Вагиналети

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kacita, 26 јули 2010.

  1. kacita

    kacita Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    дали додека примате терапија со вагиналети може да се има однос? користам флажил, и имам однос , дали е тоа грешка ;)
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да се има односи во твојот случај.
     
  3. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    63
    vaginaleti stavas pred spienje , prethodno mozes da imas odnos ama isklucivo so prezervativ
     
  4. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Јас знам дека во периодот кога ставаш вагиналети треба да апстинираш од односи.
     
  5. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    додека се користат вагиналети не треба да се има односи,барем јас така знам
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    15.957
    Пол:
    Женски
    Ако е обична кандида можеш да имаш односи, не е штетно. Ако е некоја инфекција која си ја добила од дечко ти, а тој не прима терапија нема да имаат ефект вагиналетите.
    Само треба да знаеш дека повеќето вагиналети го разградуваат латексот (состојката од која се направени кондомите) па може да дојде до пукање на кондомот.
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.475
    Јас користам моментално вагитории и го прашав гинекологот ми рече дека може да имам односи бидејќи вагиториите се ставаат пред спиење
     
  8. kacita

    kacita Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    a kakvi koristis ti violet ;)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Mојот гинеколог ми кажа дека не смее да се има односи додека трае терапијата со вагиналети.
     
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.475
    Gineks forte
     
  11. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    90
    се извинувам, како терапија против што се користат истиве? прашањево го поставувам бидејки прв пат слушам за нив...
     
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.475
    Имаат антивирусно дејство и се користат против ХПВ вирусот. Напоменувам дека гинкологот со сигурност ми кажа дека може да имам однос, иако ги користам, а за други не сум сигурна
     
  13. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    90
    "violetblue

    Имаат антивирусно дејство и се користат против ХПВ вирусот. Напоменувам дека гинкологот со сигурност ми кажа дека може да имам однос, иако ги користам, а за други не сум сигурна[/quote]

    "violetblue, фала ти многу за одговоров! ;)
     
  14. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    znaci vaka - za vreme na terapija so vaginaleti, seksot ne e zabranet, megutoa ne e ni nesto must have. zasto? ako stavate edna vaginaleta navecer, vo tekot na denot del od nea ke bide na dnevnata vloska a ostatokot ke se zadrzi vo vaginata. so seksualen cin, ke napravite dodatna senzitivnost na vaginalnata sluzokoza koja treba da ja apsorbira aktivnata komponenta od vaginaletata, t.e ke se namali kolicinata na vaginaletat sto treba da deluva. radi toa, nekoi ginekolozi preporacuvaat apstinencija. od druga strana vaginaletite na baz ana kantarionovo maslo se mrsni, za nekogo so neprijatna mirizba pa se preporacuva apstinencija.

    generalno: pravo na licen izbor e dali ke imas odnos za vreme na terapijata ili ne. vo korist na terapijata e apstinencijaaaa ;)
     
  15. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    604
    Пол:
    Женски
    Gynex - вагиналети

    Dali nekoja od vas gi ima koristeno i dali se efikasni? Gi ima vo Zegin i se mislam dali da gi koristam...
    [mod-kirilica:8njsa340][/mod-kirilica:8njsa340]
     
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.475
    ginex 4 - вагиналети

    јас имам користено гинекс форте тие се против хпв вирус, го читав упатството имаше и други видови гинекс. И како тоа се мислам дали да ги употребувам? не ти се препишани од гинеколог?
     
  17. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    604
    Пол:
    Женски
    ginex 4 - вагиналети

    epa ne mi se,mislam deka se izdavaat bez recept.Sakav da prasam dali se efikasni,za toa se mislam dali da gi koristam...
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.902
    Допаѓања:
    75.757
    Пол:
    Женски
    ginex 4 - вагиналети

    А зошто сакаш да ги користиш, имаш некаква потреба од нив, или онака? Јас не би ти препорачала на своја рака да ги земаш, прво мораш да се консултираш со гинеколог.
     
  19. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    ginex 4 - вагиналети

    Овие информации ги има на сајтот на Фитофарм, но добро те посоветуваа другите девојки, немој на своја рака са ги земаш, ако имаш проблем консултирај се со гинеколог. Можеби одредени симптоми да те наведат да си мислиш дека имаш одреден проблем, а да излезе нешто трето. Најубаво е да си одиш на преглед. А еве, од палетата на Гинекс има 4 типа таблети. Јас не сум ги користела.
    Колку што гледам во составот, на природна база се, само некои лекловите треви содржат, не антибиотици, но сепак, не е препорачливо сама да си препишуваш терапија.


    Gynex 3 вагитории

    СОСТАВ: Екстракт од чајно дрво (Melaleuca alternifolia) етерично масло од Ајдучка трева (Achilea millefolium) + Витамин Е(α- tocopherol).

    ДЕЈСТВО: Екстрактот од чајно дрво има јако антибактериско, антимокотично и благо антивирусно дејство против Herpes simpleks, со изразени противвоспалителни и имуностомулативни својства, додека етеричното масло од Ајдучка трева има антисептично, адстрингентно и антиинфламаторно дејство. Овие дејства на активните компоненти во вагиториите GINEKS 3 даваат одлична комплементарна терапија на постоечката конвенционална.

    Се препорачува при:
    • Вагинална кандидијаза (Candida Albicans);
    • Бактериски вагинози;
    • Трихомонијаза (Trihomonas vaginalis)ч
    • Цервицитис.

    УПОТРЕБА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ЛАКТАЦИЈА: Нема информации за тератогени или нетератогени ефекти за време на бременоста и кај доилките. Затоа не треба да бидат ординирани за време на бременост и доење без медицински надзор.

    Gynex 4 вагитории

    СОСТАВ: Сок од Алое (Aloe Vera) со сертифицирано органско потекло, екстракт од Ехинацеа (Echinacea purpurea) и масло од Невен (Calendula officinalis) + Витамин Е(α- tocopherol).

    ДЕЈСТВО: Алое вера има антиинфламаторно, антибактериско, антимикотично и благо аналгетично дејство со што се намалува болкта и чувството на пецкање во случаи на цервицитис, вагинози И други воспалителни состојби пропратени со зголемен вагинален секрет. Делува директно вирацидно на Herpes simplex тип 1 и 2. Маслото од невен има бактерициден и противвоспалителен ефект, а заедно со Алое вера учествува и во епителизацијата на слузницата при што помага при нередовна и болна менструација. Способноста да се зголеми резистенцијата на бактерии и вируси е преку стимулација на локалниот имун систем од страна на Алое вера и Ехинацеа. Исто така и Ехинацеата е корисна при хронични вагинални габични инфекции.

    Се препорачува при:
    • Вагинален херпес;
    • Кандидијаза (Candida Albicans);
    • Бактериски инфекции;
    • Зголемена вагинална секреција (Leucorrhoea);
    • Воспаленија на слузокожата на вагината и грлото на матката;
    • Оштетувања и ранички на слузокожата.

    УПОТРЕБА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ЛАКТАЦИЈА: Производот не се употребува за време на бременост и лактација.

    Gynex 5 вагитории

    СОСТАВ: Масло од Кантарион (Hypericum perforatum , етерично масло од Ајдучка трева (Achilea millefolium), масло од Невен (Calendula officinalis) и екстракт од Овчарска торбичка (Capsella bursa pastoris) + витамин Е (α- tocopherol).

    ДЕЈСТВО: Вагиториите ГИНЕКС 5 се комбинација на масла од кантарион, невен И ајдучка трева кои делуваат антиинфламаторно и антибактериски. Маслото од кантарионот и етеричното масло од ајдучка трева имаат адстригентно и спазмолитичко дејство и заедно со својствата на овчарската торбичка со хемостатски ефекти доведуваат до забрзана гранулација, епителизација и до сопирање на крварењето. Маслата од кантарион и невен делуваат во епителизацијата и зараснувањето на раничките на грлото на матката.

    Се препорачува при:
    • Зголемено менструално крварење (menorrhagia);
    • Крварења вон циклусот (metrorrhagia);
    • Зголемена вагинална секреција (leucorrhoea);
    • Воспаленија на слузокожата на вагината и грлот од матката;
    • Оштетувања и ранички на слузокожата;
    • Промена на слузокожата кај жени во менопауза.

    УПОТРЕБА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ЛАКТАЦИЈА: Производот не се употребува за време на бременост и лактација поради тоа што содржи утеротоници.


    Gynex forte вагитории


    СОСТАВ: Екстракт од чајно дрво (Melaleuca alternifolia), екстракт од Маточина (Melissa officinalis), екстракт од Милодух (Hyssopus officinalis), екстракт од Равенсара (Ravensara aromatica) + витамин Е (α- tocopherol).

    ДЕЈСТВО: ГИНЕКС Форте вагиториите содржат комбинација од екстракти со изразено антивирусно дејство на што се должи ефикасноста против полово преносливите болести предизвикани од ХПВ (Human papilloma virus) и гениталниот херпес симплекс. Активните состојки од овие билки покрај дирекното антивирусно дејство имаат и локално имуностимулативно дејство со што допринесуваат во ерадикација на вирусот. Екстрактите од чајно дрво, равенсара И маточина имаат дополнително И антиинфламаторни, антибактериски И антисептични ефекти што се од големо значење при вагиналните бактериски инфекции.

    Се препорачува при:
    • ХПВ инфекции со дисплазија во грлото на матката ( ASCUS CIN1 и CIN2);
    • Херпес - вирусни инфекции (Herpes simplex);
    • Кандидијаза (Candida Albicans);
    • Трихомонијаза (Trihomas vaginalis);
    • Бактериски вагинози.

    УПОТРЕБА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ЛАКТАЦИЈА: Производот не се употребува за време на бременост и лактација поради тоа што содржи утеротоници.
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    ginex 4 - вагиналети

    Јас ги имам користено со препорака од гинеколог, само не знам кои гинекс беа точно. Ми помина инфекцијата кога ги користев, ама по некое време пак се врати. И овие не се ништо посебно, само се нервирав што се 10 вагиналети. Не ги земај без препорака на гинеколог.