1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вагинален секрет

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maja8, 3 јануари 2010.

  1. Hrita

    Hrita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Често знае пред добивање да се појави таков исцедок, хормони си прават свое барем кај мене
    Ама пошто ти трае подолго и ти се повторува, ако ти доцни направи си тест за секој случај. И ако продолжи вака уште некое време, оди провери си на гинеколог, чисто да си мирна.
    Ако се смени боја, мирис или почне да те чеша тогаш обавезно на преглед. Ама добро е да појдиш да се провериш без нешто да чекаш па да се искомплицира
     
    На jellyfish964 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, неколку месеци веќе имам вагинален проблем.
    Продолжен мензис што трае и по 10 дена после тоа зелен вагинален густ исцедок без некој мирис и некое чудно чуство доле не знам како да го опишам.
    Посетено гинеколог ме гледаше ехо ми кажа дека се е во ред и да не ме праќа во државна за испитување на хормони ми даде примолут нор .
    Го пиев после него тој месец имав уреден мензис за сега овој месец повторно исто.
    Дали некоја се соочила со вакво нешто или да одам повторно на гинеколог за брисеви.
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.400
    Допаѓања:
    15.755
    Пол:
    Женски
    Имаш инфекција и треба брисеви да направиш.
     
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.854
    Допаѓања:
    14.901
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не ти земале брисеви со вакви симптоми? Личи на трихомонас, ама не би можело да се знае додека не провериш.
    И ништо комплицирано не е проверка на хормони на клиника, подобро да испиташ, па да добиеш точна терапија, отколку вака да пиеш на слепо...
     
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    9.672
    Пол:
    Женски
    Последните месеци, од почеток на годината навака, пред секој циклус имам 3 дена кафеав или бледорозев исцедок пред да ми пробие менструација. На ехо е сѐ во ред,пап и брисеви во ред, треба да испитам прогестерон на 14 и 21 ден од циклус (се сомнева докторот дека прогестеронот почнува порано да паѓа) Мене циклусот ми трае 26 дена отприлика, го сметам за прв денот кога ќе ми пробие, без да ги рачунам тие 3 дена со кафеавиот исцедок. Овулација имам на околу 9-10 ден (на 8 ден водечки фоликул 17мм виден на ехо) Му спомнав на докторот за ова, он пак упорен на 14 и 21 ден да испитам прогестерон. Обично читав дека најрелевантно е на 7 дена после овулација дека треба да се испита.
    Дали некој бил во ваква ситуација и како сте ја решиле?
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    15.120
    Пол:
    Женски
    И јас испитував на 21 ден, така ми кажа докторката. Јас имам еден ден кафеав исцедок, во ред ми беше прогестеронот. Редовна сум на контрола на гинеколог се е во ред. Кај мене со години е тој кафеав исцедок. Се си е во ред.
     
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    9.672
    Пол:
    Женски
    A на колку дена ти доаѓа циклус? Јас сум со пократок циклус 24-26 дена и сега на 22 ден прогестеронот ми беше низок, на 24 ден добив. Што е нормално за оваа должина на циклус. Лутеална фаза 13 дена. Мислам дека требаше да го испитам на 17ти ден во мојов случај…
    Дали ти влијаело на забременување тој спотинг?
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    15.120
    Пол:
    Женски
    Порано никогаш немам добиено, најчесто 28,29, 30 ден добивам. Ретко како овој месец добив на 32 ден.
    Инаку имам родено.
    Од колку до колку е референтната вредност а на тебе колку ти беше?
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    9.672
    Пол:
    Женски
    На 14 ден ми беше 8, на 22 ден 3,5
    Ама кај мене 14 ден ми беше 4дпо, а на 22 ден веќе почнав спотинг. Максимумот би требало да бил на 7дпо. Референтна за лутеална фаза е до 15.
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    15.120
    Пол:
    Женски
    Што ти кажа матичниот?
    За бременост се спремаш?
    Доколку во него се сомневаш кај ендокринолог однеси ги резултатите.
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    9.672
    Пол:
    Женски
    Да, ми кажа дека ќе треба дабростон да пијам после овулација ако имаме обиди за бременост бидејќи штом се јавува спотинг, прогестеронот паѓа побавно. Сега нема потреба. Се си мислам дека во погрешни денови го испитував, и не знам зошто докториве не се замараат со пациентиве индивидуално туку по книга кажуваат кои денови. Кај мене е сѐ порано бидејќи добивам на 24-26 дена.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Frokr569

    Frokr569 Нов член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2025
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Женички здраво...имам менструација од вчера и ми е темно црвена и сега приметив дека имам зелен исцедок со жолто од што е тоа читав дека е некоја инфекција ама бев пред една недела да се проверам нема ништо некоја со вакво искуство да ми кажете