потенцијална можност за бременсот чисто да го исклучам и тој дел.
Здраво, точно на 14 ден од циклус (овулација) почна да ми тече црвено-кафеав исцедок кој нема мирис не ме чеша не ме пече, но ми се случува вакво нешто прв пат, дали некоја од вас имала исти случај? Секако закажав на гинеколог ама додека да дојде терминот 300 филмови ми се извртеа. Фала ви
Еве веќе 10 дена имам жолто-зеленкаст вагинален исцедок без мириз, бев на лекар ми рече матичната дека изгледа циклусот ке се регулира и дека можеби е тоа.последниве неколку денови почна да ме чеша, само црвенило имам.Има ли некои вагиналетки на природна база што може да ги користам за време на доење Се спремам за на одмор па немам време да одам пак на лекар, дајте совет што да земам на своја рака без брисеви, па кога ке се вратам ако не помине ке одам. секако.
Zdravo devojki. Neznam dali e nomrlano pa resiv da prasam. Zosto pred ciklus mi se pojavuva proziren rastegliv sekret kako koga sum vo ovulacija. Znaci imam redoven ciklus I koga ke mi pomine ovulacijata imam bel sekret dve nedeli I posle denot koga treba da mi dojde ciklusot mene pocnuva pak rastegliv sekret I malku krv niz nego znaci samo toj den potocno migot koga mi doaga nekogas pocnuva so kafeavo a nekogas vaka potoa mi doaga nornalno e toa?
Здраво имам бел исцедок веќе неколку дена а тренба да добијам на 25… Имав секс со дечко ми на 10 јуни но заштитен со кондом тој не ни сврши. Дали можеби е нешто за паника??? Да не е некој знак на бременост ова..? Или можеби е нормално кога сум во овулација да имам бел исцедок … ?? Хелп
Дали е нормално при ставање на вагиналети утредента скоро цела вагиналети растопена да падне? Две вечери ставам и утредента цело време паѓаат парченца од вагиналетата и после некое време и големо парче паѓа колку цела всгиналета само подрастопена.
Здраво,имам едно прашање..веќе 2 месеци после и пред менструација имам како нешто кафено на гаќите некогаш е светло а некогаш е темно кафено.Инаку имам редовна менструација само последниве 2 месеци ми трае помалку 3 дена и после тоа само кафено имам и ми мирисаше чудно..И некогаш мокрачата ми е потемна и накрај кога ќе се избришам како кафена светло и мириса чудно.И понекогаш поретко како да ме заболуваат јајниците.Бев под стрес последниве месеци од март наваму.Што може да биде? Ве молам за помош многу ми е страв
Направи уринокултура и Направи уринокултура за мокраќата и појди на гинеколог направи брисеви да не имаш бактерија
Zdravo devojki imam edno prasanje. Znaci toa mi e odsekogas uste I pred da bidam seksualno aktivna I sega od koga sum a pravev pap test lani bese vo red sega pak ke pravam za nekoj mesec. Znaci koga imam menstroacija I posle koga ke mi zavrsi se e vo red no posle nekoj den nekako kako da me zacesuva I toa trae kratko ne postojano potoa pocnuva ovulacija I pak se e vo red I pred menstroacija pak se mi e vo red. No tia denovi prer ovulacija nekako I sekretot stanuva pogust I nekogas me zacesuva a potoa pak se se vraka vo red dali se menuva florata nesto pH neznam sto e problemot..
Здраво Последниве неколку менструации ми траат три дена и тоа обилно крварење. После тоа 3 дена немам воопшто ништо, па потоа почнува пак крварење. На бришење е светла крв, а на влошка е темно кафеава крв и мириса чудно. Фактички испаѓа дека 2 недели сум со влошка на мене. Добив на 20 јули, еве денес уште имам темно кафеав исцедок. Што може да е? Ќе одам секако на гинеколог ама до тогаш да чујам мислење зошто почнав да се загрижувам. Да напоменам дека дојам уште.
здраво женски дајте ми некој совет што да правам pls секој ден ми тече бело прање на секои 5 минути што да правам
Pred mesec dena bev bolna i praev inhalacii. Si napraiv nekoj film deka od toa mi se pojavi belo pranje. Mozda i ne mi e od toa. ZPomina seto toa go nemam veke no osekam neprijaten miris. A godini ubazad ne sum imala takov problem. Sto da prevzemam
Па на своја рака не земај антибиотици, креми, вагиналети. Најдобро оди да те види матичен гинеколог. Можно да имаш измена на вагинална флора. И можно да треба да ти земат брисеви па најдобро ќе знаеш така
Во овулација имам кафеав исцедок, нема мирис, немам чешање, немам ни болки. Првпат ми се случува кафеав да е, обично за време на овулација безбоен е. Дали е нормално да се случи и што го предизвикува? Да барам термин поскоро ако е страшно.